Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во организација на МЕМО ДООЕЛ Скопје официјално го означи почетокот на тргувањето на „Пазарот во тековниот ден“ – Intraday Market, оценувајќи го како значаен чекор кон модернизација и европска интеграција на македонскиот енергетски сектор. Во своето обраќање, Мицкоски порача дека воведувањето на Intraday Market не претставува само техничка новина, туку „сериозен исчекор кон модерна, стабилна и ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава нема да има предвремени избори и оти ова е реформска година и година на консолидирање. Би сакал, вели, да има редовни парлемантарни избори во 2028 година, но ВМРО-ДПМНЕ како партија е подготвена доколку тие се одржат една година порано. – Некои од партиите се исплашија од оваа изјава за избори. Но мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, што се одржува во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители, под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не е само технолошки процес, туку суштинска ...

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, додека во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје се очекува слично време – променливо облачно, а претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд и слаб јужен ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од 10 до 24 степени. ...

Европските берзански индекси бележат пораст од над еден процент, додека цените на нафтата продолжуваат со падот. Овој тренд на пазарот доаѓа како резултат на зголемениот оптимизам за потенцијален крај на конфликтот меѓу САД и Иран. Според берзанските податоци од 10:00 часот, цената на суровата нафта забележа пад од 3,06 проценти и се тргува за 99,126 долари, додека нафтата од типот „Брент“ падна за 2,61 процент на 106,955 долари. Главна ...

Во необична и малку иронична ситуација во Кочани, крадец кој се обидел насилно да влезе во црковен објект за кражба – останал заглавен на оградата и така буквално го „завршил“ својот обид пред да започне. Наместо „успешна акција“, следувала брза интервенција на полицијата, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош, кои заедно го извлекле лицето од незгодната позиција. Настанот, иако со сериозна позадина, во јавноста ...

Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот. На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на Територијалната противпожарна единица – Кочани, како и ...

Денеска се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва во конфликтот што предизвика распад на Југославија, потсетуваат од Музеј галеријата во Кавадарци. Бројни делегации денеска ќе му оддадат почит со положување на цвеќе. -Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА во Сплит – Р. ...

Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Сашо Гешовски. Градоначалникот Јанчев не го заборава Гешовски. Ова е неговиот Фејсбук статус: Денеска се одбележуваат 35 години од смртта на Сашо Гешовски – млад кавадарчанец кој трагично го загуби животот во Сплит, Хрватска, како прва жртва во последната војна на Балканот. По тој повод, градоначалникот и претседателот на Советот оддадоа почит со положување цвеќе на неговото гробно место. ...

Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи вчера на автопатот А3 кај местото Среданац, во правец кон Брегана. Во несреќата учествувал камион кој по излетување од коловозот целосно изгорел, при што животот го загубил возачот кој останал заробен во кабината. Според информациите од Полициската управа Брод-Посавина, несреќата е пријавена во 14:15 часот во подрачјето на општина Доњи Андријевци. „Утврдено е дека засега непознатиот ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која беше разговарано за спроведувањето на реформите и напредокот во рамки на Реформската агенда 2024–2027. На средбата беше потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните активности. Министерката истакна ...

Денеска 06.05.2026 година (среда) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на настанот „Пазарот во тековниот ден (Intraday Market)“ во организација на Операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО во хотел „Холидеј Ин“, Скопје. Денеска 06.05.2026 година (среда) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе ...

Со изведување докази и сослушување сведоци, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжува судењето против пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, обвинет за сообраќајната несреќа во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски. Во пресрет на рочиштето, семејството преку писмено соопштение изрази незадоволство од ставот на обвинетиот изнесен на претходното рочиште, кога тој изјавил дека не чувствува одговорност за загубениот живот. ...

Православните христијани во земјава денеска го слават големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, меѓу народот познат како Ѓурѓовден. Денот на светиот великомаченик Георгиј секоја година се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Во народната традиција Ѓурѓовден се смета и за празник на обновувањето на природата, раззеленување на вегетацијата и враќање на животот ...

Ракометарите на Вардар 1961 со победа ја завршија сезоната во Лига Европа. Црвено-црните во реваншот го победија Монпелје со 27:24, недоволно да се надомести поразот од 10 гола во првиот меч. Вардар 1961 одигра брилијантен натпревар, со многу темпо и одличниот Валах на голот. На полувремето црвено-црните ја преполовија предноста на Монпелје (17:12). Во вториот три пати имаа предност од седум гола, но беа жртви на сопственото темпо, во ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Атлетико Мадрид со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и се пласираа во финалето. Арсенал втор пат во историјата ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите, првиот пат пред 20 години загуби од Барселона со 2:1. Ова беше уште една шаховска партија помеѓу Микел Артета и Диего Симеоне, а помудар беше Шпанецот кој резервираше билет за Будимпешта, каде што ќе го чека подобриот од двата ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Проектот Слобода“ (Project Freedom), иницијативата за обезбедување на пловидбата низ Ормуската Теснина, ќе биде паузирана „на краток временски период“ за да се види дали може да се финализира и потпише договор со Иран. Од почетокот на судирите меѓу САД, Израел и Иран на крајот на февруари, Техеран практично ја запре пловидбата низ Ормуската Теснина преку закани и напади, додека Вашингтон ...

