Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека спортската сала „Расадник“ по три децении повторно е ставена во функција и ќе биде дом на Вардар. Ѓорѓиевски ја опиша обновата на салата како еден од своите најзначајни проекти, потсетувајќи дека објектот бил затекнат во лоша состојба. „Расадник е име кое многу значи за Кисела Вода, за Скопје, за Вардар и за македонскиот спорт. Оваа сала памети славни спортски моменти, големи ...
Спортската сала „Расадник“ по долг период на реконструкција од денес е пуштена во употреба. Со тоа, Кисела Вода доби модерна спортска сала со капацитет од околу 1.000 гледачи. На отворањето присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека станува збор за еден од најсовремените објекти од ваков тип во државата. „Условите се навистина светски, европски. Можеби во моментот најсовремен ваков објект од овој карактер на ниво на цела ...
Вулканот Марапи во Индонезија повторно еруптираше, исфрлајќи пепел на небото над Западна Суматра. Властите соопштија дека ерупцијата исфрлила облак од пепел, висок околу два километри во атмосферата. More video of today’s eruption from Russia’s Shiveluch volcano in Kamchatka. The volcano sent ash up to around 12 km into the atmosphere, triggering a red aviation warning. Марина Коллегова pic.twitter.com/yKs9dEVyOl — Volcaholic (@volcaholic1) ...
„Размената на информации помеѓу Царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт, или таканаречени „зелени ленти“ ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на ...
По исклучително тежок и турбулентен викенд во Чешка, исполнет со бројни предизвици, но и со освоено трето место на подиумот, трикратниот европски шампион Стефановски овој викенд со нов настап во Германија на легендарната трка Glasbachrennen. „За жал, последиците од силниот удар што го доживеав при првото возење во Чешка сѐ уште се чувствуваат. И покрај огромниот напор на мојот тим, автомобилот не е целосно вратен во состојбата во која беше ...
Иранските власти го повторија своето тврдење дека преминот низ Ормускиот теснец е целосно блокиран, а новоформираната Управа за теснецот Персискиот Залив (PGSA) – тело создадено од Техеран за контрола на пловидбата низ овој тесен и стратешки клучен морски премин – официјално објави дека водниот пат е затворен „до понатамошно известување“. „Со оглед на тензиите предизвикани во регионот од страна на агресорните американски сили и синоќешната ...
„Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува. Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети“, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и ...
Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3×3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје. На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини. Настанот ќе се одржи на целосно обновениот ...
Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, но попладневните и вечерните часови повторно носат услови за локална нестабилност и невреме. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот температурите ќе достигнат од 24 до 33 степени, при што најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата. Попладне и во текот на ноќта на повеќе места се очекуваат повремени врнежи ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори четвртата седница на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА III, организирана во соработка со Европската комисија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека Инструментот за претпристапна помош (ИПА) продолжува да биде еден од најзначајните механизми за поддршка на ...
ФИФА, по состанокот во Сиудад де Мексико, најави радикални промени во Правилникот за трансфери, кои ќе стапат во сила на 1 јануари 2027 година. Новите одредби, кои се резултат на двегодишни преговори и судски спорови со синдикатот на фудбалери „ФИФПро“ (FIFPro), здруженијата на лиги и европските клубови, носат револуција во системот што е воспоставен уште во 2001 година. Меѓу најважните новини се задолжителното учество на играчот во износот ...
Археолозите во Кина направија извонредно откритие кое фрла нова светлина врз древната историја на производството на пиво. Во гробница стара повеќе од 2.300 години, лоцирана во близина на дел од Кинескиот ѕид, научниците пронајдоа бронзено шише исполнето со течност, за која подоцнежните анализи покажаа дека е древно пиво. Откритието е објавено во научното списание Journal of Archaeological Science и претставува еден од најзначајните докази за ...
Појавата на една од најпознатите морски грабливки во близина на медитеранскиот брег повторно го привлече вниманието на јавноста, откако беше објавена снимка од возрасна голема бела ајкула. Иако ваквите снимки кај многумина предизвикуваат страв, научниците нагласуваат дека нема причина за паника и дека туристите можат без грижа да уживаат на плажите. Според експертите, станува збор за првата видеоснимка од возрасна голема бела ајкула ...
Телохранител од Лион, чиј идентитет не е откриен, се соочува со судење под обвинение за дрогирање и силување на својата партнерка. Како што пренесува „Гардијан“, случајот е вознемирувачки поради откритието дека обвинетиот бил во контакт преку интернет со Доминик Пелико – човекот кој ја дрогираше и организираше силувањето на сопствената сопруга Жизел. Доминик Пелико, кој отслужува 20-годишна затворска казна за еден од најголемите сексуални ...
Иранското Министерство за надворешни работи остро ги осуди ноќните американски воздушни напади врз цели во земјата, оценувајќи дека со нив примирјето постигнато на 8 април станало „практично бесмислено“. Во соопштението се наведува дека нападите претставуваат кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право, како и на суверенитетот и територијалниот интегритет на Иран. Реакцијата следува откако американската војска втора ноќ по ред изврши ...
