Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и преку оваа манифестација, во присуство на претставници на земјите членки на Европската ...

Во недела (17 мај) ќе се одржи третото издание од детската трка „Децата под Исарот“ во Штип, која и оваа година ќе биде со хуманитарен карактер. Интересот и годинава е голем, а се очекува третото издание да биде најмасовно до сега во однос на претходните две изданија на „Децата под Исарот“. Пријавувањето за учество на детската трка во градот под Исарот е отворена до недела (10 мај), а учество може да земат дечиња на возраст од 4 до 14 година ...

Без високо ниво на институционална отвореност, јавноста нема можност соодветно да ги разбере и да ги оцени нашите одлуки, истакна Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески во своето обраќање на конференцијата “Транспарентноста како клучен фактор во работата на Советот на jавните обвинители на Република Северна Македонија”, во организација на Проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”. „Факт е дека досегашните извештаи, и домашни и ...

Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш. Филипче ќе направи се за да ја задржи фотелјата на Бихаќка, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека пред два дена, на 123 годишнината од смртта на Гоце Делчев, од пред неговиот гроб, Венко Филипче изјавил дека Бугарија не го негирала ...

ДУИ повторно го пушти стариот филм на клевети бидејќи вистината премногу ги боли. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ им пречи Изет Меџити затоа што тој, заедно со народот, ги испрати во историјата и го скрши нивниот 20-годишен монопол на уцени, велат од „Вреди“. „Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцелариски сплетки и милувања од Али Ахмети. Тој го црпи својот легитимитет директно од гласот на ...

Стручни лица од повеќе институции во Македонија кои работат со деца и родители/згрижувачи со предизвици во грижата како резултат на трауматски искуства во детството, како и професионалци од институциите одговорни за градење капацитети на стручните лица ги унапредија своите вештини и знаења за како поефективно да ги поддржат децата и семејствата. На обуките за дијадна развојна психотерапија организирани од СОС Детско село кои завршија вчера, а ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028та година. „Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и ...

Граѓаните мораат јасно да разберат зошто Европската Унија бара реформи пред да нè прими во своето членство. Европа не може и не сака да прими организирана криминална група во својот систем, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, реформите не се технички услов, туку тие се брана против влез на криминал, корупција, партизација на институциите, контрола на медиуми и заробена држава во демократскиот систем во кој владее ...

„Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање пред концертот на Националниот џез-оркестар во Брисел во рамките на манифестацијата „Денови на ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка. Меморандумите ...

Денес се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во конфликтот што го доведе до распадот на Југославија, велат од СДСМ. „Политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби тогаш целата земја ја втурнаа во крв и во трагедија. Само со мудрите политики на Киро Глигоров, Македонија се избори за независноста по мирен пат. Теориите на Милошевиќ за „домашни предавници“, „странски ...

Општина Крива Паланка информира дека започнува уписот на првачиња за учебната 2026/2027 година во основните училишта ООУ „Илинден“ и ООУ „Св. Јоаким Крчовски“. Во насока на унапредување на условите за образование и поддршка на семејствата, Општина Крива Паланка обезбедува, додаваат од таму, еднократна парична помош во износ од 3.000 денари за сите семејства со запишано прваче. „Инвестирањето во образованието и во најмладите е инвестиција во ...

Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан, тврди Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Се потврдува она што СДСМ веќе подолг период го зборува, на Мицкоски му се брза за предвремени избори. Со падот на неговиот пријател Виктор Орбан, почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот. Во Унгарија веќе се најавуваат истраги кои ќе стигнат до Мицкоски и неговиот ...

Натпреварите од 28. коло на Втората македонска фудбалска лига наместо в сабота ќе се одиграат в недела, а ова ќе биде рунда која ќе решава кој ќе биде шампион во Втора лига и директно ќе патува во Прва лига, а кои екипи ќе играат бараж и по потешкиот пат да обезбедат место во елитата. Дербито на колото е во Штип, Брегалница како лидер ќе ја пречека Шкендија Арачиново, дерби дуел кој ќе го одлучи шампионот, а од сенка исход од овој меч ќе чека ...

Каменица Саса и Тиверија Брера ќе се соочат во големото финале од Купот на Македонија во женска конкуренција. Големото финале е закажано за 14 мај (четврток) со почеток од 15 часот, а ќе се игра на стадионот во Ѓорче. Екипата од Македонска Каменица во финалето стигна без да игра во полуфиналето, откако Љуботен не се појави за да го одигра полуфиналниот меч од Купот, па така „рударките“ со службена победа обезбедија место во финалето. ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, што се одржува во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители, под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не е само технолошки процес, туку суштинска ...

