Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Станарите во зграда на улица „11 Октомври“ во Центар, во Скопје, доживеале вистински терор од страна на две лица. Последно, тие предизвикале пожар, во кој за среќа нема повредени. Според информациите на МВР, вчера во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје. Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им ...
Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, докторите кои се директни учесници во овој процес, апелираат дека токму дарувањето органи е најхуман и најблагороден чин на човекот што може да се направи за продолжување на животот на друг човек. -Со дарување органи ние можеме да спасиме животи и да им дадеме втора шанса на сите кои се ...
Полицијата поднесе кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за недозволена трговија со оружје. Вчера до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и ...
Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство изнесува 6.123 GWh и е практично на исто ниво – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. Најголем пораст на производството од обновливи извори (ОИ) ...
Во здравството се пишуваат дежурства за 31 ден работен во февруари, со 24 часа работа, а истовремено се очекува да вложуваме во здравството, вели премиерот, Христијан Мицкоски, и додава дека сите треба многу повеќе да водиме сметка за општиот интерес и интересот на граѓаните. Тој, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови, најави дека во месеците кои што следат ќе ...
На денешната прес-конференција, пратеникот од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Даниел Стојчевски, упати остри критики кон СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека зборува за правда и враќање на поранешниот премиер Никола Груевски, иако, како што рече, токму тој бил „пуштен да избега од одговорност“. Стојчевски оцени дека реториката на СДСМ и на Венко Филипче претставува обид за „бришење на колективното паметење“ и наметнување на „удобна ...
Наместо да биде дел од природното и културно наследство на Охридскиот Регион, локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во нестандардно ѓубриште, со тивко одобрување на Општина Охрид и сите локални и национални институции, велат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. Од таму велат дека и покрај големиот број нивни реакции, барања до релевантни институции, и покрај повеќе објави и соопштенија споделени со македонските медиуми, и ...
Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите ...
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на „German-Macedonian Business Summit 2026“, нагласувајќи дека соработката со германските компании е клучна за економската трансформација на земјата. Тој порача дека дигиталната трансформација и економијата базирана на знаење се приоритет за државата, истакнувајќи дека идниот раст повеќе не може да се темели само на евтина работна сила, туку на иновации, технологија и човечки капитал. Мицкоски нагласи ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот настан „Фолклорот како живо наследство“, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство. Настанот ќе понуди разновидна сценска програма, со настапи на сите возрасни групи од Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“, како и гости, фолклорни групи ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на конференцијата посветена на демографската отпорност, која се одржа во Скопје, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНФПА, под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека демографските предизвици повеќе не се само статистика, ...
Демографските предизвици не познаваат граници и не можат да се решаваат изолирано – потребна ни е заедничка акција, изјави министерот за социјална политика, демографија и млади,Фатмир Лимани, на Втората регионална министерска конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје. Тој кажа дека регионот и голем дел од Европа, особено Источна Европа, се соочуваат со сериозни демографски предизвици, низок фертилитет, миграција и ...
Советот на Народната банка, на седницата одржана на 7 мај 2026 година, ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во Кварталниот извештај на Народната банка. Во Извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4% во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, којшто би се свел на 3,1% во 2026 година, додека светската инфлација е нагорно ...
Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Научниот саем 2026, организиран од Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека знаењето, науката и иновацијата се клучни двигатели на економскиот развој и на европската интеграција на државата. „Денес, повеќе од кога било, економскиот напредок зависи од човечкиот капитал и способноста идеите да ...
На последниот состанок на дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, беа донесени неколку одлуки, со кои се казнуваат фудбалери со забрана за настап од неколку натпревари, со што за некои од нив сезоната е завршена предвреме. Фудбалерот на прволигашот Тиквеш од Кавадарци, Камара Фоде се казнува со забрана за настап на три натпревари Фудбалерот на Струга Трим Лум, Меметриза Хамза се казнува со забрана на настап на два ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин и оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во својата прва официјална посета на Македонија. Во таа прилика, министерот Муцунски истакна: „Во текот на овие три децении, како полноправна членка на Организацијата, созревавме како демократско општество, но и активно придонесувавме кон мисијата на Советот на ...
Теренот на Градскиот стадион во Штип е во перфектена форма за дербито меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, кое ќе решава кој ќе биде шампион во Втора лига и директно ќе патува во Прва лига. Градскиот стадион во Штип ќе понуди максимално одлични услови за игра и за двете екипи, кои тактички ќе се надмудруваат за трите бодови кои се од капитална важност. Брегалница како домаќин на овој меч побара од Фудбалската федерација на Македнија да се ...
