Вистинска драма се случила во Салцбург, каде двајца бугарски државјани се осомничени за обид за кражба од фирма што се занимава со автомобилски гуми и опрема. Наместо добро испланиран бегалски потег, целата акција завршила со паника, бегство и докази оставени директно пред очите на полицијата. Според информациите, двајцата мажи, на возраст од 45 и 48 години, пристигнале со микробус и почнале да товараат гуми и други автомобилски делови, што ...

Македонскиот таеквондо ас Дејан Ѓеоргиевски повторно ја потврди класата, освојувајќи златен медал на „Skopje Open 2026 – G1“, турнир со 1.000 натпреварувачи од 41 држава кој носи бодови за олимписка норма. Како што објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, Ѓеоргиевски до титулата стигна со четири фуриозни победи. Во првата борба го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, во следната елиминиран беше европскиот шампион Иван Шапина ...

Почина Родољуб Анастасов, еден од најзначајните македонски сликари и долгогодишен професор на Факултет за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Веста ја потврди Фондацијата посветена на неговото дело, наведувајќи дека починал на 91-годишна возраст. Анастасов важеше за доајен на современото македонско сликарство и уметник кој остави длабока трага и како творец и како педагог. Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброи меѓу 500-те ...

Тешка несреќа ја потресе Германија утрово, откако три лица, меѓу нив млада жена, бебе и малолетно девојче, загинаа за време на велигденски настан во шумска област кај Сатрупхолм, во општина Мителангелн. Според германската полиција и повеќе меѓународни медиуми, големо дрво паднало врз група луѓе додека учествувале во потрага по велигденски јајца. Според досега објавените информации, на местото на несреќата животот го загубиле 21-годишна жена и ...

Нова тензија го потресе светиниколскиот регион, откако во село Орел денеска повторно имало засилено полициско присуство, а според сведоштва од терен, се пребарувал и бунар во близина на викендицата на семејството Јанкови. Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова, Дејан Јанков, изјавил дека на местото имало полиција и дронови, но дека нему никој официјално не му соопштил што точно се проверува. Јанков вели дека бунарот и околината и претходно ...

Полицијата во Кочани рано утринава приведе 15-годишен малолетник по пријава за сериозен инцидент во кој е вклучено друго малолетно лице. Настанот, според информациите од Министерството за внатрешни работи, се случил во текот на вчерашниот ден, а случајот веднаш бил пријавен и процесиран. Малолетникот бил лишен од слобода во 02:35 часот и со него е извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјална ...

Владата подготвува нов пакет прецизно насочени мерки за да го ублажи ударот од глобалната криза, а една од најсериозните опции што се разгледуваат е замрзнување на трговските маржи. Според најавите, доколку дојде до активирање на ваков чекор, идното одмрзнување би се правело постепено, со цел да се избегне нов бран на ценовни потреси. Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека состојбата на Блискиот Исток е крајно сериозна и предупреди дека ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска го означи стартот на 4.издание на Меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен 2026“ што се одржува во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Организатор на турнирот е КК Олимпик со поддршка од Министерството за спорт. КК Олимпик е клуб со повеќе од две децении традиција од чии редови излегле бројни македонски репрезентативци и е препознатлив по континуираната поддршка на развојот на карате спортот во ...

Во последните 24 часа полицијата евидентирала четири случаи на семејно насилство, од кои три се однесуваат на жени што пријавиле напад или закани од сопрузи и партнери во Скопје, додека во Штип бил приведен маж поради тешко насилство врз својот татко. Еден од случаите бил пријавен утрово во 6:30 часот, кога 50-годишна жена од скопско пријавила дека неколку часа претходно, околу 1 часот по полноќ, била физички нападната во својот дом од ...

Италија се соочува со сериозен притисок во авио-сообраќајот, откако четири важни аеродроми – Болоња, Милано Линате, Тревизо и Венеција – воведоа ограничувања во снабдувањето со авионско гориво. Италијанската агенција АНСА објави дека Air BP Italia ги известила авиокомпаниите за рестрикции што ќе важат најмалку до 9 април, при што приоритет ќе имаат медицински летови, државни летови и летови подолги од три часа. Иако ситуацијата засега не ...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека завршува првата фаза од големиот инфраструктурен зафат на булеварот „Македонија“, проект што, според него, означува нов правец во развојот на главниот град. Тој истакна дека работите се одвиваат со засилено темпо, дури и во вечерните часови, со цел што побрзо да се стави во функција еден од најзначајните сообраќајни потези во Скопје. Во рамки на оваа фаза се извршени реконструкција и рехабилитација ...

