Повратен билет чини околу 9 евра, додека ноќевање може да се најде од само 41 евро. Во време кога многу туристички дестинации станаа недостапни за просечниот буџет, Егина останува редок достапен остров кој комбинира квалитетен одмор, добра храна и мирна атмосфера, далеку од гужвите и масовниот туризам. Иако се смета за викенд дестинација за Атињаните, Егина е многу повеќе од тоа. Тоа е остров со богата историја и препознатлив архитектонски ...

Утре, среда, 6. август, во 14 часот, во православниот храм “Св.Јован Крстител” во општина Аеродром кај мостот Близнаци на реката Вардар, изграден под ктиторство на семејството Чифлиганец, ќе бидат изложени посмртните останки на прерано починатиот ДУШко Чифлиганец. Опело ќе отслужат свештени лица предводени од Поглаварот на МПЦ — ОА, Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан. Семејството Чифлиганец изразува огромна благодарност за ...

Едно лице загина во тепачка што се случила во Психијатриската болница во Бардовци помеѓу двајца осуденици. Според информациите на МВР, синоќа во полиција е пријавено дека околу 00:50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопјe“ во Бардовци, во просторијата на судското одделение, се случила физичка пресметка помеѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, Скопско. Во исто време, од удар со стаклено ...

На 04.08.2025 во 15:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(48) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле ...

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени, обвини СДСМ. Според партијата, тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија. „Со оваа неспособна Влада: пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува, ...

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 ...

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата Пинк. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар. Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата Пинк, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниту еден цел збор. Водителите го прашаа неколку пати дали се чувствува добро, но тој не ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно упати жестоки критики за дивоградбите во скопската општина Чаир, овојпат преку статус на својот „Фејсбук“ профил. Таа директно го прозва градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како и Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. „Вики, нели во Чаир немало темели за 50 нови дивоградби? Ајде брои ги, да видиш колку брзо ќе стигнеме до ...

Видео стана вирално на социјални мрежи но не поради некое достигнување, туку поради безобразно и безобѕирно управување со автомобил од страна на млади момчиња. На видеото објавено на неколку социјални мрежи се гледа како автомобил, без регистарски таблички и видно оштетен во предниот дел превезува неколку момчиња од кои едното е качено на хаубата, а второто (совозачот) ја има отворено вратата и стои на прагот од автомобилот. Сето ова се ...

Пожарот што синоќа избувна во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите од надлежните, огнот зафатил магацински простор и канцеларии, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење. Пожарот бил пријавен околу 22 часот. Горел магацин каде што имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски простории со документација. Во гаснењето ...

УХМР со информација за наврнат воден талог во изминатите 24 часа (l/m²). 91 Крива Паланка, 68 Виница, 46 Берово, 27 Прилеп, 16 Тетово, 14 Штип, 13 Скопје-Петровец, 9 Битола, 7 Куманово, Крушево, 5 Демир Капија, 2 Претор. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од ...

Македонија добива нови амбасадори во четири дипломатски мисии – во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија. Дел од назначените се поранешни пратеници, а дел искусни дипломати кои веќе раководеле со амбасади. Според информации на Телма пред околу две недели биле одобрени четири имиња. Во новоотворената амбасада на Македонија во Ријад ќе замине Салим Сулејмани, поранешен пратеник кој во мај поднесе оставка и се повлече од сите функции во ...

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле 37-годишниот С.К. од селото Таринци, општина Карбинци, поради сомнение за напад врз сопственото семејство. Според пријавата, С.К. во дворот на родителите на својата сопруга физички ја нападнал неа, како и нејзиниот брат, мајка и татко, користејќи остар и тврд предмет. Повредените биле веднаш пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што на мајката и братот им биле констатирани тешки телесни ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален претставник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, можеби во среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции кон Русија ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето санкции. Тие се лукави ликови и се доста добри во избегнувањето санкции, па ќе видиме што ќе се случи“, рече ...

Екстремната жештина во Португалија минатата недела уби 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години. Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да ја погоди земјата до 7 август. Португалското ...

Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,533 ...

Доколку планирате патување, проверете колку ќе ве чини престојот, бидејќи нова студија од американска финансиска компанија открива драстични разлики во цените низ целиот свет. Исланд се покажа како најскапа туристичка дестинација, каде што просечната дневна цена за сместување, превоз и оброци изнесува околу 344,82 евра. Стапката на инфлација од 5,5 проценти, исто така, придонесува за ова- пишува Каматица. „Флуктуациите на валутата можат ...

