Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не ги потврдил медиумските наводи дека новата рунда преговори за Украина во трилатерален формат Русија – САД – Украина може да се одржи идната недела во Женева. „Не, засега не можам да потврдам. Кога точно ќе се постигне разбирање, ќе ве информираме, како што вообичаено правиме во последно време“, изјави Песков за новинарите. Тој додаде дека Москва нема „претерани очекувања“ ...

Британските истражители продолжуваат со претресот во поранешната резиденција на Ендрју Маунтбатен-Виндзор во Беркшир откако поранешниот принц беше ослободен по апсењето под сомнение за злоупотреба на службената должност. Ендрју беше приведен вчераутро по обвиненијата што произлегоа од објавувањето на документи поврзани со педофилот и финансиер Џефри Епстин. Ова е првпат во модерната историја да биде уапсен истакнат член на британското ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денара и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната ...

Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани во оваа институција овој период, информира „ТетоваСот“. Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот. Од надлежните институции се очекува да потврдат дали ...

Поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во ...

Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на „Фејсбук“ објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија, Надежда Нејнски. - Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. ...

Кочани е првата општина во земјава каде што ќе биде воспоставена бесплатна интернет-мрежа. Проектот има за цел да ја подобри дигиталната поврзаност на граѓаните на локации каде што тие најчесто престојуваат, учат, работат и се социјализираат. Со неа се овозможува бесплатен јавен интернет во 64 општини, односно пристап до интернет на плоштади, паркови, библиотеки, училишта и културни институции. - Министерството за дигитална трансформација ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечер во 19:00 часот, ќе се обрати на отворањето на Меѓународната конференција насловена „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“. Конференцијата е во организација на Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите ...

Во 8.30 часот утрово се измерени температури над нулата. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура од 1 степен е измерена во Берово, 2 во Крива Паланка и Струмица, 4 во Тетово, 5 степени во Прилеп и Охрид, 7 во Скопје - Петровец и во Виница и 8 степени во Куманово. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од ...

Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена - Општина Кисела Вода“. Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално ...

45 евра казна ќе добиваат возачите кои ќе влезат на крстосница на зелено светло, но поради метеж ќе останат заглавени во нејзината средина. Ова е предвидено во рамки на системот „Сејф Сити“, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во ваквите ситуации прекршокот нема да се смета за поминување на црвено светло, туку како попречување или забавување на сообраќајот на самата крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури. ...

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.01 до 12.02.2026, осомничениот во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста дека ...

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на мало; ...

Во неизвесен натпревар Лос Анџелес Клиперс го совлада Денвер со 115:114, иако првиот играч на гостите Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 22 поена и 17 скокови. На тој начин Јокиќ остана без роденденски подарок (31 година) од страна на својата екипа. Во самата завршница ЛА Клиперс имаа три поени предност, а Мареј избори три слободни фрлања за Денвер и за изедначување. Тој ги реализираше првите две, а третото го промаши на девет десеттинки ...

Репрезентативците на Норвешка и натаму се најдобрите на Игрите во Милано Кортина со вкупно освоени 34 медали од кои 16 златни. И во двете категории имаат најголем број медали. Зад нив е САД со 27 медали (9 златни) и домаќинот Италија со 26 медали (9 златни). На петнаесеттиот ден од Игрите ќе бидат доделени медали и тоа во неколку спортови: слободно скијање (мажи и жени); биатлон 15 километри мажи; брзо лизгање – 1.500 метри жени; карлинг ...

ХПВ вакцината иако задолжителна и понатаму е непосакувана кај голем број скопски основци и нивните родители. Ако од Сарај има цели одделенија кои ја примиле, во Центар и Карпош состојбата е загрижувачка а во овие општини опфатот и со другите вакцини е драстично мал. Едвај по две до три деца од седмо отишле во вакциналните пунктови, велат од секторот за превентивна заштита во Здравствен дом Скопје. Појаснуваат дека и во деветто кога повторно ...

На 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Скопје покажавме дека Скопје знае и ќе оди напред. Ова е само почеток, порача вечерва градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на отчетот на 100 дена од мандатот под мотото „Скопје го градиме заедно“. - Стојам пред вас пред се како човек кој ја презеде најтешката работа - Скопје да се извлече од хаосот и долговите коишто биле наталожувани од расипничкото владеење. Наследивме урнат град, институции без ...

Британските државјани Линдзи и Крег Форман се осудени на по 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа, соопшти нивното семејство. Двојката од Источен Сасекс е уапсена во јануари минатата година за време на патување со мотоцикл низ Иран и се наоѓа во затворот Евин во Техеран, објави Скај њуз. Тие ги негираат обвиненијата, а пресудата беше изречена по тричасовно судење на 27 октомври пред судијата Аболгасем Салавати во Исламскиот ...

