Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Скопје, 5 март 2026 СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим, изјави денеска на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на ...
Рим, 5 март 2026 (МИА) - Италијанскиот остров Капри, еднo од најпознатите туристички места во светот, воведува нови правила во борбата против масовниот туризам. Целта на мерките, коишто стапуваат во сила ова лето, е да се намали притисокот врз околното население и инфраструктурата во „шпицот“ на сезоната. Општинскиот совет на Капри, предводен од градоначалникот Паоло Фалко и директорката за туризам Мелани Еспозито, едногласно усвои одлука во ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Интензивно се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Скопје, булеварот „Македонија”, со кој за првпат во државата се гради и пушта во употреба првата подземна сообраќајница, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Станува збор за стратешки проект што значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за урбана мобилност во главниот град. - Со ...
Битола, 5 март 2026 (МИА) - Францускиот почесен конзулат и Француската Алијанса во Битола, месецот на Франкофонијата ќе го одбележат со акцент на две значајни годишнини, 30 години конзуларно делување и 25 години Француска Алијанса Битола, институција која веќе четврт век ги промовира францускиот јазик, култура и вредности. Месецот на Франкофонијата не претставува само програма од настани тоа е прослава на заедничките вредности, на љубовта кон ...
Лондон, 5 март 2026 (МИА) - Многумина чуваат и користат витамини во додатоци во исхраната, заради разни здравствени придобивки - од подобар сон и поздрава коса до регулирање на варењето на храната. Сепак, фармацевтката Роџина Шамс Натери од Лондон, Велика Британија, предупредува на честа грешка што може да направи повеќе штета отколку корист, објави хрватски „Индекс“ (Index). Имено, лекарката од „Лабораторијата Розвеј“ (Roseway Labs) објасни ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Управата на затворот во Куманово писмено го известила Судот дека по разговор со првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“, тој изјавил дека нема забелешки за односот на службените лица, туку само за душекот на кој спие и за честите претреси. Ова беше соопштено денеска на главната расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“ Судот информираше дека веднаш по минатата главна расправа и по предлогот ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Шокира фактот дека во 2025 имало 4 745 пријави за семејно насилство и шест случаи на убиство, а за два месеца во 2026 – веќе четири случаи на фемицид. Овие алармантни бројки се слика на општество во коешто е загрозено најосновното човеково право – правото на живот. Не цитирам статистика, туку нотирам пораз на институционалната превенција и навремената акција. Зад бројките се кријат животни приказни, семејни ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска оствари работна средба со генералниот директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК, Огуз Серкан Акин и директорот за правни и внатрешни работи на СЕЛЕК, Јован Пешевски. На средбата, како што информираат од МВР, било разговарано за унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и СЕЛЕК, како и за зајакнување ...
Лисабон, 5 март 2026 (МИА) - Кристијано Роналдо би можел да отсуствува еден месец поради повреда. Инсајдер Фабрицио Романо објави за динамиката на закрепнување на напаѓачот на Ал Наср, по повредата на тетивата. Португалецот би можел да отсуствува 2-4 недели. Сè уште не е познато дали Роналдо ќе може да заздрави навреме за натпреварите на Португалија против Мексико (29 март) и САД (1 април). Самиот фудбалер изразил голема желба да игра на овие ...
Индијан Велс, 5 март 2026 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ верува дека Серена Вилијамс ќе се врати на турнејата. - Мислам дека ќе се врати. Не сум разговарал со неа, но мислам дека се очекува да се врати. Кога и каде, поединечно или двојки - не знаеме. Да бев на нејзино место, и јас би го чувал тоа во тајност. Сите се возбудени и дефинитивно е нешто што сите го очекуваат со нетрпение. Па ќе видиме. Вимблдон би бил добар избор. Би го ...
Лимасол, 5 март 2026 (МИА) Сања РИСТОВСКА – Кипар Кусо по 12 часот по локално време, како и доцна синоќа сирените одново беа активирани во околината на Акротири, во југозападниот дел на Кипар, каде што се наоѓаат британските суверени воени бази, а по нападот со беспилотно летало во понеделникот, вниманието на јавноста не само од островот туку и пошироко, е насочено токму кон ова подрачје, додека пак селото што е во непосредна близина, до ...
Тирана, 5 март 2026 (МИА) - На парламентарната седница проследена со дебати и блокада на говорницата од страна на опозицијата, владејачкото социјалистичко мнозинството со 83 гласа „за“ ги изгласа новите министри во кабинетот на премиерот Еди Рама. Она што посебно падна во очи е што при гласањето за разрешување на министерката за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали, против беа Сали Бериша и Јозефина Топали од опозициската Демократска ...
Белград, 5 март 2026 (МИА) - Во најновиот извештај на Мудис за кредитниот рејтинг за Србија, наведени се полоши изгледи, и тоа може сериозно да го ограничи и да го направи поскапо задолжувањето на државата на странските пазари. Според агенцијата, внатрешната нестабилност во комбинација со лоши политички одлуки ја турка земјата кон Русија и Кина. Пораката на агенцијата Мудис е јасна - политичката нестабилност толку многу ја оптоварува земјата ...
5 март 2026 Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР, истакна на прес - конференција членка на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски. МВР на Тошковски потфрли. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство. Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај кај него била ...
