„Атлантик група“ и „Пипи бевериџис“потпишаа договор за стратешко партнерство, со кое „Атлантик“ станува дистрибутер на еден од најпознатите регионални безалкохолни пијалаци. Договорот стапува на сила на 1 ноември, по што „Атлантик“ најпрво ќе ги дистрибуира производите на „Пипи“ низ цела Хрватска, а подоцна се планира „Атлантик“ да го преземе и пазарот на Словенија. Симболично, договорот беше потпишан на сплитските Баќвице, место кое ...

Просечната цена на пинта пиво (0,57 литри) во Обединетото Кралство оваа година порасна за 6% на годишно ниво, достигнувајќи 5,5 фунти (6,49 евра), додека целата индустрија се соочува со притисоци од зголемените трошоци и новите трендови кај потрошувачите. Како што и се очекува, пинтата е најскапа во Лондон, каде што во просек чини 6,83 фунти (8,02 евра), но има и градови како Хал и Бредфорд, каде што може да се испие пиво за помалку од четири ...

Трговскиот синџир „Унимаркт“ одлучи да ја затвори својата малопродажна мрежа во Австрија и да продаде повеќе од 90 продавници на конкуренцијата. Одлуката доаѓа само неколку месеци по одбележувањето на 50-годишнината од основањето на компанијата, со што завршува половина век историја на овој синџир, основан во 1975 година. Околу 120 вработени во седиштето во Траун и 500 вработени во продавниците се пријавени во австриската служба за ...

По повод Меѓународниот ден на свесноста за фрлањето на храна, „Лидл“ - Хрватска ги соопшти своите планови за значително проширување на соработката со Банките за храна, „Каритас“ и градските друштва на Црвениот крст во Хрватска. Освен донациите на свежо овошје, зеленчук и пекарски производи, „Лидл“ спроведува и системски мерки за намалување на отпадот од храна. Компанијата во април 2024 година ја започна соработката со Банката за храна на ...

Групацијата „Фереро“ соопшти дека ја заврши на аквизицијата на компанијата „Келог“, вредна околу 3,1 милијарда долари. Трансакцијата првично беше објавена во јули 2025 година, а акционерите на „Вк Келог Ко“ ја одобрија на 19 септември. Според соопштението на „Фереро“ аквизицијата го поддржува стратешкиот план за раст во Северна Америка и го проширува присуството на компанијата преку повеќе потрошувачки можности со брендови кои потрошувачите ...

Проф. д-р Ристе Темјановски е редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Со богата академска и истражувачка кариера, тој е еден од водечките експерти во областа на транспортот, логистиката, регионалната економија и претприемништвото во земјава. Автор е на над 170 научни трудови и 15 академски книги, а неговото долгогодишно искуство успешно го пренесува и во практични и едукативни проекти од национално и ...

Малопродажбата во Словенија има пораст за 0,7% на годишно ниво во август, по падот од 0,6% во претходниот месец, соопшти статистичкиот завод, пренесува „Сибиз“. Прометот во малопродажбата се зголеми за 0,3% во август во споредба со претходниот месец, наведува заводот. Во периодот јануари–август, оборотот во малопродажбата порасна за 1,4% во однос на истиот период лани. Во малопродажбата на непрехранбени производи е забележан раст од 2,4%, во ...

Во август годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,9 отсто и е намалена за 0,01 процентен поен (п.п.) на месечно ниво и 0,54 п.п. на годишна основа. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 отсто, информира Народната банка (НБ). При тоа, како што се посочува, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е повисока за 0,06 п.п. ...

Германците секоја година фрлаат речиси 11 милиони метрички тони храна, изјави Алоис Рајнер, министер за земјоделство, за агенцијата „Дпа“, пред почетокот на националната кампања за подигнување на свеста „Пребогато за корпата“. Овој огромен губиток на вредни ресурси може да се намали само со заедничко дејствување, изјави Рајнер. Министерството за земјоделство смета дека 60% од отпадот потекнува од приватните домаќинства.Германските ...

Скопје доби ново катче за дружба, компанијата „Бадел 1862“ го прослави отворањето на Пелин-Парк со отворен настан за граѓаните кои уживаа во новиот изглед на паркот зад полициската станица „Беко“. Компанијата „Бадел 1862“, под капата на брендот Pelinkovac, со овој проект целосно ја обнови и збогати урбаната опрема. Паркот доби и целосно ново хортикултурно уредување со растенија кои одговараат на условите и местоположбата на локацијата, а ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека од 1 октомври САД ќе воведат 100% царина на „секој брендиран или патентиран фармацевтски производ“ што влегува во земјата. Мерката нема да се применува за компании кои градат фабрики за производство на лекови во САД, изјавиТрамп, додавајќи дека ослободувањето важи и за проекти каде што изградбата веќе е започната, вклучувајќи локации што се во фаза на подготовка на теренот или веќе се во ...

