Иако сè уште не е ни јуни, веќе оваа недела нè очекуваат температури до 30 степени Целзиусови. Знаеме дека за возилото треба посебно да се грижиме во зима, но автомобилите всушност многу потешко ги поднесуваат високите температури. Според статистиките на авто-клубовите, значително повеќе интервенции има во лето на високи температури отколку во зима на ниски, а списокот на причини е долг. Британскиот „RAC“ пред неколку години објави дека се ...

Запленивме половина милион евра кеш, 25 илјади парчиња лекови и медицински инструменти, во тек е истрага за заплена на 80 килограми марихуана по информација на царинското разузнавање, а веќе неколку месеци во тек е и опсежна истрага за акцизна стока која досега било незамисливо некој воопшто да работи на ова. Стекнатата доверба на меѓународно ниво е клучна за добивање и размена на информации во нулта време. Една институција може многу да ...

Во рамки на националната кампања под мотото „Органдонорството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, д-р Никола Ѓорѓиевски, директор на Универзитетската клиника за нефрологија потстетува на важноста на солидарноста при чинот на дарување органи. -Сите заедно треба да бидеме солидарни и хумани и да го поддржиме органдонорството како најхуман чин што помага на многу животи и на многу пациенти, коишто имаат потреба од донирање органи. Затоа, ...

На повеќе места утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ...

Во време кога паметните телефони снимаат фотографии со речиси професионален квалитет, сè повеќе млади луѓе намерно се враќаат на старите дигитални камери од пред 15 или 20 години. На TikTok и Instagram веќе со месеци кружи нов тренд: фотографии со блиц, зрнест изглед, изгорени светла и „несовршен“ квалитет кој потсетува на почетокот на Facebook ерата. Модели како старите Canon PowerShot, Sony Cyber-shot или Nikon Coolpix повторно се бараат по ...

Ако се чувствувате преоптоварени од навидум бесконечна листа на обврски, можеби е време да забавите. Ако се чувствувате преоптоварени од навидум бесконечна листа на обврски, можеби е време да забавите – или уште подобро, да го примените терминот „slowmaxxing“. Во својата суштина, овој тренд е за ставање мала кочница во нашите зафатени денови за да можеме да бидеме повеќе присутни во моментот. „Времето се чувствува поизобилно кога не брзаме ...

Смртта на 33-годишната манекенка и актерка Твиша Шарма, која беше пронајдена мртва во семејниот дом во Бопал на 12 мај, привлече големо медиумско внимание во Индија и отвори спор околу тоа дали станува збор за убиство или самоубиство. Твиша Шарма беше во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг кога беше пронајдена мртва. Нејзиното семејство тврди дека нејзиниот сопруг и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја ...

Боливискиот Парламент синоќа го укина законот што строго го регулираше прогласувањето вонредна состојба, со што му овозможи на претседателот Родриго Пас поголема слобода да ја ангажира армијата и да ограничи одредени граѓански слободи како одговор на актуелните протести за негова оставка. Со повеќе од две третини од гласовите Долниот дом на Парламентот ја укина одредбата што беше во сила од 2020 година и која ги ограничуваше овластувањата на ...

Канада синоќа соопшти дека ќе воведе привремена забрана за влез на нејзина територија за државјани и жители на Демократската Република Конго, Уганда и на Јужен Судан, како мерка поврзана со епидемијата на ебола во Африка. Забраната ќе важи 90 дена, почнувајќи од денес, со цел да се намали ризикот од внесување и ширење на вирусот ебола во земјата, соопшти канадската Влада. Светската здравствена организација претходно го зголеми нивото на ризик ...

Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година. Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025. Според последните проекции на Евростат населението на ЕУ се очекува да се намали за 11,7% до 2100 година, што значи 53 милиони луѓе помалку до стартот на следнот век. Според проекциите, ...

Војната во Иран продолжува да ја тестира отпорноста на банките и претпријатијата во ЕУ, при што растот на цените на енергијата ја зголемува инфлацијата и го нарушува економскиот раст, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). – Сегашниот шок во снабдувањето со енергија носи нагорни ризици за инфлацијата и надолни ризици за економскиот раст – изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, цитиран во соопштение за медиумите во врска ...

