Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, тимот на Вардар го очекува натпревар со Мелсунген во четвртата рудна од Главната фаза. „Црвено-црните“ дуелот со германскиот претставник го дочекуваат со зголемена самодоверба по победата над Алкалоид во саботата во дербито на колото на македонскиот шампионат. Тренерот Иван Чупиќ верува дека со две победи на домашен терен ќе се обезбеди осминафинале. -По поразот од Бенфика, знаевме дека ...
21 годишниот Остин Такер Мартин од Северна Карлина беше застрелан од припадниците на тајната служба откако влегол со оружје во комплексот мар-а-лаго на флорида, во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп. Неговото семејство претходно го пријавило како исчезнат.. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, најави дека неговата земја ќе го блокира обидот на Европската Унија (ЕУ) да го усвои 20-тиот пакет санкции против ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини Русија дека достигнала „најдлабоко ниво на варварство“ во пресрет на четвртата годишнина од руската инвазија на Украина, објавија француските медиуми, цитирајќи го од настан во Берлин организиран за поддршка на Украина. Мерц, исто така, рече дека „Русија не ја добива оваа војна“. Москва „сака да веруваме во тоа, но фактите се сосема различни“, рече тој. Отпорот на Украина на руските напади е ...
Поради проблеми со новиот систем за влез и излез од Европската Унија (ЕЕС), патниците на европските аеродроми летово одморот би можеле да им го расипе тоа што засега најмногу ги плаши – редиците и чекањата на пасошка контрола, пишува денес германскиот „Ханделсблат“. Особено во јули и август времето на чекање би можело да биде до четири часа, предупредија Меѓународниот совет на аеродромите – ACI, Здружението на европските авиокомпании – A4E и ...
Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Од СВР Битола информираат дека пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата ...
По 12-ти пат, Ладна го распиша детскиот ликовен конкурс за млади и креативни уметници. Овојпат темата е „Мојот необичен сон“, а главната награда е магично тридневно патување во Дизниленд, Париз. И оваа година, конкурсот е поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години; 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Испратените цртежи можат да бидат во било која форма, техника и големина. Цртежите ќе ги оценува тричлено стручно жири. ...
Во неколку училишта во Скопје и Тетово денеска имало дојави за поставени експлозивни направи, но утврдено е дека се работи за лажни дојави. -Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави - информираат од Министерството за внатрешни работи. МИА Во неколку училишта во Скопје и Тетово денеска имало дојави за поставени експлозивни ...
Во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Скопје, која се случи утринава учествувале осум возила, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). -Денеска 23.02.2026, околу 07.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица „Преод“ во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила - соопштуваат од МВР. Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се ...
Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5% во споредба со минатата седмица ...
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Како што се наведува во соопштението на МНРиНТ, во исто време се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. -Министерството ги става на располагање ...
Артан Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството. Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државата преку истиот граничен премин поради тоа што заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, ...
Во четвртото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 10.055.000 и е намален за 8.5 проценти во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во меѓународниот превоз бројот на превезени патници е намален за 53.3 проценти, во градскиот за 10.4 проценти, во меѓуградскиот за 6.7 проценти, а во приградскиот за 3.6 проценти. Вкупниот број на ...
ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според МВР, пријавените, како концесионери на Шумско-стопанската единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1 500 кубни ...
Американската агенција за царина и гранична заштита денеска соопшти дека на полноќ ќе ја прекине наплатата на царините кои минатата година беа воведени според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања, кои Врховниот суд на САД пред три дена ги прогласи за незаконски. Агенцијата во порака на својата служба за размена на пораки Cargo Systems (CSMS) соопшти дека од утре, односно една минута по полноќ, ќе ги деактивира сите царински ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави, во врска со спорот околу прекинот на снабдувањето со нафта преку нафтоводот „Дружба“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија. „Успеавме да го заштитиме снабдувањето со гориво на Унгарија. И му дадовме на претседателот Зеленски цврсти и пропорционални одговори. Тој исто така треба да знае: Може да изгуби само со напад врз ...
