Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Поминаа 14 дена и се уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регонот, како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница и кој ќе одговара, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Сите молчат. Мицкоски, Тошковски, Николовски, Тарчуловски, Томовски… Овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко-скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски. Дополнително, со медиумската кампања за дефокус Мицкоски самиот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишник осомничен за – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, при вршење семејно насилство во домот на улицата “Рајко Жинзифов”, физички ја нападнал својата 32-годишна вонбрачна партнерка која била во вториот месец од бременоста. Во расправија, тој започнал жената да ја удира со тупаници и шлаканици, нанесувајќи и телесни ...
Никој не ги поднесува лидерите на синдикатите, каде и да се, од кога и да се. Да не се лажеме. Тоа ви се, најблаго речено, претставници на обичните паразити, работниците, таа црв од класа, од најдолниот вид, која внимавајте ви се молам, ужива да живее на грбот на газдите. Прашувате- а како тоа се оптегнале на грбот на газдите, тие богови опеани и славени низ вековите. Затоа што тие синдикални лидери, мајчините тие непрокопсани, од како е ...
Денко Малески Нашата влада зборува за историски договор за трговија помеѓу Америка и Македонија, а мене мислите ме влечaт на друга страна. На кое ли дереџе падна американската економија за да мора да се брани со тарифи од македонската, се прашувам зачудено. Тоа е тема за економистите. За истражувачите на меѓународната политика ова што се случува со Америка веќе се случило со другите големи сили во минатото. Во својата влијателна книга ...
За полагаше на правосудниотн испит на албански јазик, должни сме да најдеме начин и да им помогнеме на студентите, изјави вицепремиерот Беким Сали во емисијата „Трилинг“ на ТВ24 рече дека како политичари се должни да најдат начин да им помогнат на студентите. „Ние сме држава 35 години. И неколку пати како Албанци се соочивме со некои недостасувачки права. За овие права, беа потребни десетици години за да се стигне до конечниот резултат, ...
Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на Минхенската безбедносна конференција изјави дека завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина е „нереално“ без американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на панелот „Во фокус – безбедносните гаранции за Украина“ посочи дека во Абу Даби се одржаа три рунди разговори во трилатерален формат – Украина, САД и Русија. – Напредуваме. И сме благодарни на нашите американски пријатели, бидејќи без ...
АПЕРТОВ СИНДРОМ/APERT SYNDROME MKБ-10 Q87.0 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана приближно кај 1/100 000 живородени деца. ВОВЕД Апертовиот синдром е ретко генетско нарушување кое се карактеризира со краниосиностоза (предвремена фузија на коските на черепот), абнормалности на средината на лицето и синдактилија (фузија на прстите на рацете и нозете). Состојбата е дел од групата нарушувања познати како синдроми на краниосиностоза. Апертовиот синдром обично ...
На 14 февруари (сабота) во КСП Центар – ЈАДРО, во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од сериите Писмо и Анамнеза на Валентина Поцеска и инсталациите Ткиво 3, Ткиво 4 и Храм на Татјана Миљовска. На изложбата ќе се презентира и каталогот Просторност и темпоралност, со што ќе се заокружи проектотот. Изложбата Простoрност и темпоралност се реализира минатата година (2025), во Националната галерија на Македонија – Чифте амам,, под ...
На 13 февруари 2026 година во 19:30 часот, во селото Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б. (25) од село Малотино, поради сомнение дека сторил кривично дело убиство по член 123 од Кривичниот законик, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Според информациите, осомничениот на 12 февруари 2026 година во домот на М.С. (78) ...
Опозицискиот СДСМ денеска со остар допис до јавноста ја обвини Владата дека со одлуката да скрати 40 милиони евра субвенции целосно ги занемарува земјоделците. Тие, велат во СДСМ, веднаш по работниците, се новите жртви на криминалните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Владата на Мицкоски ги намали субвенциите за земјоделците за од 140 милиони на 100 милиони евра, стои во соопштението на СДСМ кое го пренесуваме во целост. Тоа се 40 ...
Електронските цигари, „Ајкос“ („Iqos“), сите можни уреди кои содржат никотин, се еднакво или дури модерниве се уште повеќе штетни од класичните цигари, предупредува д-р Деска Димитриевска од Клиниката за Пулмологија. Таа во интервју во вечерашната „Топ тема“ на „Телма“ рече дека е несфатливо зошто модерните алтернативни начини на консумирањето тутун во досегашните законски прописи беа дозволени на места каде што се забранети класичните ...
До редакцијата на Инфомакс денес пристигнаа информации дека кај вработен во прилепската болница при редовните контроли е пронајдена бактерија. Според нашите извори се работи за бактеријата МРСА, иако од болницата не наведуваат за која точно бактерија се работи. Директорот на прилепската болница, Д-р. Кире Јоноски, за Инфомакс вели дека ситуацијата е под контрола, се работи за изолиран случај, а дополнителните проверки покажале дека ниту еден ...
На половина од Зимските олимписки игри 2026, домаќинот Италија и Норвешка се најуспешните според бројот на освоените медали. Норвешка е лидер на табелата медалисти со осум златни, три сребрени и седум бронзени медали. Италија има исто така 18 медали, од кои шест златни, три сребрени и девет бронзени. Пет држави имаат по четири злата: САД, Франција, Германија, Шведска и Швајцарија. Досега 24 земји се закитија барем со едно одличје. Денес ќе ...
