Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, порача дека институцијата дејствува ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда и останува посветена на квалитетната дебата и унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји.топт Како што информираат од Собранието, Гаши ја запознал заменик-амбасадорката Варнс со ангажманот на ...
Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст ќе остане затворена во текот на целата летна сезона. Техничките проверки открија сериозни безбедносни пропусти кои го загрозуваат животот на патниците, вклучително и ризик од откачување на гондола. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, појасни дека дефектите се последица на долгогодишно нередовно сервисирање. Увидот на австриските експерти од компанијата „Допелмаер“ ги потврди следните ...
Вчера, 07.05.2026 година, околу 14:00 часот патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Турција и Македонија, спасила патници од возило VW Голф 5, коешто изгубило контрола помеѓ 24-ти и 25-ти километар од магистралниот пат од Тузла, пришто излетало од коловозот и удрило во дрвја покрај каналот. Автомобилот останал искосен и заглавен во каналот, а двајцата патници во возилото, маж и жена, биле делумно потопени во водата од ...
Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12% од вкупниот број ...
На 07.05.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.05.2026 околу 18:00 часот во дом на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од 33-годишна жена од Скопје, при што ја снимила со мобилен телефон. Претходно, на 06.05.2026 и 33-годишната жена пријавила дека околу 18:45 часот била физички нападната од 37-годишната жена. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат ...
Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. -Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од општината. Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува ...
Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. -Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од општината. Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува ...
Нема простор за каква било паника, бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болести, така што на дневна основа ги добива сите податоци кои ни се потребни за какво било преземање ...
ЈП „Паркинзи Општина Центар“ воведува измени во условите и начинот на користење на јавните паркиралишта, со фокус на поголема достапност на паркинг за жителите на Општина Центар, намалување на метежот и поефикасно управување со јавниот простор, информираа надлежните од претпријатето. Велат дека измените се донесени по консултации со жителите, стручни лица, како и анализа на европски практики. Дел од новите мерки стапуваат во сила веднаш, а ...
Жичницата на Водно затворена поради технички проблеми Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека жичницата на Водно нема да функционира во текот на целата летна сезона поради утврдени сериозни технички недостатоци. По вонреден увид било констатирано дека објектот не бил целосно сервисиран од австрискиот производител Допелмаер во изминатите 15 години. Недостатоци откриени при вонредниот увид Според Ѓорѓиевски, по негово барање ...
Управители на две правни лица и петмина вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против нив до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривичната пријава е поднесена против Н.И. и Б.Г., во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против вработените во агенцијата Ф.А., Г.А., П.К., ...
Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во ...
Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријави дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку ...
Сите поважни законски решенија, а пред сè сите решенија од реформската агенда, се носат во една транспарентна, јавна и отчетна процедура како никогаш досега. Сите законски измени во поглед на исполнувањето на реформската агенда ќе бидат донесени во рамките на Собранието, со или без поддршка на СДСМ – изјави на прес- конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов. Тој рече дека прес-конференцијата ја свикал во врска со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјава на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа. – Не ...
„Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во разни спортски дисциплини на ...
Две дипломи на Славјанскиот универзитет се поништени, има многу нерегуларности од полагање на 14 или 17 испити во една сесија, правење несоодветни еквиваленции на четири ЕКТ системи, од еден предмет на четири ЕКТ системи признаени два со по седум ЕКТ кредити и диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година, изјави денеска министерката ...
Денеска територијата на Македонија ќе биде под влијание на облачна маса која ќе донесе врнежи од дожд во повеќе региони. Според метеоролошките прогнози, на одредени места времето ќе биде нестабилно, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Постојат услови овие процеси краткотрајно да се развијат во форма на невреме. Температурниот опсег ќе се движи од минимални 5 до максимални 21 степен во текот на денот. Во Скопје се очекува слично ...
Во мирниот град Зинциг во областа Арвајлер е во тек голема полициска операција. Како што потврди полицијата, во филијалата на Фолксбанк во центарот на градот моментално се одвива заложничка криза. Операцијата трае од 9 часот наутро. Специјални полициски сили сега се на местото на настанот. Хеликоптери моментално кружат над Зинциг. Весникот „Билд“ пишува дека комбе со готовина застанало утрово пред банката и дека од возилото излегол вработен. ...
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари. Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот правен субјект во својство на ...
Радев кажа дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, а Венко одма побрза да му се допадне, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за изборот на Румен Радев, за премиер на Бугарија. „На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев или пред двајцата? Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво ...
Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со ...
Избрана нова влада во Бугарија Со 124 гласа „за“, 70 „против“ и 36 „воздржани“, Народното собрание на Бугарија денеска ја изгласа новата влада предводена од Румен Радев. Владата доби поддршка исклучиво од пратениците на Прогресивна Бугарија, новата партија на Радев која убедливо победи на парламентарните избори. Поделени ставови меѓу пратениците Пратениците на ГЕРБ-СДС гласаа воздржано, додека коалицијата Продолжуваме со промената – ...
Вчера во 18:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С.(65) од Кичево. При претреси во неговиот дом и помошни простории во Кичево и во с.Попоец, кичевско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки и куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вчера во 18:00 часот во ...
Во Скопје утрово започна „Генералка викенд“, најголемата национална, волонтерска еколошка акција, во рамки на која илјадници граѓани чистат јавни простори во сите општини низ државата. Акцијата, која се одржува шеста година по ред, има цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот, со активно вклучување на граѓани, институции, училишта и компании. На настанот присуствуваат претседателката ...
и резервоари на хантавирусите. Во тек е дополнителна анализа за утврдување на точниот тип на вирусот и евентуалните фактори кои придонеле за појавата на кластерот. -Во овој момент нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти поврзани со Македонија, ниту постојат индикации за ризик по јавното здравје во државата. Хантавирусите претставуваат група на зоонозни вируси кои циркулираат кај различни видови глодари. Луѓето најчесто се ...
Шпанската полиција пресретна товарен брод со рекордни 30 тони кокаин во близина на бреговите на Африка. Како што пренесува ДПА, повикувајќи се на соопштенија од судските власти, ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за заплена е плод на широка меѓународна соработка. Акцијата била спроведена во координација со американските власти и холандската полиција. Судските власти на шпанските Канарски ...
Ученик од седмо одделение од основното училиште „Стив Наумов“ во Битола на социјалната мрежа Тик-Ток објавил список за ликвидација на негови сооученици и на нивните родители. На списокот имало имиња и презимиња на соучениците и датум за извршување на заканата. Родителите на учениците испратиле претставка до Државниот просветен инспекторат, а училиштето го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и во Подрачното ...
По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...
Во Скопје утрово започна „Генералка викенд“, најголемата национална, волонтерска еколошка акција, во рамки на која илјадници граѓани чистат јавни простори во сите општини низ државата. Акцијата, која се одржува шеста година по ред, има цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот, со активно вклучување на граѓани, институции, училишта и компании. На настанот присуствуваат претседателката ...