Дарко Митровиќ (24) е најсреќниот меѓу 160-те верници кои денеска скокнаа во студените води на реката Вардар во центарот на Скопје. На големиот празник Богојавление – Водици, тој успеа прв да стигне до чесниот крст кој беше положен кај мостот „Слобода“. Чинот на осветување на водите и положувањето на крстот го изврши поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во присуство на илјадници граѓани кои го исполнија кејот на Вардар. Дарко, кој го следи ...

Во ведра и празнична атмосфера, беровчани денеска масовно го одбележаа Богојавление – Водици. Најмногу среќа во студените води на реката Брегалница имаше Благој Дујовски, кој прв стигна до светиот крст меѓу бројните учесници. За неговиот подвиг, Општина Берово го награди Благој со вредносен ваучер од 15.000 денари, а дополнителни награди беа обезбедени и од компанијата „Зегин“. Градоначалникот Петар Ружински упати честитки до Благој и до сите ...

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, денеска од Охрид упати честитка по повод празникот Богојавление, нарекувајќи го Водици „најголем празник за Охрид“. Николоски изрази задоволство од одличната организација и огромниот број посетители, нагласувајќи дека заедничката работа на локалната самоуправа и Владата придонесува за промоција на македонската традиција пред светот. „Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам ...

Во духот на вековната православна традиција, денес во Крива Паланка беше одбележан големиот христијански празник Богојавление – Водици, кога, според верувањето, се осветуваат водите и се симболизира Христовото крштевање во реката Јордан, носејќи здравје, благослов и духовна сила за верниците. По тој повод, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, се фрли по светиот крст во водите на Крива Река, испраќајќи силна порака на ...

Најсреќниот во водите во Дебар годинава беше малиот Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение. Тој прв стигна до светиот крст што беше положен во базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде што е и седиштето на дебарската парохија. Заедно со Дамјан, во осветената вода скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на најмладиот меѓу нив. „Бог се јави! Многу сум радосен. Посакувам здравје и среќа за сите“, ...

Најмалку шест лица загинаа во пожар што уништи десетици продавници во трговскиот центар „Гул Плаза“ во историскиот центар на Карачи, јужен Пакистан, објавија локалните медиуми. Делови од трговскиот центар во историскиот центар на Карачи се урнатини, објави Ројтерс. Снимките го прикажуваат пожарот како избувнува од зградата додека пожарникарите работеа во текот на ноќта за да го спречат неговото ширење низ густо населениот деловен округ. ...

Јануари ќе помине во променливо време, со комбинација од сончеви периоди, зголемена облачност и повремени врнежи од дожд и снег, покажуваат временските прогнози. Во првата половина од месецот ќе преовладува студено, но стабилно време, со сончеви и делумно облачни денови. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени, додека утринските ќе бидат значително пониски и на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, со појава на мраз. Се ...

Мартин Гоџо од охридската населба Варош е најсреќниот меѓу стотиците верници кои денеска скокнаа во осветените води на Охридското Езеро. Тој успеа прв да стигне до чесниот крст на големиот празник Богојавление – Водици, продолжувајќи ја својата неверојатна низа на успеси. За Гоџо ова не е прво вакво искуство. Тој веќе беше најбрз и во 2025 и во 2022 година, со што уште еднаш докажа дека среќата и верата се на негова страна. Чинот на ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. „Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат ...

Премиерот Христијан Мицкоски, преку објава на социјалните мрежи, упати честитка до православните верници по повод големиот празник Богојавление – Водици. Во својата порака, тој го истакна значењето на духовната чистота и меѓусебното заедништво како темели на општеството. „Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата. Водици носи силна порака за верата, за храброста и за подготвеноста да се оди по исправниот пат, ...

Посебен режим на сообраќај во Скопје денеска поради празникот Водици. Како што информираат од МВР, денеска (19.01.2026) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје. Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки. Во ...

Во домот на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов полицијата пронајде 350.000 евра кои биле соѕидани во ѕид. При претрес во домот на родителите на апелациски судија во Неготино биле пронајдени 350.000 евра, скриени во посебен простор заѕидан во ѕидот, соопштија надлежните институции. Според информациите, судијата е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, а парите биле откриени при истражни дејствија спроведени по ...

