Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечер во 19:00 часот, ќе се обрати на отворањето на Меѓународната конференција насловена „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“. Конференцијата е во организација на Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите ...
Конјункцијата на Сатурн и Нептун во Овен е еден од најважните транзити на оваа деценија затоа што носи крај на илузиите и почеток на одговорноста. Конјункцијата на Сатурн и Нептун во Овен е редок и значаен астролошки настан кој ја поставува рамката за цела една фаза од животот, и на лично и на колективно ниво. Овој транзит се одвива од 2025 до 2027 година, со најсилно влијание во периодите кога двете планети се на ист степен или многу блиску ...
Критериумите за избирање партнер се разликуваат од жена до жена. Меѓутоа постојат универзални квалитети кои мора да ги има идеалниот сопруг, без исклучок. Секоја жена има сопствена замисла за идеалниот маж. И додека една жена го замислува како висок, со маркантно држење и црни очи, некоја друга фантазира за русокос лепотан со совршена насмевка. Меѓутоа ова се само некои од варијантите кои ги има на илјадници. Сепак постојат карактерни особини ...
Македонската пејачка Полина Тас ја претставува својата нова авторска песна „Феномен“, проследена со впечатлив и визуелно силен видео запис. Со овој проект, таа започнува ново музичко поглавје во кое автентичноста, емоцијата и личната слобода се во центарот на нејзиниот израз. „Феномен“ е современа поп композиција со модерен звук, која носи порака за индивидуалност, различност и храброст да се биде свој. Песната зборува за личност која не се ...
Симона Поповска на јавноста ѝ ја претстави својата нова емотивна поп-балада насловена „Небитен“. Станува збор за композиција која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи. Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е со потписот на Кристина Зимбакова-Маркоски. Зад продукцијата, миксот и мастерингот стои Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и ...
Администрацијата на Трамп планира да изгради воена база за 5.000 војници во Газа, распространета на 140 хектари, дознава британскиот весник „Гардијан“. Според договорите на Одборот за мир, до кои „Гардијан“ дошол, станува збор за оперативна воена база за идните Меѓународни сили за стабилизација (МСС), кои треба да бидат мултинационални. МСС е дел од Одборот за мир што треба да управува со Газа. Одборот го предводи американскиот претседател ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа изјави дека апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор е „лошо за британското кралско семејство“, објави ДПА. Неговиот коментар следеше по апсењето на поранешниот принц под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради неговите врски со финансиерот и сексуален престапник Џефри Епстин. Во разговор со новинарите на пат кон настан во државата Џорџија, Трамп го пофали братот на Ендрју, британскиот ...
Речиси половина милион овци и кози, односно 479.821 биле умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради сипаниците, според официјалните податоци од Министерството за земјоделство и Националната научна комисија за управување и контрола на сипаницата кај овци и кози, јави дописничката на МИА од Атина. Од надлежното Министерство информираа дека во конкретниот период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 ...
„Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема веќе дивеењето по улиците, ги нема ненормалните брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајните незгоди се намалуваат, бројките на повредени лица се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, истакна меѓу другото министерот за внатрешмни работи Панче ...
Доктор Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, кој е и поранешен директор на истата Клиника, во 2021 година по пожарот во модуларната болница во Тетово, во едно телевизиско гостување говори дека наместо модуларните болници подобра опција за згрижување на пациентите болни од Ковид биле инфективните одделенија и интернистичките одделенија. – Ние имаме еден куп нефункционални здравствени објекти или рунинирани оставени на забот на времето ...
