Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Jавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот на Канал 5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред Бугарската амбасада – побара Македонската асоцијација на новинари (МАН). „Цитираме само некои ...
Завршена е реконструкцијата на фасадата на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, со што значително се подобрени условите за учење и работа, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Проектот опфати изведба на нова енергетски ефикасна фасада, која обезбедува подобра термоизолација, заштита од влага и намалување на трошоците за енергија. Со оваа инвестиција, училиштето доби современ изглед и побезбедна, поздрава и ...
Министерот за внатрешни работи гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ Министерот за внатрешни работи во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Тв „Алфа“, на прашањето дали продолжува трендот на намален број на сообраќајни прекршоци по воведувањето на системот „Безбеден град“, упати честитки до македонските граѓани бидејќи, како што посочи, сè што се сака и се може. „Македонските граѓани докажаа дека од 120.000 ...
Министерството за здравство предводено од министерот Алиу формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“. Ќе се проверуваат сите информации и податоци за наводите поврзани со испраќање човечки мозоци од Македонија во САД. Ќе се проверува дали имало соодветна документација, дали се барала согласност од семејствата, дали е почитувана правната рамка и етичката димензија. Ресорниот министер вели дека многу ...
Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн. „Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се ...
Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов Неодговорно е однесувањето на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој вчера објави пост на социјалните мрежи со фотографија, на која вели дека чека претставник на Владата да дојде во просториите на ССМ за да се потпише зголемувањето на платите, а истовремено веќе бил закажан состанокот на Владата со гранковиот синдикат УПОЗ за истата намена, истакна на ...
Биометриската контрола во Шенген поместена за септември Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската Комисија како и директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. Исто така на состанокот беа вклучени и ...
Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности. ...
Над 650 прекршоци евидентирани вториот ден од казнувањето Вториот ден од почетокот на санкционирањето преку системот „Безбеден град“ биле регистрирани вкупно 651 сообраќаен прекршок. Камерите на новиот систем евидентирале дека 585 возачи ја пречекориле дозволената брзина, 50 поминале на црвено светло, додека 16 возила биле нерегистрирани. Како резултат на прекршувањата, биле изречени и 58 забрани за управување со моторно возило. Советот за ...
Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски истакна дека Советот веќе извршил контрола на дел од предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски денеска во изјава за медиумите истакна дека Советот веќе извршил контрола на дел од предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е покрената кривична пријава поради постоење на основано сомнение за ...
Возач од Батинци упорно возел и покрај забраната Млад возач од Батинци е уапсен затоа што возел „голф“ додека имал забрана за возење. Полицијата му го одзеде возилото. – На 02.02.2026 во 18:00 часот на влез во село Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(24) од с.Батинци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, ...
Започна исплатата на „МојДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година Управа за јавни приходи ја информира јавноста дека започна исплатата на средствата за скенираните фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година. Исплатата се реализира по обработка на налозите, при што средствата се префрлаат директно на трансакциските сметки на корисниците. Над 924 милиони денари за повеќе од 526 илјади корисници За К4 – ...
Ралповски со остри обвинувања кон Трендафилов Во денешното издание на емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше претседателот на Конфедерација на слободни синдикати, Благоја Ралповски, кој упати остри критики кон Сојуз на синдикатите на Македонија, обвинувајќи го за повеќегодишно игнорирање на работничките права. Според Ралповски, токму молчењето и неусогласувањето на платите со минималната плата довело до сериозни последици за ...
Евидентирани над 600 прекршоци – најголем број за брзо возење Во текот на вчерашниот ден, преку системот „Безбеден град“, биле регистрирани вкупно 651 сообраќаен прекршок, информираа од Министерство за внатрешни работи. Податоците се добиени преку автоматскиот систем за надзор на сообраќајот, кој континуирано ги следи прекршувањата на сообраќајните правила. Најголем дел за пребрзо возење Од вкупниот број регистрирани прекршоци, најголемиот ...
