Шпанскиот прволигаш Барселона поднесе нова жалба до УЕФА во врска со судењето на четвртфиналните натпревари од Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид. „Клубот смета дека за време на двата натпревари беа донесени неколку судиски одлуки кои не беа во согласност со Правилата на играта, како резултат на неправилна примена на правилата и недоволна интервенција на ВАР технологијата во важни ситуации. Акумулацијата на овие грешки директно ...

Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА. Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со триумфот над Мајнц од 4-0 ја надомести негативата од 0-2 од првиот натпревар. Во второто полуфинале ...

Американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, што почна синоќа во 23 часот по средноевропско време. Целта на договорот, вели тој, е да се постигне траен мир меѓу двете земји. „Тукушто имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија официјално да ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата нема какви било предизвици во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и оти имаме најевтини горива во регионот потенцирајќи дека со керозин кај нас се снабдуваат неколку аеродроми од регионот, покрај набавката на горива што ја прават граѓаните од соседните држави кај нас на бензинските станици на пограничните места. Доколку се случи таков предизвик, рече денеска Мицкоски, тогаш ...

Цените на нафтата паднаа откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Либан и по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши бидејќи Техеран се согласил да се откаже од збогатување ураниум. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта Брент падна на околу 98,5 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта се спушти на 93,6 долари. Сепак, економските аналитичари ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се согласил да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години. Трамп им рече на новинарите пред Белата куќа дека договорот со Иран е „многу блиску“ и дека треба да биде добар договор без нуклеарно оружје, објави Би-Би-Си. Тој нагласи дека постои „многу силна позиција“ дека Иран нема да има нуклеарно оружје дури и по тој период, додавајќи дека всушност нема временско ограничување од 20 ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека е одговорен за поразот на неговата партија Фидес на парламентарните избори на 12 април и повика на „целосна обнова на десничарската заедница“. Во своето прво големо интервју по изборниот пораз, за Јутјуб каналот „Патриота“, кога беше директно прашан кој е одговорен за поразот на изборите, тој одговори: „Јас, јас сум претседател на партијата“. Тој изјави дека неговата политичка кампања не ...

Европската унија влегува во фаза на голем демографски пад, а населението би можело да се намали за 53 милиони луѓе, или 11,7 проценти, до крајот на овој век, објави Евростат. Европската унија имала околу 451,8 милиони жители во 2025 година, со раст кој се опоравува по падот за време на пандемијата. Се очекува населението да продолжи да расте уште неколку години, достигнувајќи врв од 453,3 милиони во 2029 година, пред да започне долгорочен ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го потврди 10-дневниот прекин на огнот во конфликтот на Израел со либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, но рече дека израелските војници ќе останат во „засилена безбедносна зона“ во јужен Либан, јави ДПА. „Се согласив на привремен прекин на огнот од 10 дена“, рече Нетанјаху во видео порака по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека договорил примирје меѓу Израел и ...

Почетокот на 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах предизвика славје во Либан, додека Обединетите нации го поздравија договорот и повикаа на негово целосно почитување. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Израел и Либан се согласиле од полноќ на сила да стапи прекин на огнот, по интензивните судири меѓу проиранското движење Хезболах и израелските сили. Во главниот град Бејрут се регистрирани истрели и експлозии, ...

Бројот загинати од пукањето во средно училиште во Турција се искачи на десет, откако во болница на повредите им подлегна еден од ранетите ученици, соопшти министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи. Станува збор за ученикот Јусуф Тарик Ѓул, кој починал и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според министерот, во нападот се повредени 13 лица, од кои шест се на интензивна нега, тројца се во критична состојба. Нападот се ...

Лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, најави дека ограничувањата на цените на бензинот и дизелот ќе останат на сила и по формирањето на новата влада во Унгарија. Во објава на својот фејсбук-профил Маѓар посочи дека договорот бил постигнат по разговори со извршниот директор на „МОЛ“, Жолт Хернади, на средбата на која присуствувале претставници на партијата и на раководството на компанијата. „Обезбедено е континуирано снабдување со гориво, ...

Властите во Иран делумно го ослободија пристапот до Интернет и повторно дозволија телефонски разговори со странство, по речиси 50-дневни ограничувања воведени по почетокот на конфликтот со САД и Израел. Според информациите од Техеран, повторно се дозволени меѓународни повици преку фиксна телефонија, додека повиците преку мобилни телефони остануваат блокирани. Дел од онлајн-услугите, вклучително и оние на „Google“, повторно се достапни, но ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ја номинира Ерика Шварц за функцијата директор на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), во рамки на предвидените кадровски промени во националното здравство. Шварц во периодот на КОВИД-епидемијата ја извршуваше функцијата заменик-главен државен инспектор за здравство и беше дел од Координативното тело за справување со епидемијата. Доколку биде потврдена нејзината номинација, ...

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, вчера во 16:15 часот, во селото Горно Душогубица, кичевско, го лишиле од слобода Г.С. (66) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, спроведен со судска наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени и одземени ...

Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ...

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова денеска ќе има обраќање на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, што се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, информираа од нејзиниот кабинет. „Лидерскиот панел“ ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи на Турција, пратеник во Големото национално собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. ...

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба. Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановецот Р.А.(45) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“. Како што информираат од МВР, пријавениот, како вработен во Министерство за финансии - Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, овозможил донесување и спроведување на решенија за ...

Да се забранат социјалните мрежи за деца до 12 години во Македонија, а малолетниците до 16 години да имаат регулиран пристап до најчесто користените интернет апликации. Над 76% од граѓаните во анкетата на Институтот за демократија ги подржаа овие барања. Петицијата пак на граѓанската иницијатива „За безбедно детство“ е потпишана од речиси 3000 граѓани. Барањата за забрана се поради се поголемата загриженост дека децата во земјава растат во ...

Американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social пред малку објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, што треба да започне денес во 23 часот по средноевропско време. Целта на договорот, вели тој, е да се постигне траен мир меѓу двете земји. „Тукушто имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија ...

Американските сили на Блискиот Исток се подготвени веднаш да продолжат со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор, изјавија денеска високи американски воени претставници. Како форма на притисок врз Техеран, американската војска ги блокира сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Иран. „Иран може да избере светла иднина и се надеваме дека ќе го стори тоа за доброто на својот народ“, рече министерот за одбрана ...

Скокот на цените на нафтата предизвикан од војната во Иран ја доведе инфлацијата во еврозоната до нејзиното највисоко ниво од јули 2024 година. На годишно ниво, потрошувачките цени во март пораснале за 2,6 отсто, според конечната проценка објавена денеска од Евростат во Луксембург. Во февруари стапката на инфлација изнесуваше само 1,9 проценти. Растот на цените во март исто така беше посилен отколку што претходно се проценуваше, пренесе ДПА. ...

САД досега вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина, изјави денеска командантот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Ден Кејн. На прес-конференцијата во Вашингтон тој додаде дека на почетокот на блокадата имало седум бродови кои биле причина за акцијата на САД, објави Скај њуз. Кејн истакна дека на 13 април, токму кога американската блокада на преминот стапи во сила, веќе имало обиди од ...

Полицијата во Илиноис потврди дека синоќа била примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата Лав XIV. По обемно пребарување, во кое биле вклучени кучиња трагачи, било утврдено дека дојавата е лажна. Во инцидентот нема повредени, а евакуираните жители се вратиле во своите домови, објавува The Hill. Полициската управа на Њу Ленокс соопшти дека истрагата продолжува за да се утврди изворот на дојавата. „Поднесувањето лажни ...

Американскиот Претставнички дом денеска ја поддржа воената кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран, гласајќи против предлогот на демократите насочен кон суспендирање на војната сè додека Конгресот не одобри продолжување на непријателствата. Гласањето за Законот за овластување за војна заврши со 213-214, речиси целосно по партиски линии, при што републиканците претежно ја поддржаа континуираната воена кампања на Трамп и ...

По повеќе од седум месеци затишје, депониите околу Скопје повторно се разгоруваат. Вардариште и Арачиново. Старите жаришта се активираат, чадот се издига, а пожарникарите излегуваат на терен. Од Иницијативата Стоп за Вардариште се заканија со нови блокади, доколку, како што велат, не се врати постојаното полициско присуство на депонијата. „По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше ...

Општи хирурзи и интернисти со проширени ингеренции и знаење ќе има и во кочанската, струмичката, битолската и тетовската болница кои ќе третираат и оперираат пациенти а не најголем број како досега да завршуваат на скопските клиники. Ова е предвидено со ново стариот начин на специјализација кој ќе стартува од октомври и предвидува 5 годишна специјализација општа хирургија и 5 за интерна медицина. Оние кои ќе сакаат повисоки титули како ...

Со консензус од целата академска заедница и рекорден буџет од 7.5 милјарди денари, Владата го претстави финалното законско решение за високо образование. Новиот модел на финансирање ќе подразбира повеќе средства за поголем вложен труд, со цел да се стави крај на долгогодишните експерименти и да се спречи одливот на млади кадри. На конференцијата со ректорите на државните универзитети, премиерот Мицкоски порача дека ова не е политичко, туку ...

СДСМ поднесе кривична пријава против унгарски сопственици на телевизија Алфа. Во пријавата посочуваат на повеќе, како што тврдат, сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. - Во периодот од 2017 година наваму, преку меѓународна мрежа на трансакции биле префрлени околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ. Овие средства биле прикривани преку ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.67
46%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
1.26
59%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.09
67%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 22ᴼ
0.73
33%
1019
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.57
44%
1019
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
0.84
64%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
43%
1015
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.5
51%
1018
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.43
49%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
1.34
43%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.49
83%
1018
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3207

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Алуминиум

3.35

Сребро

2263.61

Бакар

13.02

Цинк

0.00

Калај

54.89

Паладиум

42889.10

Платина

57581.99

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

139701.84

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09