На две кола до крајот останува дилемата во Првата ракометна лига на Македонија кој ќе биде шампион и директно ќе патува во Супер лигата за следната сезона, а кој ќе игра бараж за влез во елитната. Мулти Есенс е прв со 42 бодови, а на последните две кола тимот од Автокоманда го очекуваат две дерби соочувања – против Вардар Неготино во гости и на домашен терен против Драчево Јуниор. Младост е втор со 41 бод, еден помалку од лидерот Мулти Есенс, ...

Во ера кога модерната технологија и медицината се спојуваат за да понудат совршенство, Македонија станува сè позначајна точка на мапата на европскиот стоматолошки туризам. Тој ги надмина границите на ценовно конкурентна понуда и во се почесто привлекува пациенти кои бараат квалитетни и модерни услуги. Денес тој значи доверба, прецизна дијагностика, современа технологија, јасен план на лекување и резултат што пациентот може однапред да го ...

Подгответе се за врвно шопинг искуство! Оваа среда 6 мај, со почеток во 10:00 часот, вратите на Pop Up продавницата на Fashion Group во ГТЦ се отвораат за најголемиот Garage Sale досега. Лоцирана на првиот кат во Градскиот трговски центар (ГТЦ), во редот на веќе познатиот Fashion&Friends Outlet, оваа Pop Up продавница ќе биде главната дестинација за сите љубители на модата кои се во потрага по квалитетни парчиња по одлични цени. Што може ...

„По укажувања и поплаки од жителите на селата Пагаруша и Вртекица, политичката партија Левица поднесе барања за пристап до информации од јавен карактер до надлежните институции во врска со активностите во каменоломот лоциран помеѓу овие две села“, велат од партијата Левица. „Според информациите доставени од засегнатите жители, постојат сериозни сомнежи дека во каменоломот се врши или се подготвува нелегална експлоатација, при што ископаниот ...

„Изет Меџити, промоторот на бруталниот непотизам во политиката на Aлбанците. Човекот кој стана милионер додека Чаир осиромашуваше, денес се обидува да се претстави како промена, но граѓаните ја знаат вистината: неговата политичка структура функционира по истата логика како мафијашките кланови семејна лојалност, крвна поврзаност,лични интереси и контрола преку неговите најблиски луѓе“, велат од ДУИ. „Повеќе од 20 години, тој и неговата група ...

Камион се запали на автопат во Хрватска, во близина на Славонски Брод, а според локалните медиуми возачот бил македонски државјанин. Ввчера во 14:18 часот, полицијата добила пријава дека камион се запалил на автопатот А3, во близина на Среданац во правец на Брегана, и дека во возилото имало едно лице. Несреќата се случила кога камионот ја пробил средната ограда и удрил во далновод. Како што неофицијално дознава локалниот портал SB Online, ...

Општина Битола ќе биде дел „Генералка Викенд“ кој годинава ќе се одржи од 8 до 10 мај. Акцијата под официјалното име „Генералка Викенд“ започна во 2021 година и со годините прерасна во најголемата еколошка иницијатива во Македонија која истовремено се одвива во голем број општини. Главна цел е отстранување на отпадот од јавните површини, парковите и дивите депонии во градот и околината. Но, целта на „Генералка викенд“ не е само собирање на ...

На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – „Генералка викенд“. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. „Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. ‘Генералка викенд’ прерасна во национална годишна традиција која докажува ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција SAHA Expo 2026, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај. Во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа Чалишкан. На средбата беше потврдена силната и континуирана соработка помеѓу Министерството за внатрешни ...

„ДУИ повторно го пушти стариот филм. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ ѝ боли Изет Меџити, затоа што заедно со народот ги испрати во опозиција“, велат од Влен. „Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник. Со глас, со терен, со луѓе. Не како Бујар Османи, Блерим Беџети, Фатмир Бесими и кликава на ДУИ, кои ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која беше разговарано за спроведувањето на реформите и напредокот во рамки на Реформската агенда 2024–2027. На средбата беше потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните активности. Министерката истакна ...

Монетарната политика на Народната банка е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел. На дијалогот учествуваше вицегувернерот на Народната банка, ...

„СДС и Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски“ додека во пракса нудат политика на отстапки без принципи, без црвени линии и без гаранции за државата. За Венко Филипче и СДС европскиот пат е алиби за прифаќање на се и сешто на штета на националните интереси, само СДС да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче, во обид да ја задржи лидерската позиција во СДС, сѐ повеќе ја ...

„ВМРО-ОКГ поднесе предлог-закон за пратениците од следниот состав да не може да имаат двојно државјанство. СДСМ предложи истиот закон да важи веднаш, а не од следниот состав на Собранието, и да важи за сите членови на Владата и носители на извршна власт. СДСМ поднесе и измени на Законот за Влада во Собранието“, велат од СДСМ. „Од тој момент Мицкоски се повлече, ретерираше, се правдаше дека „мораат експерти да го проверат законот и Уставот“. ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59