САД извршија нов напад во Карипско Море врз брод за кој се претпоставува дека пренесувал наркотици, при што загинаа три лица. Јужната команда на САД на платформата Икс објави дека во шестмесечната кампања против илегалната трговија со дрога убиени се најмалку 133 луѓе. Како дел од војната против наркокартелите, Вашингтон испрати воени сили во Каракас во јануари, кои ги заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга. ...
Римскиот писател Гај Светониј Транквил во неговата многу позната книга „Дванаесетте римски цареви“ го опишува владеењето и личните карактеристики на дванаесетмина цезари – Од Јулиј Цезар до Домитијан. Пишувајќи за озлогласениот Нерон и неговите наследници, Светониј наведува дека по неговата смрт во во 68 година од н.е. римскиот Сенат го прогласил за јавен непријател, поведувајќи damnatio memoriae за да го избрише неговото наследство. Ова ...
Фредрик Линдберг, селектор на шведската машка репрезентација по карлинг, тврди дека канадскиот тим ги прекршил правилата за време на натпреварот од групната фаза на Олимписките игри во Италија во 2026 година. Натпреварот заврши со пораз на Швеѓаните (6:8). По натпреварот, шведските медиуми презентираа докази дека играчите на тимот Канада постојано ги допирале камењата, но судиите не реагирале. Линдберг истакна дека ваквите инциденти не се ...
Европската унија би можела да замрзне заеми и грантови во вредност од 1,6 милијарди евра за Србија откако Белград донесе закони што „ја поткопуваат довербата“ во посветеноста на земјата на владеењето на правото, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, цитирана од Ројтерс. Реформите насочени кон децентрализација на судството стапија во сила оваа недела, но предизвикаа критики од судиите и обвинителите кои велат дека промените ја ...
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД. Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош. Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта. Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што ...
Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР. Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината ...
Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба денеска и утре се одржува 39. Самит на Африканска Унија. Мали се изгледите за постигнување на консензус за решавање на спорните прашања поврзани со воените конфликти, државните удари и фалсификуваните избори во африканските држави/ Основни теми на Самитот на АУ се ситуацијата во источниот дел на Демократска Република Конго, тензиите во Јужен Судан и Судан, каде повеќе од три години се води граѓанска ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“. – Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп. Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Како што информираат од АМСМ намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има во околината на Делчево. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска”, лево по улица „Александар Урдаревски”, ...
Во рамките на посетата на Минхен остварив средба со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме отворено и искрено за европската перспектива на Македонија, за реформите кои ги спроведуваме и за предизвиците што стојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија. Јасно ја пренесов нашата позиција Македонија останува посветена на европскиот пат. Но, ...
Репрезентативецот на Чешка 19-годишниот Методиј Јилек е нов олимписки шампион во дисциплината 10.000 метри брзо лизгање. Тој патеката ја мина за 12:33.43 минути. Ова за него е втор медал откако го освои сребрениот во дисциплината 5.000 метри на Игрите во Милано Кортина. Второто место и среброто го освои Владимир Семируни од Полска, кој имаше заостанување од 5.65 секунди зад победникот, додека бронзениот медал го освои Јорит Бергсма од ...
Ракометните суперлигаши денеска одиграа три натпревари од 21.коло од Супер лигата и на сите победија фаворитите. Најнеизвесно беше во Битола каде шампионот Еурофарм Пелистер го совлада Прилеп со 32:27. На почетокот на вториот дел гостите од Прилеп намалија на еден негатива 17:16, но првакот предводен од капитенот Филип Кузмановски, кој постигна 9 голови стигна до нова победа. Лидерот Вардар беше убедлив во дуелот со Пролет и славеше со 38:22, ...
Австралиската репрезентативка во сноуборд Џоси Баф го освои златниот медал во дисциплината сноуборд крос откако беше најдобра во финалето. Таа имаше победа и во едната од полуфиналните трки. Второто место и сребрениот медал и припадна Ева Адамчикова од Чешка, додека како трета заврши Италијанката Михаела Моиоли, а без медал од финалната трка остана Наоми Видермер од Швајцарија. Новата олимписка шампионка Џоси Баф ја потврди фаворитската ...
Екипите на Кожув и Маџари го одиграа најнеизвесниот куп дуел од четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“, а победа од 84:80 (27:16; 18:21; 19:31 и 20:12) славеше ланскиот финалист Кожув. Гевгеличани во полуфиналето утре ќе играат против бранителот на пехарот МЗТ Скопје Аеродром, кој со 100:69 славеше во четвртфиналето против Работнички. Гевгеличнани подобро го „отворија“ дуелот и по десет минути водеа со 27:16, но тимот на ...
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска на Минхенската безбедносна конференција истакна дека е оптимист и решителен за иднината на Европа. „Каде што некои гледаат закани, јас ја гледам нашата цврстина, каде што некои гледаат сомнежи, јас сакам да видам можност, бидејќи верувам дека Европа по својата суштина е силна и дека може да се направи уште посилна“, рече францускиот претседател, пренесува „Гардијан“. Тој истакна дека во ...