Штипјани во страв ,,што ако поскапат цените во маркетите“, поради конфликот на Блискиот Исток. Велат дека секоја криза на крај се чувствува и по нивниот џеб. Стравуваат дека новите случувања повторно ќе ги кренат цените на основните производи. Тие велат дека и сега едвај се врзува крај со крај, а ако продолжи ситуацијата, се плашат дека животот ќе стане уште поскап. Страв од ново поскапување на цените, страв од високи сметки за струја и ...

Денеска завршува рокот кој Владата му го даде на концесионерот за изградба на хидроцентрала на река Блатешница, а во меѓувреме не започнаа никакви градежни активности. Жителите на село Блатец пред три дена испратија официјално барање до Владата, преку кое се надеваат дека концесијата нема да биде продолжена и на тој начин нема да се изгради хидроцентралата. Како што велат посочени се три главни причини на кои се потпираат со цел да нема ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција информираа дека е потпишан договор за закуп со Град Скопје, со што се овозможува изградба на катни гаражи во кругот на комплексот клиники. -Со договорот се создаваат услови за системско решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во кругот на клиничкиот центар, како еден од клучните приоритети за подобрување на ...

Со двата вчерашни натпревари меѓу Партизан Југ и Фудбал Старс и соочувањето меќу СЕЕ Университи и Каршиака беше отворено 13. коло на Втората футсал лига, кое коло ќе се комплетира со останатите мечеви кои се играат в недела и вторник. Поранешниот прволигаш Овче Поле на домашен терен во Свети Николе ќе се соочи со екипата на ССК меч каде домаќинот ќе сака три бодови со кои би прогресирал на табелата. Минатата сезона Овче Поле водеше борба за ...

„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција. „Јавноста е во тага, во шок но и бес. Во последната трагедија во Карпош згаснаа животи на мајка и малолетна ќерка. МВР на Панче Тошковски не ги заштити. 12 пријави имало за две години за семејно, физичко и психичко ...

Со натпреварите од 12. коло утре ќе започне пролетната полусезона во Трета лига – Исток. Лидерот Победа од Валандово ќе цели кон потврда на првото место и преку бараж да се обиде да стигне до Втора лига, а како најсериозни конкуренти се Ударник и Овче Поле. Во продолжението од сезоната нема да настапува екипата на Светлост од Зрновци, а под знак прашалник е дали и екипата на Рудар од Пробиштип ќе продолжи со натпреварување? Екипата на Рудар ...

Адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува Македонците од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, соопшти дека бугарските власти му изрекле забрана за влез во земјата во траење од 10 години. Менкиноски најави прес-конференција на која, како што соопшти, ќе ја информира јавноста за одлука на властите во Софија. Според Менкиноски, станува збор за скандалозна одлука која, како што наведува, претставува директен напад врз ...

Антонија Тасева од Штип по првпат ќе настапи на Светско кадетско и јуниорско првенство во кикбокс, откако на Државното првенство успеа да освои две злата во категорија минус 60 и минус 65 килограми што и овозможи билет на Светското првенство. Започнала на десетгодишна возраст да тренира кикбокс, а последните неколку години бележи одлични резултати на борбите од каде редовно се враќа со медали. За М Нет телевизија, Тасева истакна дека очекува ...

Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) најави нов голем работнички протест кој ќе се одржи на 14 март во Скопје, со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и покачување на останатите плати за најмалку 6.000 денари. На прес-конференција во Работничкиот дом, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека синдикатот ја продолжува борбата за подобрување на работничките права поради, како што рече, „игнорантскиот однос“ ...

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела. „Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски ...

Сојузот на синдикати на Македонија најави протест за 14 март. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ги повикува работниците да си дадат поддршка самите на себе, да застанат во првите борбени линии за зголемување на нивните плати, а најави и превоз за протестот. „Ние ќе продолжиме и понатаму да се бориме за зголемување на Вашите работнички плати, но мора да почнете да се борите и вие за зголемување на вашите плати“, вели Трендафилов. ...

Камениот мост ќе заблеска во ново светло. Едно од најпрепознатливите обележја на Скопје, Камениот мост, наскоро ќе добие декоративно и архитектонско осветлување, кое ќе ја истакне неговата историска убавина и симболика, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Денес остварив протоколарна средба со делегација од турската Општина Есенлер и со раководството на Халкбанк АД Скопје, на која потпишавме Протокол за пријателство и ...

Семејното насилство е тема која не може да се согледува само низ статистика. Бројките се важни затоа што ни помагаат да ги препознаеме трендовите и предизвиците, но зад секој предмет стои конкретна жртва и реална потреба од институционална заштита, истакна в.д. јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство” што ...

Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар. Денес, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник започнавме со ...

Со цел да се засилат гласовите на младите жени како двигатели на промени и да се истакнат напредокот и предизвиците во областа на родовата еднаквост, Меѓународниот ден на жената беше одбележан со низа активности кои ја нагласија потребата од повторно потврдување на заедничките заложби за родова еднаквост, правда и дејствување. Настанот, организиран заеднички од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Универзитетот „Св. ...

Министерство за внатрешни работи ја информира јавноста за законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди. Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во недела и понеделник претпладне ќе ...

Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција. Панче Тошкоски самиот на себе си покажа дека треба да си даде оставка, велат од СДСМ. „Денеска вели дека ‘потребен е поефикасен институционален одговор’ за спречување на семејното насилство. Па кој ја води една од најголемите институции – МВР? Опозицијата? Или Панче Тошковски? Од кого бара поефикасен одговор Тошковски? Од себе? До толку бега од одговорноста што како да ...

Ветивме и работиме на правење услови, носење регулатива, обезбедување системско опкружување кое ќе им овозможи на жените поголема економска независност. Пред сѐ, работиме на подобрување на образованието и пристапот до образование. Образованието им овозможува на жените да развијат критичко размислување, способности за донесување одлуки и вештини за решавање проблеми, што е од суштинско значење за лидерските позиции, рече државната секретарка ...

На иницијатива на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се одржа тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. На настанот учествуваа претставници на институции од судската, обвинителската и безбедносната сфера, експерти, како и претставници на граѓански организации и невладиниот сектор. Министерот Тошковски нагласи дека семејното и родово ...

Тоа што еден предавник и корумпиран политичар може како зло да го нанесе на својата држава, не можат потоа 1000 чесни, добронамерни и паметни да го исправат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес- конференцијата на Андреј Жерновски. „Што се однесува до Жерновски и неговите површни напади, кој е 30 години во политиката и по ништо квалитетно и добро не го памти народ, освен што сега во негов стил одбира да е измеќар на двоецот Филипче Заев, и чиј ...

Министерот за здравтво, Азир Алиу, денеска ја посети лабораторијата за радијациска физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ. Станува збор за акредитирана лабораторија, согласно пропишаниот стандард за квалитет и која покрај акредитацијата за детекција на храна и материјали третирани со јонизирачко зрачење, има акредитација и за персонален дозиметриски мониторинг на лица професионално изложени на ...

Пред почетокот на новата сеидба на оризот во кочанско, и годинава се палат земјоделските остатоци. Секојдневна е сликата на запалени стрништа покрај патот и во самите ниви, чад, и уште почесто интервенции од страна на надлежните од ТППЕ Кочани. Но, земјоделците кои со години се занимаваат со ориз велат неопходно е земјоделските остатоци да се палат за да може да се собере сламата од нивите, и да продолжи да се работи. „Од стрниште од ориз ...

Разнобојни цвеќиња за 8 ми март, продава струмичанката Дафинка на пазарот во Штип. Пред самиот празник, таа секоја година е во истокот и продава цвеќиња, кои лично ги произведува во нејзината градина. Иако процесот на производство започнува многу порано, сепак таа е децидна, дека со посветеност, работа и многу љубов, и оваа година успеала да произведе разни видови и да ги донесе тазе на штипскиот пазар. Вели цената се движи од 50 до 250 ...

Дали поскапите подароци за наставничките ја губат вистинската смисла на 8 Март? Родителите на учениците се почесто собираат средства за заеднички подарок за наставничките. Но, според повозрасните граѓани, доволно е само цвеќе за да се покаже внимание кон, како што велат, втората мајка на детето. Иако современиот живот нуди поинакви решенија, граѓаните сметаат дека вистинската смисла на празникот не треба да се изгуби. Подарокот, велат тие, не ...

Гужва и голема побарувачка на првиот петок од Март на пазарот во Штип, граѓаните во потрага по свежи производи. На ден пред 8 март, најмногу се бараа цвеќињата, зелената салата, компирот и свежата кромид, кои ги имаше речиси на секоја тезга. Граѓаните велат цените се високи, но и реални, бидејќи како што велат не е лесно производството. Кога месечните примања би биле повисоки, тие се децидни и пазарот ќе биде евтин. Продавачите дури од ...

Нема потребна од паника кај граѓаните за нафтата, апелираше министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска во својата изјава. Таа ја стишува ситуацијата, потенцирајќи дека состојба засега е во ред. Кажа дека во текот на едно деноноќие државниот пазарен инспекторат има извршено инспекции во повеќе од 100 бензински пумпи и дека ситуација се следи. Доколку се прогласи кризна состојба во државата, таа рече дека министерот за ...

Рецептите и упатите ќе се дигитализираат, хартиената документација ќе се користи само привремено ако има прекин на системот. Според министерот за здравство Азир Алиу, пациентот ќе треба само да се појави во здравствена институција со документ за лична идентификација. Лекарот ќе има пристап до досието и до целиот здравствен историјат на пациентот. „Сè ќе биде дигитално и пациентот само треба да се појави во здравствена институција со документ ...

По одземањето на лиценците за производство на марихуана на шест компании, во наредниот период ќе се одземат на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании. “Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира.”, изјави Алиу. Претходно на 24 ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес го отвори настанот „Женски лидерски дијалог во енергетиката“, посветен на улогата на жените во енергетскиот сектор и нивното поголемо вклучување во развојот на обновливите извори на енергија и енергетските заедници. Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетската транзиција е процес кој директно ги засега луѓето, заедниците и економскиот развој, а ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
89%
1017
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
100%
1015
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.31
90%
1016
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
91%
1020
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
76%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
100%
1014
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.09
62%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
94%
1013
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Сребро

2840.84

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Платина

66680.65

Паладиум

49675.57

Рутениум

54591.97

Алуминиум

3.56

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Цинк

3.43

Родиум

326330.08

Калај

50.46