Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, официјално поднесе кандидатура за функцијата Државен јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во пријавата доставена до Собранието, Панчевски наведува дека ги исполнува сите општи и посебни законски услови за извршување на оваа висока функција. Панчевски, кој има долгогодишно искуство како судија во кривичната област, доставил докази за исполнување на критериумите ...

Премиерот Христијан Мицксоки се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија. „Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија“, посочи Мицкоски. Премиерот Христијан ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуда во случајот „Геријатрија“, изрекувајќи му затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи. Вработениот во истата установа, Блерим Амити, е осуден на една година и десет месеци затвор. Двајцата се огласени за виновни за примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Според пресудата, Арифи ...

ЦУК со информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот Скопски регион До 13:00 часот сите патни правци на територијата на Град Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата и се подготвени за дополнителни интервенции. Битолски регион Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, денеска официјално го потпишаа меморандумот кој поставува рамка за долгорочен развој на Скопје. Овој договор има за цел унапредување на локалните политики, јакнење на институциите и воведување одржливи решенија за граѓаните. Партнерството опфаќа клучни реформи во даночниот систем, дигиталната трансформација и заштитата на животната средина. ...

На ден 20.01.2026 година, од страна на стручно лице З. Пеев, вработен во Дирекцијата за заштита и спасување – Подрачно одделение Штип, безбедно е отстранета минофрлачка граната 82mm од Втората светска војна, пронајдена на подрачјето на Ново Село, с.Ново Коњарево, соопштија од ДЗС. Истиот ден, во Кочанско, на патниот правец кон Пониква, безбедно е отстранета и артилериска граната од 60mm. Пронајдените неексплодирани убојни средства ќе бидат ...

Парите биле на родителите, спечалени макотрпно од земјоделие, пред сè од лозје. Со ваква одбрана, адвокатите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов се обиделе да го оправдаат пронаоѓањето на 350.000 евра, заѕидани зад кујнските плочки во родителската куќа во Неготино. Сепак, приказната за лозјето не беше доволно уверлива ниту за Обвинителството, ниту за Судот, поради што на судијата му е одредена мерка куќен притвор. Иако во оваа фаза ...

Девет човечки животи се спасени во тест-периодот на „Безбеден град“ во споредба со истиот период минатата година кога биле евидентирани 11 смртни случаи од сообраќајни незгоди на територијата на СВР Скопје – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашање на пратеникот Халил Снопче. На собраниската седница за пратенички прашања тој го праша Снопче која е цената на човечкиот живот нагласувајќи дека од ...

Вчера во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал. Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите ...

Вчера во ОВР Гостивар, 42-годишник од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет ...

Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија, одговори вицепремиерот ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 20.11.2025, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испратил пораки кои содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка. Со него е извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. СВР Велес поднесе кривична пријава ...

Вчера во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. -Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле ...

Утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на с.Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа” со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека владата на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за проблемите со кои граѓаните се соочуваат граѓаните и затоа постојано прави дефокус. Нема пари зголемување на минимална плата од 600 евра, а под маса си делат тендери. „Стандардот на граѓаните опаѓа секој ден, а власта не презема ништо. Нема одговор за дупката од 2 милијарди евра, нема одговор за минимална плата од ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Општинската организација на Црвениот крст – Центар и Сојузот на пензионери на Општина Центар, доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи на пензионерите со ниски примања кои живеат во општината. Оваа акција е дел од континуираните заложби за поддршка на највозрасните граѓани и обезбедување помош таму каде што е најпотребна. „Наша должност е да бидеме тука за нашите ...

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, во која се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен емаил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на ...

Изминатите два дена (19/20.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 150 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, сите за возење под ...

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска даде зелено светло за продолжување на кризната состојба во општина Гази Баба, поточно во реонот на Казнено-поправната установа „Идризово“. Според предлог-одлуката, безбедносните сили ќе останат на терен најмалку до 30 јуни 2026 година. Целта на оваа мерка, која првично беше воведена во 2024 година, е спречување на безбедносни закани и зајакнување на обезбедувањето на затворот. Со одлуката ...

Пратениците денеска ја прифатија потребата од измени на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, со кои Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје се трансформира во Оддел за внатрешни работи – Скопје. Со оваа промена, најголемата полициска единица во државата добива повисок организациски статус и нова позиција – началник на Оддел. Според предлагачите, целта е поголема ефикасност и подобра координација во Скопје, кој поради својата ...

Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со постепен пораст на дневната температура. Во одделни котлини се очекува појава на магла, особено во утринските часови, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег. Минималните утрински ...

Силните врнежи од снег и ниските температури предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот ширум државата. Најкритично е во Скопје и на планинските превои, каде веќе се воведени забрани за движење. ЦУК информираше за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 10:00 часот Скопски регион Поради мраз и снег на коловозите во Град Скопје, зимската служба е ангажирана со целосна механизација и континуирано врши чистење и посолување на ...

Вчера во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на ...

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ја сподели најубавата вест со своите сограѓани – неговото семејство стана побогато за уште еден член. Јорданов на социјалните мрежи објави дека по втор пат станал татко на ќерка, на која и го дадоа името Иконија. „Благодарност до целиот медицински тим во Клиничка болница Штип. Слава тебе Господи“, напиша емотивно Јорданов под објавата. Иван и неговата сопруга Стефанија веќе ја имаат ќерката ...

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише ...

Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра, соѕидани во ѕид во кујната, тврдат дека пронајдените пари им припаѓаат ним, а не на нивниот син. Ова го соопшти адвокатот на одбраната на судијата Ристов Звонко Давидовиќ, најавувајќи жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки на обезбедување – куќен притвор, одземање на патна исправа и забрана за ...

Утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, – 7 степени, е на Попова Шапка и во Берово, соопшти УХМР. До 08:30 часот -6 степени се измерени во Маврови Анови и Kрушево, -5 во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово и Велес, -2 во Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор и Гевгелија, како и -1 степен во Демир Капија. Висината на снежната покривка до ...

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, информираат од Град Скопје. Градоначалникот на Град ...

Криминалната ВМРО ги изненади снег во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени. Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден, се посочува во соопштението на СДСМ Граѓаните се оставени сами ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце. Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО. Снежните наноси по патиштата се идила за градоначалниците од ...

На 19.01.2026 во 20:10 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Р.Е.(23) од Тетово, водач на навивачка група. Тој се сомничи дека околу 19:20 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово заедно со неколку лица со маски на главите физички ги нападнале А.Ј.(22) и Д.П.(22), двајцата од Скопје, при што употребиле и тврди предмети и му нанеле повреди на А.Ј. и го оштетиле нивното возило „мазда 3“. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
9.77
43%
1029
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
52%
1031
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.96
52%
1033
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
8.75
53%
1027
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
62%
1035
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
54%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Иридиум

231355.22

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Калај

50.64

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Рутениум

47358.05

Платина

68963.35