Околу 600 патници поминале цела вечер во авиони на аеродромот во Минхен бидејќи возачите на автобусите кои ги превезуваат од аеродромската зграда до паркирните позиции си заминале дома. Шест авиони вечерта не успеале да полетаат пред да се затвори аеродромот во 1 часот по полноќ поради лошите временски услови. Патниците и екипажите веќе биле влезени во авионите спремни за полетување, но бидејќи минхенскиот аеродром има ограничувања за летови ...

Прифативме да се одложи примената на измената на Законот за заштита од пушење за терасите, отворените тераси од три страни, кои што, за жал, сега се затворени. Им треба време за да може инфраструктурно да се прилагодат кон Законот, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. Законот првично беше најавен дека ќе почне да се применува од 1 март, но, како што вчера изјавија од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК, „Министерството ...

Пак распука патот Теферич, само пет месеци откако беше реконструиран и поставен беше нов асфалт. Од Општина Кисела Вода денеска соопштија дека во координација со сите релевантни институции донесена е одлука за итно затворање на овој патен правец. „Ја информираме јавноста дека интензивно се работи на изнаоѓање на најбрзото и најбезбедното техничко решение за трајна санација на оштетувањето. Апелираме до сите граѓани доследно да ја почитуваат ...

Итното преместување од ефективен во куќен притвор на 14-месечниот бегалец од правдата Артан Груби, на барање на обвинителот Даниел Коцев и со согласност на судијата Марин Станевски од Кривичниот суд, министерот за правда Игор Филков го нарече скандал кој не смее да се премолчи. Обвинителството и денеска како и вчера кажа дека Груби добил поблага мерка веднаш штом се врати од бегство, поради проценки на Агенцијата за национална безбедност ...

Одземени се лиценците на шест фирми кои одгледуваат канабис, кажа министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција по завршување на седницата на Влада. Одземени се лиценците на: „Алфа фарм“, „Грин лајф“, „ЦБД мед план“, „Лајф плант“, „Ата фарм“ и „Канабидоис“. „Владата донесе одлука за одземање на одобрението за одгледување канабис за медицински цели, кој доби дополнителна институционална тежина по денешната седница. Засилените вонредни ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека Русија не ги остварила во целост целите на својата специјална воена операција и затоа конфликтот продолжува. Четири години од почетокот на војната, Русија и натаму нема целосна контрола врз регионите Донбас, Херсон и Запорожје, што незаконски ги анектираше во 2022. „Последните четири години беа многу важни за Русија и засекогаш ќе останат во сеќавањето на народот. Борбите продолжуваат, но ...

За Предлогот за измена на Законот за минимална плата, поднесен од пратениците на СДСМ и на Левица, за минимален месечен износ на работниците од најмалку 600 евра, денеска во Комисијата за економски прашања не зборуваа воопшто пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, се смееше и од место дофрлуваше еден од рекордерите во патни трошоци, нивниот сопартиец Петар Ристески-Пеката. „Едно четиричлено семејство секој ден да јаде три оброка само ѓеврек и јогурт, со ...

Мртов рис, утрово бил пронајдено на патот Ресен- Охрид, веднаш до планинскиот превој Буково, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК . Смртта на рисот ја потврдија од Државниот инспекторат за животна средина. Рисот е женка и се претпоставува дека била изгазена, но за точно утврдување на причините за смртта ќе биде направена обдукција. Рисот бил забележана утрово околу 6 часот на патот од страна на автобус. Патниците случајот го пројавиле во ловечко ...

Руските власти го засилија својот обид да ја задушат апликацијата за пораки Телеграм, објавувајќи дека го истражуваат нејзиниот основач Павел Дуров во рамките на кривична постапка поврзана со обвинувања за тероризам. Русија се обидува да го блокира Телеграм, кој има повеќе од една милијарда активни корисници и нашироко се користи во Русија и Украина и да насочи десетици милиони Руси кон алтернативата МАКС, поддржана од државата. Телеграм ...

