Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Конгресот ќе го одржи своето традиционално обраќање за состојбата на нацијата во чувствителен момент од неговото претседателствување, обележан со намалување на рејтингот, растечката загриженост поради потенцијалниот конфликт со Иран и високите трошоци за живот, објави британската агенција „Ројтерс“. Говорот во ударниот термин вечерва во 21 часот по вашингтонско време ќе биде втор на Трамп ...

Пазарот на трудот забрзано се менува под влијание на вештачката интелигенција, автоматизацијата, зелената транзиција и демографските поместувања. Додека дел од професиите тивко исчезнуваат, други бележат силен раст, особено таму каде што човечкиот фактор останува незаменлив. Според анализа на дневниот весник Д Телеграф (The Telegraph), која се однесува на состојбата во Велика Британија, трендовите се јасни: рутинските и административните ...

Малото мајмунче Панч, кое било отфрлено од својата мајка веднаш по раѓањето, стана вистинска интернет сензација поради трогателната приказна од Ichikawa City Zoo во Јапонија. Видеа и фотографии на кои се гледа како се држи за плишана играчка брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа реакции од луѓе од целиот свет. Панч, јапонско макака родено во јули 2025 година, било напуштено од мајката веднаш по раѓањето, па негувателите во ...

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок коишто компаните во 2023 година го уплатија согласно Законот за данок на солидарност. Од Министерството за финансии за МИА велат дека процесот за враќање на средствата уплатени согласно Законот за солидарен данок е започнат. - Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на ...

АМСМ соопшти дека изутринава од 08.40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километри после БП „Детоил“ сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри. Екипите на ЈП „Македонијапат“ се на терен и работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. МИА АМСМ соопшти дека изутринава од 08.40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5 километри после ...

На 23.02.2026 околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир. Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и ...

Кривична пријава е поднесена против пет лица за неосвесно работење во службата, кои со употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за ...

Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово - Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти - соопшти денеска АМСМ. Изутринава, од 8.40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово - Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри. МИА Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово - Велес е ...

Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово, по што веднаш се преземени безбедносни мерки. Според првичните информации, надлежните служби постапуваат по пријавите, а учениците и вработените се евакуирани од училишните објекти со цел безбедносна проверка. Полицијата врши проверки на терен и работи на утврдување на околностите околу дојавите. Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди државите ширум светот да не отстапуваат од клаузулите на неодамна договорените трговски договори со САД, откако американскиот Врховен суд ги поништи неговите глобални царини. Трамп се закани дека ако го сторат тоа, ќе им воведе уште повисоки царини согласно други трговски закони. „Секоја земја што сака ’да си игра играчки‘ со апсурдната одлука на Врховниот суд, особено оние што ги ...

Австралија денеска ќе започне истрага за антисемитизам иницирана од владата по нападот врз забавата за Ханука на плажата Бондај во Сиднеј, во кој загинаа 15 лица. Масакрот на плажата Бондај ја шокираше земјата, која има строги закони за оружје, и предизвика повици за построги контроли и построги мерки против антисемитизмот. Полицијата верува дека напаѓачите, татко и син, биле инспирирани од групата Исламска држава. Кралската комисија, ...

Министерството за надворешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. „Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk и преку ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во ...

Прекин во водоснабдувањето поради изведување на различни интервенции денеска ќе има во неколку скопски општини - Кисела Вода, Карпош, Бутел и Центар. Како што информираа од ЈП Водовод и канализација поради изведување на водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 212 во општина Кисела Вода прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до ...

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија во прво читање денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Овластен предлагач е претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а останати предлагачи се пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска, Благој Бочварски, Борче Цветков, Венко Филипче, Горан Мисовски, Даниела Николова, ...

Без струја денеска од 9 до 12 часот ќе останат корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 70Б - ТЦ Алуминка, потоа улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево и улицата „8“, како и дел од корисниците од улицата „12“ во село Долно Соње. Од Регионалниот центар за управување со кризина на Град Скопје сопштија дека во периодот од 7 до 16 часот без електрична енегија ќе останат и корисниците од ул. „Мирослав Крлежа“ лоцирани позади грчка ...

