Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Делото на светите браќа Кирил и Методиј е длабоко вкоренето во македонската национална историја, а денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, порачува ВМРО-ДПМНЕ во честитката по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. – Нивното дело претставува еден од најзначајните темели на словенската цивилизација, култура и образование. Со создавањето на првата словенска азбука, ...
„Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност. Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и духовно наследство е длабоко поврзано со нашата татковина, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Меморандумот за разбирање за мировен договор со Иран е „во голема мера договорен“ и дека тој предвидува отворање на Ормуската Теснина, но иранската новинска агенција Фарс подоцна ги демантираше овие тврдења во однос на контролата врз водниот пат. Трамп преку социјалните мрежи истакна дека очекуваниот договор ќе го деблокира овој клучен воден пат, чие затворање ги наруши глобалните енергетски ...
По победата во спринт трката возачот на Мерцедес Џорџ Расел постигна и најдобро време во квалификациите на трката за ГН на Канада и на тој начин ја обезбеди пол позицијата. Второто место во квалификациите му припадна на клупскиот колега Кими Антонели. Во вториот ред се двата болида на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пјастри., па следуваат Луис Хамилтон (Ферари) и Макс Верстапен (Ред Бул). Трката за Големата Награда на Канада се вози на патеката ...
Кошаркарите на Њујорк се на само една победа од пласман во големото финале од НБА лигата откако ноќеска го совладаа Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во добиени натпревари. Екипата на Њујорк Никс последен пат играше во финале пред 27 години во 1999 година. Кошаркарите на Њујорк имаа извонреден шут за три поени од 43%, 11 погодени од 28 обиди и речиси перфектни 24 од 27 од линијата за слободни фрлања. Најефикасни во победничкиот тим беа ...
Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека ...
Разгневени жители на град во центарот на жариштето на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго нападнале и запалиле шатор во здравствен центар каде што се лекувале заразени со вирусот, соопшти медицинскиот персонал. Ова е втор ваков напад во регионот во рок од една недела. Според првичните информации, во нападот нема повредени. Пациентите успеале да избегаат од пожарот, а најмалку 18 лица за кои се сомнева дека се заразени со ...
Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна денеска во петдневна официјална посета на Кина на покана на претседателот Шји Џинпинг. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот Шји и премиерот Ли Чијанг, со кои ќе разговара за билатералните односи и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес. Претседателот Вучиќ во делегацијата е придружуван од министри во ...
Фудбалерите на Баерн Минхен сезонава ја завршија со освоена дупла круна во Германија, откако синоќа во Берлин во финалето од Купот го совладаа Штутгарт со 3:0. Најдобар поединец на натпреварот беше англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој постигна хет – трик. По првиот дел немаше голови, а Баерн поведе во 55.минута, а во финишот на натпреварот го постигна вториот гол. Во судиското надополнување на вториот дел Кејн го постигна и третиот гол ...
Нешто повеќе од половина милион гласачи (568.587) денеска ќе го остварат правото на глас на парламентарните избори на Кипар, на кои учествуваат рекорден број партии, коалиции и кандидати, од кои ќе бидат избрани 56 пратеници во Парламентот, додека пак анкетите покажуваат загуби за традиционалните партии и подем на нови политички сили со што драстично може да се смени политичката сцена во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Иако ...
Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски напад со балистички ракети. Пред самиот напад, во градот беше прогласена воздушна тревога. Раководителот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, преку апликацијата Телеграм апелираше до граѓаните да останат во засолништата поради ризик од нови удари, информирајќи дека се погодени најмалку четири ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека 23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци, додавајќи дека полицијата интервенирала со минимална употреба на средства за принуда дури откако биле нападнати. Дачиќ на прес-конференција нагласи и дека има повредени полицајци. Според него, дури и по предупредувањето на директорот на полицијата дека јавниот собир во Славија треба да помине и да заврши мирно, ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер – над 50 километри на час. Локално, според најавите, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – над 60 километри на час и услови за изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне ...
Навивачите на Вардар меѓусебно се истепаа на полувреме од дуелот против Шкендија. Реагираше и полицијата, може да има и приведени, пренесе Спорт Манија. Наместо да слават за шампионската титула навивачите на Вардар направија голем инцидент и се испотепаа мегу себе на полувремето. Реагираа специјалци и ги раздвојуваа и оставија многу грда слика пред највисоките преставници нод ФФМ и пред управата на клуботи публиката која беше дојдена да ...
Српската обвинителката Бојана Савовиќ беше дочекана со овации од присутните, кои се собрани во Белград против власта на Вучиќ. Таа испрати порака дека државата во која законите се применуваат селективно престанува да биде држава и станува мафијашка организација. Таа рече дека Србија не е држава, туку анархија. Во своето обраќање пред граѓаните и студентите, обвинителката Бојана Савовиќ остро ја осуди полициската бруталност и селективната ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го прифати повикот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за средба во Министерството, но побара таа да биде целосно отворена за јавноста и на неа да присуствуваат медиумите со амери. Ваквата реакција доаѓа по јавната покана на министерката до економскиот тим на опозицијата со цел да се соочат економските аргументи и бројки. Филипче, преку објава на неговиот профил на Икс, нагласи дека ...