Квалитетот на јавните политики, нивната предвидливост и начинот на кој се вклучуваат засегнатите страни во процесот на нивно креирање се важни предуслови за подобро деловно окружување, значајни иновации, поголема конкурентност и долгорочно одржлив економски развој. Ова беше во фокусот на работниот дијалог „Редефинирање на креирањето јавни политики: од консултации до заедничко создавање“, организиран од Американската стопанска комора (АмЧам) ...

Пролетта е време на промени, нови почетоци и емоции што се будат по долгата и тешка зима. Додека за некои следните неколку недели ќе поминат мирно и без поголеми изненадувања, одредени хороскопски знаци би можеле да доживеат промени до крајот на пролетта што целосно ќе ги променат одвнатре. Астрологијата покажува дека токму сега влегуваат во период во кој појасно ќе видат што сакаат, но и што повеќе не сакаат во својот живот. Близнаци ...

Градот Скопје и Министерството за култура и туризам денес потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на културата, туризмот и културно-туристичката понуда на главниот град. Меморандумот, потпишан од градоначалникот на Град Скопје и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, претставува важен чекор во подготовките за „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ и има за цел посилна институционална координација во развојот и ...

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Хрватска, соопшти хрватската сеизмолошка служба. Епицентарот бил на околу осум километри од Петриња, а потресот е регистриран во 9:51 часот. „Денес, на 27 мај 2026 година, во 9:51 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба регистрираа умерен земјотрес со епицентар на 8 километри од Петриња. Магнитудата изнесуваше 3,7 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот ...

Бројот потврдени случаи на инфекција со хантавирус поврзани со првичното избувнување на заразата на холандскиот крузер се зголеми на 13, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“ наведе дека Шпанија пријавила нов случај кај патник во изолација, со што вкупниот број на заразени се искачи на 13. Тој додаде дека досега има три смртни случаи, но дека од 2 ...

Јапонскиот Парламент денеска усвои закон со кој се одобрува формирање нов орган за разузнавање, што претставува клучен чекор во плановите на премиерката Санае Такаичи за зајакнување на безбедносниот систем на земјата. Со новата реформа се предвидува создавање Национално биро за разузнавање, тело што ќе ги обедини разузнавачките информации што досега беа распределени на повеќе институции меѓу кои полицијата, Министерството за надворешни работи ...

Фудбалерот од средниот ред на Милан и хрватски репрезентативец Лука Модриќ, ќе го објави своето пензионирање по Светското првенство во 2026 година, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи. Модриќ во септември ќе наполни 41 година. Хрватот се приклучи на италијанскиот клуб минатото лето како слободен играч. Неговиот тековен договор со Милан е до крајот на јуни 2026 година, со можност за продолжување. „Transfermarkt“ ја проценува ...

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, информира за состојбата на напаѓачот Лионел Меси. – Првичните резултати по повредата не се толку лоши. Треба да видиме како ќе се опорави, а исто така да почекаме дополнителни тестови за да ги потврдиме првичните медицински наоди, изјави Скалони за „ESPN“. Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во 73. минута од натпреварот од регуларната сезона на МЛС помеѓу Интер ...

Почитувани граѓани од исламска вероисповед, по повод големиот празник Курбан Бајрам упатувам искрени честитки до вас и вашите семејства, со желби за добро здравје, мир, спокој и благосостојба во секој дом, пишува во својата честитка на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски. Курбан Бајрам нѐ потсетува на вредностите на солидарноста, човечноста, меѓусебната почит и грижата за ближните. Во духот на празникот, да продолжиме ...

Исчезната е Лидија Велковска Бојчевска од Скопје. Жената има деменција, а нејзиното семејство вчера објави апел за помош при наоѓање на нивната најблиска. Според информациите, жената последен пат била видена вчера околу 15:15 часот во дворот на училиштето „Петар Поп Арсов“. Од тој момент се губи секаква трага. Семејството во објава на Фејсбук наведува дека во моментот на исчезнувањето Лидија била облечена во розови тренерки и блуза со ...