Поради остриот пораст на цените на млазното гориво поради конфликтот на Блискиот Исток, авиокомпаниите ширум светот откажаа околу 13.000 летови закажани за мај, што значи дека два милиони седишта се отстранети од нивните распореди. Податоците од аналитичката фирма Cirium покажуваат дека авиокомпаниите ги прилагодуваат своите операции на новите пазарни услови, објавува The Guardian. Иако откажувањата претставуваат помалку од 2% од глобалниот ...

Одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено да ја запре операцијата „Проект слобода“ имаше позитивно влијание врз глобалните пазари. По најновиот сигнал на американскиот претседател за можноста за мир со Иран, цената на суровата нафта Брент падна под 108 долари за барел. Во исто време вчера, таа беше 113 долари. „Проект слобода“ беше дводневен обид на САД да обезбедат придружба за бродовите низ Ормускиот теснец, витален ...

Обичаи што го означуваат преминот од зима во лето Православните верници на 6 мај го одбележуваат Ѓурѓовден, празник кој во народната традиција се поврзува со бројни обичаи и верувања. Светецот се смета за симболична граница меѓу зимата и летото, а празникот е поврзан со здравјето во домот, плодноста и благосостојбата. Меѓу најпознатите обичаи се плетење венци од билки, миење со цвеќиња и капење во река. Венци, утрински ритуали и народни ...

Во домовите често се акумулираат предмети кои со време стануваат непотребни, иако остануваат да заземаат простор. Од облека и козметика, до мебел и апарати, дел од нив ретко или никогаш не се користат. Во различни култури постои пристап кој го промовира минимализмот како начин за поуреден и посмирен живот. Скандинавските земји често се посочуваат како пример, каде ваквиот стил на живеење е широко прифатен. Во источните филозофии, како што е ...

Отворање на „Денови на македонската култура“ во Белгија Во Брисел беше отворена манифестацијата „Денови на македонската култура“, каде министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика. Тој истакна дека македонската култура претставува богатство создавано низ генерации, во кое се испреплетуваат традицијата, уметноста и идентитетот. „Македонската култура е жива ризница на духот. Таа ...

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше на третата едиција на форумот „Ереван Дијалог“, што се одржува на 5 и 6 мај 2026 година во Ерменија. Во рамки на форумот, Димитровски учествуваше на панел – дискусија посветена на глобалните геополитички трансформации и предизвиците на мултиполарниот свет, засилената конкуренција меѓу големите сили и нивното влијание врз меѓународната трговија ...

Честитка по повод Денот на македонскиот стандарден јазик Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот стандарден јазик, обраќајќи им се на сите негови говорители, проучувачи и љубители. Таа нагласи дека македонскиот јазик претставува суштински дел од идентитетот и историскиот континуитет на македонскиот народ. „Денеска, на 5 мај, Денот на македонскиот стандарден јазик, упатувам искрена ...

Се најавува дополнително зацврстување на политичката позиција Од политичката коалиција ВРЕДИ соопштија дека процесот на обединување во единствен политички субјект се наоѓа во завршна фаза, што, според нив, дополнително ја зајакнува нивната позиција на политичката сцена во државата. Од таму наведуваат дека ваквиот развој ја потврдува нивната улога како значаен политички фактор. „Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во ...

САД ја продолжуваат реториката за притисок врз Техеран Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „нема и никогаш немал никакви шанси“, додавајќи дека, според него, тоа го знаат и самите ирански претставници. Тој тврди дека во директни разговори добива едни пораки од Техеран, додека во јавноста се прикажува сосема поинаква слика. „Тие го знаат тоа. Ми го кажуваат тоа кога разговарам со нив, а потоа излегуваат на телевизија и ...

Решен долгогодишен инфраструктурен проблем меѓу Аеродром и Гази Баба Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, информира градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека со години објектот бил симбол на застој и нерешени проблеми, но дека сега се прави конкретен чекор кон негово активирање. „Она што со години беше симбол на застој, неодговорност и ...

„Сметам дека тоа е добро обмислено, и сметам дека господинот Филипче од тоа место, давајќи една таква изјава сакаше да испрати порака, како што мислам и дека изјавите дадени на поткасти на членови на неговиот Извршен одбор исто така не беа случајни, туку тоа е порака која што треба некаде да стигне“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против на Алфа телевизија. Пратеникот Стојаноски се ...

Радост во семејството на двогрбите камили Во ЗОО Скопје се роди ново камилче, трето младенче на двогрбите камили Мираи и Карло, со што нивното семејство повторно се прошири. Новото младенче доаѓа по неговите постари брат и сестра Буби и Ками, соопштија од ЗОО Скопје. Од зоолошката градина информираат дека Мираи и новороденото камилче ноќта ја поминале изолирани од останатите животни, заради ветеринарен надзор и грижа по породувањето. Веќе ...

Брент и американската нафта со намалување на вредноста Цените на нафтата денеска бележат пад по информациите дека САД започнале акција за повторно отворање на Ормуска Теснина. Сепак, намалувањето е ограничено, а цената останува над 110 долари за барел. На Лондонската берза, нафтата Брент попладне се тргуваше по цена од 112,61 долари за барел, што е намалување од 1,6 отсто во однос на вчерашното затворање. Вчера, пак, цената на Брент нафтата ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
68%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
0.89
91%
1014
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
89%
1015
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
70%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.45
86%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.45
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
73%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
63%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
84%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
2.68
57%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54