Словачкиот премиер, Роберт Фицо оцени дека постои растечка недоверба внатре во ЕУ поради Украина, поради тоа што раководството на Унијата продолжува да го поддржува Киев на штета на земјите членки. – Недовербата внатре во ЕУ расте со огромна брзина. Ако ЕУ им даде приоритет на интересите на Украина пред легитимните интереси на земјите членки на ЕУ, тоа ќе доведе до неможност на Унијата да носи важни одлуки кои бараат согласност од сите земји ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска попладне ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високо образование, трета од најавените шест на јавните универзитетите, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Минатата недела јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на која присуствуваше и наставно-научниот кадар од ...
На 23.02.2026 во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода М.П.(30) од Република Србија. Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија ...
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки. Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. ...
На 23.02.2026 година во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство. По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, постави нов рекорд во НБА-лигата. Тој ноќеска на натпреварот со Бостон селтикс на домашен терен одигра 34 минути и забележа 20 поени, пет асистенции и четири скока. По овој натпревар Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата кој надмина 43.000 поени во регуларниот дел од сезоната. Неговото достигнување сега е 43.008. Леброн вклучувајќи ги и плејоф натпреварите има вкупно 51.297 поени. ...
Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Во видео обраќање, Путин синоќа им го честиташе на Русите Денот на бранителите на татковината кој се одбележува на 23 февруари. Путин нагласи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истакнувајќи дека апсолутен приоритет претставува развојот на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „веќе ја започнал“ Третата светска војна, во интервју за британскиот радиодифузер Би-Би-Си. Зборувајќи во Киев за време на викендот пред четвртата годишнина од конфликтот меѓу Русија и Украина во вторник, Зеленски рече дека неговиот став за конфликтот е различен од оној на американскиот претседател Доналд Трамп. „Имаме различни ставови во ...
Поради силна зимска бура денеска ширум североистокот на САД се затворени училишта, прекинат е јавниот превоз и откажани се илјадници авионски летови, а жителите на тоа подрачје се предупредени на обилни снегови, силни ветрови и опасни услови за патување, соопштија локалните власти. Поштенската служба на САД соопшти дека бурата на североистокот на земјата, од Вашингтон до Нова Англија, може да ја забави обработката, транспортот и доставата на ...
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус шест до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до минус два, а максималната ќе достигне до 11 степени. Следува период на стабилно време, освен во вторник кога ...
Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел. Според ЕВН Македонија, од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Марко Крале“ лоцирани околу објектот бр. 51. во општина Бутел, a од 08:35 до 11 часот корисниците од улицата Радишанска. Во периодот од 08.30 до 10 часот електрична енергија ќе немаат корисниците од ул. Козле лоцирани позади фабриката Реплек во општина Карпош, а периодот од 12 до ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби утрово е приведен на граничниот премин Блаце. - Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, соопшти Министерството за внатрешни работи. Груби е осомничен за ...
Во земјава утрово се измерени температури под нулата, но синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со максимална температура до 16 степени. Најниска утринска температура е измерена во Берово и Попова Шапка (-5 степени), како и во Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Крива Паланка и Скопје - Петровец каде се измерени -4 степени. Во Струмица, Претор, Штип и Прилеп се измерени -3 степени, а во Велес, Охрид, Тетово и Виница -2 степена. ...
Европската комисија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да ги почитуваат условите од трговскиот договор склучен меѓу двете страни минатата година, откако Врховниот суд на САД ги поништи т.н. реципрочни царини на Доналд Трамп, што го натера да објави нови глобални тарифи од 15 проценти. Европската комисија го повика Вашингтон да биде „јасен“ во врска со мерките што се подготвува да ги преземе по пресудата на највисокиот ...
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање медицински брод на данската автономна територија. – Идејата на претседателот Трамп за испраќање американски медицински брод на Гренланд е земена предвид. Сепак, имаме систем на јавно здравје во кој граѓаните имаат слободен пристап до здравствена заштита. Ова е свесен избор, објави Нилсен на Фејсбук. Нилсен додава дека ...