Српските медиуми објавија дека синоќа била фрлена бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград. Според Telegraf.rs, полициските сили веднаш го блокирале пристапот до зградата по приемот на пријавата, а истрагата ја спроведуваат припадници на Министерството за внатрешни работи и дежурниот обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград. Форензичките експерти собираат докази и проверуваат снимки од околните камери за надзор со цел да го ...
Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција. Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во ...
Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската унија е одложена од април за септември 2026 година Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската унија е одложена од април за септември 2026 година поради страв од сериозен метеж на границите во текот на летната туристичка сезона, потврди Европската комисија. EEС почна постепено да се применува од октомври 2025 година, но на аеродромите и ...
100 нови градски автобуси за Скопје – ветувањето станува реалност, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Почитувани скопјани, кај мене дадениот збор е обврска, а не само формалност пред избори. Затоа, со огромна одговорност, ви ја соопштувам веста што значи нов почеток за нашиот град. Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го ...
Американскиот технолошки милијардер Илон Маск вчера соопшти дека ја споил својата вселенска компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) со друга своја компанија – развивачот на вештачка интелигенција (ВИ) – „Икс-АИ“ (xAI) Американскиот технолошки милијардер Илон Маск вчера соопшти дека ја споил својата вселенска компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) со друга своја компанија – развивачот на вештачка интелигенција (ВИ) – „Икс-АИ“ (xAI), јави ДПА. Споените фирми ...
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија. Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналните пари, што значи дека за еден милион евра лажни ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска дел од корисниците во општина Сопиште ќе останат без струја. Според известувањето, во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите на селото Горно Соње. Прекинот е со цел подобрување на квалитетот на услугата и безбедно извршување на планираните работи на мрежата. Од ЕВН Македонија АД информираат дека ...
ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи. Од Министерството за образование и наука велат дека во петокот (30 јанаури) завршил рокот за аплицирање на тендерот за нови проекти за градба, кој МОН го објави на крајот од 2025 врз основа ...
Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата Економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со јасна цел – придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните, порача од Дубаи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова учествува на Светскиот самит за влади. Во ...
Трамп вчера изјави дека неговата администрација наскоро би можела да има добри вести за Украина Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација наскоро би можела да има добри вести за своите напори за завршување на речиси четиригодишната војна во Украина. „Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа. Мислам дека можеби имаме добри вести“, им рече Трамп на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и ...
Во Брисел министерски состанок за транспортерите По бурните протести на граничните премини и блокадите кои предизвикаа милионски загуби, во Брисел денеска министерски состанок на европската комисија со земјите од Западен Балкан. Ќе се бара решение за проблемот со престојот на професионалните возачи од регионот во Шенген-зоната. Изминатата недела превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на граничните премини го ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа сподели алармантни податоци за сообраќајната култура и ефикасноста на досегашните санкции. Тој откри дека во Македонија постојат возачи со екстремно голем број забрани за управување возило кои и понатаму продолжуваат да возат. Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.435 ...
Намалена видливост до 60 метри поради магла има на патниот правец Гевгелија – граничен премин „Богородица“, информираат од Јавнот претпријатие „Македонија пат“. Сообраќајот по државните патишта од утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Амбасадорката на Република Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, ја посети болницата „Николај Пирогов“ во Софија Амбасадорката на Република Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, ја посети болницата „Николај Пирогов“ во Софија и на извршниот директор Валентин Димитров му врачи признание за лекувањето повредени од трагедијата во Кочани. За време на посетата, таа се сретна и со тим од Клиниката за изгореници и пластична и ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска повтори дека е „можно да се постигне траен и достоинствен мир“ со Русија и дека очекува САД „да останат посветени на обезбедувањето услови за дијалог“. „Веруваме дека е подготвен билатералниот документ со САД за безбедносни гаранции (Украина по војната) и имаме намера да продолжиме со суштинската работа на документите поврзани со реконструкцијата и економскиот развој“, рече Зеленски во ...