Уште во Трета лига – Исток се чека на шампионот за да бидат познати сите екипи кои ќе играат во второлигашкиот бараж, а таму трката ја водат лидерот Победа Валандово и второпласираниот Овче Поле, а меѓу нив разликата е само еден бод. Еден „кикс“ односно пораз или реми на едните или другите ќе биде пресуден за тоа кој да биде шампион во Трета лига – Исток за сезона 2025/2026 и да игра бараж за влез во Втора лига. До крајот во Трета лига – ...
В недела ќе се игра дербито кое ќе го одлучи шампионот на Втората македонска фудбалска лига, на Градскиот стадион во Штип директна дерби пресметка на лидерот Брегалница и Шкендија Арачиново, дерби кое ќе го следите во живо на М Нет телевизија. Брегалница со победа ќе го потврди првото место и до крајот ќе игра против Осогово во Кочани и дома со Победа кога и ќе го подигра шампионскиот пехар, од друга страна Шкендија Арачиново во Штип доаѓа по ...
Второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново немаа сили да направат изненадување и нивната авантура во Купот на Македонија завршува во полуфиналето, откако беа поразени од прволигашите Силекс односно Шкендија од Тетово. Во Кратово екипата на Силекс со 1:0 го доби тимот на Охрид доволно за да обезбеди финале, откако на првото соочување на „Билјанини Извори“ немаше победник двете екипи одиграа 1:1. Шкендија од Тетово пак со 0:2 славеше над Шкендија ...
Мојата порака до младите, коишто мислат дека неколку месеци некаде во некоја туристичка дестинација се доволни за да сонуваат за својата иднина, е дека грешат. Дома треба да сонуваме и да ја градиме нашата заедничка иднина, во нашата заедничка татковина. Колку посилно сонуваме и колку посилно работиме дома, толку посилен систем ќе имаме, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на Регионалната министерска конференција за справување со ...
Во просториите на општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски, одржа работен состанок со претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, на кој беа разгледани можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка во реализација на проекти од значење за локалниот развој. На средбата присуствуваа политичкиот службеник и заменик-шеф на Одделот за политички и економски прашања, асистент ...
СДС и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет. СДС и Филипче уште веднаш се подготвени да направат ново национално предавство, почнувајќи со уставните измени, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека бугарските власти јасно кажале дека уставните измени не се последниот услов кој го имаат за влез на Македонија во ЕУ. „Од една страна, СДС и Филипче велат дека Бугарија не го негирала македонскиот ...
„Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е „мал престап и системот функционира“ е скандалозна, опасна и недозволива. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се „мал престап“. Поразителна порака до сите жени-жртви на насилство во државата. Наместо јасна осуда, Мицкоски избра да го минимизира делото и практично да застане во заштита на насилникот но и на Панче Тошковски“, рече Розалија ...
Стојанче Јовановски е осуден на дванаесет години затвор за смртта на неговите сопруга и ќерка Ивана и Катја. Тој е обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која на 2 март падна од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар. Текстот Стојанче Јовановски осуден на 12 години ...
ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста. Најевтината понуда ја претставуваат како корупција, затоа што не можат да се помират дека МЕПСО повеќе не е нивна партиска каса, реагира ВЛЕН по соопштението на ДУИ. „Фактите се јасни: во конкретната постапка избрана е најевтината понуда. Избраниот понудувач дал цена од 184.535 денари без ДДВ, додека следнорангираната понуда била 651.165 денари без ДДВ. Разликата е 466.630 денари, односно ...
Дали и годинава ќе се замине на сезонска работа во Хрватска, Италија или Германија, со надежта дека таму ќе се заработи повеќе, за подобар живот и добар одмор? Повозрасните граѓани на терен категорични, младите се почесто заминуваат, а покрај селата, пополека се празнат и градовите . Анкетираните велат, не затоа што сакаат да си заминат, туку затоа што овде тешко се живее, оти трудот не се вреднува доволно од страна на газдите. Секое лето ...
Мајскиот мраз го изгоре расадот на тутунопроизводителите од потплачковичките села. Наместо подготвен за садење, расадот раздени пожолтен и уништен од утринската слана. Ниските температури не поштедија ништо, дури ни леите покриени со најлон, а оштетен е и дел од веќе засадениот тутун во нивите. Производителите велат дека штетите достигнуваат и до 60 проценти, па многумина остануваат без решение. Неочекуваниот мраз среде мај им донесе нови ...
Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари, велат од ДУИ. „Компанијата “ Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите. Она што го прави случајот уште ...
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски започнал кампања за внатрешно слабеење на партијата, наместо да понуди одговори за, како што велат, клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека власта избегнува да одговори на прашањата поврзани со економската состојба, инфлацијата, поскапувањето на горивата и храната, животниот стандард, реформската агенда и други политички теми. Од СДСМ тврдат дека ...