Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Тел Авив, 19 април 2026 (МИА) - Окружниот суд во Ерусалим го одобри барањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за одложување на неговото сведочење, кое беше закажано за следната недела, како дел од судењето за корупција. Наместо Нетанјаху, утре пред судот ќе сведочи друг сведок, а рочиштето закажано за вторник е одложено, според „Тајмс оф Израел“. Адвокатите на Нетанјаху изјавија дека тој нема да може да сведочи следната недела од ...
Луанда, 19 април 2026 (МИА) - Папата Лав Четиринаесетти денеска во обраќање пред околу 100.000 луѓе собрани на миса на отворено во близина на главниот град Луанда, ги повика Анголците да ги надминат поделбите по децениите крвав конфликт. Во Ангола имаше крвава граѓанска војна од 1975 до 2002 година. Папата ја опиша како „прекрасна, но ранета земја“. Тој ги повика Анголците „заедно да изградат земја каде старите поделби ќе бидат надминати ...
Техеран, 19 април 2026 (МИА) – Иранското раководство сè уште не одлучило дали да учествува во нова рунда преговори со САД, објавија денеска локалните медиуми откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговите преговарачи ќе бидат во Пакистан утре на нови разговори за завршување на војната. Додека американската морнарица продолжува да ја блокира Ормуската Теснина, нема да има понатамошни преговори, објави агенцијата Тасним, ...
Минск, 19 април 2026 (МИА) - Белорусија е подготвена за „голем договор“ со САД, но тој мора да биде така подготвен да ги одразува интересите на двете земји, изјави претседателот Александар Лукашенко. Во интервју за руските медиуми Лукашенко рече дека знае дека Западот би сакал да го собори од власт и дека тој не е нивниот „омилен син“, но дека сепак тој преговара со САД затоа што тоа е во економски интерес на Белорусија. Минск и Вашингтон ...
Штутгарт, 19 април 2026 (МИА) – Казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја освои титулата на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето ја победи Каролина Мучова (ВТА-12) од Чешка со 7-5, 6-1. За наградата, втората светска тенисерка светот доби 160.000 евра и жолт спортски кабриолет „Порше 911 Карера“, што вреди приближно колку и наградниот фонд. За Рибакина, која годинава победи на Австралија Опен, ова е втора титула во Штутгарт по ...
Тел Авив, 19 април 2026 (МИА) – Од почетокот на борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, во октомври 2023 година, бројот на жртви од израелската офанзива се зголеми на 72.551, додека 172.274 лица се ранети. Локалните палестински здравствени власти изјавија дека болниците во Газа во последните 24 часа примиле две тела, од кои едното е извлечено од под урнатини. Тие додадоа дека вкупниот број на убиени Палестинци од почетокот на прекинот на ...
Вашингтон, 19 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските претставници ќе бидат во Исламабад во понеделник на понатамошни преговори со Иран, јави ДПА. „Моите претставници одат во Исламабад, Пакистан. Тие ќе бидат таму утревечер, на преговори“, напиша Трамп во долгата објава денеска на социјалните медиуми. Трамп изјави дека Иран вчера изврши „сериозни прекршувања“ на прекинот на огнот, но дека сè уште ...
Тел Авив, 19 април 2026 (МИА) - Од почетокот на војната во Газа, во октомври 2023 година, израелските сили привеле над 23.000 Палестинци на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Во извештај објавен денеска од Здружението на палестински затвореници се наведува дека бројките ги вклучуваат сите притворени, без оглед на тоа дали сè уште се во притвор или подоцна биле ослободени. Ова ги вклучува луѓето уапсени во нивните домови, на ...
Женева, 19 април 2026 (МИА) - Австриската полиција доцна синоќа соопшти дека отров за стаорци е пронајден во тегла со храна за бебиња HiPP, откако производот беше повлечен од повеќе од 1.000 супермаркети SPAR во земјата поради безбедносни причини. Австриската полиција соопшти дека примерок од една од теглите со храна за бебиња од 190 грама со вкус на морков и компир, пријавен од купувач, бил позитивен на отров за стаорци. HiPP веднаш соопшти ...
Белград, 19 април 2026 (МИА) - Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека за седум до 10 дена треба да се одржи седница на која ќе се разгледа предлогот на 62 пратеника од опозицијата за гласање недоверба на Владата на Србија. Таа за ТВ Прва изјави дека парламентарното мнозинство ќе обезбеди кворум и дека пратениците ќе имаат три работни дена за дискусија, додавајќи дека тоа ќе биде политички перфоманс, бидејќи ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Христијан Мицкоски, а последиците се чувствуваат со празни џебови и празни фрижидери, оцени денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција, посочувајќи дека СДСМ уште пред два месеца предупредувала и барала конкретни мерки, веднаш по почетокот на кризата на Блискиот Исток. Како особено проблематично го посочи враќањето на ДДВ за ...
Париз, 19 април 2026 (МИА) – Актуелниот европски првак ПСЖ нема да му прави пречки на капитенот Маркињос при евентуално заминување од екипата на крајот од сезоната, објави денеска парискиот весник „Л Екип“. Според истиот извор, 31-годишниот Бразилец самиот ќе одлучи дали сака да остане во тимот, бидејќи парижаните се склони да се разделат од играчот на лето. Маркињос е во ПСЖ од 2013 година. Оваа сезона запиша 26 настапи во сите ...
