Македонска Каменица, 19 август 2026 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска се одржа втората сесија на Проектниот форум, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, на која пред граѓаните беа презентирани пет концепт-проекти произлезени од предлозите дадени на првата форумска сесија. Меѓу предложените проекти се изградба на Музеј на рударството, уредување на патека на Калиманско Езеро, воспоставување ЕКО пазар во ...
Општина Македонска Каменица распиша јавна набавка за изградба на атмосферска канализација на улица „Македонска“, со проценета вредност од 3 милиони денари. Со реализацијата на проектот ќе се решава проблемот со одведувањето на атмосферските води, а по завршувањето на овие активности е планирана реконструкција и асфалтирање на улицата. Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменковска, посочува дека активностите ќе се ...