Православните верници денеска го слават големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со свети литургии и традиционално положување на чесниот крст во осветените води, празникот се одбележува низ целата држава. Во Скопје, централната манифестација започнува во 9:00 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе богослужи поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. ...

Македонија се разбуди во длабок „минус“. Според мерењата на УХМР во 7 часот наутро, најстудено беше на Попова Шапка со -12 степени, додека во Берово се измерени -10 степени. Ниските температури не го заобиколија ниту Скопје, каде кај Петровец се регистрирани -7 степени. Минимални температури измерени низ градовите: -12°C -10°C -9°C -7°C -4°C -2°C Освен студот, регистрирана е и снежна покривка, која на Попова Шапка изнесува 24 сантиметри. Во ...

Македонија се наоѓа под влијание на стабилно, но многу студено време, кое според синоптичарите ќе потрае до утре, кога се очекуваат нови врнежи од снег. Утрешниот ден ќе започне со умерена облачност и ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат и до -8 степени. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и слаб североисточен ветер, со максимални температури до 6 степени. Во Скопје се очекува слично време со утрински -4 и дневни ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина. Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и ...

Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени. Според ...

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици. Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен маж, за кого постои основано сомнение дека сторил обид за убиство при семејно насилство, согласно член 123 став 2 точка 2, во врска со член 19 од Кривичниот законик. Според обвинителството, на 17 јануари, во домот на улицата „Лавчанска корија“, каде што заеднички живееле, осомничениот се обидел да ја лиши од живот својата баба. Претходно ја ...

Православните верници денеска го одбележуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици, кој се слави уште од вториот век. Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, а празникот го носи името Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата. И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. Скопската православна епархија ...

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој ...

Денеска (18.01.2026) во периодот од 10:00 до 18:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територија на цела држава, за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 54 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од ...

Научната и академска заедница во Македонија се збогува со проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, кој почина на 84-годишна возраст. Со големо жалење ја соопштуваме веста за починувањето на Проф. д-р Илија Димовски, редовен професор на Педагошкиот факултет во Штип, стои во соопштението објавено по повод неговата смрт. Илија Димовски е роден е во 1942 година во село Мало Црско. Магистрирал на Универзитетот во ...

Дванаесетгодишно момче денес беше нападнато од ајкула во источните предградија на Сиднеј и е во критична состојба, а лекарите се борат за неговиот живот, соопшти полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс. Момчето претрпе сериозни повреди на двете нозе во нападот од ајкула, објави „Гардијан“. Тој беше извлечен од водата на плажата „Ајкула“ во паркот „Нилсен“, во источните предградија на Сиднеј, и беше однесен во Детската болница во ...

Македонија се подготвува за нов бран на студено време и врнежи од снег кои се очекуваат кон средината на претстојната недела. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, утрешниот ден ќе започне со студено утро, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер. Вистинската промена на времето пристигнува во вторник. „Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда ...

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од првичните ефекти на системот „Безбеден град“, нагласувајќи дека тест-периодот веќе дава видливи резултати во подобрувањето на сообраќајната безбедност. Според него, бројките за јануари се значително подобри во однос на претходниот месец. „Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември. Тоа значи имаме повеќе човечки животи спасени, помалку сообраќајни незгоди, ...

Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција, а премиерот Христијан Мицкоски најавува дека ефектите од досегашната примена на камерите веќе го менуваат однесувањето на возачите. Прашан за поддршката од опозицијата и законските измени, премиерот истакна дека клучен е хуманиот аспект. „Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште ...

Вчера во 19:00 часот во казино лоцирано на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.Р. (28) од Битола поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди. Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола, повредената била пренесена во Клиничка болница Битола. Во координација со јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде ...

Црна сабота во австриските Алпи. Најмалку пет лица ги загубија животите во серија силни лавини кои вчера го погодија регионот на Салцбург. Најкритично беше во ски-центарот Гаштајн, каде што под снежните маси смртта ја пронајдоа четворица скијачи. Како што пренесува „Ројтерс“, во Гаштајн покрај жртвите има и две тешко повредени лица кои биле извлечени од снегот во последен момент. Во масовната спасувачка операција беа вклучени четири ...

На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
9.77
43%
1029
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
46%
1027
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
52%
1031
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.96
52%
1033
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
8.75
53%
1027
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1026
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
62%
1035
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
8.23
54%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Паладиум

51794.85

Калај

50.64

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Цинк

3.24