Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Угината единка од видот балкански рис (Lynx lynx), возрасна женка, била забележана утринава околу 06:00 часот на регионалниот пат Охрид – Ресен, во близина на селото Буково. Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина. Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, соопшти ДИЖС. Балканскиот рис е ...
Страв и неизвесност владее помеѓу населението во руралните места од општина Старо Нагоричане, откако полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек. Поради страв дел од семејствата си ги зеле повозрасните родители од неколкуте села од општина Старо Нагоричане. Оние коишто останале се загрижени за својата безбедност. Повеќето го познаваат осомничениот, за ...
Еден тон марихуана е запленет во складиште на фирмата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово, една од шесте компании на кои им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели, потврдија за МИА од МВР. -По наредба на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Валандово, денеска извршија претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село ...
Четири години по почетокот на војната во Украина, најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, претседтаелот Зеленски со порака - Путин не ги постигна своите воени цели и не го скрши укрианскиот народ. -Путин не ги постигна своите цели. Тој не ги скрши Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да обезбедиме мир и правда. Денес се навршуваат точно четири години откако Путин го започна ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ја обвини Украина дека се обидува да ги минира мировните преговори, напаѓајќи ја руската енергетска мрежа. Противниците на Русија прават сè за да го спречат напредокот што го постигна Русија во преговарачкиот процес – нагласи Путин. Тој тврди дека Киев со помош на западните разузнавачки служби, ја напаѓа руската енергетска инфраструктура и стратешките објекти. Путин на средбата со претставници ...
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во четвртото тримесечје од 2025 година е зголемено за 66.7 проценти во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 925.000, во градско-приградскиот 9.130.000, во железничкиот 34.000, а во воздухопловниот превоз 889.153. Според ...
Канцеларијата на УНИЦЕФ за Хрватска почна хуманитарна кампања за помош на гладните деца во Судан, Јемен и Газа, предупредувајќи дека бројот на деца изложени на глад, сиромаштија и насилство непрекинато се зголемува и, според проценките, рекорден број деца ќе имаат потреба од хуманитарна помош во 2026 година. Според УНИЦЕФ, милиони деца ширум светот страдаат од тешка, опасна по живот неисхранетост, која се проценува дека предизвикува една од ...
САД воведоа нови тарифи од 10 проценти за сите стоки кои не се ослободени од данок, објави денеска Царинската и гранична заштита на САД (CBP). Тие се идентични со почетната стапка објавена од Доналд Трамп, и покрај последователните закани дека ќе изнесуваат 15 проценти. Како одговор на одлуката на Врховниот суд со која се поништуваат неговите „итни“ тарифи, Трамп во петокот објави нови привремени глобални тарифи од 10 отсто, за во саботата ...
Коосновачот на Телеграм, Павел Дуров е под истрага за помагање на терористички активности, објавија денеска руските државни медиуми. Врз основа на материјали од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), државниот весник „Росијскаја газета“ тврди дека од 2022 година, бројот на регистрирани кривични дела извршени со користење на апликацијата за пораки надминал 153.000. Се додава дека 33.000 кривични дела биле од саботажно-терористичка и ...
На шест компании им се одземени лиценците за одгледување канабис за медицински цели. Кај нив се констатирани низа недоследности, соопшти денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата. Одземени им се лиценците, како што рече, на Алфафам, која беше замешана во шверцот на марихуана во Србија, потоа Грин лајф, ЦБД медплант, Лајф плант, Атафарм, Канабидоис. - Одлуките на Владата се засноваат на наодите од извршените ...
Во светот на современиот бизнис, терминот „work-life balance“често се користи како теоретски концепт, но ретки се компаниите кои истиот го преточуваат во конкретна, опиплива придобивка за своите вработени. Еден таков пример е Flex Credit, компанија која неодамна ги прошири своите бенефиции, овозможувајќи дополнителни седум работни дена платено отсуство за татковците, покрај законските три. Оваа „благородна бенефиција“, како што ја опишуваат ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во обид, „загрозување на сигурноста” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, ...
На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб. Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Увид ...
На 23.02.2026 во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15 - годишник од Куманово затоа што одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј.(25) од Куманово. Исто така, тој се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 23.02.2026 во ...
