Иранските државни медиуми објавија дека е извршен напад врз Дубаи откако утрово САД и Израел го нападнаа Иран. Не е јасно точно што е цел на Иран, но во земјата има американско воено присуство. Oблак од чад се издигна во близина на хотелот „Фермонт Палм“ кај Палминиот Остров во Дубаи. Парчиња од пресретнатите ракети паѓаат на земјата и предизвикуваат пожари, според очевидци во Дубаи. Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека пресретнало ...

Реномираниот хирург, професор Владо Јаневски, почина денеска по повеќегодишно боледување, потврди Министерството за образование. Имаше 71 година. Јневски е сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Јаневски остави значаен придонес во областа на хирургијата и медицинската едукација, пренесувајќи знаење и искуство на бројни лекари кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во приватните здравствени установи. ...

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација. „Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање ...

Велика Британија, Франција и Германија повикуваат на продолжување на преговорите меѓу САД и Иран и ги осудија иранските напади врз земјите во регионот. Тие не коментираа за нападите на САД и Израел врз Иран. Британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц издадоа соопштение во кое се вели дека нивните земји не учествувале во нападите врз Иран, но се во близок контакт со САД, Израел и ...

Општина Радовиш ќе ги ослободува младите од плаќање комуналии за изградба и доградба на сопствен објект за домување, одлучи донесе Советот за да се задржат младите брачни парови во општината, но и да се поттикне локалната економија. Право ќе имаат младите до 35 години кои немаат имот, односно објект за домување на свое име, а услов е во наредните десет години да не вршат отуѓување, односно продажба на домот. Градоначалникот на Радовиш, Љупче ...

Власта да не ја префрла одговороноста кон Општина Крива Паланка, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) единствено може да ги одземе говедата кои слободно се шетаат низ градот, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Крива Паланка Сашо Митовски. Реакцијата на Митовски следи откако вчера од Агенцијата обвинија дека Општината и градоачалникот одбиваат да соработуваат за решавање на проблемот кој трае 15 години. „Обидите за ...

САД и Израел започнаа напад врз Иран, а првиот очигледен удар се случи во близина на канцелариите на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Пентагон ги нарече американските борбени операции над Иран „Операција Епски бес“. Формалниот наслов, објавен преку објава на социјалните мрежи, ја формализира кампањата како голема американска воена операција. Администрацијата на Трамп на сличен начин ги формализираше минатогодишните напади врз ...

Иранското Министерство за надворешни работи одговори на денешнитезаедничките напади од САД и Израел, велејќи дека земјата „нема да се двоуми“ во својот одговор на обновената воена агресија. „Дојде време да се одбрани татковината и да се соочиме со воениот напад на непријателот“, објави Министерството за надворешни работи во соопштение на Икс. „Исто како што бевме подготвени за преговори, во секое време бевме уште поподготвени за одбрана. ...

Министерството за транспорт и врски го распиша тендерот за набавка на нови електрични автобуси и станици за нивно полнење. Наместо 120 ќе се купат 150 автобуси, од кои 100 ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови. Според техничката спецификација во огласот објавен на страната на Бирото за јавни набавки, проценетата вредност е 51 милион евра. Автобусите треба да бидат црвена или бела боја, да имаат најмалку 33 седишта и ...

САД и Израел денеска апочнаа напад врз Иран, а првиот очигледен удар се случи во близина на канцелариите на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи во Техеран. Претседателот Доналд Трамп изјави во видео објавено на социјалните мрежи дека САД започнале „големи борбени операции во Иран“. Тој тврди дека Иран продолжил да ја развива својата нуклеарна програма и планира да развива ракети за да стигне до САД. „Пред кратко време, американската војска ...

Родителите на Марија Маринковска (35) од Куманово, која беше ексхумирна за да се утврди причината за нејзината смрт, уште ги чекаат резултатите од обдукцијата за да дознаат што точно се случило ноќта кога починала нивната ќерка. Откопувањето на телото уследи откако во селото Челопек беше пронајдена мртва 78-годишна жена, а Основното јавно обвинителство Куманово започна истрага за да утврди дали осомичениот Т. Б. (25) од селото Малотино е ...