Македонскиот претставник во 1/16 финалето од Конференциската лига на УЕФА Шкендија синоќа претрпе минимален пораз на домашен терен со 1:0 од турскиот тим Самсунспор. Гостите голот за победа го постигнаа во финишот на дуелот. – Честитки за противникот беше подобра екипа. Мислам дека не бевме на нашиот максимум на овој натпревар. Кога играш против квалитетен тим треба секој момент да го искористиш и тие две-три шанси да ги реализираме. Од друга ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан посочи дека Унгарија би можела да го прекине снабдувањето со електрична енергија на соседна Украина ако Киев продолжи да се меша во испораките на руска нафта, јавува ДПА. „Не сакам да се заканувам или да прејудицирам ништо. Но, Украина добива значителен дел од својата електрична енергија преку Унгарија“, изјави Орбан синоќа пред унгарските новинари во Вашингтон. Унгарскиот лидер рече дека Киев треба да престане ...
Здружението „Македониум“ од Белград ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со свечена академија вечер од 19 часот во Градската библиотека во Белград. На настанот ќе биде промовирана книгата „Континуитетот на македонскиот јазик 1“ од проф. д-р Соња Новотни и проф. д-р Михајло Марковиќ, кои ќе одржат и предавање на тема „Македонскиот јазик – пламен на зборот“. Програмата ќе биде збогатена со музичко интермецо на ансамблот ...
КОНГЕНИТАЛЕН СИНДРОМ НА ХОРНЕР/CONGENITAL HORNER’S SYNDROME MKБ-10 G90.2 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај 1,42/6 250 население. ВОВЕД Конгениталниот (вроден) синдром на Хорнер (окулосимпатична парализа) е ретко невролошко нарушување кое се карактеризира со релативна пупиларна миоза (констрикција на зеницата) и блефароптоза („овенување“ на горниот очен капак), забележливи при раѓање и предизвикани од прекин на окулосимпатичката инервација во која ...
Потебни состојки: – 2 јајца – 1 чаша јогурт – 1/2 чаша маслиново масло – 8 лажици бело пченично брашно – 8 лажици интегрално брашно – 1 кесичка прашок за пециво – 1/2 лажичка сол – оригано по вкус – по желба – малку сечкани маслинки Начин на подготовка: Измешајте ги состојките додека да добиете хомогена смеса. Потгответе го тостерот за вафли и печете поединечно. По желба можете да додадете и таѕики сос. Пријатен апетит! Потебни состојки: – 2 ...
Лишувањето од сон го зголемува ризикот од низа здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес, срцеви заболувања, дебелина и депресија, предупредуваат американските Центри за контрола и превенција на болести. Затоа, на човек му треба шест до осум часа сон секоја ноќ. Сепак, не е невообичаено луѓето, особено студентите, да останат будни цела ноќ, т.е. 24 часа. Но, колку долго луѓето можат да издржат без сон? Во 1963 година, 17-годишниот Ренди ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изрази оптимизам по почетокот на редовниот партиски конгрес, објави денеска државната агенција КЦНА, пренесе ДПА. Зборувајќи на деветтиот Конгрес на Работничката партија на Кореја, што традиционално се одржува на секои пет години, Ким рече дека во тој период земјата ги надминала тешкотиите и претрпела фундаментални промени, според КЦНА. Агенцијата објави дека на конгресот присуствуваат околу 5.000 партиски ...
Нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, која е под контрола на Русите, работи на единствениот преостанат надворешен далновод, откако пред повеќе од една недела го изгуби резервниот далновод, објави вчера Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека далноводот „Феросплавна-1“ бил урнат на 10 февруари „наводно како резултат на воена активност“. Оваа нуклеарна централа, ...
Научно-стручна расправа по Предлог-законот за помилување ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Организаторите на расправата, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, најавија дека на расправата ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во ...
Според исламските научници, бакнувањето за време на постот е во основа дозволено, но подобро е да се избегнува, бидејќи може да доведе до понатамошни дејствија што го нарушуваат постот, како што е сексуалниот однос, пишува босанскиот портал Klix. Во книгата „Fikhus-sunne“ од шеикот Сајед Сабик, постои традиција во која Аиша рекла дека Пророкот ги бакнувал и прегрнувал своите жени додека постел, бидејќи имал најголема контрола врз своите ...