Најстудено изутрина во 7 часот е во Берово, каде се измерени -3 степени, по што следуваат со - 2 Скопје-Петровец и со -1 Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица. Во Охрид, Претор, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Попова Шапка, 0 степени, Скопје-Зајчев Рид, 1, Mаврови Анови, 2, Kрушево и Виница 3, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 91 ...

Во текот на изминатата недела, екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје подигнале и транспортирале 615 кубни метри отпад од диви депонии на скопската територија. ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изутринава соопшти дека приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад биле отстранети од улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период било забележано ...

Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско во шест одмазднички напади откако армијата вчера го уби шефот на наркокартелот „Халиско нова генерација“ (ЦЈНГ), Немесио Рубен Осегер Сервантес – Ел Менчо. Во акцијата против Ел Менчо загинаа 30 членови на наркорателот, еден затворски чувар, еден агент обвинител и една жена, наведе Арфуш. Во ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство - Скопје предложило да се замени мерката притвор со куќен притвор и одземање на патната исправа за поранешниот вицепремиер Артан Груби, осомничен во предметот за Државната лотарија. -На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, ...

Идните адвокати, судии и јавни обвинители мора да го полагаат правосудниот испит на македонски јазик како што пропишува законот. Барања за полагање на албански јазик се косат со законските норми и водат кон дискриминација на останатите етникуми, објаснува поранешниот претседател на Комисијата за полагање правосуден испит Борче Давитковски. Досега никој не побарал полагање на правосудниот испит освен на македонски јазик како официјален јазик ...

Македонија да не се надева на старт на преговорите пред да ги стави Бугарите во Уставот а Европа да не ја фаворизира Украина пред западниот Балкан. Поранешниот бугарски претседател и еден од фаворитите на идните парламентарни избори во интервју за германски медиум вели дека за Македонија нема друг пат кон Брисел. „Согласно Европскиот консензус од јули 2022 г., РСМ треба да го промени својот устав и да ги вклучи Бугарите рамноправно со другите ...

Партиите си разменија обвинувања – што се крие зад враќањето на Груби, дали власта прави театар или опозицијата е во паника што Груби може да им открие на истражните органи. Од партијата на Ахмети го поздравија враќањето на Груби, велат очекуваат да се води фер и транспарентна постапка, процес кој ДУИ ќе го следи во секоја фаза. Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ниво на ...

Незаконски ангажирал лица со договор на дело и направил милионска штета на буџетот. МВР поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Здравствен Дом Куманово кој се сомничи за злоупотреба на службена положба и овластување. За вработувањата за кои немало соодветни одобренија од министерствата за здравство и финасии биле потрошени повеќе од 21 милион денари од сметката на здравствената установа. - СВР Куманово поднесе кривична пријава ...

Од прв вицепремиер до осомничен со лисици на рацете за проневера во службата.. Артан Груби денеска и лично слушна за што го сомничи Јавното обвинителство.. Според истрагата отворена пред повеќе од една година, постоел сомнеж дека поранешниот вицепремер, иако немал право, дозволил купување на апарати за коцкање.. За таквата набавка, Државната лотарија потрошила над 8 милиони евра, а според обвинителството, тоа е сумата за која Груби ја оштетил ...

Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети. -Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се ...

На Автопат А-1 делница клучка Миладиновци клучка Петровец денеска и утре ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички захват од ДПТУГ „Електра Груп“ ДООЕЛ, кај клучка Аеродром во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската ...

Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Се посочува дека настанот бил пријавен до јавното претпријатие надлежно за одржување на патиштата, како и до Министерството за внатрешни работи преку оперативните служби. Тоа упатува дека, покрај предупредувањето до возачите, паралелно е активирана и институционална постапка за теренска реакција. Случајот доаѓа по претходни ...

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, донесени се следните одлуки: – Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра. ...

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, а на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува за 0,637 ден./кг и сега ќе изнесува 34,520 ден./кг. Од поноќ бензинот ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
40%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
33%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
37%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
4.63
39%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.6
42%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
3.6
46%
1018
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.69
44%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
47%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
33%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
38%
1018
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
32%
1020
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
63%
1019
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Платина

62758.26

Родиум

321507.47

Калај

50.51

Алуминиум

3.58

Сребро

2345.35

Иридиум

253540.09

Бакар

12.04

Злато

148834.32

Цинк

0.00

Рутениум

52984.43

Кобалт

45.39

Паладиум

46007.72