Кочани, 18 август 2026 (МИА) - Во Библиотеката „Искра“ во Кочани започна акција на донирање книги на македонски јазик, кои ќе бидат наменети за црковната библиотека на Македонската православна црква (МПЦ) во Холандија. Може да се донира секаков вид на литература поврзана со Македонија: историски книги, лектирни изданија, книги за фолклор, книги за деца, проза, поезија од македонски автори... Иницијативата е на професорот по македонски јазик и ...

Сао Паоло, 18.август 2026 (МИА) – Холандскиот фудбалер Мемфис Депај ќе продолжи да го носи дресот на бразилскиот клуб Коринтијанс. Одлуката ја соопшти претседателот на клубот, а ја пренесува шпанска Марка. Раководството на клубот пред десетина дена донесе одлука да не ја продолжува соработката со Депај, но фудбалерот пред неколку дена донел одлука да ги намали финансиските побарувања во однос на претходниот договор, кој му истече на крајот од ...

Лос Анџелес, 18 август 2026 (МИА) - Џони Деп е во преговори за враќање во улогата на пиратскиот капетан Џек Спероу во шестиот филм од серијалот „Пиратите од Карибите“ (Pirates of the Caribbean), потврди продуцентот на серијалот Џери Брукхајмер за „Дедлајн“ (Deadline). Американскиот глумец првпат се појави како харизматичниот и авантуристички настроен љубител на рум, капетанот Спероу, во филмот „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) Цветин ЧИЛИМАНОВ При крајот на јули американската јавност беше шокирана кога го проследи сведочењето на Ентони Фаучи, поранешниот директор на инфективниот институт НИАИД и главен медицински советник на претседателот Трамп за време на ковид-епидемијата во Сенатот. Сенаторите го повикаа Фаучи да го сослушаат за периодот кога имаше огромна моќ врз животите и економијата на САД и на целиот свет и кога еден негов збор ...

Лос Анџелес, 18 август 2026 (МИА) - Платформата „Редит“ е позната по тоа што ја одржува својата основна функционалност релативно непроменета, задржувајќи ја 21-годишната верзија на својата страница за корисниците кои обично сакаат сѐ да изгледа исто. Но, компанијата сега тестира дали корисниците сакаат да „доживеат“ објави и коментари без да мора да го читаат текстот. Така, „Редит“ почна да експериментира со нови аудио и видеофункции што ги ...

Камбера, 18 август 2026 (МИА) - Според ново научно истражување објавено во списанието „JAMA Internal Medicine“ во кое биле опфатени над 500 различни професии, најголема стапка на смрт од рак поради преголема радијација има кај стјуардесите, а веднаш по нив се и пилотите. За потенцијален причинител научниците го издвојуваат космичкото зрачење на кое екипажот е подложен во текот на летањето. - На површината на Земјата атмосферата делува како ...

19/08/2026 09:39 - МИА

Скопје, 18 август 2026 Денеска (18.08.2026) во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.Б.(43) и А.Л.(29), двајцата од Кичево, поради ...

Мадрид, 18.август 2026 (МИА) – Повратникот на клупата на Реал Мадрид, Жозе Мурињо веќе ги има контурите на тимот, а пред сè играчите во централната линија во одбраната. Неговото решение најверојатно нема да му се допадне на долгогодишниот стандарден играч на „кралскиот клуб“ Антонио Рудигер. Според информациите од шпанските медиуми Мурињо предност ќе им даде на помладите Дин Хојсен и новиот играч Ибрахим Конате. Овие двајца играчи беа и ...

Скопје, 17 август 2026 (МИА) - Во центарот на Вевчани денеска ќе почне 16. Фестивал на народна култура „Пображење“, кој го организира Културно-уметничкото друштво „Дримкол“, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Вевчани. Народната култура на своите земји оваа година во Вевчани ќе ја претстават фолклорни ансамбли од Македонија, Босна и Херцеговина, Словачка и од Бугарија. Фестивалот ќе заврши задутре, 19 август, ...

