Ендрју Маунтбатен-Виндзор беше уапсен вчера, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на јавна функција како дел од истрагата што произлегува од неговата врска со Џефри Епстин. Тој е првиот висок член на британското кралско семејство уапсен по речиси 400 години, од времето на кралот Чарлс I. Ендрју Маунтбатен-Виндзор беше уапсен вчера, на неговиот 66-ти роденден, под сомнение за злоупотреба на јавна функција како дел од ...

Дојава за бомба пристигнала утрово во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на дојавата се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи за Курир потврди дека добиле пријава, а по извршените проверки од страна на полициските екипи утврдено е дека се работи за лажна дојава. Дојава ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски имаше свое обраќање на свечениот прием по повод Националниот ден на Јапонија – Роденденот на Неговото Височество Императорот. Пријателството меѓу нашите две држави се темели на заемна почит, доверба, споделени демократски принципи и силни врски меѓу нашите народи, како и на заедничка посветеност кон продлабочување на партнерството во клучни области од заемен интерес, изјави ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски. Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка, ...

По долги години, Македонците го слушнаа она што секој од нас толку желно го очекуваше. Абер за почеток на крајот на урбаниот мит за неказнивоста на политички корисниот идиот и арамија за чии злодејанија секој нормален знаеше, за тоа чуруликаа и врапчињата, но и нешто за кое требаше време. Време да се соберат сите докази, да биде со сите нишани, да се оди на сигурно. Да не се излетаат. А за тоа, требало трпение, кое понижениот македонскиот ...

Со натпреварот меѓу Брера и Работнички што се игра денеска со почеток во 14 часот, стартуваат натпреварите од 19.коло од Првата фудбалска лига. Оваа рунда ќе се игра и во следните три дена и завршува во понеделник со натпреварот Македонија ЃП – Тиквеш. Утре на програмата се два дуела. Во терминот од 13 часот играат Вардар и Башкими, додека еден час подоцна почнува натпреварот Пелистер – Струга. Дербито на колото се игра в недела од 13 часот ...

Иако генетиката и возраста влијаат на тоа колку ефикасно работи вашиот метаболизам, дневните навики исто така играат улога, а нивото на стрес, квалитетот на спиењето, здравјето на цревата и чувствителноста на инсулин се фактори кои можат дополнително да го „забават“. Кога се чувствувате летаргично или се борите да ја одржите вашата тежина, примамливо е да се обвини бавниот метаболизам. Сепак, метаболизмот не е едноставен прекинувач што можете ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги продолжи санкциите на САД против Русија за уште една година поради војната во Украина. Во официјалната порака на Трамп, објавена во Федералниот регистар на САД, се наведува дека продолжувањето ќе стапи на сила на 6 март. Во документот се наведува дека вонредната состојба, прогласена со Извршна наредба 13660, се продолжува за уште една година во согласност со член 202(д) од Законот за национални вонредни ...

Во тек е поставување нова фасада на дотраените дуќани во Старата чаршија во Гевгелија, во рамки на проектот за конзервација, реставрација и реконструкција што го спроведува Министерство за култура и туризам. Паралелно со фасадирањето, се обновува и пешачката зона со поставување гранитни плочи, информираат од Општина Гевгелија. – Изведбените работи се одвиваат интензивно. На двете страни од чаршијата, на улиците Бранд Петрушев и 7 Ноември ...

Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) вчера соопшти дека открила и следела повеќе руски воени авиони кои дејствувале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ) во близина на Алјаска. NORAD открил и следел два руски авиона „Ту-95“, два „Су-35“ и еден „ А-50“ што дејствувале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопшти американската и канадската организација за одбрана. ...

Под покровителство на Општина Кочани, во организација на Општинскиот фудбалски сојуз, синоќа во Мултикултурниот центар, свечено беа доделени признанијата за најуспешните спортисти, екипи и спортски работници за 2025 година. За најуспешен спортист на Кочани е прогласен борачот Даријан Павлев, репрезентативец од редовите на БК „Спартак“, кому градоначалникот Владко Грозданов му врачи статуетка и ваучер во износ од 10.000 денари. Меѓу најдобрите ...

Кланот Заеви, “холдингот ДУИинг биснис” и на ним сличните, мора да бидат предмет на темелна, транспарентна и детална истрага, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот Љупчо Пренџов. – Во однос на случувањата и сомнежите за криминал поврзани со кланот Заеви и Венко Филипче, мојот став е одамна јавно познат. Повеќе од 10 години сум присутен во јавноста преку емисии и настапи и ниту сум го менувал, ниту ќе го менувам мислењето кога станува ...

Јапонската премиерка Санае Такаичи во воведниот говор пред националниот парламент (Диет) вети дека ќе раскине со „прекумерниот финансиски аскетизам“ и ќе ги поттикне долгорочните инвестиции преку повеќегодишна буџетска рамка, нагласувајќи ја посветеноста на нејзината влада за заживување на економијата на земјата, објавија британските медиуми. Во исто време, таа посочи дека ќе постави специфични критериуми за проценка на напредокот во ...

Добро балансираната исхрана е клучна при губењето на масното ткиво и добивањето рамен стомак. Без неа тоа не е возможно. Притоа не е битно само колку јадете, туку и што јадете. Затоа гледајте да ги вклучите овие десет видови храна во вашиот режим на исхрана за по некое време да почнете да ги чувствувате резултати. Авокадо. Тоа е полно со т.н. добри масти. Тие не се складираат како сало, а истовремено брзо ве заситуваат. Половина авокадо како ...

