Токио, 5 jaнуaри 2026 (МИА) - Јапонски суши ресторан плати 510 милиони јени или 2,7 милиони евра за една туна синoперка, што претставува рекордна сума на новогодишната аукција на рибниот пазар Тојосу во Токио. Уловот, тежок 243 килограми, го откупи компанијата Кијомура Корпорејшн, што го предводи познатиот синџир на суши ресторани „Сушизанмаи“. Новиот рекорд го надмина претходниот од 333 милиони јени (1,8 милиони евра) што компанијата ...

Лисабон, 7.јануари 2026 (МИА) – Досегашниот менаџер на Манчестер Јунајтед Рубин Аморим е пред можен неверојатен трансфер. По отказот во Манчестер Јунајтед, можно е многу брзо повторно да седне на тренерската клупа. Имено, според британските медиуми Аморим е кандидат да биде тренер на Бенфика, доколку Жозе Мурињо биде отпуштен. Бенфика има заостанување од 10 бодови зад лидерот Порто. Потенцијалното седнување на клупата на Бенфика, не им се ...

Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) - Со многу емоции и искрени аплаузи помина втората фестивалска вечер од Божикниот театарски фестивал, соопшти Општина Кисела Вода, организатор на фестивалот. -Публиката имаше можност да ја проследи театарската претстава „За нас почнува живот“, во изведба на Театарското здружение „МАНА“, во режија на Дејан Пројковски, со Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви во главните улоги. Општина Кисела Вода продолжува ...

Скопје, 5 јануари 2026 (МИА) – Почина Георги Сталев Поповски (1930, с. Витолиште, Прилепско - 2025, Скопје) - поет, прозаист, драмски писател, книжевен критичар, преведувач и универзитетски професор. -Со жалење ве известуваме дека нашиот ценет колега, проф. д-р Георги Сталев Поповски почина на 30 декември 2025 година. Погребот е извршен на 3 јануари 2026 година, во кругот на семејството, соопшти денеска Деканатот на Филолошкиот факултет на ...

Лондон, 7.јануари 2026 (МИА) – Голот на Флоријан Вирц и Ливерпул за 1:1 на дуелот со Фулам и натаму привлекува внимание. Ова откако Фулам поднесе жалба за признавањето на голот, кој беше потврден и со ВАР технологијата. Екипата од Лондон смета дека претходно имало офсајд позиција. Фулам упати и официјален приговор до телото задолжено за судење во Англија барајќи објаснување. Овој случај повторно отвори дебата за примената на ВАР технологијата ...

Скопје, 7.јануари 2026 (МИА) – Македонските ракометари ги завршија подготовките и тренинзите во Скопје, до почетокот на Европското првенство ќе одиграат три натпревари на турнир во Швајцарија, а потоа патуваат за Данска. Во земјата домаќин на шампионатот се планира одигрување на уште еден контролен дуел, против екипа од данските лиги. - Турнирот во Швајцарија е најважен во овие подготовки. На овие три дуели треба да видиме и да имаме реална ...

Скопје, 8 јануари 2026, (МИА) -Агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) застрела и уби жена во нејзиниот автомобил во Минеаполис, по што избувнаа протести на населението поради убиството. Властите тврдат дека пукањето било во самоодбрана, но градоначалникот на градот го нарече „неодговорно“ и непотребно и побара Службата за имиграција да си оди од градот. Инцидентот се случил за време на сообраќајна контрола во станбена ...

Истанбул, 7.јануари 2026 (МИА) – Турскиот великан Галатасарај според медиумите од Турција почнал преговори со играч од редовите на премиерлигашот Манчестер Сити. Станува збор за португалскиот репрезентативец Бернардо Силва. Искусниот фудбалер на крајот од сезоната му завршува договорот со „граѓаните“ што значи дека како слободен играч може да замине од клубот. Токму тој факт ги зголемува неговите шанси за трансфер во турскиот тим. Силва (31 ...

Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на нова градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија, чија изградба чинеше 56 милиони денари. Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на Гевгелија Мицкоски ќе изврши увид во градежните работи на Старата градска чаршија која е инвестиција од над 40 милиони денари. Премиерот Мицкоски ќе изврши и увид во градежните работи ...

