Меган Маркл сподели ретка фотографија од нејзината ќерка Лилибет на Инстаграм за Денот на вљубените. На фотографијата, нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја држи нивната ќерка, а Меган напиша со објавата: „Овие двајца + Арчи = моите вечни валентинки“. Ова е ретка можност јавноста да ја види малата Лилибет, која моментално е седма во редот за британскиот престол. Не ги покажува своите деца во јавност Војвотката од Сасекс е позната по тоа што ја ...

Специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе ја посетат Женева оваа недела за да разговараат за нуклеарната програма на Техеран со иранските преговарачи, потврди денеска Белата куќа. Американски функционер потврди дека двајцата пратеници, кои се главни преговарачи на Доналд Трамп со Иран, ќе го претставуваат Вашингтон за време на разговорите. Иранскиот министер за надворешни работи, ...

Без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе останат корисниците на неколку улици во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром. Како што информира ЕВН Македонија АД денеска без струја од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци (Општина Бутел), од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково (Општина Ѓорче Петров) и од 09:00 до 12:00 часот корисниците од улиците со бр. 1 и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 1 до 5, а ...

Со механизација се чистат поплавените објекти и канали во општина Сарај, каде поради поројните дождови се поплавени делови од селата Буковиќ и Семениште. Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје ја стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања. ...

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, вечерва присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и членовите на Штабот, на кој, како што информираат била направена детална анализа на состојбата по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија повеќе населени места во општината. Според информациите од терен, над 30 домаќинства беа погодени, при што службите ...

Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека земјите-членки на Одборот за мир кој самиот го иницираше, на првиот состанок во четврток, ќе издвојат повеќе од пет милијарди долари за обнова на Појасот Газа. Трамп на својата ...

27 -годишен македонски работник, жител на покраината Перуџа, бил згмечен од дрво и сега е во многу тешка состојба по стравична несреќа која се случила пред 4 дена на периферијата на Арзачена Според првичните извештаи, младиот човек сечел дрво кое одеднаш паднало. Големото дрво се срушило, совладувајќи го. Кога пристигнале службите за итни случаи, работникот веќе бил во кома. На местото на настанот реагирала воздушната брза помош 118. По ...

По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина Кавадарци испрати помош за граѓаните во Кичево по поплавите што зафатија повеќе објекти. Како што информира Јанчев, на терен се упатени две противпожарни возила со шест пожарникари и шест пумпи, како и дополнителна опрема неопходна за испумпување на водата и санирање на последиците од поплавите. „Солидарноста е нашата најголема сила – кога е најтешко, заедно сме на терен“, објави ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска во Топанско Поле, заедно со директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски, го промовираа проширувањето на проектот за поставување подземни контејнери, еден од најсовремените проекти за подобрување на јавната хигиена и урбаниот ред на територијата на општината, информираат од Општина Чаир. Системот, ќе се реализира на целата територија на Чаир, а досега се поставени подземни ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во годишното обраќање до нацијата истакна дека Европа првпат од пронаоѓањето на парната машина е надвор од големите светски промени и оти 21-от век ќе биде „век на понижување на Европа“. Тој синоќа потенцира дека тоа што минатата години го тврдел сега се остварило. Орбан во минатогодишниот говор наведе дека унгарската влада, како сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде на „главната ...

Главниот опозициски лидер на Унгарија, Петер Маѓар, во неделата одржа предизборен настан во Будимпешта, повикувајќи ја владата да ја почитува приватноста на луѓето по она што тој го опиша како уцена и стапица поставена од владата за да го дискредитира. Според анкетите на јавното мислење, партијата Тиса на Унгарија е водечка пред владејачката партија Фидес на Виктор Орбан, пред парламентарните избори на 12 април. Маѓар претходно оваа недела ...

Поранешниот украински министер за енергетика и поранешен министер за правда, Херман Халушченко, кој поднесе оставка минатиот ноември поради голем корупциски скандал, беше приведен во неделата додека се обидуваше да ја премине украинската граница, според соопштението на Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) на земјата. „Денес, за време на преминувањето на државната граница, детективите на НАБУ го приведоа поранешниот министер за ...

Претседателот на едно од крилата на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за медиумите по шестото Собрание на партијата, зборуваше и за актуелната политичка состојба во земјата, пренесува ТВ21. Таравари рече дека ќе има предвремени парламентарни избори, но без да прецизира кога. „Не можам да кажам со сигурност, секој пат сум велел дека ова најмногу зависи од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи има 58 пратеници и му требаат 61 глас за да распише ...

Во СВР Скопје вчера во 20:00 часот било пријавено дека се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода. Според пријавата од Н.К. (1974) од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. – – По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал. Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат ...

