Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...

Иако веќе сме речиси на средината на месец мај, сепак веќе од вторник 12 мај, територијата на Балканот ќе биде зафатена од нов поладен бран кој ќе се спушти од северозапад преку Алпскиот регион и ќе донесе нагло заладување, пад на температурите за 10 до 15, па и за повеќе од 15 степени, силен ветер, дожд па дури и појава снег на планините. Веќе од ноќта кон среда се очекува и поголем пад на температурите во Македонија, според најновата ...

Крузерот MV Hondius, кој се наоѓа во центар на епидемија на хантавирус, пристигна во близина на шпанскиот остров Тенерифе, каде што се очекува организирано симнување на 147 патници во рамки на меѓународна операција за нивно враќање во матичните земји, пренесува Си-Ен-Ен. Бродот ќе биде закотвен во пристаништето Гранaдиља на Канарските Острови, а патниците ќе бидат евакуирани по претходно тестирање за да се потврди дека немаат симптоми на ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека смета оти војната во Украина се приближува кон својот крај, и покрај тоа што само неколку часа претходно на воена парада во Москва порача дека Русија ќе продолжи да ја води борбата до пораз на Украина. Путин нагласи дека Русија не се откажува од своите цели, но истовремено остави простор за политичко решение и можни преговори за нови безбедносни договори во Европа. Како потенцијален соговорник ...

По години најави и одложувања, Скопје конечно се подготвува за изградба на нов современ забавен парк во рамки на Градскиот парк. Проектот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра, треба да донесе ново место за рекреација, забава и туристичка атракција во главниот град. Според информациите објавени преку системот за јавни набавки, договорот за реализација на проектот е доделен на компанијата Мастеф, која ќе биде задолжена за ...

Меѓународна атлетска трка во Скопје и денеска ќе ги обедини домашните и странските натпреварувачи, рекреативците и љубителите на активниот начин на живот, соопштија од организацијата на настанот. Трката насловена „ХалкЕко Скопје трча 10 км“ (HalkEco Skopje Run 10К) предвидено е да почне во девет часот. – Стартот и целта на трката ќе бидат поставени на булеварот „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотус“, а трасата ќе се движи по булевар ...

Германија оди по „многу опасен пат“ одбивајќи да ја признае одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во победата над нацизмот, а ова не е прв пат, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС. – Германија оди по многу опасен пат. Не е прв пат. Сегашната генерација германски политичари, кои практично молчат за улогата на СССР во победата над нацизмот, воопшто не ја претставуваат Германија во ...

Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедувањето економски раст и спроведувањето мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршкaта на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. – Светот денес се наоѓа во период на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност, во кој меѓународните случувања сè посилно се прелеваат ...

Според заменик министерот за економија Марјан Ристески, Македонија стигна до најниското ниво на невработеност, под 90 000, а највисоко на вработено работоспособно население, над 910.000. – Минатата година имаме оторено 15.000 работни места. Тоа се должи на одличните владини политики, на странските инвестиции во ТИРЗ-зоните и на реинвесатирањето на домашните компании. Секако тука се зголемувањето на обемот на работа и квалитетот на новите ...

Коалицијата ВРЕДИ вечерва на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во своето обраќање на Конгресот рече дека има моменти во историјата кога политиката престанува да биде натпревар и се претвора во неопходност. Според него, ова се моменти кога времето бара не само промени, туку и единство. Тој истакна дека се собрале заедно различни ...

Венко Филипче како Коте од Руља, сè стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, рече денеска Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. – Румен Радев не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме дека за Румен Радев сонародниците на Гоце Делчев се Бугари. Со ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање американска делегација во Москва на разговори за војната во Украина. – Би го направил тоа ако мислам дека ќе помогне. Многу би сакал да видам крај на оваа војна, одговори Трамп на прашање на новинарите пред Белата куќа дали е подготвен да испрати преговарачи во Москва да разговараат за можно решение на конфликтот во Украина. Тој не даде детали за можниот ...

Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес на која петте партии се обединуваат во еден субјект. На конгресот е најавено присуство на 850 делегати, а предвиден е официјален и работен дел, кога ќе се избираат претседатели. На Конгресот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници на други политички партии од земјава. Од Вреди најавуваат нов модел со копретседатели и други тела ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека Европската Унија мора да биде отворена за разговори со Русија за обезбедување мир во Украина. Зборувајќи во Брисел на Денот на Европа, Кошта рече дека ЕУ е подготвена да се вклучи во разговори за праведен и траен мир во Украина. – Ќе треба да се водат разговори со Русија за заедничките безбедносни прашања во соодветен момент, рече Кошта, нагласувајќи дека ЕУ нема да ...

