Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше истакнато на средбата на гувернерот Трајко Славески и делегацијата на Народната банка со претставници на Одделот за статистика на Меѓународниот монетарен фонд, одржана на маргините на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон. На средбата, ...

Сао Паоло, 18 април 2026 (МИА) – Прославениот бразилски кошаркар и член на Куќата на славните, Оскар Шмит, почина во петокот на 69-годишна возраст по долго боледување. Семејството во соопштението наведе дека Шмит 15 години се борел со тумор на мозокот „храбро, со достоинство и упорност, останувајќи модел на решителност, великодушност и љубов кон животот“. Иако никогаш не заигра во НБА, легендарниот Шмит имаше статус на кошаркарска икона во ...

Њујорк, 18 април 2026 (МИА) – Кошаркарите на Орландо и Феникс се последните учесници во плејофот во НБА лигата. Орландо го освои осмото место во Источната конференција, откако со 121-90 го победи синоќа Шарлот, додека Феникс обезбеди место во плејофот на Западот победувајќи го Голден Стејт Вориорс со 111-96. Орландо ќе игра против првопласираниот Детроит во првото коло од плејофот. Серијата започнува в недела вечер во Детроит. Плејоф ...

Ковентри, 18 април 2026 (МИА) – Фудбалерите на Ковентри го завршија своето 25-годишно отсуство од Премиер лигата, откако ремизираа 1-1 на гости против Блекбурн и обезбедија синоќа промоција на шест кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата. Враќањето во Премиер лигата фудбалерите на Ковентри го прославија синоќа на „Ивуд парк“ заедно со 7.000 гостински навивачи. Ковентри, предводен од Френк Лампард, е на врвот на табелата со 86 бодови ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Во паркот „Авионче“ во скопски Аеродром денеска ќе се одржи Sakura Festival – културно-едукативен настан чија цел е да ја доближи јапонската традиција, уметност и филозофија до граѓаните. Настанот ќе се реализира во периодот од 12:00 до 15:00 часот и претставува синергија на едукативни, културни и забавни содржини, наменети за широка публика, вклучувајќи семејства, млади и љубители на интернационални култури. ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Деца на 12-13 годишна возраст и нивни школски наставници беа главни гости на настанот „Читај ја Македонија!“ што вчера се одржа во Културниот центар „Фазил Искандер“ во Москва во организација на Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва. Панкина кратко ги запозна со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители св. ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Новиот роман „Замир“ од Хакан Ѓундај е објавен на македонски јазик, во издание на „Матица македонска“. Станува збор за роман што уште со својата тема, наративна напнатост и силна внатрешна драматика се наметнува како книга за која ќе се зборува. „Замир“ е роман со моќен емотивен и општествен набој, дело што отвора крупни и болни прашања за насилството, стравот, бегалството, моќта и човечкото достоинство. Тоа е ...

Берлин, 18 април 2026 (МИА) - Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт изјави дека војната во Иран досега не довела до зголемена миграција кон Европа, јави ДПА. „Во моментов не гледаме зголемен миграциски притисок“, изјави Добриндт за весникот „Рајнише пост“ во интервју што е објавено денеска. Министерот рече дека властите внимателно ги следат миграциските движења во Иран и Либан. „Во моментов гледаме високо ниво на ...

Севастопољ, 18 април 2026 (МИА) - Беспилотни летала погодија складиште за нафта во областа Козачки Залив во Крим, по што избувна пожар, објави гувернерот на Севастопољ, Михаил Развожаев. „Во Гагаринскиот регион, избувна мал пожар на резервоар за гориво во областа Козачки Залив, најверојатно по падот на соборен дрон“, напиша тој на Телеграм. Како што изјави, пожарот е локализиран, а надлежните служби се на терен. На граѓаните им е упатен апел ...

Вашингтон, 18 април 2026 (МИА) - Администрацијата на Трамп во вторникот го продолжила за еден месец исклучокот од забраната за купување санкционирана руска нафта и нафтени производи натоварени на бродови на море, во обид да го ограничи порастот на глобалните цени на енергијата кои достигнаа рекордни максимуми за време на американско-израелската војна против Иран, објавија британските медиуми. Американското Министерство за финансии дозволи ...

Софија, 18 април 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА Денешниот ден во Бугарија, во пресрет на парламентарните избори закажани за утре, е прогласен за Ден за размислување – период во кој политичките пораки мора да замолчат, а медиумите да се воздржат од влијание врз гласачите. Во текот на овој ден, сите форми на изборна кампања се строго забранети. Политичките партии, кандидатите и нивните поддржувачи немаат право да спроведуваат агитација, да ...

Скопје, 18 април 2026 Под енергично раководство и непоколеблива посветеност на заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, инвестициите во Општина Теарце добиваат на интензитет, трансформирајќи се во конкретни проекти што ги допира и чувствува секој граѓанин, се вели во соопштението од „Вреди“ што МИА го пренесува интегрално. Заедно со градоначалникот на Теарце, Даут Мемиши, и заменик-директорот на Јавното претпријатие за ...