Кафето содржи кофеин, кој ја зголемува будноста преку стимулирање на нервниот систем. Неговите ефекти варираат во зависност од индивидуалните разлики, како и од тоа колку и колку често го консумирате. Кофеинот ве прави да се чувствувате будни бидејќи ги блокира рецепторите за аденозин во вашиот мозок. Аденозинот е хемикалија која се акумулира додека вашето тело троши енергија во текот на денот, кажувајќи му на вашиот мозок дека е време за ...

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ...

Дали некогаш сте се запрашале кој европски град има најмногу мостови? Ако прво ви паѓаат на ум Венеција, Рим, Лондон или Амстердам, далеку сте од вистината. Париз е украсен со 37 мостови, Лондон само 35, Венеција 435, Амстердам дури 1.200, но тоа е сепак неспоредливо помалку од европскиот и светскиот рекорд – Хамбург. Според Гинисовата книга на рекорди, во Хамбург има помеѓу 2.300 и 2.500 мостови. На прв поглед изгледа неверојатно, но постои ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 140 украински беспилотни летала над повеќе руски региони. Според соопштението, дроновите биле соборени во периодот од 20:00 часот на 26 мај до 07:00 часот на 27 мај по московско време. Украинските беспилотни летала, како што наведуваат руските власти, биле уништени над регионите Белгород, Волгоград, Воронеж, Курск, Орел и Тула, како и над Краснодарскиот ...

Поранешниот германски канцелар, Олаф Шолц, ја отфрли можноста за формирање малцинска влада со поддршка од крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), предупредувајќи дека останатите партии треба да продолжат со нејзино политичко изолирање. Шолц изјави дека одредени конзервативни кругови сметаат дека во Германија постои мнозинство за спроведување десни политики, но нагласи дека таква политичка конфигурација не е ниту ...

Парламентот на Република Српска, една од двете ентитетски единици во Босна и Херцеговина, усвои декларација со која се бара итно укинување на функцијата на високиот претставник на меѓународната заедница во земјата. Со Декларацијата предложена од претседателот на Парламентот Ненад Стевандиќ, Народното собрание на Република Српска упатува официјално барање до Советот за безбедност на ОН за донесување резолуција за прекин на мандатот на високиот ...

Насловот ќе беше соодветен и да гласеше: границите на глупоста. Иако малку ќе „замирисуваше“ на оксиморон зашто граници на глупоста – нема. И тоа е ноторен факт, а многумина кај нас се нагледен пример дека глупоста е безгранична. Но истото, важи и за неодговорноста. Таа, неодговорноста, и глупоста одат рака под рака, се надополнуваат и ги надминуваат сите потенцијални граници. И тоа го докажуваат од ден во ден, од час во час, со сите сили и ...

„Требат тони грижи на појќе поколенија / за да се истријат тие петна / на срам од себеси, од себепремолчување…. /И ако така уште постоиме, / не ќе постоиме!… / Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде / да не би одново да Те раздадеме!“, напиша Гане Тодоровски во својата монументална песна „Македонски монолог“ како негова пророчка предупреда до македонскиот народ уште во 1969 година. Уште тогаш тој кажа визионерски дека „не ќе постоиме, ако ...

Кога сакате нешто лесно, а сепак богато со вкус – овие ролнички од модри патлиџан се вистински избор. Потребни состојки за ролничките: 2 модри патлиџани За филот: 150 грама рендана моцарела 50 грама рендан пармезан 100 грама крем сирење (на собна температура) 100 грама урда 100 грама сирење 1 јајце 2 лажици ситно сечкан босилек 4 лажици ситно сечкан магдонос 1/2 лажица ситно сечкан власец 1/2 мала лажичка бибер 2 мали лажички лук во прав ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.21
51%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 24ᴼ
1.36
48%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.26
66%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.68
67%
1019
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.85
43%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
0.98
62%
1017
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
52%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.22
61%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.14
74%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.34
40%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
1.79
35%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 21ᴼ
5.0
74%
1018
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3447

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Бакар

13.02

Цинк

0.00

Платина

57581.99

Родиум

257205.97

Калај

54.89

Паладиум

42889.10

Сребро

2263.61

Алуминиум

3.35

Злато

139701.84

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39