Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Кочани, 17 април 2026 (МИА) - Претставници на Општина Чешиново-Облешево денеска се сретнаа со Тамара Котевска, режисерка на филмот „Приказната за Силјан, за кој, голем дел од сцените се снимени токму на подрачјето на оваа општина, во која штркот како птица има посебно значење. -Во духот на досега успешна изградената соработка, Тамара Котевска ќе биде културен амбасадор на Општина Чешиново-Облешево, најави градоначалникот Јорданче Костадинов. ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД му забраниле на Израел понатамошно бомбардирање на Либан, користејќи некарактеристично суров тон кон долгогодишниот сојузник на САД. „Израел нема повторно да го бомбардира Либан. СЕГА ИМ Е ЗАБРАНЕТО. Што е премногу, премногу е!!!“, објави Трамп на социјалните мрежи. Тој изјави дека секој договор што САД ќе го постигнат со Иран „во никој случај“ не ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли понудата на земјите од НАТО за помош во Ормуската Теснина и им порача да „држат дистанца“. Трамп соопшти дека примил повик од НАТО, во кој го прашале дали му е потребна помош. „Им реков да се држат настрана, освен ако само не сакаат да ги наполнат своите бродови со нафта. Беа бескорисни кога ни беа потребни, хартиен тигар“, напиша американскиот претседател на ...
Тел Авив, 17 април 2026 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја сè уште има за цел да го елиминира Хезболах и покрај прекинот на огнот во Либан, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му „забранил“ на Израел да го напаѓа Либан „повеќе“. Нетанјаху рече дека уништувањето на Хезболах, кој е поддржан од Иран, „нема да се постигне утре“. Тој ги даде овие коментари во видео порака објавена од ...
Женева, 17 април 2026 (МИА) – Минатата година беше најсмртоносна досега за бегалците Рохинџи кои бегаат со чамци од Бангладеш или Мјанмар преку Индискиот Океан кон Индонезија и Малезија, соопшти денеска агенцијата за бегалци на Обединетите нации. Приближно 900 луѓе од оваа етничка група загинаа или се водат како исчезнати во Андаманското Море или Бенгалскиот Залив, соопшти УНХЦР во Женева. „Повеќе од 6.500 Рохинџи се обиделе да ги преминат ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува конечниот договор за завршување на војната со Иран да биде постигнат „за ден или два“. Трамп за „Аксиос“ изјави дека американските и иранските преговарачи веројатно ќе се состанат овој викенд. - Иранците сакаат да се состанат. Сакаат да постигнат договор. Мислам дека состанокот веројатно ќе се одржи во текот на викендот. Мислам дека ќе ...
Лондон, 17 април 2026 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека е „неприфатливо“ и „зачудувачки“ што не бил информиран дека поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, не ја поминал безбедносната проверка, а дека одлуката подоцна била поништена од британското Министерство за надворешни работи. Според Скај њуз, Стармер рекол дека е „апсолутно бесен“ поради прекинот во комуникацијата, нагласувајќи дека ниту тој, ...
Будимпешта, 17 април 2026 (МИА) - Економскиот тим на партијата Тиса, која победи на неодамна одржаните парламентарни избори, денеска објави дека Унгарија би можела да ги исполни условите за воведување на еврото во рок од четири години. Андраш Карман, кој е одговорен за финансиите во Тиса, изјави дека е потребно детално да се разгледа фискалната состојба на земјата и да се спроведат консултации пред да се утврди точниот датум за воведување на ...
Будимпешта, 17 април 2026 (МИА) - Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, денеска изјави дека се уништуваат документи од владата во заминување на Виктор Орбан и повика на пријавување на такви инциденти. Тој додаде дека е отворена онлајн-платформа за пријавување на свиркачите. Маѓар наведе дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите што пораснаа за време на 16-годишното ...
Рим, 17 април 2026 (МИА) – Италијанскиот заменик премиер и министер за сообраќај Матео Салвини денеска изјави дека претставниците на Европска Унија не се нормални. Неговата изјава уследи откако ЕУ предложи исклучување на греењето во домаќинствата и канцелариите, со цел да се ублажи кризата со горивото и високите сметки поради војната во Иран. - Предлозите на Брисел за надминување на високите сметки се: исклучете го греењето, работете помалку, ...
