Вчера во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром било пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. Како што се наведува во полицискиот билтен, во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријавил дека во периодот од 11:00 до ...

Уште еден инцидент меѓу малолетници ја потресе македонската јавност. Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 15-годишник откако со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во општина Гази Баба во Скопје. Според информациите инцидентот се случи во ООУ „25 Мај“ во населбата Ченто. „На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по ...

Полицијата уапси скопјанец кој пукал во воздух со сигнален пиштол на територија на општина Аеродром. Инцидентот се случил вчера. - На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор ...

Сместен во едно од најисториските крајбрежни одморалишта во Грција, Porto Carras Grand Resort претставува обновена визија за безвременско медитеранско гостопримство, втемелено во традицијата, виното, гастрономијата и природата. Со повторното отворање за летната сезона 2026, Porto Carras Grand Resort влегува во ново поглавје од приказната на едно од најиконските туристички одморалишта во Грција. Сместен на огромен приватен имот во Ситонија, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук сподели дека главниот град го бележи најдобриот прв квартал во историјата, како и убедливо најдобра реализација на капитални инвестиции. „И покрај затекнатиот хаос, наследените долгови, нефункционалните системи, парализираните јавни претпријатија и град кој со години беше оставен без вистинско водство, успеавме за краток период да го исправиме Скопје на нозе. Денес, со гордост ...

Во рамки на заложбите за унапредување на комуналната инфраструктура и обезбедување поквалитетни услови за живот на граѓаните, Општина Илинден, во соработка со ЈКП „Водовод“, продолжува со активности за подобрување и модернизација на водоводната мрежа на територијата на општината. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улица „9“ во н.м ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите во Центар да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...

SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Бул. Македонско-косовска бригада 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија. Официјалниот настан за лансирање ќе се одржи утре (13 мај), кога SPAR ќе го отвори својот прв маркет и формално ќе гo започне своето работење ...

Во рамки на национална кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“ апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот. „Замисли дека нечиј живот зависи од одлука што можеш да ја донесеш ...

Светиот соборен храм „Свети Климент Охридиски“ во центарот на Скопје со победа за најубава фасада. Имено, македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION постигна голем европски успех, освојувајќи ја наградата на јавното гласање на престижниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, кој се одржа во Будимпешта, Унгарија. Со овој успех, компанијата уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најдобрите компании во Европа во областа на фасадната ...

Ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ имаа специјални гости во Бања Лука. Во нивната база ги посетија македонските фудбалски репрезентативци и членови на Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, кои дојдоа да им дадат поддршка и да ги охрабрат пред следните предизвици. Поддршката од репрезентативците претставува силен ветер во грб за нашите футсалци, кои гордо ја претставуваат Македонија на Европското првенство во футсал што ...

До Редакцијата на Скопје Инфо, од наш читател утрово пристигнаа фотографии со непријатна глетка од Водно, каде што може да се забележи расфралан отпад на повеќе делови покрај патот, во делот под Марково крувче. Читателот посочува дека вчера во попладневните часови поминал низ истиот пат, но не затекнал ваква глетка. „Ова е направено преку вечерта“, вели тој. До Редакцијата на Скопје Инфо, од наш читател утрово пристигнаа фотографии со ...

42-годишниот српски државјанин С. М. бил лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР. Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, а полицијата при рација открила оружје ...

Проблемот со автобусите во Скопје повторно актуелен. Вчера на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), скопјанец сподели дека во „шпиц“ термин чекал рекордни 40 минути. Во објавата, профилот „mirchev“ пишува дека откако завршил со работа, на станица Хром-Влае, автобуската линија „5“ дошла после 40 минути. „Абе човек не може, да се врати од работа, од што ги нема овие ЈСП ? Срамота! Дремам на Станица Хром Влае, рекордни 40 минути, а 5- ка, ...

