Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Најголемиот нарцис во хороскопот крши срца затоа што бара аплауз, а не љубов. Препознајте ги неговите манипулации на време пред да се изгорите. Заборавете на романтичните бајки. Првиот судир со реалноста боли, затоа што најголемиот нарцис во хороскопот наплаќа премногу за секоја ваша илузија. Кога маж Лав ќе влезе во вашиот живот, на почетокот сè изгледа како филм, но маските паѓаат штом ќе помине првата фаза на маѓепсување. Нему не му треба ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го ...
Деновиве бугарскиот археолог Николај Овчаров се огласи со евтина провокација „зошто северномакедонците се лутат што ги нарекуваат северномакедонци“, преку авторската колумна со ист таков наслов (објавена на 23 мај 2026 година) во бугарскиот весник „24 часа“. Имено, Овчаров реагираше за демаршот што го упати Македонија поради тоа што бугарското министерство за надворешни работи употреби термин „северномакедонски партнери“. Во колумната Овчаров ...
Европската унија му изрече казна од 200 милиони евра на кинескиот гигант во онлајн трговијата „Тему“ заради нудење нелегални производи на својата платформа, јави ДПА. „Тему“ не успеа внимателно да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од нелегалните производи што ги нуди на својата платформа и штетата што произлегува од тоа за потрошувачите во Европската Унија“, соопшти денеска Европската комисија. Истрагата спроведена од ...
Градот Скопје известува дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните ...
На 28.05.2026 во 00:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија, по што сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот. -Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во ...
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,41 п.п. и изнесува 4,70%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: ...
Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од недела се очекува постепен пораст на температурите, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето утре и во сабота ќе биде стабилно и со пониски дневни температури. Ќе дува умерен до засилен ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека на парламентарните избори во Ерменија, што се закажани на 7 јуни, го поддржува премиерот Никол Пашинјан. Трамп на сопствената мрежа „Трут соушл“ објави дека Пашинјан, кој се обидува да ги зајакне односите со Брисел и Вашингтон, ја има неговата целосна поддршка. Тој додаде дека Пашинјан се залага за посилна, просперитетна и безбедна Ерменија. Како Ерменија ги зајакнува врските со САД и со Европска ...
Сакс го потсетува Мерц дека во јануари заедно со Џорџа Мелони и Емануел Макрон повикале на обновување на односите со Русија, нарекувајќи ја „европска земја“, но повикот не бил проследен со никакви дипломатски напори.- Ова е невидена абдикација од вашата лидерска улога. За време на вашиот мандат како канцелар, дали некогаш се обидовте да водите еден суштински дијалог со претседателот Путин? Дали вашиот министер за надворешни работи некогаш се ...
Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која изврши увид во градежните активности за темелна реконструкција на студентски дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда. ...
Министерството за здравство почнува координирани активности за јакнење на услугите на здравствените установи за откажување од тутунот. Министерството во соработка со Светската здравствена организација и со Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје, локалната самоуправа, здравствените домови низ земјава ќе преземе чекори за поголема достапност на советувалишта за откажување од пушењето. Фокус е ставен на младата популација, а ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од ...
Реал Мадрид и ПСЖ се меѓу оние кои се заинтересирани да го ангажираат фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Според Плетенбург, во конкуренција за ангажман на 25-годишниот Аргентинец ќе влезе и Манчестер сити, откако ќе биде официјализирано назначувањето на тренерот Енцо Мареска на местото на Хосеп Гвардиола. Токму Мареска во текот на сезоната 2025/26 го предводеше Челзи и соработуваше со ...
Потрошувачката кошничка е готова, беше дадена на Економско-социјалниот совет (ЕСС), очекуваме позитивни сигнали од сите и ќе почнеме да ја пресметуваме, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески. -Потрошувачката кошничка не е некој пандан на синдикалната минимална кошничка, едноставно ќе биде врз база на релевантни показатели, не само од Државниот завод за статистика, туку и од сите други институции во државата – од ...
За инфантилниот Референдум на Венко Филипче, кој уште нерасонет и пред да каже „добро утро“ и по дома развикува – „Бугари во Устав!!!“, за константното потценување на интелигенцијата на народот од автошовинистичката СДС, траорот и очајот на Бихаќка по позитивните ветришта од ЕУ и изјавите на Мерц и Маѓар за Западен Балкан, за глобалните констелации кои го менуваат светот и многу други теми, во НАТКАСТ Љупчо Цветановски ќе разговара со ...
Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина ...
Јутјуб воведува нова автоматска функција за означување на видеа генерирани или изменети со вештачка интелигенција со цел да се спречи ширењето на дезинформации и измамнички дипфејк видеа, особено во чувствителни области како вестите, политиката и здравството. Јутјуб најави нова функција која автоматски ќе ги означува видео содржините направени или значително изменети со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Ова претставува голем чекор на ...