Најмалку седум лица, меѓу кои и едно девојче, се убиени денеска во израелските напади врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство. – Нападот на израелскиот непријател врз градот Саксакие во регионот Саада резултираше со смрт на најмалку седум маченици, меѓу кои и едно мало девојче. Петнаесет лица, меѓу кои и три деца, се ранети, се вели во соопштението на министерството. Порано денеска, биле убиени сириски државјанин и ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска на својот профил на Фејсбук објави видео на кое се гледа како спречува обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во населбата Ново Лисиче. Во објавата, Митески посочува дека инцидентот се случил во време кога граѓаните, институциите и волонтерите се вклучени во акцијата „Генералка Викенд“, чија цел е почиста и поздрава животна средина. „Ваквото неодговорно и несовесно ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, порача дека македонскиот народ во Втората светска војна застанал на вистинската, антифашистичка страна и со масовна народноослободителна борба се изборил за слобода и сопствена држава. Во пораката, таа потсети дека илјадници македонски партизани, меѓу кои млади и стари, мажи и жени, селани, работници и интелектуалци, се приклучиле ...

И покрај тензиите со Вашингтон и планираното повлекување на американските трупи од Германија, германскиот канцелар Фридрих Мерц вели дека е оптимист во врска со кохезијата и иднината на НАТО, пренесува ДПА. – Силата на НАТО не зависи само од бројот на војници, туку и од споделените цели, а ова единство останува недопрено, изјави Мерц за новинарите во Стокхолм, каде што присуствуваше на конференција на шведските конзервативци предводена од ...

Иранскиот Парламент утре ќе одржи пленарна седница, по прв пат преку видео-конференциска линија од безбедносни причини, пренесува ДПА. Портпарол на Парламентот изјави дека закажаната седница ќе се одржи преку интернет „поради моменталната ситуација“, објави иранскиот интеренет медиум Табнак, кој е познат по своите блиски врски со Исламската револуционерна гарда и конзервативните политички фракции. Фокусот ќе биде ставен на неодамнешните ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес учествуваше на научна конференција „Креирај дома, продавај глобално“, со која се означи отворањето на Технолошкиот парк – Н99. Говорејќи на панел дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација, оцени дека образовниот систем веќе активно се трансформира со цел младите да ги стекнуваат потребните компетенции кои ќе бидат клучни за економијата во иднина. ...

Нов почеток и сигнал кон Европската Унија Петер Маѓар во саботата официјално ја презеде функцијата премиер на Унгарија, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. На свеченоста во парламентот во Будимпешта, за првпат по една деценија беше истакнато знамето на Европската Унија, вратено по одлука на новиот спикер, со што беше поништена претходната одлука од времето на Орбан. Приоритет – обновување на односите со Брисел Новиот премиер ...

По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...

Лажно претставување и контакт со институција ОВР Прилеп поднесе известување против ученик од средно училиште во Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот се претставувал лажно како наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница и на тој начин стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука. Добил администраторски пристап до е-дневник Откако бил воспоставен контакт, ...

Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е повеќе иднина и ние мора да сме свесни за тоа и мора да вложуваме сѐ повеќе и повеќе и да ја користиме за да ги ефектуираме процесите, за да побрзо стигнуваме до иновациите, за да можеме технолошкиот развој да го забрзаме. Бидејќи ако не го правиме тоа, ние ќе заостанеме – ќе останеме изолирани и заборавени од светот. Мора да држиме чекор со она што се случува во светот, нагласи министерката за ...

Со длабока почит и неизмерна благодарност се сеќаваме на осумтемина македонски херои кои пред 11 години ги положија своите животи во терористичката акција во кумановско „Диво Насеље“ – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимоски и Горан Стојменовиќ, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите ...

Претседателот на победничката партија Тиса, Петер Маѓар, денес положи заклетва во унгарскиот парламент и стана нов премиер на земјата, со што официјално заврши владеењето на Виктор Орбан. На церемонијата одржана во Будимпешта во 10 часот наутро, пратениците на новиот парламент положија заклетва, а седницата ја отвори унгарскиот претседател Тамаш Суљок. „Служењето на татковината, нацијата е најголема чест, најблагородна задача, тие се ...

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му ...

Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски. – Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што ...

Со длабока почит се сеќаваме на осумтемина припадници на безбедносните сили, чии животи згаснаа, на 9 и 10 мај во 2015 година. Нивната жртва е вечен симбол на храброст, посветеност и несебично служење за татковината. 11 години непребол нè потсетуваат и обврзуваат достоинствено да оддадеме почит, да градиме иднина без вакви трагични последици! Имаме должност да создаваме иднина на мир, стабилност, меѓусебна поддршка и заедништво. Нивниот ...

Спор околу таксите и прекин на операциите Ирскиот нискобуџетен превозник Ryanair најави дека оваа зима ќе ја затвори својата база на аеродромот во Солун и ќе го намали бројот на летови до и од градот. Главниот комерцијален директор Џејсон Мекгинес изјави дека нема напредок во разговорите со операторот Fraport Greece, посочувајќи дека таксите на повеќе грчки аеродроми се зголемени и достигнале 66 проценти над нивото пред Ковид. Фрапорт: ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28