Орада во бело вино е едноставно, медитеранско јадење со свеж и префинет вкус. Комбинацијата од сочна риба, ароматична мајчина душица, лимета и бело вино создава лесен, но богат оброк, идеален за семеен ручек или свечена трпеза. Потребни состојки: околу 1,8 кг орада (или друга морска риба) 1 главица кромид 3 лажици презла 3 лимони 2 дл бело вино 4–5 гранчиња мајчина душица сол и бибер по вкус маслиново масло Начин на подготовка: Исчистената, ...

Со песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и рекорден број рецензии оценети како „над сите очекувања“, оваа плажа се искачи на врвот на листата Травелерс Чојс Авордс (Награди според патиците). Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата за најдобра во Европа. Станува збор за плажата Елафониси (Elafonissi Beach), сместена на ...

Вербална војна избувна вчера меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони поради убиството на францускиот екстремно десничарски активист кој беше претепан до смрт од екстремно левичари за време на протест во Лион викендот. Седум лица, вклучувајќи го и помошникот на пратеник од екстремно левичарската партија Непокорна Франција (ЛФИ), ќе се соочат со обвиненија за убиство во случајот, изјави вчера ...

Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена – Општина Кисела Вода“. Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално ...

Во неизвесен натпревар Лос Анџелес Клиперс го совлада Денвер со 115:114, иако првиот играч на гостите Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 22 поена и 17 скокови. На тој начин Јокиќ остана без роденденски подарок (31 година) од страна на својата екипа. Во самата завршница ЛА Клиперс имаа три поени предност, а Мареј избори три слободни фрлања за Денвер и за изедначување. Тој ги реализираше првите две, а третото го промаши на девет десеттинки ...

Не ги прифаќаат ограничувањата, сакаат да живеат според сопствени правила и личните граници ги ставаат над сè. За нив независноста не е избор, туку начин на живот. Стрелец – авантурист кој не трпи окови Луѓето родени во знакот на Стрелец се вистински авантуристи на хороскопската карта. Тие сакаат слобода во секој аспект од животот – од одлуките до патувањата, од пријателствата до љубовните врски. За нив бракот или долгогодишните обврски ...

Пролетта 2026 година не носи само разбудување на природата, туку и вистински финансиски земјотрес за неколку знаци од Зодијакот. Според светски познатиот астролог Тамара Глоба, влегувањето на Сонцето во Овен на 20 март го означува почетокот на циклус во кој среќата конечно ќе им се насмевне на оние кои долго чекаа. Еве кои се „миленичињата“ на ѕвездите: Лав (цел март): Јупитер во Бик носи хармонија во вашиот паричник. Глоба советува: не ...

Поранешниот јужнокорејски претседател, Јун Сук-јеол, денеска јавно се извини за предизвикувањето болка и страдањето на својот народ, објави јужнокорејската агенција Јонхап. Јун вчера беше осуден на доживотен затвор за неговиот обид да воведе воена состојба во земјата во декември 2024 година. „Длабоко жалам. Се извинувам што ви предизвикав голем очај и страдање со моите штети“, наведе Јун во соопштението. Окружниот суд во Сеул вчера го осуди ...

Во 8.30 часот утрово измерени се температури над нулата. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура од 1 степен е измерена во Берово, 2 во Крива Паланка и Струмица, 4 во Тетово, 5 степени во Прилеп и Охрид, 7 во Скопје – Петровец и во Виница и 8 степени во Куманово. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од ...

Интернет-пребарувачот „Мозила фајрфокс“ воведува нова функција „Контроли на ВИ“ што ќе им овозможува на корисниците веднаш да ги тргнат вградените алатки со вештачка интелигенција (ВИ) со еден прекинувач, давајќи им целосна контрола врз тоа како функционира ВИ во пребарувачот. Така, корисниците ќе можат да ги блокираат сите или некои ВИ-функции на „Фајрфокс“, или пак, да задржат и вратат дел од нив. Опцијата, наречена „Блокирај подобрувања на ...

Популарниот американски актер Чарли Шин некогаш беше една од најголемите ѕвезди на Холивуд, а денес неговото име често се поврзува со скандали, неуспешни бракови и борба со сериозна болест. Во едно интервју, тој го опиша својот живот во три збора: дрога, секс и алкохол. Најголема слава стекна во серијата „Два ипол мажи“, благодарение на која беше најплатен телевизиски актер од 2003 до 2011 година, со хонорар од 1,8 милиони долари по епизода. ...

Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени. Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот ...

Најкраткиот тест за интелигенција во светот има само три прашања, но малкумина успеваат точно да ги решат. Станува збор за „Cognitive Reflection Test“, осмислен во 2005 година од психологот Шејн Фредерик, денес професор на „Yale School of Management“. Иако тестот постои речиси две децении, во последните месеци повторно стана популарен на социјалните мрежи, особено на Тикток. Целта на тестот не е да го мери општото знаење, туку способноста на ...

Долниот дом на Конгресот на Аргентина го одобри контроверзниот закон за реформа на трудот, поддржан од претседателот Хавиер Милеи, и покрај тоа што синдикатите се спротивставија на промените што организираа национален штрајк што затвори делови од земјата. Законот, кој беше усвоен со 135 гласови против и 115 против, им дава на работодавците поголема флексибилност во вработувањето, отпуштањето, раскинувањето на договорите за вработување и ...

Од 9:00 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонијапат“. Претходно, поради обилни врнежи од снег, од 6:50 часот беше воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража. Надлежните апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на ...

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.62
81%
1028
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.53
75%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -3ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Калај

50.64

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66

Цинк

3.24

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85