Освен 50-на компании во земјава, останатите немаат воведено стандарди за мерење на продуктивноста. Непродуктивноста се користи како флоскула која се користи за да не се зголеми минималната плата. Ова во неделното интервју за РСЕ го вели Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи. „Одговорно тврдам дека непродуктивноста се користи како флоскула за незголемување на минималната плата – дека работодавачите не знаат, ама мора да научат што ...

Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип – 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје. По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир ...

Драматични сцени се одвиваа во Кичево по обилните врнежи и излевањето на реката. Службите интервенираа за извлекување на неподвижни и тешко подвижни лица од поплавените домови, додека мештаните паралелно се обидуваа да ги спасат и своите животни. Една од снимките кои се направени сведочи како жител се обидува да го спаси своето куче-миленик кое од еден го преместува во друг објект на повисок кат. Жителите посочуваат дека состојбата таму и ...

Пожар избувна попладнево во скопската населба Кисела Вода, во близина на населбата Расадник, каде се запали патничко возило меѓу станбени згради. Според првичните информации, огнот зафатил автомобил паркиран во близина на објектите, по што на терен веднаш излегле екипи на Противпожарната бригада и полициски службеници од МВР. Во моментов се преземаат мерки за локализирање на пожарот и обезбедување на просторот, а повеќе информации за ...

Тој наведе и дека Словачка е заинтересирана за купување на уште четири авиони ловци Ф-16 од САД, за да има вкупно 18 авиони. Фицо истакна дека има информации оти е поправен нафтоводот „Дружба“, по уништувањето во источна Украина, преку кој се испорачува нафта за Словачка и Унгарија. Според него испораките на нафта за Унгарија и Словачка станале дел од политичка уцена. – Тоа што денес се случува околу нафтата го доживувам како политичка уцена ...

Во продолжение ја пренесуваме нејзината објава во целост: Како Македонка која живее и работи во Финска, во високообразовна институција – University of the Arts Helsinki, чувствувам одговорност да придонесам во дебатата за новиот Закон за високо образование во Македонија. Прво, затоа што сакам да направам нешто добро за мојата земја. И второ, затоа што верувам дека одредени аномалии во системот мора храбро да се именуваат и коригираат. ...

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за ограничување на престојот на превозниците на товар од земјите од регионот во земјите од Шенген, објавија подгорички Вијести. Тој медиум наведува и Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за ограничување на престојот на превозниците на товар од ...

Од Драмски театар објавија дека починала актерката Ленче Делова. “Со длабока тага и неверување ја примивме веста дека почина нашата драга колешка и актерка, Ленче Делова. Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек. Почивај во мир. 🕊️ Искрено сочувство до семејството и најблиските Од Драмски театар објавија дека починала актерката Ленче ...

Ова е коментарот што пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го даде одговарајќи на новинарски прашања во врска со последните обвинувања на опозицискиот СДСМ – дека фирмата „Ленди груп“, за која оценија дека е блиска до власта, добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра во период од две години СДСM што ги брои овие тендери од последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле ...

МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје, информира полицијата во дневниот Билтен. Според полицијата, неправилностите во ...

Нов извештај од Федералните резерви на Њујорк го покажува она за што економистите долго време предупредуваат, товарот на царините речиси целосно го носат граѓаните и компаниите на земјата што ги наметнува. Со други зборови, земјата што наметнува царини, во овој случај САД, всушност ги оданочува сопствените потрошувачи и економија, јави Си-Ен-Ен. Според податоците од таа институција, во текот на 2025 година, американските компании и ...

Две лица пријавиле физички напади во СВР Скопје во изминатите два дена, а полицијата презема мерки за расчистување на случаите. На 14 февруари 2026 година во 20:10 часот, во СВР Скопје, З.А. (60) од Скопје пријавила дека на 12 февруари околу 06:50 часот, на автобуска постојка на подрачјето на Центар, била физички нападната од едно женско лице. Во вториот случај, на 14 февруари 2026 година во 14:10 часот, З.Ш. (72) од Скопје пријавил дека ...

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич на Минхенската безбедносна конференција го изнесе своето мислење за Украина и за притисокот на Володимир Зеленски да се одреди конкретен датум за пристапување на неговата земја во Европската Унија како дел од кој било иден мировен договор. Tој вели дека „разбираме дека ни е потребна Украина во Европската Унија“, но разговарајќи со другите лидери на ЕУ, тој има „некаков вид чувство дека во овој момент, ...

Врнежите во изминатите 24 часа предизвикаа значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во најновата хидролошка информација објавена денеска во 12:00 часот. Според податоците на Секторот за хидрологија, зголемен е водостојот на сите реки во западниот дел од земјата, а во текот на денот се очекува понатамошно зголемување кај дел од нив. До крајот на денот ...

Состојба по обилните врнежи од дожд до 12:30 часот Кичевски регион Во текот на ноќта, обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на Зајашка река на улица „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улица „29 Ноември“ во населбата Подварош, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
69%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.6
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.6
76%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.69
68%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
56%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
71%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Родиум

372948.66

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Платина

68963.35

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05