Актерот Ерик Дејн почина на 53-годишна возраст по долга борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Тој починал синоќа во болница во Лос Анџелес, опкружен со сопругата, ќерките, пријателите и роднините. Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ објави уште во април 2025 година дека му е дијагностицирана АЛС. Тој објасни како патот до точна дијагноза бил исцрпувачки. Со месеци одел од еден специјалист до друг, правејќи бројни тестови, сè ...
Пејачката и членка на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Дара Бубамара, синоќа настапуваше во еден клуб во главниот град, кога откри дека е повторно среќна во љубовта. Дара откри дека не се води од мотото „помладо е послатко“, туку дека тоа едноставно се случило. View this post on Instagram A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) – Многу сум среќна, мислам дека го пронајдов мојот партнер кој ме исполнува ...
Доналд Трамп ја понуди својата најсилна поддршка досега за премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Американскиот претседател ја потврди својата „целосна и тотална“ поддршка за Орбан на првата средба на неговата иницијатива „Одбор за мир“ во Вашингтон. „Не секој во Европа ја сака таа поддршка, но тоа е во ред,“ рече Трамп пред Орбан и другите лидери присутни. -Тој прави неверојатна работа. Направил извонредна работа со имиграцијата, рече Трамп. ...
Палестинската милитантна организација Хамас повика на меѓународен притисок врз Израел. Во соопштението, исламистичката група ја повика меѓународната заедница и земјите што учествуваат во новоформираниот совет да преземат „практични чекори“ за да го принудат Израел да ја запре својата воена кампања, да ги отвори граничните премини, да дозволи непречен влез на хуманитарна помош на територијата и веднаш да започне со реконструкција. На ...
Иран вчера предупреди дека ќе одговори „решително и пропорционално“ доколку биде нападнат поради зголемените тензии со Вашингтон, велејќи дека американските воени средства во регионот ќе се сметаат за легитимни цели. Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, амбасадорот на Иран во Обединетите нации рече дека „сите бази, објекти и средства на непријателската сила во регионот ќе претставуваат легитимни цели“ во случај на ...
Цената на златото на светските пазари денес се движи околу критичното ниво на 4.270 евра за унца (31,1 грам) или еден грам се продава за 137 евра. Во Дубаи, каде што цените на 24-каратно злато остануваат над 602 дирхами за грам, пазарните аналитичари посочуваат дека обновениот геополитички ризик, особено во однос на конфликтот меѓу САД и Иран, продолжува да ја поддржува побарувачката за благородниот метал. Пазарите во Азија исто така ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во телевизиско гостување објави дека Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција против 10 лица, за кои постојат основани сомненија дека се поврзани со нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога по член 215 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените веќе се во 48-часовен притвор, а ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повторно ќе се кандидира за претседател на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на националната конференција на партијата во југозападниот град Штутгарт, јави ДПА. На дводневниот конгрес се очекува како почесен гостин да присуствува и поранешната канцеларка Ангела Меркел, што ќе претставува нејзина прва посета на федерална партиска конференција на ЦДУ од крајот на нејзиниот мандат. ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 20 февруари, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, имате наплив на енергија и идеи, но внимавајте да не преземате премногу одговорности одеднаш. Фокусирајте се на приоритетите. Денес сте директни и страсни, но вашиот партнер може да побара повеќе нежност од вообичаеното. Слободните Овни би можеле неочекувано да започнат преписка што брзо се претвора во флерт. Можна напнатост во ...
Кај нив постои можност една безопасна критика да прерасне во голем конфликт. Има луѓе кои ја ценат конструктивната критика и ја користат за да се подобрат себеси и да не ја повторуваат истата грешка следниот пат. Сепак, има и такви луѓе кои не ја прифаќаат добро критиката и секогаш ја гледаат како напад. Затоа треба внимателно да се постапува со нив, бидејќи веднаш ќе бидат навредени и постои можност безопасната критика да прерасне во голем ...