Случај од Русија предизвика силни реакции во јавноста, откако беа објавени детали за убиство што, според истрагата, било мотивирано од тешки обвинувања за злоупотреба на малолетно дете. Според медиумските извештаи, маж по име Вјачеслав е осомничен дека го убил својот близок пријател Олег Свидиров, откако наводно открил материјали што го поврзувале со злоупотреба на неговата осумгодишна ќерка. Истрагата, според објавените информации, покажала ...

Македонската музичка сцена остана без уште едно препознатливо име, откако во Виена ненадејно почина музичарот Мустафа Сејфулов, на 48-годишна возраст. Веста беше објавена денеска и брзо предизвика бројни реакции и проштални пораки на социјалните мрежи. Мустафа Сејфулов е роден на 26 јануари 1978 година во Кавадарци и потекнува од семејство длабоко поврзано со музиката. Неговиот дедо Муто Сејфулов бил познат свирач и кларинетист, татко му ...

Европската Унија прави нов чекор кон интеграција на Западен Балкан, отворајќи пат за проширување на режимот „Роам како дома“. На состанок закажан за 7 април во Брисел, ќе се разгледува предлогот на Европската комисија за вклучување на земјите од регионот во овој систем, кој овозможува користење мобилни услуги без дополнителни трошоци при патување. Првите земји кои ќе го почувствуваат овој бенефит се Црна Гора и Албанија. Од јуни 2026 година, ...

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека за време на велигденските празници можно е значително влошување на временските услови во Македонија, според најновите анализи од европскиот среднорочен модел. Тој посочува дека постои сигнал за продор на постуден воздух од север, што би можело да донесе невообичаено студено време за овој период од годината. Според Попоски, моделите укажуваат на потенцијално формирање на снежен бран, што би ...

Природното боење велигденски јајца станува сè попопуларен избор во домовите, не само поради тоа што е практично и едноставно, туку и затоа што дава посебна топлина и елеганција на празничната трпеза. Наместо силни вештачки нијанси, сè повеќе луѓе се одлучуваат за бои добиени од состојки што веќе ги имаат во кујната. Токму во тоа е и убавината на овој начин на боење – со црвена зелка се добиваат нежни сини и виолетови тонови, куркумата дава ...

Во Германија сè погласно се отвора дебата за укинување на ДДВ за дел од храната, додека паралелно се разгледува можноста за повисоко оданочување на луксузните производи. Новиот бран реакции доаѓа по растот на цените на енергијата и храната, што повторно го засили притисокот врз владата да преземе мерки за заштита на граѓаните. Според предлозите што ги туркаат делови од СПД, на нула проценти ДДВ би можеле да одат производи како овошје, ...

Скопјани и утре ќе се соочат со дополнителен метеж во центарот на градот, откако Министерството за внатрешни работи најави посебен режим на сообраќај поради протестен марш што ќе започне во 12:30 часот. МВР официјално соопшти дека маршот ќе се организира како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит. Според најавената траса, учесниците ќе се движат од плоштад „Карпошово востание“, ...

Дубаи, кој со години важеше за главен центар за инфлуенсери, познати личности и дигитални номади што бараат луксуз и даночни поволности, сè почесто останува зад нив. Поради растечката нестабилност на Блискиот Исток, многумина веќе гледаат кон нови дестинации што нудат безбедност, престиж и покомфорен живот. Меѓу најпосакуваните нови локации се Кајманските Острови, Бермуди и Порторико, кои привлекуваат со поволни даночни услови, тропска клима ...

Иако САД и Израел во изминатиот период извршија серија силни напади врз цели во Иран, дел од експертите оценуваат дека најважните воени капацитети на Техеран сè уште не се сериозно погодени. Професорот од МИТ, Теодор Постол, во разговор објавен на YouTube каналот на политикологот Глен Дизен, посочи дека досегашната штета главно се однесува на надземни објекти, додека клучниот дел од иранскиот арсенал е сместен во подземна инфраструктура ...

Македонија е меѓу земјите опфатени со нов договор што американската армија ѝ го додели на компанијата Colt’s Manufacturing Company за производство на карабини М4 и М4А1 за странски партнери. Според официјалното известување, вкупната максимална вредност на договорот изнесува 40.863.564 долари, а покрај Македонија, на листата се и Босна и Херцеговина, Ирак и Тунис. Договорот е склучен како firm-fixed-price, ...

