Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во изминатите два дена учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, кој се одржа во шведскиот град Хелсингборг, каде што главна тема на разговори беа актуелните глобални безбедносни предизвици и подготовките за претстојниот голем самит на Алијансата што во јули треба да се одржи во Анкара. Во своето обраќање пред сојузниците, министерот ...
Неколку стотина граѓани носејќи транспаренти на кои пишуваше оти Куманово и Скопје се со Вучиќ, со развиорени српски и македонски знамиња, со српска народна музика во позадина, пладнево излегоа на собир во Куманово од да изразат поддршка на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Организатор на собирот е здружението „Мир, слога, стабилност“, а главната порака која беше испратена е оти не треба да се говори за националистички ...
„Пет години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира скопјани со приказни за „еко автобуси”, „модерен транспорт” и „бесплатен јавен превоз”. Од бомбастичните ветувања на Данела Арсовска, до помпезните најави на Христијан Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски – резултатот денес е ист: Скопје нема нови автобуси, а состојбата со возниот ред е покатастрофална и од претходно“, велат од Левица. „Поради личните хирови со Арсовска, советниците на ДПМНЕ во претходниот мандат ...
Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени дека застојот на Македонија на патот кон Европската Унија не е последица на „францускиот предлог“, туку на, како што рече, недостигот на политичка волја кај актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски порача дека владејачкото мнозинство треба да понуди конкретен излез од актуелната состојба, наместо да продолжува со политички популизам. Според ...
Странските државјани кои сакаат да аплицираат за американската „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја покренат процедурата надвор од територијата на САД, согласно новото правило на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јави агенцијата ДПА. Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС) вчера соопшти дека отсега секој странски државјанин кој престојува привремено во САД, а сака да добие „Зелена карта“, ќе мора да се врати во ...
Како што се наведува на веб-страницата на компанијата „Србија Воз“, од 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ го прекина целиот железнички сообраќај на железничката мрежа на Република Србија до понатамошно известување. „Србија Воз а.д. ги информира корисниците на услугите дека на 23 мај 2026 година во 4:15 часот наутро „Инфраструктура железнице Србија“ а.д. го прекина целиот железнички сообраќај на железничката мрежа на ...
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на ...
Поранешниот вицепремиер Артан Груби се уште не бил повикан на распит во надлежното обвинителство како осомничен за случајот ,,Лотарија”. Ова го открива републичкиот јавен обвинител Ненад Савески во интервју за неделникот ,,Фокус”. ФОКУС: Големи реакции во јавноста предизвика и случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Дали беше повикан на распит и дали, освен за случајот „Лотарија“, зборуваше за други случаи, бидејќи во јавноста се ...
Денко Малески Ми требаше тој еден месец од летото 1993, да донесам одлука дали да ја прифатам понудата на мојот наследник на местото министер за надворешни работи Стево Црвенковски, да станам првиот претставник на Македонија во ОН. Кога се согласив, една од моите први задачи беше меѓународното признавање од другите членки на ОН. Оние кои имаа сојузнички врски со Грција или врз кои таа можеше да влијаее, ставаа свој потпис под решението на ...
Две години никој не знаеше дека воопшто постои лицето Арбен Фетаи. Овој драг и доблесен човек ја има најважната функција во оваа држава. Тој е вицепремиер за добро владеење, во владата на Христијан Мицкоски. Од пред некоја недела за Арбен Фетаи скоро секојдневно пишуваат новинарските глодари, да се послужам со зборовите на премиерот Мицкоски, кога опишува негови, а и генерално на власта, критичари. Никој не знае дали оди на работа Арбен ...
„Законот за правосуден испит не вели дека испитот треба да се одржи на македонски јазик. Законот за јазици има одредба која вели дека ако не се хармонизирани другите закони во рок од една година, ќе се применуваат одредбите од Законот за употреба на јазиците“, изјави пратеникот од едното од неколкуте крила на Алијанса за Албанците, Халил Снопче по протестите на студентите Албанци за полагање правосуден испит на албански јазик. По ова ...
Најмалку 90 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Државната новинска агенција Синхуа соопшти дека несреќата се случила во рудникот Лиушенју во покраината Шанкси, во сопственост на групацијата Тонгџоу. „Новинарите на местото на експлозијата на гас во рудникот за јаглен Лиушенју дознаа дека 82 лица загинале во несреќата“, објави Синхуа. Експлозијата се случила во петок во 19:29 ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес потврди дека преговорите со учество на Вашингтон за прекин на војната во Украина се прекинати поради недостаток на напредок, но дека САД се подготвени повторно да им се приклучат доколку има можност да се постигнат резултати. Тој го изјави ова пред новинарите за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска, пренесува Укринформ. „Се вклучивме затоа што ни кажаа дека ...
Првото лансирање на зголемениот V3 на Starship беше драматично балансирање на победи и порази, пишуваат светските медиуми. Мисијата донесе ролеркостер од подеми и падови по полетувањето од лансирните објекти Starbase на SpaceX на најјужниот врв на Тексас. По полетувањето, мегаракетата се вивна над Мексиканскиот Залив, а горниот вселенски брод Starship, или „брод“, се распрсна во Индискиот Океан околу еден час подоцна и покрај проблемот со ...
По само неколку месеци, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа по низата жестоки реакции и критики во јавноста поврзани со неговите неодамнешни активности и изјави. Во врска со ова на социјалните мрежи се огласи поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов кој вели дека овие случувања се чист доказ колку скапо чини играњето кадровски рулет во политиката и ...
Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани само 7 степени Целзиусови. По неа следуваат Крушево, Маврови Анови и Лазарополе со 10 степени. Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени на Попова Шапка со 4 литри на метар квадратен, додека по 2 литри се регистрирани во Скопје-Петровец и Маврови Анови. Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На ...
По трагичната сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, во која животите ги загубија оперскиот баритон Ристе Велков, неговиот син Адам Велков, како и двајцата 20-годишници Марко Ѓирѓиевски и Петар Миланов, од СУГС „Никола Карев“ се простија од своите поранешни ученици со трогателна порака на социјалните мрежи. „Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во која ги загубивме нашите поранешни ...
Наставник по ликовно во Битола цела година одел на работа без да му кажат дека дека добил отказ. Одел на настава до некни кога му ја затвориле вратата. Претходно цела 2025 година досега држел часови, имал пристап до е-дневникот, пишувал оценки, одел на Наставнички совет, се потпишувал за присуство, водел евиденција. Сѐ како што прават и редовно вработените наставници. Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски од Битола цела учебна ...
Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека нема да присуствува на претстојната свадба на својот најстар син Доналд Трамп Помладиот со Бетина Андерсон, истакната претставничка на високото општество од Палм Бијч, поради итни државни обврски во Вашингтон. „Иако многу сакав да бидам покрај мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, неговата идна сопруга Бетина, околностите поврзани со управувањето на земјата и мојата ...
Нашата ирационалност може да се препознае низ призма на историјата кога ја славиме, а притоа ги забораваме нашите ослободители. Имам чувство дека тежнееме во нашата сегашност да го прескокнуваме минатото, кон кое група поединци имаат отпор. Историјата не смее да биде селективна туку колективна меморија. Со лажен патриотизам не се гради нација и држава. Историјата веќе се пишува во секојдневниот живот оставајќи длабоки траги кон креирањето ...
Израелската полиција уапси 13 лица кои се обиделе да принесат животинска жртва на Ридот на храмот во Ерусалим по повод еврејскиот празник Шавуот. Според соопштението на полицијата, осомничените ги пробиле оградите и втрчале во комплексот на Ридот на храмот со цел да го изведат обредот. Официјално не е потврдено за кое животно станува збор и каква жртва планирале да принесат, пренесува „Тајмс оф Израел“. Евреите речиси две илјади години не ...
Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните на Србија на денешниот голем протестен митинг во Белград под мотото – „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“, од каде ќе побараат одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Студентите најавија дека собирањето ќе започне во 13:00 часот на четири локации во Белград, а протестот на Славија е планиран од 18:00 до 20:00 часот. По кампањата ...
Експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина одзеде 82 животи, според државните медиуми, пренесе Си-Ен-Ен. „Спасувачките напори се уште се во тек. Бројот на жртвите сè уште се пресметува“, објави CCTV, додавајќи дека девет лица сè уште се водат како исчезнати. Не е јасно колку луѓе останале заробени во рудникот во покраината Шанкси. Претходно, државната новинска агенција Ксинхуа објави дека нивоата на јаглерод моноксид „ги надминале ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по стравичната несреќа на скопската обиколница кај клучката Мирковци, во која загинаа четири лица. Според обвинителството, осомничениот управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички по северната обиколница ...
Екипата на Реал Мадрид успеа да се избори за уште едно финале во Евролигата откако вечерва во Атина во вториот полуфинален дуел ја совлада Валенсија со 105:90 (26:28; 28.36; 24:17:19:17). Во финалето во недела ќе играат против Олимпијакос, а почетокот на натпреварот е во 20 часот. Шпанските екипи го одиграа најефикасното прво полувреме во полуфинале во Евролигата (62:56). Голем проблем за тимот од Мадрид може да биде повредата на центарот ...
Научници од универзитетот Оксфорд развиваат нова вакцина против ебола за справување со епидемијата на оваа болест, која брзо се шири во Демократска Република Конго. Оксфордската група за вакцини (ОВГ) ја користи истата технологија врз која се засноваше вакцината против Ковид-19 за да развие нова вакцина специфична за сојот на вирусот ебола во сегашната епидемија. За реткиот вид на ебола што во моментов се шири во Демократска Република Конго ...
За жал, по одлично завршената работа, Тулси Габард ќе ја напушти администрацијата на 30 јуни, ја потврди вечерва американскиот претседател Доналд Трамп, оставката на директорка на националното разузнавање на САД. „На нејзиниот прекрасен сопруг, Абрахам, неодамна му беше дијагностициран редок облик на рак на коските, и таа, со целосно право, сака да биде со него, помагајќи му да се врати на доброто здравје додека во моментов заедно водат ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово. Тој е осомничен за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Опис на сообраќајната несреќа Несреќата се случила на северната обиколница на Скопје, во насока од запад кон исток, ...
„Жално е што сѐ уште треба студенти Албанци, кои се државјани на оваа држава да протестираат за нешто толку базично, како што е правото на јазик. Јас знам дека оваа тема е секогаш контенциозна во Македонија, но секогаш сум се надевала дека доаѓаме до еден степен каде што сме ги преминувале овие теми и дека сме прифатиле дека сите сме дел од истото општество. Но доаѓаат вакви моменти каде ти е јасно, дека сѐ уште можеби немаме такво разбирање ...