Меѓународниот Аеродром Скопје доби награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2025-та година за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI). Концесионерот ТАВ Македонија денеска соопшти дека наградата која скопскиот аеродром ја добива 11 пат е уште едно признание од патниците во заминување кои што ги пополнуваа анкетите за задоволство од квалитетот на аеродромските услуги, преку кои се ...
Патот кон Теферич е затворен за сообраќај објави на социјалните мрежи градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. „По денешниот повторен увид на терен со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, и извршените стручни анализи, во координација со сите релевантни институции, донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и ...
На 23.02.2026 во 17:37 часот, на улица „7 Ноември” во Охрид, Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. Случајот ја отвора повторно темата за семејното насилство и потребата од навремена интервенција за заштита на жртвите. На 23.02.2026 во 17:37 часот, на улица „7 Ноември” во Охрид, Ф.И(38) физички ја нападнал ...
ЈЗУ Општата болница во Кочани прими донација од 90 комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација, во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. -Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните ...
Општина Босилово започна со чистење на запуштената каналска мрежа, која претставува една од главните причини за честите поплави , не само на обработливите површини, туку и во населените места. За таа цел во функција е ставено и специјално возило кое општината го доби како донација од УНДП. Станува збор за инвестиција вредна околу 40 илјади евра, реализирана како заеднички проект со општина Ново Село. Новата механизација веќе е ангажирана за ...
Во југозападниот регион се поместува возрасната граница на пациентите со коронарна артериска болест а загрижува и тоа што се почесто има млади пациенти со миокарден инфаркт. Коронарната артериска болест е прва во списокот на оние болести коишто предизвикуваат висока смртност. Возраста кај пациентите, полот, генетската предиспоцизија се ризик фактори коишто не може да се променат, но може да се делува врз високиот притисок, мастите во крвта, ...
Во Собранието денес матичната комисија ја почнува расправата за предлог Законот кој го поднесоа пратениците на СДСМ и кој предвидува раст на минималната плата на 600 евра, а владејачката ВМРО-ДМНЕ во Собранието ги предложи пакет Законите со кои ќе се намалат коефициентите на платите на функционерите со што по новото усогласување тие нема да добијат повисоки плати. Во Собранието денес матичната комисија ја почнува расправата за предлог ...
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 отсто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7-годишна агонија на правосудните органи, кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС - ДУИ и серија неказнивост за политичарите, кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан ...
Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата - изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на шест закони, со кои тоа ќе се постигне. - Како група пратеници во Собранието, ...
Четирите години војна на Русија против Украина не само што убија и повредија стотици илјади луѓе, туку предизвикаа и сериозна штета на животната средина и климата, покажуваат нови истражувања. Од февруари 2022 година, околу 311 милиони метрички тони еквивалент на јаглерод диоксид се емитувани како резултат на конфликтот, покажаа пресметките на Иницијативата за пресметка на стакленички гасови од војната (IGGAW) објавени денеска. Тоа е ...
На четиригодишнината од војната, европските лидери ќе ја посетат Украина за да ја изразат својата солидарност со земјата, откако пред четири години, Русија ја нападна Украина започнувајќи ја најголемата војна на европско тло од 1945 година. Руските сили влегоа во Украина од повеќе правци, од територијата на Русија, Белорусија и окупираниот Крим, брзо напредувајќи кон главниот град Киев и други поголеми градови. Жителите на Киев застанаа мирно ...
Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА. Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ги постигнал своите воени цели во Украина во контекст на прославата на четвртата година од почетокот на руско-украинскиот конфликт. „Путин не ги постигна своите цели. Тој не успеа да ги скрши Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја браневме Украина и ќе направиме сè за да постигнеме мир и да преовлада правдата. Сакаме мир – силен, достоинствен ...
Претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент денеска објавија заедничка изјава по повод четвртата годишнина од рускиот воен напад врз Украина. „Ќе се погрижиме Русија да биде повикана на одговорност за извршените злосторства и штетите што ги предизвика“, се наведува во текстот. „Пред четири години Русија почна целосен и незаконски воен напад врз Украина. Уште еднаш им оддаваме почит на храбриот народ на ...
Лидерите од нордиските и балтичките земји, вклучувајќи го финскиот претседател Александер Стуб и шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска пристигнаа во Киев по повод четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. – Мило ми е што ги поздравувам лидерите на нордиските и балтичките земји, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината – напиша ...