Киев, 17 април 2026 (МИА) - Руските сили ги интензивираат нападите со балистички ракети врз украинските градови како подготовка за нова пролетно-летна офанзива, изјави заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, за британскиот весник „Фајненшл Тајмс“ (The Financial Times). -Москва произведува околу 60 ракети „Искандер“ месечно и го прошири капацитетот на својот систем за лансирање, додека на Украина ѝ недостасуваат ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) - Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд неодамна да посочи дека сака да се врати во Елисејската палата, 10 години откако ја напушти функцијата шеф на државата. „Како можам да бидам корисен денеска? Со подготовка за изборите, затоа се подготвувам“, рече Оланд во интервју за француските медиуми, пренесува Фигаро. Поранешниот претседател, кој сега е пратеник во францускиот Парламент, не се кандидираше на ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави објавата на Иран дека дозволува повторно отворање на Ормуската Теснина сè додека е во сила прекинот на огнот. Макрон оцени дека тоа „оди во вистинска насока“. Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи претходно изјави дека пловидбата низ Ормуската Теснина теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови за време на преостанатиот период од ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Велика Британија и Франција ќе предводат мирна мисија за заштита на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер. Стармер рече дека мисијата ќе биде воспоставена штом условите го дозволат тоа, откако ќе завршат непријателствата во војната со Иран. Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон беа домаќини на состанокот на светските лидери во Париз за напорите да се ...
Берлин, 17 април 2026 (МИА) - Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е најсилната политичка партија во Германија и за првпат поведе во анкетата на јавното мислење на јавниот радиодифузен сервис ZDF на сојузно ниво, беше објавено денеска. На прашањето за кого би гласале доколку парламентарните избори се одржат следната недела, 26 проценти од испитаниците ја избраа АфД, додека владејачката Христијанско-демократска унија ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави одлуката на Иран повторно да ја отвори Ормуската Теснина за време на прекинот на огнот, но побара да не се применуваат никакви услови. - Тоа мора да биде уредено во целосна согласност со меѓународното поморско право, на таков начин што нема да има никакви ограничувања – рече Мерц во Париз по консултациите со европските лидери за потенцијалната мисија за обезбедување на ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека неговата земја е подготвена да учествува во мултинационална мисија за обезбедување на Ормуската Теснина, по можност со вклученост на САД. Мерц говореше по консултациите чии домаќини беа Франција и Обединетото Кралство во Париз, а кои се однесуваа на потенцијална мисија на западните партнери за обезбедување на превозот во Ормуската Теснина. Учесниците имаа за цел да ...
Париз, 17 април 2026 (МИА) – Италија е подготвена да стави на располагање морнарички единици за обезбедување на превозот во Ормуската Теснина покрај иранскиот брег, изјави денеска во Париз премиерката Џорџа Мелони. Мелони ја даде изјавата по разговорите во францускиот главен град за можното воено распоредување во теснецот, кој е од витално значење за светските пазари на нафта. Иран и САД во моментов се наоѓаат во несигурен прекин на огнот, ...
Вашингтон, 17 април 2026 (МИА) – Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска ги предупреди учесниците на конференцијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за инфлациските ризици што произлегуваат од војната на Блискиот Исток. Нејзините коментари дојдоа пред американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи да објават во одделни изјави дека Иран се согласил да ја ...
Москва, 17 април 2026 (МИА) – Властите во регионот околу рускиот северен град Санкт Петербург ги повикуваат резервистите да потпишат договори за воздушна одбрана во услови на зголемени украински напади со дронови. Одлуката е донесена со цел да се стационираат дополнителни мобилни тимови во просториите на компаниите и критичната инфраструктура во Ленинградската област, напиша денеска на Телеграм гувернерот Александар Дрозденко. Дрозденко рече ...