Цветници се смета за еден од најубавите празници во православната традиција, ден што ја носи симболиката на пролетта, духовното обновување и радоста. Празникот секоја година се одбележува на различен датум, но неговата порака останува иста – надеж, љубов и нов почеток. Овој ден е поврзан со свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим, кога народот го пречекал со палмови гранки и цвеќиња. Во нашите краишта, каде што нема палми, овој ...

Мерењето на крвниот притисок не е исто во секој дел од денот, бидејќи организмот следи природен ритам кој директно влијае врз неговите вредности. Затоа, времето кога го мерите притисокот игра клучна улога за точноста и значењето на резултатите. Наутро, веднаш по будењето, се јавува таканаречен „утрински наплив“, кога притисокот нагло се зголемува поради активирање на хормони како кортизол и адреналин. Овој период, особено помеѓу 6 и 10 часот, ...

Ашраф Хакими отворено проговори за периодот кога настапуваше во ПСЖ заедно со Лионел Меси, признавајќи дека тогаш не се чувствувал удобно на теренот и дека тешко се вклопил во новиот стил на игра. Според извештаи што пренесуваат дел од француските и шпанските медиуми, мароканскиот репрезентативец изјавил дека со доаѓањето на аргентинската суперѕвезда целосно се сменил проектот на клубот, а со тоа и неговата улога во тимот. Хакими посочил дека ...

Александар Вучиќ повторно ја отвори можноста да се врати на премиерската позиција, порачувајќи дека би ја прифатил кандидатурата само ако анкетите покажат дека без него нема победа и дека не постои друго решение. Неговата изјава доаѓа во момент кога во Србија сè погласно се зборува за предвремени парламентарни избори, кои, според неговите најави, би можеле да се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден. Со тоа, Вучиќ испраќа ...

Кога станува збор за чистење на фрижидерот, многумина веднаш помислуваат на големо средување, вадење на сите производи и долго чистење. Но, токму еден дел што најчесто останува занемарен може да биде најголем извор на нечистотија и ризик за храната. Станува збор за фиоката за овошје и зеленчук, место кое на прв поглед изгледа безопасно, но во пракса често собира најмногу нечистотии. Причината е што овошјето и зеленчукот најчесто се ставаат ...

Вардар забележа убедлива победа над Македонија ЃП и на најдобар можен начин го искористи неочекуваниот пораз на Шкендија во денешната програма од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ одиграа сигурен и ефикасен натпревар, славејќи со високи 5-1, со што испратија јасна порака дека немаат намера да ја пропуштат шансата што им се отвори по киксот на директниот ривал. Вардар од самиот почеток наметна силно темпо, ја ...

Повеќе од 100 експерти по меѓународно право со отворено писмо побараа сериозна правна и политичка реакција поради нападите врз Иран, оценувајќи дека акциите на САД и Израел претставуваат јасно кршење на Повелбата на Обединетите нации. Писмото беше објавено на 2 април на платформата Just Security, а меѓу потписниците има професори, правни советници и поранешни високи функционери од областа на меѓународното право. Во документот се наведува дека ...

Владата најавува итни мерки за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните, откако проценките покажуваат дека мартовската инфлација ќе се движи меѓу 4 и 5 проценти. На утрешната седница се очекува да бидат активирани заштитни механизми, меѓу кои и намалување на акцизите на горивата. Според најавите, акцизата за дизелот ќе се намали за четири денари, додека кај бензинот се предвидува пониско намалување. Со ова, се спречува поголемо ...

Плажа Оревче, едно од најпрепознатливите места за алтернативна музика, култура и летни собири на охридското крајбрежје, и официјално се збогува со својата публика. По најавите за затворањето, тимот објави емотивна порака со која се заблагодари на сите што низ годините биле дел од оваа приказна, а беше соопштено и дека страницата ќе биде архивирана. Со тоа симболично се става крај на едно место кое за многумина не беше само плажа, туку простор ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.95
34%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
5.03
84%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.48
82%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
2.7
41%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.07
36%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
78%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.02
49%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.62
37%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.92
46%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
4.92
51%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1014
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.36
56%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Злато

139690.59

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Кобалт

45.39

Платина

57324.78

Алуминиум

3.46

Калај

53.60

Сребро

2269.46

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Паладиум

42535.44