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, упати јавен повик до економскиот тим на опозициската СДСМ на заедничка средба во Министерството, со цел, како што вели, да се разјаснат економските состојби со реални бројки, наспроти „хистеричните прес-конференции полни со невистини“. Според министерката, опозицијата изнесува погрешни толкувања и паника во јавноста, иако официјалните економски показатели покажуваат стабилност и раст. ...
Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Белград на големиот студентски протест против власта на Александар Вучиќ, организиран под слоганот „Студентите победуваат“. Иако собирот на плоштадот Славија започна мирно, вечерта дојде до сериозни инциденти пред српскиот парламент и кај Пионирскиот парк, каде што одекнуваа експлозии, се фрлаа бакљи и интервенираше Жандармеријата. Студентското движење ги повика граѓаните на Србија на голем ...
„Креди Јес“ е финансиското друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии поради неправилности во работењето му ја одзеде лиценцата за работа, пишува „Фактор“. Финансиското друштво, зад кое стојат сопственици од Бугарија, ги затвора своите 40-тина филијали низ земјата, а исто така околу 120-тмина вработени добиле известување дека работењето е прекинато. Единствено „Креди Јес“ ќе има право како понатамошна активност да ги наплаќа ...
Повреден планинар денеска беше успешно спасен на планината Кораб, откако преку Единствениот број за итни повици 112 била пријавена несреќата. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, планинарот поради повредата не бил во состојба самостојно да се движи. По добиената пријава, РЦУК Тетово веднаш координирал акција со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и ЈП „Национален парк Маврово“, со цел брза интервенција на терен. ...
Градоначалникот на Битола најавува дека доколку директорката на училиштето каде без договор работел наставник згрешила, таа ќе одговара. ,Почитувани, Сакам да ја информирам јавноста дека внимателно ги следам случувањата со наставникот од ОУ „Тодор Ангелевски“ кој денеска преку медиуми информираше за неговиот случај со работното ангажирање. Дадов налог до општинскиот инспектор за образование да ги провери наводите изнесени од страна на ...
Додека полицијата излезе со официјална бројка од околу 34.300 присутни на протестот во Белград, од Архивот за јавни собири истакнуваат дека снимките укажуваат на еден од најголемите студентски протести досега, каде што бројката би можела да надмине 100.000 луѓе. Директорот на полицијата на Србија, Драган Васиљевиќ, изјави дека собирот е навремено пријавен од страна на студентите и дека полицијата внимателно ја следела состојбата на терен: ...
Академикот и професор на Хемискиот факултет, Радомир Стаичиќ, на протестот на плоштадот Славија во Белград остро ја критикуваше српската власт, обвинувајќи ја дека го урива правниот поредок, универзитетите, културата и достоинството на граѓаните. „Србија и понатаму робува на бахата и дрска власт која го уништува правниот поредок, Универзитетот, културата, екологијата и земјоделството, а воздухот, шумите и полињата ги претвора во депонии“, ...
„ДУИ е последната партија што може да зборува за српско влијание. Тоа се луѓето кои го донесоа Отворен Балкан во Северна Македонија, проект кој му служеше на Вучиќ, го заобиколи Косово и се обиде српската доминација во регионот да ја продаде како „економска соработка““, велат од ВЛЕН. „Затоа, наместо да прават политички циркус со обвинувања кон ВЛЕН, ДУИ нека ги запре хистериите и јавно нека одговори за своите политички врски и пријателства ...
Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка, потврдија од МВР за „Фокус“. Денеска (23.05.2026) во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(52) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(66) од Скопје кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. ...
Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД. – Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, за државната телевизија. Тој додаде дека нуклеарното ...
Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. –Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и ...
По повеќе од 50 години присуство на германскиот пазар, руската автомобилска марка Lada Automobile GmbH ја прекинува својата работа во Германија. Компанијата „Lada Automobile GmbH“, со седиште во германскиот град Букстехуде, која беше официјален увозник на руските автомобили Лада, поднесе барање за стечај поради финансиски проблеми. Бидејќи компанијата не успеала да пронајде нов инвеститор, со ова завршува повеќе од петдецениското присуство ...
Во Бангладеш, оваа година од потврдени случаи на сипаници починале најмалку 86 деца, а се сомнева дека болеста предизвикала уште 426 смртни случаи, соопштија здравствените власти. Земјата се соочува со една од најтешките епидемии на сипаници во последните неколку децении. Според податоците на здравствените служби, од 15 март до 23 мај биле регистрирани повеќе од 62.000 сомнителни случаи, додека лабораториски биле потврдени 8.494 инфекции. ...