Шведска вети дека ќе обезбеди 12,9 милијарди круни (околу 1,2 милијарди евра) воена помош за Украина, што ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана, дронови, ракети со долг дострел и муниција. Најголемиот дел од помошта е за купување новопроизведена опрема за противвоздушна одбрана со краток дострел во вредност од 406 милиони евра, се наведува во соопштението на шведската владата. Шведска годинава планира да издвои 3,76 милијарди евра ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе биде постигнат договор меѓу САД и Иран, јави „Тајмс оф Израел“. Трамп, на инаугуративниот состанок на Одборот за мир, се осврна на американските напади врз иранските нуклеарни постројки минатиот јуни, за време на 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, во која САД му пружија воздушна поддршка на Израел. – Сега можеби ќе мораме да направиме чекор ...

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) се одржа напреден едукативен семинар за судиите и асистентите судии од Прва МФЛ, како и свечена церемонија за доделување на ФИФА амблемите за македонските интернационални судии за 2026 година. Пред присутните се обрати и шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој испрати јасна и мотивирачка порака до македонските судии. „Потребни ни се квалитетни судии од секаде, вклучително и од ...

На 19.02.2026 во 02:45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Ш.(20), А.Г.(19) и Х.С.(20), сите од Судан, постапувајќи по претходна пријава од 27-годишник од Скопје дека во периодот од 01:30 до 02.30 часот на подрачјето на Кисела Вода му барале пари и физички го нападнале. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 19.02.2026 во 02:45 часот во ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, а на дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, предложен од пратеници од власта и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, предложен од опозицијата. И двата закона треба да се носат по скратена постапка. Со измените на Законот за за постапување со бесправно изградени објекти, доставени од ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот Ѓ.К., на работно место „полицаец“ во Одделот за заштита на определени личности и објекти, на ...

За колку проценти пораснала просечната плата, за толку ќе се намалат коефициентите за функционерите. И годинава нема да се зголемуваат платите на премиерот, министрите, пратениците, судиите, обвинителите, градоначалниците.. Власта прво ќе ја чека пресметката на Државна статистика. Оттаму утре ќе објават колку изнесува просечната нето плата за 2025-та, а според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Стојаноски, веднаш штом се познати бројките ќе почнат да ...

Македонија е на чекор пред потпишување на договор со САД кој ќе овозможи поповолни услови за извоз на домашните производи на американскиот пазар и тарифи до максимум 15%. Неодамнешната усогласена зедничка изјава меѓу двете страни е силен сигнал дека процесот е пред завршница и продлабочување на партнерството, потврдува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски. Според Муцунски, земјава и во моментов извезува производи во ...

Влијанието на странските јазици кај младите е голем предизвик со кој се соочува македонскиот јазик денес. Во ера на глобализација најважно е да се сочуваат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик порача директорката на Институтот Крсте Мисирков. Ова е една од забелешките во однос на предлог законот за високо образование, македонистите побарале да се вреднуваат трудовите објавени во нашите списанија бидејќи не постои друг начин ...

Инспекторите од Инспекторатот за употреба на јазиците и денеска влегле во Министерството за правда. Според наши информации, Правда им ги дале сите документи кои ги побарале за вонредниот инспекциски надзор за полагањето на правосудниот испит. Иако соработува, за Министерството овој вонреден инспекциски надзор е незаконски, за што веќе испратиле допис до Инспекторатот. Правда смета дека надзоро направени се суштински пропусти бидејќи не постои ...

Државниот Лирџет, помеѓу лидерите од регионот е познат како „авиончето на браќата Рајт“. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека често е мета на вакви шеги од своите колеги кога патува со владиниот авион. - Што можам да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмало и најстаро. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
29%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
3.09
32%
1017
weather icon

Загреб

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
33%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
5.66
36%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.11
40%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
43%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.63
40%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
41%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
31%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
35%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
29%
1019
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
51%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.5834

Currency

71.17

Currency

37.8

Currency

38.587

Currency

66.9558

Currency

7.70703

Currency

0.70233

Currency

0.32993

Currency

0.52528

Currency

1.16806

Currency

0.55853

Рутениум

52984.43

Кобалт

45.39

Злато

148834.32

Сребро

2345.35

Родиум

321507.47

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

46007.72

Калај

50.51

Бакар

12.04

Платина

62758.26

Алуминиум

3.58