Скопје, 18 април 2026 Правдата знае да доцни, но секогаш го наоѓа патот да излезе на виделина. Помина времето на импровизации и злоупотреби на правниот поредок во државата, за свои цели на одредени поединци или локални моќници. Сега, секој поединец е еднаков пред правосудните органи, нема привилегирани и заштитени, законот важи еднакво за сите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Тоа можеме да го ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Најмногу дожд два литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка, а еден во Струмица. Најниска темература од 2 степени Целзиусови утрво во 8:00 часот е измерена на Попова Шапка, 3 во Mаврови Анови и Лазарополе, 7 во Kрушево, 8 во Крива Паланка и Тетово, 9 во Берово, 10 во Охрид, 11 во Претор, Битола, Прилеп, Виница и Струмица, 12 во Штип, Демир Капија и Кавадарци, а најтопло со 14 степени ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата.Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани, додека пак снимките ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Во рамки на Пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија Антонела Басани, регионалната директорка за Западен Балкан Шиаочин Ју, извршниот директор Јуџин Ругенаат и раководителката на Канцеларијата на Светската банка за Косово и РС ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) Билјана Анастасова - Костиќ Фото: Аслан Вишко Храброст, визија, оргиналност, истрајност и самодоверба се потребни за да успее жената да се изгради како менаџерка, вели Лидија Трипуноска, генерална менаџерка на агенцијата „Марили“ која годинава одбележува 30 години постоење. Трипуноска, која зад себе има богато менаџерско искуство за што потврда е и 30-годишниот јубилеј, во интервју за МИА вели дека Македонија може ...

Анталија, 18 април 2026 (МИА) - Во рамки на Дипломатскиот форум во Анталија (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“. На панелот, како што информираат од Министерството, предвидено е учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и Турција, како и генералниот секретар на ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Во Македонскиот народен театар вечер ќе се одржи отворањето на 22. издание на „Танц фест" и воспоставувањето на првото издание на наградата „Роксан Стојанов“. На ексклузивната гала вечер ќе настапи Ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов. Натпреварот за наградата „Роксан Стојанов“, со учество на сите 13 учесници, ќе се одржи денеска претпладне во МНТ. Жири-комисијата за наградата „Роксан Стојанов“ е во ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Партијата на Власите од Македонија денеска ќе го одржи својот Шести редовен Конгрес, на кој ќе биде избрано новото раководство на партијата. Како што информираат од партијата, одржувањето на редовниот конгрес претставува потврда за статутарното, континуирано и институционално функционирање на Партијата на Власите од Македонија, во согласност со демократските принципи. На Конгресот се очекува учество на делегати ...

Струмица, 17.април 2026 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид не успеаја да изборат пласман во финалето на Купот откако вечерва го загубија полуфиналето од Вардар со 33:28. - Ова беше тежок натпревар, пред сè за нашиот тим бидејќи имаме неколку повредени играчи кои денеска не настапија. Во првиот дел бевме рамноправни одигравме одлично, но потоа ни падна ритамот. Честитки за ракометарите на Вардар и им посакувам среќа во финалето, изјави по дуелот ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Натпревар на изворни и класични инструменти „Инструментите на моите предци“ ќе се одржи денеска ЈУ Детски културен центар – Карпош, со поддршка на Град Скопје. Македонските традиционални инструменти се клучни за богатата музичка култура, вклучувајќи дувачки инструменти како кавал, гајда, зурла и дудук, како и жичени инструменти како тамбура, ќемане и гусла. Тие се често придружени со ритмички инструменти како ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Првата сликовница од серијалот „Авантурите на Марк“ од Драган Тапшанов ќе биде промовирана денеска во Бистро „Комедија“. Настанот ќе биде интерактивен и посветен, пред сè, на детската публика, која преку богата програма ќе ги доживее главните цели на сликовницата – развивање на имагинацијата, негување на авантуристичкиот дух и екосвеста, разбирање на животните, чување на животната средина... Драган Тапшанов е ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Олимпискиот комитет на Северна Македонија денеска од 12 до 16 часот кај тениските терени во рамки на Спортскиот центар во Скопје, ќе организира „Олимписки пикник“, посветен на промоција на олимпизмот, здравите животни навики и меѓународното пријателство. Како што информираат од Олимпискиот комитет, пикникот е замислен како неформално дружење на отворено, со пријатна атмосфера, музика, освежување и различни ...

Скопје, 18 април 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните од 16 до 22 степени Во Скопје времето ќе биде ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Едно лице е повредено во пожар кој попладнево избувна под скопското Кале каде горела сува трева, смет и паркирани автомобили, соопшти МВР. Според, првичните информации од полицијата во пожарот е повредено едно лице а опожарени се три возила. Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информираа дека во пожар што попладнево избувнал на улицата „Лазар Личеноски“ под скопското Кале, ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик, соопшти ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Вработени во Шумската полиција и во МВР, М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово заработија кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“. Како што информираат од МВР, М.А., вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за шумска полиција, и В.П., вработен во Министерството за внатрешни работи – РЦГР ...

Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека во последното деноноќие има пет пријави на случаи за семејно насилство и дека едно лице е лишено од слобода. Вчера во 16:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Б.(43) од Битола затоа што физички ја нападнал својата мајка. Околу 11:00 часот вчера во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг ...

Манчестер, 17.април 2026 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се соочува со проблем во пресрет на дербито со Арсенал в недела на „Етихад“. Поради повреда на коленото Гвардиола нема да може да смета на Рубен Диаз. Но, тимот на Сити и досега имаше успех во натпреварите кога овој фудбалер не настапуваше поради повреди, а без негова помош „граѓаните“ ги добија Арсенал во финалето на Карабао купот, како и Ливерпул и Челзи во Премиер ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
78%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
91%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.04
61%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
67%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
69%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
54%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Сребро

2840.84

Платина

66712.80

Родиум

324722.54

Злато

166450.52

Калај

49.88

Цинк

3.44

Кобалт

45.39

Паладиум

49215.93

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Бакар

12.14

Рутениум

55395.74