Сочно пилешко, пиперки и кремаст кикирики сос во комбинација со ориз – едноставен, брз и превкусен ручек за целото семејство. Состојки: 4 парчиња пилешко филе 1 шолја ориз 2 свежи црвени пиперки 2 зелени пиперки 4 лажици путер од кикирики 4 лажици соја сос 2 лажици маслиново масло 3 лажици вода 1½ лажичка слатка црвена пипер 1 лажичка мелен црн бибер ¾ лажичка сол 100 г кикирики Подготовка: Оризот исплакнете го со ладна вода додека водата не ...

Кибдо, 18 август 2026 (МИА) - Латиноѕвездата Шакира вчера ги изненади учениците од настраданите училишта по големиот земјотрес што го погоди Кибдо, Колумбија на десетти август. За време на посетата таа вети реконструкција на десет училишта во еден од најсиромашните региони на Колумбија, заедно со Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет. - Она што најмногу ме загрижува е училиштата да не бидат обновени откако ќе заврши оваа ...

Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Пронајдени биле 10 лица - мигранти од Египет, лишен од слобода е криумчарот од Латвија, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Синоќа околу 22 часот во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки - Богородица го лишија од слобода Р.С., на возраст од 59 години од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски ...

Охрид, 18.август 2026 (МИА) – Ракометарите на Охрид по успешниот настап и освоениот турнир во Струга вечерва со победа ја почнаа одбраната на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“ на кои се домаќини. Во првиот дуел од групата ја совладаа репрезентацијата на Египет до 20 години со 31:27. Тренерот на охриѓани Борис Ројевиќ направи неколку ротации во тимот, но имаше за цел победа, а разликата не беше во преден план. Утре Охрид ќе игра против ...

Вашингтон, 18 август 2026 (МИА) - САД воведоа санкции за јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), беше објавено денеска на веб-страницата на Министерството за финансии на САД. Тој потег претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за гонење на воени ...

Охрид, 18 август 2026 (МИА) - Музичката програма на годинешното 66. издание на Охридско лето продолжува со Унгарската вечер и со целовечерниот концерт на кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. На концертот ќе бидат изведени дела од Роберт Шуман, Мате Бела, Золтан Кодај, Реже Кокаи и Бела Барток, со што публиката ќе има можност да проследи програма во која се преплетуваат германскиот романтизам и унгарската музичка ...

Ливерпул, 18. август 2026 (МИА) – Преговорите меѓу ПСЖ и Ливерпул за трансферот на францускиот репрезентативец Бредли Баркола продолжуваат, а европскиот првак ја намали првобитната цена. ПСЖ од првобитните 169,5 милиони ја „спушти цената“ на 146,1 милион, пренесуваат британските медиуми. Ливерпул сега ја разгледува новата понуда и се очекуваат завршни преговори меѓу двата клуба. Според медиумите, Баркола веќе ги има договорено своите услови ...

Хаг, 18 август 2026 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска објави дека непоколебливо и цврсто стои зад својот персонал, откако САД воведоа санкции врз претседателката на тој суд, Томоко Акане. „Рестриктивните мерки од страна на државите насочени кон судиите, обвинителите и персоналот што работи на исполнување на мандатот на МКС го поткопуваат владеењето на правото“, се вели во соопштението на МКС. САД воведоа санкции врз јапонската ...

Охрид, 17 август 2026 (МИА) - Четирите џез-вечери на фестивалот „Охридско лето“ поминаа со настапи на реномирани домашни и странски музичари и голема посетеност, во рамки на првата посебна џез-програма на фестивалот. Џез-програмата синоќа на Долни Сарај ја затвори британскиот состав „Kiiōtō“, предводен од наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс. Нивниот настап беше посветен на авторска музика во која се ...

Берлин, 18 август 2026 (МИА) - Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт објави ново продолжување на граничните контроли, четврто од 2024 година, со што границите на Шенген зоната ќе останат затворени подолго од планираното. Граничните контроли на надворешните граници на Германија ќе бидат продолжени за уште шест месеци, до средината на март, објави „Шпигел“. Добринт официјално ја информирал Европската комисија, објави ...