Киев, 17 април 2026 (МИА) – Украина веќе доби околу 45 милијарди долари, односно 90 отсто од очекуваното финансирање од приходите остварени од замрзнатиот руски имот, изјави денеска украинскиот министер за финансии Сергиј Марченко, повикувајќи на понатамошни акции преку директна мобилизација на овој имот. За време на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, украинската делегација водеше бројни разговори со ...
Анкара, 17 април 2026 (МИА) - Бројот загинати од пукањето во средно училиште во Турција се искачи на десет, откако во болница на повредите им подлегна еден од ранетите ученици, соопшти министерот за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи. Станува збор за ученикот Јусуф Тарик Ѓул, кој починал и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот. Според министерот, во нападот се повредени 13 лица, од кои шест се на интензивна нега, тројца се во ...
Атина, 17 април 2026 (МИА) - Важноста од одржување на прекинот на огнот за стабилноста и мирот во поширокиот регион ја нагласил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонските разговори со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и паралелно изразил задоволство од постигнувањето десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан - информираа од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Софија, 17 април 2026, (МИА) - МИА, со двајца свои претставници, е единствениот акредитиран странски медиум што ќе ги покрива претстојните парламентарни избори во Бугарија, што ќе се одржат в недела, 19 април. Според информациите од Централната изборна комисија на Бугарија, кај нив не е пристигнато барање за акредитација на новинари од други држави. Изборите в недела ќе ги следат 176 акредитирани домашни новинари. Освен од МИА, не добивме ...
Загреб, 17 април 2026 (МИА) - Три трговски центри во Загреб беа евакуирани денеска поради закана со бомба. До неколку медиуми стигнаа извештаи, по што полицијата нареди евакуација на Арена Центар, Авенија Мола и Сити Центар, пишува загрепски Индекс. Загрепската полиција изјави дека постапката е во тек. мс/ фото: Архива Загреб, 17 април 2026 (МИА) - Три трговски центри во Загреб беа евакуирани денеска поради закана со бомба. До неколку ...
Тирана, 17 април 2026 (МИА) - Во албанскиот главен град, Тирана, денеска почнува Muse-X, најголемиот фестивал на креативната индустрија во регионот и ќе трае три последователни дена и ноќи. Muse-X е интегрирана платформа која обединува професионални изложби, меѓународна конференција и уметнички фестивал во едно единствено, сеопфатно и електрифицирачко искуство. -На оваа голема платформа на креативната индустрија учествуваат 22 земји, кои ќе ...
Софија, 17 април 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА-ГАЦОВА Со вообичаен ритам на живот граѓаните на Софија ги минуваат последните денови пред изборите, а политичката кампања останува главно во заднина на секојдневните активности. Утрото во Софија почнува со звукот на трамваите. Луѓето брзаат на работа, а од билбордите над нив насмевнати политичари ветуваат стабилност, промени и подобра иднина. Изборите се на прагот, но на прв поглед секојдневието ...
Тирана, 17 април 2026 (МИА) - Во дијаспората живеат 2,2 милиони албански државјани, од нив над 1,1 милион се мажи, а над еден милион се жени, се наведува во извештајот „Дијаспора на Албанија“ на Институтот за статистика (ИНСТАТ) посветен на бројот на албански граѓани што живеат во странство. Најголем број албански иселеници има во Италија и Грција, по што следат Германија, Франција и Велика Британија. - Ова се одразува и во процесите на ...
Атина, 17 април 2026 (МИА) – Минатата година за 3,2 отсто се намалил бројот на посетители во музеите и археолошките локалитети во Грција, но и покрај падот на посетеноста, раст бележат приходите од билети што достигнале 244,5 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од Службата за статистика на Грција за периодот јануари – декември 2025 година, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, вкупниот број посетители на музеи и ...
Софија, 17 април 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА Во последниот ден пред изборите, бугарските медиуми речиси целосно ја напуштаат класичната кампањска динамика. Наместо вести за митинзи и пораки од партии, доминираат анализи, интервјуа, сценарија и постизборни калкулации. Весниците денеска помалку се фокусираат на нови пораки, а повеќе на тоа како изгледа политичката слика во завршницата. Типичен пресек на насловите денеска изгледа вака: ...