Место казна поради тоа што избега, беше распишана меѓународна потерница по него, а тој не дојде да биде испитан во истрагата, Обвинителството за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби побара поблага мерка, односно го извади од притвор по нецели 20 часа и предлага за него куќен притвор. Од Кривичниот суд соопштија дека судијата на претходна постапка го прифатил мислењето, односно предлогот на јавниот обвинител, и на Груби му одредил домашен ...

Американскиот амбасадор во Франција, Чарлс Кушнер, доби забрана за средби со членовите на француската влада откако не ги објасни своите коментари за наводен пораст на насилството во земјата. Кушнер, кој е татко на зетот на Доналд Трамп, беше повикан од министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, но не се појави на средбата вчеравечер. Место тоа, тој кажа дека имал претходно договорен состанок и испрати свој заменик од амбасадата. ...

Новите глобални царини на Доналд Трамп од 10% стапија во сила денеска, но со помала стапка од најавеното. Откако Врховниот суд во петокот блокираше повеќето од неговите царини, Трамп објави дека ќе воведе нова глобална царина од 10%, за потоа да ја зголеми на 15%. Сепак, според официјалните документи, царините се утврдени по пониска стапка, без издадена наредба за нејзино зголемување. „Мислам дека тоа само ги зголемува хаосот и нередот. Во ...

Володимир Зеленски изјави дека Владимир Путин не успеал да ги скрши Украинците, додека Украина ја одбележува четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија. Во девет часот по локално време, во многу делови од земјата се одржа минута молчење во чест на жртвите. „Денеска се навршуваат четири години откако Владимир Путин го почна својот тридневен напад за да го заземе Киев. И тоа кажува многу за нашиот отпор и за тоа како Украина се борела ...

Мексико испрати илјадници војници за да ја зајакне безбедноста откако изби бран насилство по смртта на моќниот наркобос Немесио Осегуера Сервантес познат како Ел Менчо. Министерот за одбрана Рикардо Тревиља изјави дека дополнителни 2.500 војници се распоредени во западно Мексико, со што бројот на испратени војници од неделата порасна на 9.500. Нереди имаше во најмалку 20 сојузни држави откако војската го уби водачот на озлогласениот ...

По кратко боледување почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, кој последниве години беше во пензија, соопшти установата. Дирекцијата е организатор на манифестациите Скопско лето, Есенски музички свечености и Матурска парада, кои се одржуваат над 40 години. „Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата ...

Уапсениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер обвинет за проневера на над 8 милиони евра во „Државна лотарија“, кој се предаде утринава околу 6 часот на граничниот премин Блаце, е сместен во затворот во Шутка со само еден затвореник, Македонец, од безбедносни причини. До неговата затворска просторија има посебно, 24-часовно обезбедување. Како што изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот „Скопје“ во Шутка, пред задолжителниот ...

Поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, е уапсен од лондонската полиција под сомнение за злоупотреба на јавна функција, што е поврзано со неговите врски со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстин. Седумдесет и двегодишниот Манделсон беше сменет од најпрестижната позиција во британската дипломатска служба во септември, кога длабочината на неговото пријателство со Епстин почна да станува јасна. Скандалот со Манделсон ја ...

Исланд размислува да распише гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според две лица запознати со подготовките за пристапување на земјата. Ова доаѓа во време кога моментумот за проширување на ЕУ се чини дека расте, при што Брисел работи на план што би можел да ѝ даде на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора затвори уште едно поглавје од преговорите минатиот месец. Владејачката коалиција во ...

Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Харфуч изјави дека 25 припадници на Националната гарда се убиени во напади на наркокартели по вчерашната акција на војската во која беше убиен водачот на озлогласениот картел Халиско Нова генерација, Немесио Осегуера познат како Ел Менчо. Осегуера беше тешко ранет во судир со мексиканските специјални сили во градот Тапалпа, по што почина. Министерот за одбрана Рикардо Тревиља изјави дека ...

53-годишниот жител на кочанското село Спанчево, Бранко Јаневски, 13 години е во инвалидска количка и исто толку време бара од Општина Чешиново-Облешево да го асфалтира патот во нивното село и до неговата куќа. Поради лошата состојба на патот, тој не може да биде превезен до Кочани или Скопје, каде што често заминува на лекарски прегледи и контроли. „Такси возилата воопшто не сакаат да доаѓаат до мојата куќа за да бидам превезен во Кочани или ...