Милано, 7.јануари 2026 (МИА) – Мајк Мењон ќе остане на голот на Милан и ќе потпише нов договор со екипата. Французинот е во последната година од актуелниот договор. И кога се очекуваше од први јануари да почне преговори со други екипи, се случи промена. Управата на Милан во последен момент успеа да го убеди Мењон да остане во клубот и според новиот договор ќе добива 7 милиони евра годишно и со Леао ќе биде најплатен играч во клубот. Според ...

Вашингтон, 7 јануари 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека се сомнева дека „НАТО ќе биде тука за нас ако навистина ни требаат“, критикувајќи го трансатлантскиот безбедносен сојуз во објава на неговата платформа Truth Social. „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“, напиша тој, еден ден откако Белата куќа објави дека не исклучува воената интервенција за преземање на Гренланд од ...

Вашингтон, 7 јануари 2026 (МИА) - Блокадата на САД врз санкционираните венецуелски танкери за нафта останува „насекаде во светот“, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди „блокирање“ на сите танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела на 16 декември. Шпанската влада соопшти дека компаниите на земјата што работат во Венецуела, вклучувајќи го и нафтениот гигант Репсол, работат ...

Скопје,7 јануари 2026 (МИА) - Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско. - Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат од ЦУК. ев/ ФОТО: ЦУК Скопје,7 јануари 2026 (МИА) - Центарот за управување со ...

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Коалицијата Вреди до граѓаните од православна вероисповед упати честитка по повод христијанскиот празник Божиќ. - Нека овој светол и благословен празник донесе топлина во срцата, мир во домовите и надеж за секој нов ден. Божиќ нè потсетува дека љубовта, почитта и човечноста секогаш треба да стојат на прво место. Во овие празнични денови да се потсетиме дека јазиците што ги зборуваме македонскиот, албанскиот и ...

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - По обилните дождови во делови од земјата се пријавени поплави и одрони на патиштата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поплави се пријавени во Кичево, каде се евакуираат жители од повеќе станбени објекти на улицата „Прилепска“ и во Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче, при што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања и на патниот правец с. Татеши – с. ...

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала во наредните седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос. Теми на средбата би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. Во божикно интервју за ТВ Алфа премиерот Мицкоски рече дека очекува сите лидери на ...

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Белград, 7 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември. Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат. Студентите во блокада веќе долго време бараат ...

Сараево, 7 јануари 2026 (МИА) - Претседателството на Босна и Херцеговина, кое е Врховен командант на вооружените сили, даде принципиелна согласност за ангажирање припадници на вооружените сили во мисијата на Меѓународните сили за стабилизација на палестинската територија - Појасот Газа. „Министерот за одбрана на БиХ е задолжен да го спроведе процесот на номинирање на воен претставник на Босна и Херцеговина во мисијата на Меѓународните сили за ...

Кочани, 7 јануари 2026 (МИА) - Утрово, 7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани. Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името Миха. Првото новороденче во 2026 година во Кочани е тешко 3, 5 килограми и долго 53 ...

Тирана, 7 јануари 2026 (МИА) - Албанија минатата година забележа рекордна бројка, од над 12 милиони странски туристи. Објавувајќи ја информацијата, министерот за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја, оценува дека таа бројка ја потврдува „консолидацијата на земјата како туристичка дестинација преку целата година". „За посета на нашата земја има интерес и надвор од летната сезона. Со разновидни понуди во културниот, природниот, кулинарскиот, ...

Прилеп, 7 јануари 2026 (МИА) - Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање. -Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и да бидеме здрави и живи. Не сакам ништо материјално, мене ми треба ...

Лондон, 7 јануари 2026 (МИА) - САД се обидуваат да запленат танкер поврзан со Венецуела по повеќедневна потера преку Атлантикот, изјавија за британски медиуми двајца американски функционери. Со евентуално запленување, според британските медиуми, може да се разгорат тензиите на САД со Русија, и тоа се случува откако танкерот, првично познат како Бела-1, помина низ американската поморска „блокада“ на танкери под санкции и ги одби обидите на ...