Израел соопшти дека денеска започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во обновена воена конфронтација и дополнително намалувајќи ги надежите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот. „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски функционер, објави дека американските воздушни напади врз Иран се во тек. Извор за „Ројтерс“ изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е ...

1 На некого да му раскажуваш, нема да ти верува. Не само што 15 години државата брка крави низ Крива Паланка и околните села, ниви и шуми, туку не може ни да ги фати. Па уште, некои од кравите преминале во Бугарија. Полицијата дрон кревала да ги најде. И ете, еден сериозен домашен проблем стана меѓународен. Кравите ја пробија шенгенската бариера и новиот систем за влез-излез, па не можат да ги евидентираат дали го пречекориле 90-дневниот ...

Едно лице загина, а 39 се повредени откако трамвај излета од шини во Милано. Трамвајот бил полн со патници кога удрил во страничен ѕид од зграда. Се верува дека загинатиот не бил меѓу патниците, туку бил удрен од трамвајот. Италијанските медиуми велат дека има неколкумина сериозно повредени. Патниците опишаа дека слушнале бучава под трамвајот, по што тој скршнал, забрзал и удрил во зграда. Не е јасно што го предизвикало излетувањето од ...

Осумнаесетгодишник од тетовското село Палатица било лицето кое во неколку наврати доставувало дојави дека во неколку основни и средни училишта во Тетово се подметнати бомби, соопшти полицијата. Иако после проверката на полицијата во објектите се утврди дека сите дојави се лажни, наставата беше прекинувана, а дојавите предизвикаа вознемиреност кај жителите. „На 27.02.2026 во 09:10 часот во село Палатица, Тетовско, полициски службеници од ...

Вкупно 13,6 отсто од ученици од седмо до деветто одделение, најчесто од 13 до 15 години, користат некој тутунски производ, покажa истражувањето спроведено во 75 училишта во државата во 2024, рече д-р Сања Прошева од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. „Вкупно 12,3 проценти моментално користат тутун. Вкупно 5,3 проценти моментно пушат цигари. Вкупно 4,9 проценти од учениците ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека говедата кои слободно се шетаат низ Крива Паланка не можат инстантно да се соберат и ја обвини Општина Крива Паланка и градоначалникот Сашо Митовски дека одбиваат да соработуваат за решавање на проблемот. „Говедата ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна ...

Поради граматички грешки и несоодветна транскрипција на англиски јазик, знаците и патоказите што беа поставени во Струмица од струмичката Национална установа (НУ) Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј наидоа на остри реакции во јавноста. Граѓаните почнаа да споделуваат фотографии од таблите со забележаните грешки, кои се дел од проектот за набавка на туристичка сигнализација во Општина Струмица. Од Завод и Музеј велат дека ...

Повторно се појави свлечиште на ридот од едната страна на обиколницата која минува над Битола, а всушност е дел од регионалниот пат Ресен-Битола -Прилеп. Поради одрон на карпите кај потпорниот бетонски ѕид, патот е забранет за сообраќај, а автомобилите се пренасочуваат низ Битола. Свлечиште на истиот рид крај парот имаше и во 2016 година, поради што обиколницата беше затворена за сообраќај 2 години, односно до 2018 година. Потоа одронот беше ...

Тврдењето на Доналд Трамп дека Иран наскоро ќе има проектил со кој ќе може да ги гаѓа САД не е поддржано од американските разузнавачи и се чини претерано, изјавија три добро упатени извори за „Ројтерс“, доведувајќи во прашање еден од главните мотиви за можен напад врз Иран. Во своето годишно обраќање во Конгресот оваа недела, Трамп кажа дека Иран развива проектил со кој наскоро би можел да ја гаѓа Америка. Сепак, изворите велат дека нема ...

Американската амбасада во Израел му кажа на својот персонал дека може да ја напушти земјата и ги повика сите други кои размислуваат да заминат да го направат тоа што е можно побрзо, додека се зголемува можноста за американски напад врз Иран. Амбасадорот Мајк Хакаби им рекол на вработените во амбасадата дека по разговорите со официјални лица во Вашингтон била донесена одлука со која се одобрува заминување на оние кои сакаат да заминат. „Оние ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека од СДСМ се виновни што образованието е уништено и што најдобрите ученици и студенти заминуваат во странство. На вчерашните пратенички прашања во Собранието, Мицкоски зборуваше за Предлог-законот за високо образование, за кој Министерството за образование и наука (МОН) организира јавни трибини. Универзитетите објавија дека имаат повеќе забелешки, а најмногу реагираат дека со новото законско решение им се ...