Барселона, 18.август 2026 (МИА) – Шпанскиот првак Барселона доби големо засилување за новата сезона. Тоа што долго се најавување и доби и официјална потврда – капитенот на шпанската фудбалска репрезентација актуелниот светски првак Родри е нов член на Барселона. Тој со „каталонскиот клуб“ потпиша договор до 2030 година. Потписот и доаѓањето на Родри треба да донесе стабилност, контрола и искуство пред сè во клучните натпревари. Во Манчестер ...

Загреб, 18 август 2026 (МИА) - Од јануари до крајот на јули во Хрватска се издадени околу 106.000 дозволи за престој и работа на странски државјани, што е за 7,5 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Во исто време, бројот на дозволи за нови вработувања е речиси преполовен, додека бројот на продолжувања на постојните и сезонските дозволи е зголемен. Директорот на Хрватската служба за вработување, Анте Лончар, изјави за ХРТ дека ...

Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошки пациенти. Мислам, додаде тој, дека многу скоро ќе можам да објави кога ќе почнеме ...

Скопје, 18 август 2026 (МИА) - Утре ќе бидат соопштени деталните резултати од контролата на тоа што направиле општините во однос на прскањето против комарци, информираше вечерва министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во моментов особено е актуелно цело Повардарие, имајќи предвид дека дел од случаите на западнонилска треска во Грција се регистрирани во подрачјето околу Солун и Вардар. – Во основа, ние завршивме со контролата ...

18 август 2026 Претседателката, како Врховна командантка на вооружените сили, денеска се обрати на централната прослава на 18 Август – Денот на Армијата, којашто се одржа во Охрид. Честитајќи го најголемиот македонски воен празник, таа истакна дека армијата растела и зреела, но не се изгубил континуитетот со нејзините почетоци: се стекнувало искуство, се проширувало и продлабочувало знаењето, се менувале генерациите, а секоја од нив давала ...

Анкара, 18 август 2026 (МИА) - Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран специјално за државни службеници. ...

Софија, 18 август 2026 (МИА) - Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална нота на српските власти со барање информации за пожарот во областа во близина на границата, што предизвика густ чад и на бугарска територија. Бугарското МНР исто така, понуди помош во гаснењето на пожарот. Бугарското МНР објави дека бугарските дипломатски мисии во Белград и Ниш се во постојан контакт со надлежните српски институции. Поради густиот чад што стигна ...

Тирана, 19 август 2026 (МИА) - Подготовките за создавање на суверена држава на Бектeшкиот ред во Тирана влегуваат во нова фаза, при што лидерите на заедницата работат на идните институционални структури и неговото претставување надвор од Албанија, пишува француски „Интелиџенс онлајн“ во статија објавена денеска. -Според француските медиуми специјализирани за разузнавачки прашања и мрежи на влијание, помалку од две години откако премиерот Еди ...

Каиро, 18 август 2026 (МИА) - Две балистички ракети испукани од Иран беа пресретнати од Обединетите Арапски Емирати вечерва, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ. Во него се наведува дека тие паднале во морето - едната во територијалните води на ОАЕ, а другата надвор од нив. Министерството за внатрешни работи на ОАЕ претходно денеска испрати известување до мобилните телефони на граѓаните, објавувајќи дека ситуацијата во земјата сега е ...

Карбинци, 18 август 2026 (МИА) – Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение во подрачното училиште во село Долни Балван, општина Карбинци се против затворањето на училиште и нивните деца од 1 септември наставата да ја следат во соседното село Таринци. Тие доцна попладнево присуствуваа на седница на Советот на општина Карбинци на која се усвојуваше Планот и програмата за работа на Општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ во ...

Дебар, 18 август 2026 (МИА) - Во Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше, денеска се одржа средба посветена на зајакнување на соработката и интензивирање на контактите со македонската дијаспора во земјите од Европската Унија и Турција. Гости на градоначалникот Онер Јакупоски беа директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Мевмед Џафери. Според општинската прес-служба ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42