Џил Бајден откри дека за време на дебатата на нејзиниот сопруг Џо Бајден со Доналд Трамп, се плашела за неговото здравје. „Не бев ужасната, туку исплашена, бидејќи никогаш не сум го видела Џо ваков ниту порано ниту потоа“, рече Џил Бајден во интервју за Си-Би-Ес пред објавувањето на нејзината книга на 2 јуни. Таа рече дека „не знае што се случило“. „Мислам, кога го гледав, си помислив: „О, Боже, добива мозочен удар“, и тоа ме исплаши до ...
Полициски службеници од ОВР Дебар вчера вечерта ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од Кривичниот законик, односно лажно пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. По целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници ...
Во близина на северниот брег на Турција во Црно Море пријавени се напад со беспилотни летала врз три танкери, соопшти турската поморска агенција Трибека. Танкерот „Џејмс II“, што плови под знамето на Палау, е нападнат околу 80 километри северно од областа Туркели во Црно Море. Додека танкерите „Алтура“ и „Велора“, што пловат под знаме на Сиера Леоне, биле нападнати се во истото подрачје додека вршеле претовар. Според Трибека, турски бродови ...
Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ. Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките за надворешна политика или други прашања што бараат едногласност. Мерката би можела да се ...
Во време кога македонската музичка сцена ја облива нова свежина и сѐ повеќе се создава домашна музика со современ израз, поп пејачката Марија Спасовска ја објави новата песна „Скопје го сакам ради тебе“, една од композициите од нејзиниот актуелен албум „Седатив“. Песната која првично беше отпеана во дует со Давид Темелков, а за која беше и снимен видеоспот, по што дојде до недоразбирање меѓу пејачот и неговиот тим и авторот на песната. Дуетот ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „предизвикување на општа опасност“. -На 07.04.2026 на место викано „Тафрачко маало“ во с.Бигла, делчевско, пријавениот намерно предизвикал шумски пожар, во кој биле оштетени површини на девет сопственици на катастарски парцели во с.Бигла, информира МВР. Надворешната ...
Состојки: 2 филети лосос сол по вкус свежо мелен шарен бибер по вкус 1 дл бело вино 2 лажици маслиново масло 2 гранчиња свеж рузмарин 1 лимон Подготовка: Зачинете ги филетите лосос со сол и свежо мелен бибер. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 220 °C и подгответе ја маринадата: во сад измешајте ги маслиновото масло, белото вино, солта и биберот. Во тепсија ставете хартија за печење, филетите лосос наредете ги, со маринадата прелијте го ...
Шведскиот стриминг гигант Спотифај официјално ја пушти во употреба новата опција за аудио-статии („narrated articles“), со што продолжува да го збогатува својот содржински каталог и да ја шири понудата настрана од музиката и поткастите. Корисниците на оваа платформа сега можат да слушаат аудио-верзии на ексклузивни текстови од некои од најпрестижните светски списанија, како Вог, Атлантик и Варајети. Во првата фаза, стриминг платформата ќе им ...
Најмалку шест луѓе загинаа, меѓу кои и деца во израелскиот напад со дрон во јужен Либан. Според либанската Национална новинска агенција (ННА) жртвите се членови на едно семејство, кое се обидувало да се евакуира поради израелските напади. Нападот се случи на автопатот што ги поврзува градовите Сидон и Тир. Израелската армија (ИДФ) соопшти дека почнала напади врз инфраструктурата на Хезболах во Тир. Според ННА, при израелскиот воздушен напад ...
САД повторно ја ставија специјалната известувачка на ОН за палестинските територии, Франческа Албанезе, на својата листа санкционирани лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение на американското Министерство за финансии. Вашингтон воведе санкции против Албанезе во јули 2025 година, со образложение дека таа се обидува да издејствува покренување истрага на Меѓународниот кривичен суд против американски и израелски ...
Почетокот на Светското првенство е многу блиску. Една од главните теми овие денови во Бразил, а и низ целиот свет, е настапот на Нејмар на Мундијалот. Не беше познато дали Бразилецот ќе биде на списокот на патници на Светското првенство, но тренерот Карло Анчелоти ги израдува своите фанови и го вклучи во составот. Нејмар дојде во тренинг кампот на репрезентацијата со стил, со хеликоптер. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа ...
Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад врз американска база во Кувајт. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека соборени се и четири ирански дронови, што претставувале закана околу Ормуска Теснина. – Копнената контролна станица во иранската база Бандар Абас е погодена пред да биде лансирано петтото беспилотно летало, соопшти ЦЕТКОМ, додавајќи оти акцијата била ...