Њујорк, 5 март 2026 (МИА) - Њујорчанецот Мики Барето,кој платил за една ноќ во „Њујоркер“, а престојувал во собата со години бесплатно, неодамна се изјаснил за виновен за измама во обидот да го преземе култниот американски хотел, со што завршила долгогодишната тужба, пишува „Вашингтон тајмс“. Неговата приказна е, според многумина - неверојатна: Благодарение на ретко користениот Закон за закуп во Њујорк, Барето живеел во хотелска соба безмалку ...
Лос Анџелес, 5 март 2026 (МИА) - Можеби едно од најголемите изненадувања на сезоната на доделување награди во 2026 година е номинацијата на 75-годишната Ејми Медиган за „Оскар“ за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во „Момент на исчезнување“ (Weapons), пишува „Консеквенс“ (Consequence). Таа, инаку, зад себе има вкупно 90 филмски и ТВ-улоги, а сега има можност да стане една од највозрасните глумици кои ја освоиле најпрестижната ...
Дебар, 5 март 2026 (МИА) - На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница приведен е албански државјанин, баран со меѓународна потерница. - Вчера во 15:05 часот на граничниот премин „Блато" на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато" го лишија од слобода А.Б.(38) од Република Албанија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Четириесет и четиригодишниот Р.Б. од Кичево е лишен од слобода бидејќи за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“. -На 5 март во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која заедно со нивната ќерка падна од шест кат во скопски Карпош. Обвинителстото соопшти дека притворот се продолжува бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Во просториите на Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), претседателот акад. Живко Попов му го врачи медалот „Блаже Конески“ на јапонскиот славист и македонист, проф. д-р Мотоки Номачи од Универзитетот Хокаидо, Јапонија. Номачи, како што информираат од МАНУ, го доби ова признание во 2024 година за значајниот придонес во афирмирањето на македонскиот јазик и култура, како и за ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ најавува традиционален Велигденски концерт под насловот „Велигденско празнување“, кој ќе се одржи на 8 април 2026 година во Македонскиот народен театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот. Концертот, како што информираат од „Танец“ е дел од новата концертна сезона со мотото „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“ и ќе претстави програма која ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - До 2030 година, Бугарија и Северна Македонија ќе го завршат железничкото поврзување. Тоа било истакнато на состанокот во бугарското Министерство за транспорт и врски меѓу вршителот на должноста министер за транспорт и врски Корман Исмаилов и македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за транспорт. По ратификацијата на Договорот за изградба на ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Германската компанија „Лидл“ продолжува со изградба на маркети низ земјава. Нов маркет ќе биде изграден во скопската населба Гази Баба на улицата „Благоја Стефковски“. Новиот продажен објект ќе се протега на површина од околу 2.500 квадратни метри од кои приближно 1.500 квадратни метри ќе бидат продажен простор. Предвидени се околу 130 паркинг места. Објектот ќе биде изграден според современи стандарди за ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди два кандидата кои продолжуваат во процедурата за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Членовите на Комисијата со која претседаваше пратеничката Дафина Стојаноска, заменик претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го прифатија предлогот на пратеникот Беким Ќоку, кандидатите Арбер Исаку, дипломиран правник со положен ...
Манчестер, 5 март 2026 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го коментираше нерешениот резултат 2:2 со Нотингем во 29. коло од англиската Премиер лига. - Разочаран сум од резултатот. Повторно направивме сè како што треба, имавме шанси кон крајот и во текот на целиот натпревар. Секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе. Имаше многу добри шанси, но требаше да постигнеме повеќе. Важно е да се победи дома, но Сити ...
Мелбурн, 5 март 2026 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го сподели своето мислење за изгледите на тимот на претстојната Голема награда на Австралија и призна дека не верува оти автомобилот на неговиот тим е најбрз. - Премногу е доцна да се променат правилата. Со оглед на тоа колку пари се инвестирани во овие прописи и во развојот на нови мотори и автомобили, разбираме дека овие правила ќе важат уште некое време. Но, вакви проблеми ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) – Спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан, побара одбраната на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кое што се одржува во судницата во „Идризово“. Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, истакна предлог за спроведување единствена постапка, посочувајќи дека на 30 ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Предлог законите за изменување на Законот за градење и на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, денеска добија поддршка од матичната собраниска комисија која без расправа ги проследи во натамошна собраниска процедура откако констатираше дека не се поднесени амандмани. Според предлагачот, Министерството за транспорт, со измените на Законот за градежното земјиште ќе се воспостави ред во линиската ...
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Тим од Министерството за одбрана предводен од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и делегација на НАТО, предводена од директорот за одбранбено планирање во Алијансата Карл Форд, денеска и утре ги реализираат редовните годишни билатерални одбранбени разговори. Чуповска – Ристова на отворањето на билатералните консултации истакна дека земјава е целосно посветена на развојот на одбранбените капацитети и ...
Лимасол, 5 март 2026 (МИА) Сања РИСТОВСКА – Кипар - Можеби впечатокот е дека ситуацијата во Република Кипар е тензична, но во градот Лимасол, иако е во непосредна близина на британските воени бази, каде што ноќта меѓу неделата и понеделникот беше извршен напад со беспилотно летало, животот продолжува да се одвива нормално, безбедно и без стреав, како што велат жителите со кои поразговара дописничката на МИА. Лимасол е вториот по големина ...