„Алди“ воведува промени во своите амбалажите на своите производи во САД, ставајќи го своето име на секој производ и лансирајќи прв бренд под сопствено име, со цел неговите брендови да станат уште попрепознатливи за купувачите. Новиот изглед и чувство на нашите производи е следниот чекор во нашата мисија за модернизација на поедноставено и побрзо искуство при купување. Сега е полесно од кога било за купувачите веднаш да ја препознаат вредноста ...

„Лидл“ продолжува да ја шири својата продажна мрежа низ Србија и на 2 октомври ќе ја отвори својата прва продавница во Шид, на адреса Сремски фронт 1А. Со нетрпение очекуваме наскоро да им понудиме на жителите на Шид и околината, преку нашиот внимателно одбран асортиман, најдобар сооднос цена и квалитет. Веруваме дека со тоа, но и со целокупното искуство на купувањето во „Лидл“ ќе ја стекнеме довербата на потрошувачите и во овој град и ќе ги ...

„Кауфланд“ официјално ја пушти во употреба новата фотоволтаична електрана на покривот од својот логистичко-дистрибутивен центар во Јастребарско, во која се инвестирани 1,3 милиони евра. Соларните панели се поставени на две хали и покриваат речиси 10.000 квадратни метри, соопшти компанијата. Со планирано годишно производство од 2.192.384 kWh, електраната ќе обезбеди повеќе од 30% од потребната електрична енергија за центарот, додека ...

Францускиот малопродажен гигант наводно се подготвува да ги продаде своите деловни операции во Полска, кои вклучуваат околу 800 продавници и 40 трговски центри. Неколку француски медиуми, вклучително и „Ла летр“, известуваат дека „Карфур“ ангажирал финансиски советници од „Џ.П. Морган“ за да управуваат со продажбата, при што „data room“ (простор за разгледување на финансиската документација) е веќе отворен за потенцијалните купувачи, ...

„Кауфланд“ официјално ја пушти во употреба новата фотоволтаична електрана на покривот од својот логистичко-дистрибутивен центар во Јастребарско, во која се инвестирани 1,3 милиони евра. Соларните панели се поставени на две хали и покриваат речиси 10.000 квадратни метри, соопшти компанијата. Со планирано годишно производство од 2.192.384 kWh, електраната ќе обезбеди повеќе од 30% од потребната електрична енергија за центарот, додека ...

Трговскиот синџир „Шпар“ отвори нова продавница во главниот туристички дел на Порторож. Објектот се состои од приземје, каде што се наоѓа продавницата, и кат со пространа тераса, во чии рамки во ноември ќе биде отворен угостителски локал. Продавницата зафаќа повеќе од 1.000 квадратни метри и претставува модерен тип супермаркет. На располагање има паркинг за купувачите, а за пријатно искуство при купувањето ќе се грижи тим од 26 вработени. ...

Од крајот на август, цените на бисквитот Speculaas во Германија драматично се зголемија, па нивните залихи се натрупуваат на полиците во продавниците. Според пресметките на Институтот „НИКУ“, овој вид бисквит поскапел за дури 71 процент во споредба со 2021 година, пренесува „Билд“. Севкупно, цените на божиќните бисквити се зголемиле за 64 проценти во споредба со 2021 година. Најголемиот производител на овој бисквит компанијата „Боргеве“ од ...

Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, ...

Компанијата „Диа“ оваа година ќе инвестира 275 милиони евра за набавка на 78.000 тони месо од шпански добавувачи, што претставува пораст од 40% во однос на минатата година. Исто така, како и минатата година, сите видови месо под трговската марка Selección de Dia се од локално потекло. За да го обезбеди целиот асортиман, компанијата соработува со околу 60 добавувачи низ целата земја. Нашата стратегија се заснова на блискост и споделување ...

Не, не е грешка во насловот. Затоа што вработените го креираат искуството на купувачот. До пред некоја деценија купувањето беше повеќе од избор на производ. Беше ритуал. Беше семејна прошетка, уникатно искуство. Беше средба. Беше „Здраво, како е свекрва ти?“ од газдарицата, додека ти ги пакува производите во кеса. „Имаме многу слатки праски. Домашни се:“ Денес, сè почесто е само „Следен!“ од касата, додека машината ти го брои кусурот. Пишува: ...

