Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици. Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. Услугата засега ја користат околу ...
Демографските промени се реалност што бара одговорност, визија и системски политики, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Регионалната министерска конференција „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето“, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на Владата. – Ова не е само уште една ...
Основниот кривичен суд – Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за „телесна повреда“, три години за „загрозување на сигурноста“ и пет години ...
Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени, а 66 криминални групи се разбиени во полициска операција спроведена во 90 земји, соопшти денеска Интерпол. Организацијата изрази особена загриженост поради злоупотребата на антипаразитски производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или законски медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“ (Pangea XVIII), спроведена во март на сите ...
Во овој момент има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката спрема нас како држава, така што нема услови за уставни измени и Владата не е подготвена да преземе било каков чекор кон уставни измени – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во одговор на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе кој е во прва ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила интерен список на „добри и лоши“ членки на НАТО, како дел од разгледувањето можни мерки против сојузниците кои не ја поддржале американската воена операција против Иран, се вели во текст на Политико. Според дипломатски извори и американски претставници, земјите биле рангирани според нивниот придонес во Алијансата и нивната подготвеност за соработка со Вашингтон. Планот бил ...
Кина би можела да се обиде со одредени „маневри“ поврзани со прашањето за Тајван за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина следната недела, кога е предвидена средба со кинескиот лидер Шји Џинпинг, изјави директорот на тајванската Служба за национална безбедност, Цаи Минг-јен. Во исто време, тој посочи дека Тајван добил уверувања од САД дека Вашингтон не ја променил својата политика кон островот. Цаи им изјави на ...
Оваа година дефинитивно нема да има предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа година ни е реформска година каде што ние и пред граѓаните и пред европската јавност треба да испорачаме она што сме ветиле пред граѓаните и она што сме се обврзале кон нашите европски партнери во делот на евроинтеграциите односно реформската агенда – рече во гостување на ТВ 24 пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески. – Редовните избори се во 2028 ...
Легендарниот рок бенд „The Rolling Stones“ повторно ја разбранува музичката сцена со најавата за нивниот нов албум „Foreign Tongues“, кој треба да ја види светлината на денот на 10 јули. Заедно со оваа голема вест, бендот објави и нов сингл „In The Stars“, дополнително зголемувајќи ги очекувањата на фановите ширум светот. Ексклузивната презентација се одржа во импресивниот простор на реновираната штедилница Вилијамсбург во Бруклин, каде што ...
По години аларми за драматичното повлекување на водата, Преспанското Езеро конечно покажува знаци на закрепнување. Последните мерења покажуваат дека за само шест месеци водостојот е зголемен за речиси метар и половина, што кај локалното население, екологистите и институциите буди надеж дека едно од најзагрозените природни богатства во регионот полека „се враќа во живот“. Од Секторот за животна средина во Општина Ресен за ТВ 24 велат дека, ...
Турнејата на Росалија, една од најуспешните и највлијателните шпански пејачки на сите времиња, не престанува да предизвикува реакции. Новинарка од британскиот „Индепендент“ ѝ посвети долга рецензија на концертот во кој заклучува дека Росалија е „доказ дека вештачката интелигенција не може да реплицира некои работи“. – Сценографијата пред првиот од двата распродадени концерти на Росалија во лондонската О2 арена е сведена на задната страна на ...
Европскиот парламент и изгласа новите правила за возачки дозволи што ќе важат низ целата Европска Унија. Реформата носи дигитални возачки дозволи, построги правила за прекршителите на сообраќајните правила и пониска старосна граница за професионалните возачи, сето тоа со цел зголемување на безбедноста на патиштата и обединување на прописите. Целосната имплементација се очекува постепено, а клучните промени ќе стапат на сила од 2028 до 2030 ...
Два дрона од Русија влегоа во Летонија и се урнаа, објави утрово летонската армија. Еден од дроновите падна врз складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од границата со Русија, објави јавниот радиодифузен сервис ЛСМ. Пожарот што избувна на местото на несреќата бил изгаснат пред пожарникарите да стигнат таму, наведува ЛСМ. Единици на вооружените сили, полицијата и спасувачките служби биле исто така испратени на местото на ...
Два дрона од Русија влегоа во Летонија и се урнаа, објави утрово летонската армија. Еден од дроновите падна врз складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од границата со Русија, објави јавниот радиодифузен сервис ЛСМ. Пожарот што избувна на местото на несреќата бил изгаснат пред пожарникарите да стигнат таму, наведува ЛСМ. Единици на вооружените сили, полицијата и спасувачките служби биле исто така испратени на местото на ...
Под влијание на Атмосферски фронт кој преку Алпите ќе се спушти до нашиот дел од континентот, веќе од денеска па до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и пообилни на повеќето места ќе бидат утре . Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења и со услови за појава ...
Џоан Колинс во друштво на својот сопруг Перси Гибсон (61) се појави на хуманитарна гала-вечера во Лондон, организирана за поддршка на децата со тешки заболувања. Ѕвездата која е најпозната по улогата на Алексис во старата култна серија „Династија“ воодушеви со својот изглед, кој не отстапува од она што е нејзин препознатлив знак, елегантна женственост и задолжителниот црвен кармин и препознатлива фризура. Иако е таа 31 година постара од ...
