Дојран, 26 август 2026 (МИА) - Со цел да се информираат и стимулираат сите физички лица редовно да го пријавуваат својот доход, Управата за јавни приходи денеска одржа настан во Дојран пред присутни издавачи на сместувачки капацитети и локални туристички работници, во рамки на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход". - Целта на денешниот настан е да се информираат и пред се стимулираат сите физички лица редовно да си го ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Во 2025 година во Македонија биле произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, при што рударството учествувало со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот извоз на државата - истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на одбележувањето на Денот на рударите. Таа посочи дека во истата година приходите од концесиски ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 219 000 и е намален за 7.9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за 11.9 проценти, во приградскиот за 9 проценти, во меѓународниот за 4,3 ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8 проценти во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708 698 се вработени, а 90 020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил проштална средба со Фатих Улусој, пред неговото заминување од мисијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија. Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата, Гаши изразил благодарност и признание за придонесот на амбасадорот во унапредување на билатералните односи и политичкиот дијалог меѓу двете ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент, кој ќе и овозможи долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој, истовремено, упати остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Премиерот Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, денеска се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите Нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите. На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност ...

Вашингтон, 25 август 2026 Премиерот Христијан Мицкоски даде ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ дека Владата на неговата земја силно јгиподдржува владата и политиките на американскиот претседател Доналд Трамп во низа области, од надворешна политика до енергија, геополитика и многу други. МИА интегрално го пренесува интервјуто на Мицкоски за „Брајтбарт њуз“ Мицкоски за „Брајтбарт њуз“ изјави дека неговата Влада официјално го поддржала ...

Скопје, 27 август 2026 (МИА) - Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година. - Со оваа одлука трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10 %, а трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15 % - изјави ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на граничните полиции од Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес денеска и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери. Во своето обраќање ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Во моментот работиме на проширување на реформската агенда, што значи дека имаме позитивна порака од Европската комисија дека Северна Македонија го следи патот и динамиката на договореното, што е на нејзиниот пат кон европска интеграција. Со пораките дипломатите ни укажуваат дека мора да работиме понапредно и понапорно за исполнување на тие чекори. Нашите институции се навремено информирани и се адаптираат на ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Стратешкиот план на Собранието за 2027 - 2031 година се темели на сите потреби на Собранието и службата, како и активностите што треба да придонесат за натамошно унапредување на законодавната, надзорната и на претставничката функција на Собранието, а планот ги задржува шесте функционални цели - функционално, отворено, дигитално, безбедно Собрание, парламентарна дипломатија и новина е додавањето на интеграцијата ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати и проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за 2025 година. Членовите на комисијата ги прифатија и посебените извештаи на ДКСК за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Животното дело на Мајка Тереза треба да биде лекција за сите, а нејзината порака дека хуманизмот и мудроста треба да бидат водич за сите нас - порачаа вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали и косовскиот премиер Аљбин Курти на свеченоста за одбележување на 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, што се одржа денеска во Музејот на современата уметност во Скопје. - На овој ден милиони луѓе од ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Комисијата за европски прашања на денешната седница донесе заклучок дека Предлог закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции во прво читање е прифатлив од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската Унија и треба да се даде на понатамошно читање. Предлог-законот, кој е со европско знаменце, е поднесен од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според Крум ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) – Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле ...

Мостар, 19.август 2026 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација до 20 години загуби со 0:3 (17:25, 20:25, 16:25) од Романија во рамките од групата А, на отворањето на БВА Зонските квалификации за ЕП 2027 кои се играат во Мостар, БиХ. Одбојкарките имаа убаво отворање на натпреварот и се држеа егал до 9:9, но потоа следуваше серија од 0-5 (9:14) на противникот на која во прилог и одеа и техничките грешки и проблемите со приемот во ...

Прилеп, 19.август 2026 (МИА) – Ракометниот клуб Прилеп и градот Прилеп од утре до недела се домаќини на 11.то издание на турнирот „Миле Нешкоски“. На турнирот ќе настапат шест македонски екипи, кои се поделени во две групи. Од утре до сабота ќе се играат дуелите од групите, а во недела се натпреварите за пласман. Во групата 1 се: домаќинот Прилеп, со новите суперлигаши Мулти Есенс и Младост Богданци, додека во групата 2 ќе играат: Бутел ...