Физиотерапевтите се сè погласни во препораката дека е добро, барем повремено, да ја заменувате столицата со пилатес топка. Пилатес топките често се препорачуваат за луѓе кои страдаат од болки во вратот, грбот и рамената. Иако многумина ќе помислат дека е тешко да се седи на топка за пилатес, сепак тоа не е невозможно. Тим Даунлинг, дописник за британски Guardian, кој започна со оваа фитнес авантура, вели дека седењето на топката ја намалило ...

Кога ни се спие, едвај ги држиме очите отворени, концентрацијата ни паѓа, а мозокот испраќа јасна порака: време е за одмор. Ново истражување засновано на проучување на овошни мушички, кои често се користат во лабораториски услови, нуди увид во потеклото на оваа биолошка порака и ни дава подлабоко разбирање за потребата од сон на клеточно ниво, пишува „Саенс алерт“. Научниците од Универзитетот Оксфорд во Велика Британија ги идентификувале ...

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста, кој беше уапсен во саботата доцна навечер пред настапот закажан во Охрид, Македонија поради наводно поседување дрога, го напушти притворот. Раста ја напуштил полициската станица под полициска придружба и бил однесен во Основниот суд, каде треба да даде исказ. Потоа судијата ќе донесе конечна одлука дали ќе биде ослободен или ќе му биде продолжен притворот. За потсетување, српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста беше на 2 ...

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство. На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши ...

Почина Душко Чифлиганец, извршен потпретседател во Адора Бизнис Груп и Коосновач на Prime Capital by Adora, инаку син на познатиот македонски бизнисмен и општественик, Ванчо Чифлиганец. Како што јавија повеќе домашни медиуми, за Чифлиганец кобна била мототрка во Брно, Чешка, на која што се натпреварувал и каде што доживеал несреќа. Бил хоспитализиран, но подоцна им подлегнал на повредите. Веста ја пренесоа речиси сите медиуми во државата, ...

Во Македонија август започнува со нешто посвежи денови, но веќе по 10 август повторно ќе се врати вистинското лето со температури блиску до 40°C. Од 3 до 9 август – релативно пријатен период Температурите ќе се движат меѓу 27°C и 35°C. Недела (3 август) ќе донесе максимум од 35°C, а од понеделник до сабота (4–9 август) дневните температури ќе паднат на 27–31°C, со посвежи утра од 14–19°C. Од 10 август – силен повраток на топлотниот бран На 10 ...

Почина Душко Чифлиганец, извршен потпретседател во Адора Бизнис Груп и Коосновач на Prime Capital by Adora, инаку син на познатиот македонски бизнисмен и општественик, Ванчо Чифлиганец. Како што јавија повеќе домашни медиуми, за Чифлиганец кобна била мототрка во Брно, Чешка, на која што се натпреварувал и каде што доживеал несреќа. Бил хоспитализиран, но подоцна им подлегнал на повредите. Веста ја пренесоа речиси сите медиуми во државата, ...

Следниот неработен ден доаѓа 28 август 2025 и се паѓа во четврток, а важи за православните верници, поради празникот Успение на Пресвета Богородица. За сите граѓани на РСМ: 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”. За граѓаните од православна вероисповед: 28 август (четврток), ...

Во Крива Паланка покрената граѓанска иницијатива за изградба на Православен крст над градот. – Драги сограѓани, Со љубов кон верата, традицијата и заедничката духовност, ја започнуваме иницијативата за изградба на православен крст на возвишението над Крива Паланка – симбол на нашата вера и заедништво. Овој крст ќе биде место за молитва и духовен мир, белег на нашата општина за генерации што доаѓаат. Според планот, осветувањето на крстот ќе се ...

Вчера околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска од Крушево го честита 2 Август, Денот на Републиката – Илинден. „Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, и тој од 1903-та и тој од 1944-та и АСНОМ. Мора прво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, ...

Љубителите на кафе ова лето имаат нов омилен пијалак – еспресо тоник, освежително и стилско безалкохолно кафе кое ги освои социјалните мрежи и менито на бројни кафулиња ширум светот. Комбинацијата која на прв поглед изгледа необично, всушност нуди свеж, горко-слаткаст и длабок вкус кој совршено се вклопува во жешките летни денови. Станува збор за пијалок кој има само два главни состојки: двојно еспресо и тоник вода. Но, и покрај едноставната ...

Традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи малиот Илинденскиот пливачки маратон во организација на П.К. „Охридски бранови 2008”-Oхрид. Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското Езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км., а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот. Првиот старт ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
77%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.66
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.48
71%
1028
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 3ᴼ
0.66
76%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
69%
1025
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
78%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
74%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Платина

68963.35

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Родиум

372948.66

Калај

50.64

Цинк

3.24