Киев, 7 јануари 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не добил „недвосмислен одговор“ од европските сојузници за тоа како ќе ја бранат Украина во случај Русија повторно да нападне по завршување на војната. „Јас лично многу сакам да добијам многу едноставен одговор: да, ако повторно има агресија, сите партнери ќе им дадат силен одговор на Русите. И токму тоа прашање им го поставив на сите наши партнери. И досега ...

Белград, 7 јануари 2026 (МИА) - Студентите од факултетите во Нови Сад најавија протестен митинг во Нови Сад за 17 јануари, нагласувајќи во видео објавено на социјални мрежи дека нивната борба ќе биде конкретизирана. Под слоганот „Што значи победа?“, студентите велат: „На 17 јануари, се гледаме во Нови Сад“. Наведувајќи дека не знаеле што ги чека кога ја започнале таа борба, студентите истакнаа дека од тој момент градат заедништво - во ...

Приштина, 7 јануари 2026 (МИА) - Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, денеска објави дека ситуацијата предизвикана од поплавите во Косово моментално е под контрола и дека надлежните служби се континуирано ангажирани на терен. „Вчера, во текот на целиот ден, вечер и ноќеска, екипи од агенциите на Министерството за внатрешни работи и Министерството за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, беа на терен за да ја ...

Лондон, 7.јануари 2026 (МИА) – По заминувањето од Челзи, италијанскиот тренер Енцо Марсека ја даде првата изјава по напуштањето на клубот. Тој напомена дека заминува мирен, а клубот го остава таму каде што му е местото. - Моето „патување“ во Челзи почна со натпревари во Конференциската лига, а воедно сакам да им се заблагодарам на навивачите кои ми ја даваа поддршката во изминативе 18 месеци. Таа поддршка беше клучна за пласман во Лигата на ...

Манчестер, 7.јануари 2026 (МИА) – Поранешниот англиски репрезентативец и играч на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед Мајкл Овен има решение за клупата на „црвените ѓаволи“ по отказот на Рубен Аморим. Тој смета дека екс играчот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик би бил опција за клубот до крајот на сезоната. Овен притоа се осврна и на отказот на Португалецот Аморим. - Тоа е резултат на тоа што се случувало надвор од теренот и слично со тоа што ...

Москва, 7 јануари 2026 (МИА) - Најмалку пет нафтени танкери кои се наоѓале во близина на брегот на Венецуела ги промениле своите знамиња и се регистрирале под руско знаме, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на поморски и безбедносни извори. Според весникот, овој потег е одговор на засилените активности на американската морнарица, која спроведува поморска блокада на Венецуела и започна акција за „лов на бродови од таканаречената флота во ...

Пекинг, 7 јануари 2026 (МИА) - Анализирајќи ги податоците од роверот на Марс Жужонг, кинеските геолози откриле дека пред 750 милиони години сè уште имало вода на површината на Црвената планета, објави Синхуа. Истражувањето на научниците од Институтот за геологија и геофизика при Кинеската академија на науките покажува дека вода во релативно големи количини постоела на Марс неколку стотици милиони години подолго отколку што се сметаше досега. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
80%
1007
weather icon

Белград

-3ᴼ / -5ᴼ
7.2
84%
1010
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -9ᴼ
2.06
84%
1014
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
9.26
80%
1008
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
13.02
85%
1003
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -10ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.81
66%
1008
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
66%
1008
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
56%
1007
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
93%
997
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -5ᴼ
5.81
79%
1008
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
10.29
67%
1001
Currency

61.5417

Currency

52.6962

Currency

70.9333

Currency

35.4364

Currency

38.0169

Currency

66.0521

Currency

7.52932

Currency

0.65446

Currency

0.33604

Currency

0.5245

Currency

1.22462

Currency

0.5861

Родиум

316684.85

Рутениум

44142.98

Сребро

2439.02

Алуминиум

3.10

Бакар

11.67

Калај

44.87

Цинк

3.17

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Злато

142522.91

Паладиум

54399.06

Платина

69516.08