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), скопјанец раскажува што сѐ преживеал овој народ и дека поради тоа, не може да го исплаши хантавирусот. Во објавата, со доза иронија, профилот со псевдоним „Man from Skopje“ вели дека покрај свинскиот и птичјиот грип и корона вирусот, македонскиот народ преживеал и смог, 30 години транзиција, инфлација и серија други општествени трагедии. Вели дека луѓето кај нас со стрес јадат, со нервоза ...

Градскиот парк, на познатата локација „Школка“, од утре, среда, повторно станува место на добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика. Со почеток во 18:00 часот, започнува јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „ВИНОСКОП 2026“, кој годинава ќе трае пет дена, сè до недела, 17 мај 2026 година, под покровителство на Град Скопје. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од ...

Загина 89-годишен росоманец, откако во него удрило товарно возило на регионален пат Градско-Прилеп. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради зафати во водоводната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без вода. Според најавата, поради интервенција на улицата „Коста Абрашевиќ“ бб, кај ОУ „Хасан Приштина“, од 09:00 часот па сè до завршување на работите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“ во Општина Чаир. Во ...

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес делови од Скопје ќе останат без електрична енергија. Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „95“ во населбата Волково, во Општина Ѓорче Петров. Во истиот ден, од 12:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и кај дел од корисниците на улицата „16“ во селото Долно Соње, ...

Денот носи свежа, динамична енергија. Photo by micheile henderson on Unsplash Месечината влегува во Овен и го зголемува темпото, додека секстилот со Уран во Близнаци отвора простор за паметни, брзи решенија. Ова не е ден за тежок притисок, туку за паметни потези. Промените што ги правите сега треба да бидат одржливи, не исцрпувачки. Енергијата е тука, прашањето е како ќе ја насочите. Овен Енергијата ви расте и чувствувате потреба да се ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град. Тој денеска потести дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во училиштата веќе биле воведени правила со кои електронските уреди не биле дозволени за време на наставата, и дека општината била меѓу првите што ја примениле ваквата мерка. Градоначалникот исто така информираше ...

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град. Тој денеска потести дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во училиштата веќе биле воведени правила со кои електронските уреди не биле дозволени за време на наставата, и дека општината била меѓу првите што ја примениле ваквата мерка. Градоначалникот исто така информираше ...

37-годишна жена од Пробиштип затоа што пред околу еден месец, влегла во домот на нејзина сограѓанка и физички ја нападнала, резултирајќи со тешка телесна повреда. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против 37-годишната И.Б. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 15.04.2026, пријавената ...

Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите. Во рамки на реконструкцијата извршена е целосна обнова на спортскиот терен, поставена е нова заштитна ограда, нови голови за мал фудбал и нова јутена мрежа, ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини коишто имаат блокирани сметки. Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци, а средствата ќе бидат префрлени на ...

Денес ги отвораме Центарот за поддршка на лица со дијабетес и Центарот за лица со церебрална парализа - две значајни простори кои ќе значат директна помош, советување, едукација, дружење, психо-социјална поддршка и секојдневна грижа за оние на кои тоа им е најпотребно, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи. Овие центри за него претставуваат нови места на надеж - места каде што секој човек треба да се ...

Несекојдневна ситуација денеска доживеале патниците на приватниот автобус на линијата 63, откако возачот, наместо да ја заврши рутата до Мралино, ги симнал патниците во Илинден и се вратил назад кон Скопје. Настанот се случил околу 13 часот, на линијата од Транспортен центар кон Мралино. Според сведоштвата на патниците, возачот во текот на возењето постојано кажувал дека не ја познава рутата, по што патниците почнале да му објаснуваат каде ...

Уапсена жена од Велес која се заканувала на сестра си. - На 10.05.2026 во 15:35 во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 49-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава дека најпрво со пораки се заканувала на нејзината 52-годишна сестра, по што отишла во нејзиниот двор и продолжила со заканите. Таа била задржана во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес, информираа од ...

Кривично ќе се гони маж од виничко за напад кон полицаец на должност. - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.К.(44) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службени дејствие“. На 10.04.2026 во село Блатец, пријавениот не постапил по наредби издадени од полициски службеник, го туркал и му упатил закани, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33