Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Организацијата „Архива на јавни собири“, која го евидентира бројот на присутни на собири објави дека на синоќешниот протест„Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ имало помеѓу 180 000 и 190 000 присутни. Како што се наведува во нивната објава на Икс, проценката се базира на измерената површина од 107 илјади квадратни метри и коефициентот на просечна густина од 1,7 лица на квадрат. Според нив, станува збор за втор најголем протест ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен жител на Битола, поради основано сомнение дека сторил кривични дела телесна повреда и противправно лишување од 140 слобода. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 23 мај во раните утрински часови, кога осомничениот противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Настанот ...
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) ...
Додека јавноста сè уште чека одговори за тоа како директорот на НОМАГАС, Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово, а притоа нема пријавено никаков имот до ДКСК, денеска отвораме уште едно важно прашање – медиумско-бизнис мрежата која стои зад промоцијата и заштитата на овој капитал, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Да потсетиме, според јавно достапните документи и имотни листови, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по ...
Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси. Па дури и кога прашањето на маса го става највисока научна институција во Македонија – МАНУ. Сега и на академците кои ја работеле ...
Неколку стотици граѓани ги носеа слоганите „Ние сме Вучиќ“, „Куманово за Вучиќ“ и „Скопје за Вучиќ“, знамињата на Србија и Северна Македонија за време на протестот во саботата. Медиумите кои се симпатизери на властите во Србија известуваа за „прекрасни сцени“ и зборуваа за „геополитичката тежина“ на овој собир. Македонската опозициска партија, СДСМ, тврдеше дека владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои зад настанот и дека собирот бил ...
Македонија се соочува со сериозна и неправедна блокада во нејзините интеграции. Мора да влеземе во Европската унија но притоа да останеме сочувани и достоинствени, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид. – Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина. Ако се држиме цврсто и обединето, без оглед на тоа кој е на другата страна, ...
Тие почнаа да аплаудираат. Новоизбраниот премиер на Унгарија, Питер Маѓар, штотуку ги даде своите први интервјуа за државните медиуми (и за радио и за телевизија), три дена по убедливата победа на неговата партија на парламентарните избори на 12 април. Додека Маѓар ја напушташе зградата на студиото, вработените во холот почнаа да аплаудираат. Како одговор, тој кратко им порача дека државните медиуми ќе бидат водени на начин каков што ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно осум пријави за семејно насилство, а пет лица се лишени од слобода. Во Пробиштип, вчера во 19:45 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. Синоќа во 23:35 часот ул.„11 ...
По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град. – Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека во текот на денот е можна официјална објава во врска со напредокот на мировниот договор со Иран, со кој и формално би можела да се стави крај на војната на Блискиот Исток. – Многу е веројатно дека светот во следните неколку часа ќе добие добри вести – истакна Рубио пред новинарите за време на неговата прва официјална посета на Индија. Тој нагласи дека со новиот договор, кој во ...
Браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна – секој народ има право на образование, култура, духовен израз и свој јазик. Народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја, порача премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што се одржува во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители. Од црквата „Света Софија“ каде се одржува свечената академија ...
Бројот на комерцијални бродови кои транзитираат низ клучната Ормуска Теснина ќе се врати на нивото од пред војната во рок од 30 дена по евентуалното потпишување на договорот меѓу Иран и САД, објави полуофицијалната иранска новинска агенција „Тасним“. Согласно предвидениот меморандум за разбирање меѓу двете спротивставени страни, поморската блокада мора целосно да биде укината во овој едномесечен рок, пренесува Ројтерс. Агенцијата „Тасним“ ...
Приведено е едно лице од беровското село Двориште кај кое биле пронајдени дрога, оружје и муниција. Лицето е приведено во Струмица ноќеска во 02 часот. – Во близина на угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над лицето и патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во кое бил затекнат. Притоа, кај него била пронајдена бела прашкаста материја, за која тој во службен разговор изјавил дека е ...
Под силни безбедносни мерки, со организиран транспорт на навивачите на Олимпијакос и Реал Мадрид кон салата „Телеком центар“, вечерва во Атина ќе се одигра финалето на Евролигата, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека се ажурирани мерките во пресрет на финалниот натпревар, а и овој пат посебен акцент е ставен на целосно раздвојување на навивачите, исто како и за полуфиналните натпревари во петокот, планирано е ...
Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските просветители. Продолжувајќи ја нивната мисија, посочуваат од МОН, обврска е да се ...
Најмалку четири лица загинаа при синоќешниот масовен руски напад со ракети и беспилотни летала врз Киев и неговата околина, соопштија локалните украински власти. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко потврди дека две од жртвите се регистрирани во самата престолнина, додека началникот на Киевската обласна воена администрација, Микола Калашник, информираше за уште двајца загинати во поширокиот регион на Киев. Кличко преку Телеграм соопшти дека ...
Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме наследството кое Светите Кирил и Методиј ни го оставија. И горди сме што покажавме дека се ...
Лажна дојава за пожар во домот на полскиот претседател Карол Навроцки довела до интервенција на пожарникари, кои насилно влегле во неговиот стан во Гдањск, пренесоа денеска полските медиуми. Портпаролот на полскиот претседател, Рафал Лешкјевич, на социјалните мрежи соопшти дека вчера повторно бил упатен лажен повик на бројот за итни случаи 112, а овојпат бил поврзан со куќата на претседателот Навроцки. „Денеска беше упатен уште еден лажен ...
САД и Иран се на чекор до финализирање на договор кој предвидува продолжување на примирјето за 60 дена и итно отворање на Ормуската Теснина, објави американскиот медиум „Аксиос“, повикувајќи се на дипломатски извори. Според наводите, договорот вклучува обврска за Иран да ги расчисти морските мини што ги постави во водите на Ормуската Теснина, при што од пловните објекти кои поминуваат низ овој премин нема да се наплаќаат никакви такси. За ...
– Сесловенските просветители родум од Солун, Светите браќа Кирил и Методиј во светската историографија се прифатени како творци и поттикнувачи на развојот на словенската писменост и книжевност, преку ширењето на христијанството и богослужбата на словенски јазик во 9. век. Во таа смисла, историски, творците на словенската азбука денес им припаѓаат на сите народи и нации од словенското јазично семејство (Македонци, Срби, Бугари, Украинци, ...
Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, бидејќи, како што истакна пратеникот Сашко Јанчев, со нив се прават сериозни законски и уставни прекршувања во корист на рударското лоби, пишува во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално. Како што појасни Јанчев, народот во Македонија изминатата деценија континуирано се спротивставува на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека неговиот мандат наскоро ќе истече и можно е да поднесе оставка, наведувајќи дека нема да го скрати својот мандат како што некогаш го правеше поранешниот претседател на таа држава Борис Тадиќ. „Значи, можно е наскоро да поднесам оставка“, им рече Вучиќ на новинарите во Пекинг на почетокот од неговата посета на Кина, пренесоа белградските медиуми. Тој, исто така, рече дека некои собири, ...
Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...
– Кирил и Методиј го изградија и се вградија во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот. Нивниот подвиг не се состои само во создавањето на азбуката, туку и во отворањето на можноста човекот да ги артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на јазикот што го разбира, нагласува претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова во честитката по повод Денот на светите браќа ...
Иранските власти утринава егзекутираа маж под обвинение за пренесување доверливи информации на САД и Израел за време на војната, јави информативната агенција на иранското правосудство „Мизан“. Лицето, идентификувано како Моџтаба Киан, според властите во Техеран, испраќало податоци на „непријателот“ за иранската одбранбена индустрија. Во Иран се спроведуваат голем број смртни казни по обвиненија за шпионажа, особено по масовните протести што ...
„Нарушени меѓузајачки односи во селото“, напишаа од Куново во описот на снимката. На видеото се гледа како двата зајаци стојат исправени и меѓусебно се оттурнуваат, оставајќи впечаток како да се во вистинска расправија. Куново се наоѓа во Општина Гостивар, а снимката предизвика бројни реакции и коментари кај корисниците на социјалните мрежи.. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Нарушени ...
Владимир Путин на почетокот на мај пристигна со руски теренец пред хотел во центарот на Москва, облечен неформално во фармерки и лесна јакна. Носејќи букет цвеќе, тој без брзање влезе во лобито и ја прегрна својата поранешна учителка Вера Гуревич, која го бакна по двата образи. Потоа ѝ помогна на Гуревич да влезе во неговиот автомобил и ја одвезе на вечера во Кремљ. Ова се случи само еден ден откако неколку западни медиуми, повикувајќи се на ...
Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имаа средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка. Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје. – Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и ...