Тринаесет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во украински напади врз станбени згради во рускиот град Брјанск, на околу 100 километри од руско-украинската граница, соопшти локалниот гувернер Александар Богомаз. Според Богомаз, оштетени се 20 станбени објекти и 40 возила. Веста за нападите доаѓа еден ден откако Украина ги осуди руските напади врз својата територија, и покрај предложеното примирје од Киев, ветувајќи „симетричен“ одговор ...
Цените на нафтата утрово се стабилизираа на околу 100 евра за барел, откако вчера паднаа бидејќи додека инвеститорите ги разгледуваа изгледите за мировен договор на Блискиот Исток. Фјучерсите за суровата нафта Брент се стабилизираа над 101 долар за барел утрово, откако паднаа за дури 12% на 96,73 долари во претходната сесија, додека американската нафта WTI утрово достигна цена од 96 долари за барел. Извештаите сугерираа дека САД испратиле ...
Системот за влез/излез на Европската Унија претставува удар за викенд туристите кои патуваат во Грција, изјави Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителска комора при ССК, во синоќешната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. Тој додава дека кога се најавуваше воведувањето на системот било кажано дека еднаш ќе се фотографира лицето и потоа само со отисок на граница се забележува влез во ЕУ, меѓутоа во пракса се гледа дека не е така. – ...
Федерален судија од Њујорк објави документ опишан како проштална белешка, за која се тврди дека ја напишал Џефри Епстин и во која се наведува: „Убаво е да можеш сам да го избереш моментот кога ќе кажеш збогум“. Епстин, дискредитираниот финансиски инвеститор обвинет за сексуална трговија со малолетнички, беше пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Менхетен во август 2019 година, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство. Рачно ...
Необична несреќа се случи во хрватскиот град Сењ, каде полициски автомобил заврши во морето. Според локалните медиуми, полицаецот накратко излегол од возилото за да оди до банкомат. Од засега неутврдени причини, службениот автомобил се придвижил и слетал во морето во градското пристаниште. Необичната сцена брзо привлекла внимание кај минувачите и туристите. На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници. За среќа, никој не е ...
Довербата во правосудството се гради со вистинска транспарентност, напиша на Фејсбук заменик министерот за правда, Ален Деребан. „На денешниот настан посветен на транспарентноста во работата на Советот на јавните обвинители, истакнав дека довербата во правосудството не се гради со декларации, туку со конкретни системски решенија. Носењето на Законот за Советот на јавните обвинители претставува клучен чекор во реформите. Овој закон носи ...
Времето в четврток, 7 мај, ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 8 до 26 степени. Следува период на променливо облачно време со ...
Македонскиот скијач Мирко Лазарески доби 4-годишна суспензија поради допинг. Информацијата ја објави Министерството за спорт, чија комисија утврдила присуство на недозволена супстанца во неговиот организам. Станува збор за станозолол, супстанца што е забранета во спортот. Лазарески, роден 2003 година, требаше да биде македонски претставник на Олимписките игри во Кортина минатата зима. Но случајот со допингот Комисијата утврдила ...
„Италија е најважната нација во историјата на човештвото“. Со овие зборови Новак Ѓоковиќ повторно ги воодушеви Италијанците пред стартот на Мастерсот во Рим. Српскиот тенисер на прес-конференцијата зборуваше на италијански и испрати низа пофалби за домаќините. Тој ја пофали италијанската култура, музика, храна, автомобили и мода. – Горд сум што зборувам италијански, што е еден од најубавите јазици – рече српскиот тенисер. Ѓоковиќ додаде дека ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Унгарија ги врати парите и златото на украинската „Ошадбанка“, што унгарските тајни служби ги запленија во март. Во операцијата беа запленети околу 82 милиони долари и злато под сомнение за перење пари, а беа приведени и седум Украинци. Киев тоа го оцени како рекетирање. Сите средства и злато се целосно вратени во Украина, наведе Зеленски, истакнувајќи дека тоа е „конструктивен ...
Иранските воздушни напади оштетиле или уништиле најмалку 228 американски цели и парчиња воена опрема на Блискиот Исток, тврди „Вашингтон пост“. Во текстот се наведува дека биле погодени хангари, сместувачки објекти, складишта за гориво, радари, системи за воздушна одбрана и авиони. Според анализата, размерите на уништувањето се значително поголеми од она што јавно го признава американската администрација. Весникот наведува дека автентичноста ...
Македонската спортска јавност остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. Почина новинарот и долгогодишен спортски коментатор Сами Адеми, чиј глас со децении беше препознатлив белег на фудбалските натпревари на националната репрезентација. Веста за неговата смрт ја сподели Фудбалската репрезентација на Македонија, истакнувајќи дека Адеми „заминал тивко, како што знаат да заминат големите“, оставајќи зад себе богато професионално ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху разговара со претставници на американската администрација за да има подобар увид во најновите случувања во преговорите помеѓу САД и Иран, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори. Наводно Нетанјаху се обидува да дојде до најновите информации за текот на преговорите и кои опции се на маса. Израел изразува загриженост поради евентуалните американски отстапки за постигнување на договор за ...
Иранските воздушни напади оштетиле или уништиле најмалку 228 американски цели и парчиња воена опрема на Блискиот Исток, тврди „Вашингтон пост“. Во текстот се наведува дека биле погодени хангари, сместувачки објекти, складишта за гориво, радари, системи за воздушна одбрана и авиони. Според анализата, размерите на уништувањето се значително поголеми од она што јавно го признава американската администрација. Весникот наведува дека автентичноста ...