Македонскиот таеквондо ас Дејан Ѓеоргиевски повторно ја потврди класата, освојувајќи златен медал на „Skopje Open 2026 – G1“, турнир со 1.000 натпреварувачи од 41 држава кој носи бодови за олимписка норма. Како што објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, Ѓеоргиевски до титулата стигна со четири фуриозни победи. Во првата борба го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, во следната елиминиран беше европскиот шампион Иван Шапина ...
Викендов во „Борис Трајковски“ успешно се одржа најголемиот спортски настан – таеквондо турнирот Skopje Open G1, на кој учество земаа 41 земја и повеќе од 1.000 натпреварувачи. Турнирот беше во организација на ТК Бутел, Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус. Во исклучително силна конкуренција, македонските таеквондисти остварија одлични резултати. На првиот ден од Скопје Опен, младите таеквондисти освоија пет медали: Ведрана Тунески ...