Скопје, 19 април 2026 Вчера, на 18 април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, Партијата на Власите од Македонија го одржа својот VI Конгрес, на кој беа донесени клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата. На Конгресот беше спроведено гласање за избор на нов претседател на партијата. Делегатите, во согласност со статутарните процедури, му ја доверија раководната функција на ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - СДСМ е подготвен за избори во секое време – утре, наесен или догодина, а целта е враќање на власта во рацете на граѓаните и обезбедување демократска власт која ќе го продолжи европскиот пат на државата, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Филипче нагласи дека партијата ќе се бори за, како што рече, доброто на државата и дека на избори ќе ...
Скопје, 19 април 2026 На 19 април 1997 година, во Македонскиот народен театар, визијата за модерна, европска и слободна Македонија ги обедини Стојан Андов и Петар Гошев во создавањето на Либерално-демократска партија. Денес, 29 години подоцна, ЛДП останува гласот на разумот, коректив на системот и доследен носител на либералната идеја – идеја што не прифаќа компромиси кога станува збор за слободата, правдата и достоинството на граѓаните, се ...
Битола, 19 април 2026 (МИА) - Вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ во соработка со Extreme Bike Team Bitola викендов извршија целосно уредување на планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари. Локацијата Лоша Стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има Националниот парк „Пелистер“ и се наоѓа на околу 1.220 метри надморска висина, југоисточно од селото ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Даела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и ...
Мадрид, 19 април 2026 (МИА) – Иднината на 58-годипниот Јирген Клоп не е поврзана со тренерското место во Реал Мадрид, туку негова долгорочна цел е да седне на клупата на Германија, објави денеска весникот „АС“. Според шпанскиот весник, Клоп се чувствува комфорно и среќно на неговата сегашна позиција како спортскиот директор на „Ред Бул Груп“ и не планира во скоро време да се врати на тренерската работа. Клоп својот последен тренерски ...
Лондон, 19 април 2026 (МИА) - Извршен е уште еден обид за палење на синагога во Лондон, по серијата слични инциденти во последните недели, јави ДПА. Изминатиот месец се регистрирани неколку палења или обиди за палење насочени кон објекти на еврејската заедница. Инцидентот во синагогата „Кентон Јунајтед“ во областа Хароу предизвика мала штета во една од просториите, нема повредени, ниту е предизвикана сериозна штета на објектот, соопшти ...
Софија, 19 април 2026 (МИА) – Изборниот ден во Бугарија се одвива мирно, пријавени се помали неправилности. Излезноста до 11 часот е 12,12 проценти. Заменик претседателката на Централната изборна комисија Росица Матева на прес – конференцијата во Народното собрание изјави дека излезноста е поголема во споредба со последните парламентарни избори во 2024 година кога до 11 часот гласале 9,55 проценти од запишаните избирачи. - Во моментов, ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Во СДС се толку очајни што слават победа на сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во друга држава, додека нивната се распаѓа на парчиња. СДС и Филипче не кажаа ни збор за нивната сестринска партија од Унгарија која освои 1 отсто од гласовите. Предвидуваме дека сличен ќе биде резултатот на СДС на следните избори доколку продолжат вака, изјави денеска на прес-конференција пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои ...
Куманово, 19 април 2026 (МИА) - Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вечра кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи. -Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за плаинско село. Успеавме да го изгасиме по неколку часовна интервенција - изјави команирот на ТППЕ, Далибор Трајковски. Според ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. Вработени во Ист гејт за МИА изјавија дека околу 10:30 часот добиле известување дека треба да ги напуштат работните места, а трговскиот центар и по два часа не беше отворен за купувачите. -Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. -Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа од МВР. Полициски службеници, додаваат оттаму, преземаат мерки и вршат проверки во ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Правото да се побара референдум е уставно загарантирано, но проектот за рудникот кај Луке е стратешки за државата и за локалното население и е дел од билатералната соработка со Соединетите Американски Држави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Мицкоски посочи дека секоја иницијатива за референдум мора да се спроведе согласно законските процедури, ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум 2026 остварил повеќе билатерални средби со негови колеги, португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и директорот за ...
Скопје, 19 април 2026 (МИА) - Владата на Христијан Мицкоски намерно го одолговлекува процесот и се уште нема пратено барање за екстрадиција на избеганиот осуденик и криминалец Никола Груевски од Унгарија, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Уште патувале документите од МВР, од Јавното обвинителство и од Основниот кривичен суд Скопје, до Министерството за правда иако се на неколку стотини метри оддалеченост. Полска ...
Скопје, 19 април 2026 Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше и се обрати на меѓународната конференција во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women посветена на унапредување на женското лидерство и европската перспектива на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици во Европа, се наведува во соопштението од ...
Вашингтон, 19 април 2026 (МИА) - Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Димитриеска - Кочоска и нашата делегација, остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон. Разговорите, како што се наведува во соопштението на НБ, се одвивале во контекст на засилена глобална ...
Белград, 19 април 2026 (МИА) – Македонскиот рекордер Дарио Ивановски забележа денеска огромен успех со освојувањето на второто место на престижниот Белградски маратон што се одржа по 39. пат во силна конкуренција. Најдобриот македонски маратонец ја истрча патеката со време од 2:09:35 часа, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Маратонецот од Етиопија мина прв низ целта со време од 2:09:11 часа со што го собори рекордот ...