Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Силна бура ја погоди Калифорнија, предизвикувајќи поплави опасни по живот и принудувајќи стотици луѓе да се евакуираат среде божиќните празници. Гувернерот прогласи вонредна состојба во шест окрузи поради екстремните услови, а се очекува бурата да продолжи и во текот на Божиќ, објави Скај њуз Силните дождови го погодија јужниот дел од американската држава на Бадник, предизвикувајќи широко распространети поплави. Снимките од планинско ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД наскоро ќе започнат копнени воени напади врз цели поврзани со нарко-картелите во Латинска Америка, нагласувајќи дека Вашингтон влегува во нова фаза во борбата против организираниот криминал, изјави тој за време на неговото божиќно обраќање пред припадниците на американската војска. -Сега ќе слетаме – рече Трамп, зборувајќи за планираните операции против нарко-картелите, што јасно ...
Вчера, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по ...
Растот на цените на недвижностите ќе продолжи со умерено темпо поради зголемувањето на цената на градежните материјали и недостатокот на работна сила, но не и поради влезот во ЕУ. Влезот на Црна Гора во Европската Унија е сè поизвесен – но дали пазарот на недвижности ќе доживее и експлозивно зголемување на цените? Црногорскиот пазар на недвижности бележи силен раст на цените веќе неколку години, а најавите дека земјата би можела да стане ...
Руските вооружени сили повторно извршија напад врз мост во Одесската област, користејќи беспилотни летала од типот „Геран“, соопштија украински извори, наведувајќи дека се регистрирани најмалку седум погодоци, кои повторно погодиле клучна инфраструктурна точка на југот од земјата. Нападот е извршен на мостот што ја преминува реката Днестар , во населбата Мајаки, која претставува една од најважните сообраќајни врски помеѓу јужниот дел на ...
Претседателот Володимир Зеленски им честиташе на Украинците на Бадник, велејќи дека Украина го слави Божиќ во тешко време. Сепак, и покрај сите страдања што ги донесе Русија, таа не е способна да го окупира она што е најважно – единството на Украина, пренесува Укринформ. „Го одбележуваме Божиќ во тешко време. За жал, сите не сме дома вечерва. За жал, секој сè уште нема дом. И за жал, не се сите со нас вечерва. Но, и покрај сите страдања што ...
Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ поседуваат луксузна вила во Мајами, чија вредност се проценува на 18 милиони долари. Куќата на Лепе Брене во Мајами се наоѓа на брегот на океанот и има 557 квадратни метри. Има шест спални соби и шест бањи, две кујни и бар на отворено. Брена и Боба, кои заработија 300.000 евра миејќи прозорци , решија да ја продадат вилата пред неколку месеци, но додека тоа не се случи, семејството ...
Утрово се соопштени обвинувања против премиерот Христијан Мицкоски дека „ги злоупотребува општините кои тонат во долгови само за богатење на неговото семејство и најблиски пријатели“. Од партијата Левица објавија дека е скандалозно што еден од првите тендери на општина Струмица завршува токму кај, како што велат, фирмата на баџанакот на премиерот. -Еден од првите тендери после промената на власта во Струмица го доби ,,Шалом – Фуд Груп“, ...
Жаклин А. Вернарели, доктор на науки, нагласува дека комбинацијата од калциум и витамин Д е особено важна за жените по 30-тата година, бидејќи тие најмногу придонесуваат за зачувување на густината на коските и намалување на ризикот од остеопороза. Нутриционистот објаснува дека овие две хранливи материи заедно играат клучна улога во заштитата на скелетот, бидејќи калциумот гради коски, додека витаминот Д му овозможува на телото правилно да ...
Функцијата „Вашата година со ChatGPT“ е наменета за корисници на бесплатните, Plus и Pro пакетите кои ги вклучиле референците „историја на разговори“ и „зачувани спомени“ и постигнале барем минимална активност во разговорите со апликацијата, додека Team, Enterprise и Education сметките нема да имаат пристап до овој преглед. Новата опција ќе им биде достапна на корисниците на одредени пазари, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, ...
Најмалку 12 лица загинаа кога брод што превезувал десетици мигранти се превртел покрај брегот на Сенегал во средата. Бродот се превртел утрото покрај брегот на Зоал (на западот од земјата), според официјален претставник кој разговарал со АФП под услов да остане анонимен. „Дванаесет тела се пронајдени“, рече тој, додавајќи дека бродот тргнал од делтата на Салум. Оваа делта – формирана од сливот на три реки и наведена како светско наследство ...
До 1 јануари, астролошките конфигурации укажуваат дека Бикот, Јарецот и Близнаците имаат зголемени шанси за добивка преку игри на среќа. До 1 јануари, астролошките аспекти укажуваат на посебна среќа за три знаци : БИК Бикот се издвојува затоа што е под поволно влијание на Венера во Јарец во комбинација со транзити кои ја активираат материјалната сигурност . За Бикот, среќата не се појавува ненадејно, туку како да е на вистинското место во ...
Постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека е можен договор во Украина во следните 90 дена. „Ако биде завршено, тоа ќе биде во следните 90 дена“, рече Витакер. Тој додаде дека е очигледно дека оваа зима може да биде навистина тешка за Украинците поради нападите врз енергетската инфраструктура. Витакер додаде дека Вашингтон планира да продолжи да врши притисок врз двете страни за решавање на ...
Ѓумбирот има многу долга историја на употреба во различни форми на традиционална и алтернативна медицина. Но, како и секоја друга билка, има свои придобивки, како и некои ограничувања. Станува збор за цветно растение (Zingiber officinale) чиј корен е познат по својата остра и ароматична арома. Кој е нутритивниот состав на ѓумбирот? Уникатниот мирис и вкус на ѓумбирот доаѓа од неговите природни масла, од кои најважно е гингеролот. Гингеролот ...