Глумецот Енис Билаловиќ на 23 февруари бил повреден во последната сцена од претставата „Сонцето, колку е блиску сонцето“ во Македонскиот народен театар (МНТ), беше направена интервенција, во добра состојба е и од денес е пуштен на домашно лекување, вели директорот Никола Кимовски за САКАМДАКАЖАМ.МК. „На 24.02.2026 година околу 02,00 часот од Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во СВР Скопје, е пријавено дека кај нив со телесни повреди бил донесен ...

Игор Џамбазов синоќа ја рецитираше поемата „Крвава бајка“ од српската поетеса Десанка Максимовиќ на шоуто „Златна Бубамара на популарноста“ во Скопје, оддавајќи им почит на 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март лани. „Кој ги уби тие деца? Наши неодговорни луѓе, Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Новиот фашизам нахранет со алчност, корупција и незнаење. Новиот фашизам, новиот лик на светот кој никому не му се ...

„Нетфликс“ ја повлече понудата за купување на „Ворнер брос Дискавери“, дозволувајќи му на „Парамаунт“ да победи во повеќемесечната битка за едно од најпознатите холивудски филмски студија. „Ворнер брос“, кој лани објави дека е на продажба, кажа дека последната понуда на „Парамаунт“ е супериорна во споредба со онаа на „Нетфликс“, кој, пак, одби да ја зголеми својата понуда. Извршните директори на стриминг гигантот рекоа дека нема да се обидат ...

Пакистан бомбардираше талибански владини мети во големите градови во Авганистан, кажаа официјални лица од двете земји, при што пакистанскиот министер за одбрана Хаваја Мухамад Асиф го опиша конфликтот како отворена војна. Безбедносни извори од Пакистан изјавија дека имало воздушни и копнени напади врз талибански пунктови, седишта и складишта на муниција во повеќе сектори долж границата. Двете страни известија за тешки борби. „Чашата на нашето ...

Борге Бренде, шефот на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос, изјави дека поднесува оставка поради неговата врска со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. „По внимателно разгледување, решив да се повлечам од функцијата претседател и извршен директор на Светскиот економски форум“, рече Бренде, кој стана претседател во 2017. СЕФ започна истрага за Бренде во почетокот на февруари откако неговата врска со Епстин излезе на виделина во ...

Тројца турски државјани кои лани му помагнале на пријателот од Турција при убиството на нивниот сонародник во Штип се осудени по 5 години затвор и по извршувањето на казната да бидат засекогаш протерани од Македонија без право на ново влегување во земјата. Основниот кривичен суд во Штип ги осуди Р. А., А. С. и О. Т. затоа што на 8 мај 2025 му помогнале на сонародникот К. К. (21) да побегне од кафулето во Штип каде смртно застрелал турски ...

Јужнокорeјскиот режисер Парк Чан-вок, познат по филмовите „Олдбој“ и „Без избор“, ќе биде претседател на жирито на 79. издание на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 12 до 23 мај. Чан-вок е првиот Кореец што ќе претседава со жирито кое ја доделува престижната Златна палма. Тој е редовен гостин во Кан откако „Олдбој“ освои Гран-при во 2004. Во 2009 ја доби наградата на жирито за „Жед“, а во 2022 за најдобар режисер за „Одлука за ...

Македонски Телеком ja заврши 2025 година со раст во сите сегменти, финансиски раст и големи инвестиции во развојот на инфраструктурата. Ова е резултат на конзистентниот раст во текот на целата година и следење на стратегијата за најдобра мрежа и врвно корисничко искуство. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот на годината изнесуваат 2.860 милиони денари наспроти 2.296 милиони денари на крајот од минатата година. Oперативната добивка ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
89%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
90%
1012
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.02
65%
1013
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.85
50%
1010
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
83%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
68%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.7
67%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.76
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.02
64%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
51%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
1.78
63%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54