Дел од професорите на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ имаат забелешки за предлог-законот за високо образование, за кој изминатиов период Министерството за образование и наука (МОН) организира јавни расправи. Скопскиот универзитет денеска е домаќин на јавната дебата за пакетот три закони за високото образование, квалитет во високото образование и научно-истражувачка дејност на која се претставени заклучоците од Ректорската управа и ...

Осумдесет и тригодишната Слободанка Арсовска од Куманово, благодарение на својата храброст и присебност, пред 6 месеци успеала да се спаси од Т.Б. (25) од општина Старо Нагоричане, кој е под истрага за повеќе убиства. На 22 јули лани, додека била на својата викендичка, во еден часот после полноќ тој влегол преку прозорецот на купатилото откако ја скинал мрежата и ја нападнал. Иако го познавала од порано, бидејќи често се врткал низ селото, не ...

Непрофитната организација „Сите го мразат Илон“ ја закачи во Лувр сега веќе славната фотографија од апсењето на Ендру Маунбатен-Виндзор, по неговото приведување под сомнение за тешка злоупотреба на јавна функција. Фотографијата беше изложена 15 минути. Активисти ја закачија фотографијата членот на британското кралското семејство во Лувр за за да покажат „како светот ќе го памети“ поранешниот принц. Тие ја закачија со напис „Сега се ...

До Секторот за внатрешни работи Тетово утово стигнала дојава дека во неколку основни и средни училишта во градот, има поставено експлозивна направа. Дојава за подметната бомба имало во 5 средни училишта кои се под надлежност на општината и во едно државно средно училиште, како и во 6 основни училишта. „Дојавите за бомбa се доставени до Секторот за внатрешни работи. Не се доставени на е-маил адресите на училиштата, како што се случуваше во ...

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. „Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected] и преку дежурниот ...

Нова работна група предводена од американската војска, специјализирана за собирање разузнавачки информации за наркокартелите, одигра улога во мексиканскиот воен напад во кој беше убиен водачот на наркокартелот Халиско, Немесио Осегуера познат како Ел Менчо, изјави за „Ројтерс“ функционер од американската одбрана. Меѓуагенциската работна група Kонтра-картел, во која учествуваат повеќе владини агенции на САД, беше официјално формирана минатиот ...

Утрово на граничниот премин Блаце уапсен е поранешниот вицепремиер Артан Груби. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, Груби е уапсен во 06.10 часот на влез во државата. Артан Груби (48) беше баран со меѓународна потерница откако во декември 2024 година ја напушти државата заминувајќи во Косово по отварање на истрагата за проневера на 8,2 милиони евра од Државна лотарија. За Груби Обвинителство побара притвор за сторено ...

Володимир Зеленски верува дека Владимир Путин веќе ја започнал третата светска војна. Зборувајќи за Би-Би-Си по повод четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, Зеленски кажа дека неговото видување на војната се разликува од она на Доналд Трамп. „Имаме различен поглед во однос на трета светска војна. Јас верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територија ќе успее да заземе и како да го запреме“, рече ...

Белчишкото Блато, лоцирано во Општина Дебрца, како најсочуван блатен систем во Македонија, ќе добие статус „Парк на природата“. Како заштитено подрачје во рамките на „Натура 2000“, тоа ќе стане дел од Европската мрежа на заштитени подрачја. Со ова ќе се обезбеди негова целосна заштита, одржливо управување и искористување на туристичките потенцијали. „Процесот за прогласување на Белчишкото Блато за Парк на природата е во завршна фаза. ...

Доналд Трамп се прашува зошто Иран сè уште не капитулирал пред американското воено засилување на Блиски Исток, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф. Тој рече дека Трамп бил „љубопитен“ за позицијата на Иран откако предупредил дека е можен ограничен воен удар доколку не се постигне договор за иранската нуклеарна програма, за што нова рунда преговори ќе се одржи в четврток во Женева. Иран најави дека е подготвен ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
89%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
90%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.02
65%
1013
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.85
50%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
83%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
68%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.7
67%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.76
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.02
64%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
51%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
1.78
63%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Платина

55170.68