Ситуацијата во областа Купјанск нагло се влоши до крајот на денот на 24 декември, кога единиците на Вооружените сили на Украина (ОСУ) започнаа моќен напад врз источниот дел од градот и ја окупираа територијата на поранешната фабрика за конзервирање млеко, објави воениот аналитичар Јуриј Подољака. Според неговите изјави, тој дел од градот бил последната клучна точка низ која се одвивала логистиката на руските сили на десниот брег на реката ...
Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување. Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од ...
Линеарното зголемување на пензиите останува во сила откако Уставниот суд не донесе одлука за негово укинување поради израмнет резултат во гласањето – 4 спрема 4. Предметот ќе се разгледува повторно откако Судот ќе се комплетира и ќе одлучува со деветмина судии, пренесе Слободен Печат. „Во однос на пензиите, Уставниот суд не донесе одлука. Не донесе одлука, бидејќи таму, како што знаете, судот поведе постапка, изрази сомнеж во уставноста на ...
Апелацискиот суд во Гостивар им ги промени пресудите за катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година на двајцата тогашни директори на Клиничката болница во Тетово. Двајцата поранешни директори, Флорим Бесими и Артан Етеми, сега се осудени на по три години затвор, наместо претходно досудената година и половина, за „тешки дела против општата сигурност“. Судиите од повисокиот суд ги одбија жалбите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес им посака на граѓаните на Соединетите Американски Држави Среќен Божиќ, наведувајќи ги достигнувањата од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, вклучувајќи воведување царини и „без инфлација“. „Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалното левичарско ѓубре кој прави сè што може за да ја уништи нашата земја, но не успева. Веќе немаме отворени граници, мажи во женските спортови, ...
Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен с ? до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и ...
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, што според Обвинителството дејствувал како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, фирмата задолжена за обезбедувањето на клубот како и одбраната на обвинетите правни лица „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје, облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од петок ќе има стабилизирање на времето. Во ...
Русија има намера да постигне клучни промени во најновиот мировен план за завршување на војната во Украина, вклучително и построги ограничувања за вооружените сили на Украина. Ова го објавува Блумберг , повикувајќи се на извор близок до Кремљ. Според изворот на агенцијата, Русија го смета мировниот план од 20 точки како почетнa позиција за понатамошни преговори. Се наведува дека тој не содржи никакви одредби важни за Русија и не дава ...
Русија ќе бара значителни измени во нацрт-мировниот план договорен меѓу Украина и САД, тврдејќи дека сегашниот предлог не ги задоволува клучните руски интереси. Москва го гледа планот од 20 точки само како почетна основа за понатамошни преговори, изјави извор од Кремљ за Блумберг. Според изворот, Москва смета дека планот „нема одредби важни за Русија и не дава одговори на многу прашања“. Кремљ особено инсистира на „гаранции против идното ...
– Денес пред вас го доставувам предлогот за избор на двајца министри, со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работата на клучни ресори од извршната власт, изјави денес премиерот од Парламентот. Целата изјава ја пренесуваме во целост: За министер за животна средина и просторно планирање го предлагам Муамет Хоџа. Кандидатот располага со долгогодишно искуство во државната управа и во извршната власт, ...
Албанија официјално е опремена со противтенковскиот ракетен систем „Џавелин“, еден од најнапредните одбранбени системи што ги користат земјите-членки на НАТО. Министерот за одбрана Пиро Венгу објави дека пристигнувањето на овој систем е резултат на тесната соработка со стратешкиот сојузник – САД. Венгу за време на посетата на една од воените базите, каде што беше примена првата пратка од овие системи, министерот Венгу изјави дека ...
На прв поглед, тој беше идеален сосед – оној кого децата го обожаваат и на кого родителите му веруваат. Децата на неговите партнерки исто така го сакаа, а самиот тој изгледаше безопасен: во младоста, како срамежливо момче, подоцна привлечен и харизматичен маж. Многумина го гледаа како совршен кандидат за зет, сè додека не се откри неговата темна, девијантна природа – студена и сурова, црна и ѓаволска. Сериски убиец кој ги одбележа ...
Министерството за правда на САД соопшти дека открило повеќе од еден милион документи потенцијално поврзани со случајот Џефри Епштајн и дека ќе бидат потребни „уште неколку недели“ за да се обработат и објават во јавноста. Министерството го објави ова во објава на социјалната мрежа X, велејќи дека американскиот обвинител за Јужниот округ на Њујорк и ФБИ го известиле одделот за новите документи. „Министерството за правда ги прими овие ...
Американскиот претседател се закани на телевизиите дека доколку го критикуваат ќе им ги одземе концесиите. – Ако телевизиските информативни телевизии и нивните доцна вечерни емисии речиси сто отсто се негативни кон претседателот Доналд Ј. Трамп, МАГА и Републиканската партија, зарем не би требало да бидат одземени нивните вредни концесии за емитување? Јас велам: ДА!, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“. Трамп го нападна ...
Некои луѓе се многу вешти во искористувањето на слабостите на другите луѓе за да ги постигнат сопствените цели или да одржат контрола врз ситуацијата. Ова однесување често се манифестира во врски, конфликти и конкурентни средини. Астрологијата открива дека одредени знаци имаат поголема склоност да бидат ладни, пресметливи или одмаздољубиви. Според хороскопот, овие особини најчесто се поврзуваат со луѓе родени под следните три знаци. ...