Женева, 20 август 2026 (МИА) – Европската економија се соочува со крајот на моделот на раст што со децении се темелеше на силната глобална трговија, конкурентната индустрија и стабилниот меѓународен поредок - изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, повикувајќи ја Европа подобро да ги искористи единствениот пазар и потенцијалот за развој на нови технологии. „Европскиот повоен модел на раст слабее бидејќи се ...

Киев, 19 август 2026 (МИА) – Украинската Врховна рада денеска ја одобри кандидатурата на Евгениј Хмара за нов министер за одбрана, откако за неговото именување гласаа 312 од вкупно 450 пратеници. Хмара беше предложен за функцијата од претседателот Володимир Зеленски и ќе го замени Михајло Федоров, кој беше на чело на Министерството за одбрана шест месеци, од 14 јануари до 16 јули 2026 година. Хмара е генерал-мајор на Службата за безбедност на ...

Скопје, 19.август 2026 (МИА) – Повеќекратниот кошаркарски шампион Работнички претстави уште едно засилување за новата сезона. Во редовите на тимот од Градски парк пристапи Кристијан Николов. Македонски репрезентативец кој ќе треба да биде квалитетно засилување за Работнички на бековските позиции. Николов е искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски клубови и има настапувано и ...

Бирмингем, 19.август 2026 (МИА) – До стартот на Премиер лигата остануваат уште два дена, а освојувачот на Лига Европа и учесникот во лигата на шампионите Астон Вила е активна последните денови. По неколкуте засилувања, од клубот најверојатно ќе заминуваат два играчи. Езри Конса, стоперот и репрезентативец на Англија има понуда од шампионот Арсенал. Тој изразил согласност за трансфер и тоа воедно било сигнал двата клуба да почнат со преговори. ...

Атина, 19 август 2026 (МИА) – Република Кипар сите овие месеци превентивно презема зголемени мерки, рекол за кипарската новинска агенција ЦНА надлежен извор, коментирајќи го текстот на „Фајненшл тајмс“, според кој Кипар е меѓу можните цели на Иран во случај на нов американски напад, јави дописничката на МИА од Атина. Истиот кипарски извор за ЦНА додал дека внимателно ги следат случувањата и посочил дека четири грчки авиони Ф-16, како и ...

Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер. На средбата, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, била потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Во фокусот на разговорот биле темите и приоритетите од интерес ...

Скопје, 19 август 2026 (МИА) - Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер, на која биле разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. Како што соопшти Министерството за правда, на средбата било истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание било ...

Москва, 19 август 2026 (МИА) - Министерството за одбрана на Русија денеска објави дека е извршена расзамена на воени заробеници со Украина. „Денеска, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени заробеници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Минатата недела Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и тела на загинати војници. зш/ ...

Загреб, 19 август 2026 (МИА) – Германското сојузно обвинителство соопшти дека утрово во Пула е уапсен украински државјанин осомничен за нападите врз гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море. Во соопштението на германското сојузно обвинителство осомничениот е идентификуван како Владимир З., а се наведува дека го уапсиле локалните полициски сили во Пула, постапувајќи по европски налог за апсење. Тој е под сериозно сомнение дека учествувал во ...

Скопје, 19 септември 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, на која тој е критикуван дека задоцнил со прскањето против комарците. Вели дека е повторен обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка и оти фактите го говорат спротивното. -Јавното здравје не е тема за политичка паника - фактите се јасни. Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на ...

Рим, 19 август 2026 (МИА) – Калчолигашот Рома и фудбалерот од средниот ред Родриго Мора се согласија на соработка во следните пет години. Договорот важи до 30 јуни 2031 година. Претходниот клуб на 19-годишниот Португалец беше Порто. Неговиот договор беше со важност до 30 јуни 2030 година. Според инсајдерот Фабрицио Романо, надоместокот за трансфер изнесувал 25 милиони евра. Исто така, вклучува 50% од вредноста за препродажба и клаузула за ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32