Компанијата „Премиер фудс“ ги најави плановите за вложување 19 милиони фунти во својот погон во Лифтон (Девон), каде што повеќе од еден век се произведуваат производите на брендот Ambrosia. Целта на оваа инвестиција, како што истакнуваат од компанијата, е зголемување на производните капацитети како одговор на растечката побарувачка од потрошувачите, унапредување на ефикасноста и поддршка на локалните работни места. Тригодишната инвестиција, ...

Производите со ознака на потекло „Made in Germany“ (произведено во Германија), според едно истражување, уживаат најголем меѓународен углед. Оваа ознака потрошувачите ширум светот ја сметаат за најдоверлива, дури и пред соодветната ознака на Швајцарија, се наведува во анкетата на Институтот за истражување на пазарот од Нирнберг. Според анкетата, 66 отсто од испитаниците имаат доверба во производите „Made in Germany“, а на второ и трето место ...

Компанијата „Марс“ соопшти дека сите нејзини фабрики за низ Европа преминаа на снабдување со енергија исклучиво од обновливи извори. Овој значаен чекор е остварен по повеќегодишни инвестиции во производната мрежа во ЕУ, вклучително и 1,5 милијарди евра вложени во последните пет години. Уште во 2016 година, „Марс“ ја отвори својата прва ветерна електрана во Европа, а во изминатата деценија успеа да ги префрли сите свои погони за производство ...

Вчера арената „Тодор Проески“ беше исполнета со детски чекори, насмевки и аплаузи – на третото издание на „Виталиа Детската трка“! Над 800 деца и повеќе од 2.500 посетители ја претворија атлетската патека во сцена на најмасовниот и највеселиот спортски настан за најмладите во Македонија. Атмосферата беше вистински спектакл – трибините преполни со родители и другарчиња, гласна поддршка од публиката и радосни извици што одекнуваа до Градскиот ...

Во септември 2025 година, според прелиминарната проценка на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања индексот на доверба на потрошувачите пораснал за 0,5 процентни поени во ЕУ и за 0,6 процентни поени во еврозоната. Индексот моментално изнесува -14,3 поени во ЕУ и -14,9 поени во еврозоната, при што довербата на потрошувачите се задржува на претежно рамномерен тренд, значително под својот историски просек уште од април 2025 ...

„Пиварa Скопје“ го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина, „Пиварa Скопје“, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде препознатливо по својот автентичен македонски потпис. Скопско Weiss е создадено со ...

Според податоците на компанијата за анализа на податоци „Еуромонитор интернационал“, пазарот на безалкохолни пијалаци во РС Македонија во 2024 година бележеше умерен пораст на волуменската и силен пораст на вредносната продажба во малопродажбата. Тоа се случи во услови на стабилна потрошувачка и постепено намалување на порастот на цените по високата инфлација од претходните години. Извор: „Еуромонитор интернационал“ Пакуваната вода, како ...

По долги преговори, кои беа забрзани по зголемувањето на американските царини, Индонезија и Европската унија во Бали постигнаа договор за слободна трговија. Сеопфатниот договор за економско партнерство,кој го парафираа Ерланга Хартарто, индонезискиот министер за економија, и Марош Шефчович, европскиот комесар за трговија, ќе ја олесни трговијата меѓу 27-те земји членки на Унијата и најголемата економија во Југоисточна Азија. ЕУ и Индонезија ...

„Аб Инбев“ и „Нетфлис“ објавија дека започнуваат глобално партнерство што ги поврзува некои од најпознатите светски брендови на пиво со една од најпопуларните забавни платформи. Преку својот глобален портфолио на брендови, „Аб Инбев“ ќе соработува со „Нетфликс“ на заеднички маркетинг-кампањи, кои ќе бидат оживеани преку некои од најгледаните глобални и регионални наслови на „Нетфликс“, како што се „The Gentlemen“ од Обединетото Кралство, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
54%
1027
weather icon

Загреб

10ᴼ / 7ᴼ
0.51
67%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 6ᴼ
3.6
60%
1030
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.88
59%
1030
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
54%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
62%
1031
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
58%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
49%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Родиум

368126.05

Алуминиум

3.29

Паладиум

51794.85

Бакар

11.75

Платина

67998.83

Цинк

3.27

Злато

163613.54

Кобалт

66.14

Сребро

2648.90

Калај

50.04

Иридиум

229769.28

Рутениум

45750.51