Петстотини и шеесет деветтоодделенци од сите основни училишта на територијата на Кисела Вода синоќа заеднички ја прославија својата полуматура. Под мотото „Спремни за средно!“, локалната самоуправа приреди голема бесплатна забава, одбележувајќи го крајот на основното образование за оваа генерација. Настанот се одржа во спортската сала „Независна Македонија“ и помина во извонредна атмосфера. За музичкиот дел се погрижија популарното дуо 2Bona ...
„Новиот бран поскапувања на основните прехранбени производи е уште еден доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема стратегија за справување со растот на трошоците за живот. Додека граѓаните секојдневно плаќаат сè поскап леб, брашно, тестенини и останати основни производи, власта се крие зад статистики и празни уверувања дека инфлацијата е под контрола. Реалноста во маркетите е сосема поинаква – секое одење во продавница значи помалку ...
Вкупно 22 држави, вклучително САД, Австралија и повеќето европски нации, како и Македонија, упатија остра порака до Техеран, барајќи итно прекинување на нападите врз поединци на нивна територија. Во заедничката изјава, потписничките ги осудија иранските разузнавачки служби за ангажирање на меѓународни криминални групи за спроведување атентати, киднапирања и застрашувања низ Европа, Северна Америка и Австралија. „Односот помеѓу иранските ...
Четврток, 11 јуни 2026 година, носи стабилна и практична енергија под влијание на Месечината во Бик, која го насочува вниманието кон финансиската сигурност, материјалните вредности и градењето долгорочни планови. Денот е поволен за решавање на деловни прашања, ревизија на буџетите и носење одлуки кои можат да имаат позитивно влијание во иднина. Во љубовта се бара искреност, стабилност и конкретни докази за внимание, додека на професионален ...
– Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и најчувствителните системи во државата, систем во кој секоја слабост ја чувствува пациентот, секоја одлука има човечка тежина, а секое одложување значи изгубено време за некого кому му е потребна грижа, истакна министерот за здравство, Азир ...
Неверојатен четврти натпревар од финалето на НБА плејофот во „Медисон Сквер Гарден“, одиграа Њујорк и Сан Антонио. На крајот, Никс победија со 107:106 за водство од 3:1 во серијата. Спарс имаа сè во свои раце, водеа со 29 поени разлика, а имаа огромна предност дури и во четвртата четвртина. Девет и пол минути пред крајот беше 95:75. Очекувано беше изедначување на 2:2 во серијата. Но тогаш се појавија Бренсон и Ануноби, ги шокираа Мамузите, ...
Во бањалучката населба Лауш утрово одекна силна експлозија кога била активирана експлозивна направа при празнење на контејнер, потврдено е за РТРС. За среќа, повредени лица нема, а експлозијата се случила околу 06:00 часот на улицата Владимир Роловиќ. Случајот во полиција го пријавил работник на претпријатието „Чистоќа а.д.“ Бања Лука. До детонацијата дошло во моментот кога сметот се товарал во камионот. Местото на експлозијата веднаш било ...
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп информираше дека успешно е завршена замената на сите рефлектори на стадионот со вештачка трева во населбата Типска, со што спортскиот објект повторно е целосно осветлен и подготвен за користење во вечерните часови. Од претпријатието посочуваат дека новоинсталираните рефлектори веќе се ставени во функција, што ќе им овозможи на спортските клубови, рекреативците и сите љубители на спортот да ...
Демагошката програма на СДС полна со празни и излитени флоскули, на Венко Филипче не му носи никакви позитивни резултати или пак посакуван ефект. Тоа го потврдуваат и последните анкети кои повторно покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти СДС, велат од владејачката партија преку соопштение. „Потиснат од ваквите резултати на јавното мислење, каде народот јасно потврдува дека не гледа опција во СДС, Филипче се впушта во романса со ...
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари. Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. ...
Во рамките на меѓународниот симпозиум во организација на Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина, одржан во Шангај, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на покана на гувернерот на Народната банка на Кина Пан Гонгшенг, оствари билатерална средба со својот кинески колега. За време на средбата беа разменети мислења за актуелните светски економски и финансиски текови, како и за предизвиците со кои се соочуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за „Фокс њуз“ дека директно разговарал со ирански претставници по последниот бран воздушни напади и дека тие лично побарале од него да го запре бомбардирањето на Иран. „Ударите наскоро ќе престанат“, изјавил Трамп, но истовремено упатил предупредување до Техеран дека нападите би можеле да продолжат доколку не биде постигнат конечен договор. Американскиот претседател додал дека ...
Американската вселенска агенција НАСА објави нови детали за мисијата „Артемис 3“, која е планирана за 2027 година и претставува еден од најважните чекори во подготовките за враќање на човечки екипаж на Месечината. Заедно со новите информации, агенцијата ги претстави и четирите астронаути кои ќе учествуваат во оваа историска мисија, како и резервниот член на екипажот. Мисијата „Артемис 3“ ќе има клучна улога во тестирањето на технологиите што ...
Христијан Мицкоски повторно застана против македонските земјоделци и уште еднаш го спаси својот министер Цветан Трипуновски. По директен налог на Мицкоски, пратениците на ВМРО и владејачкото мнозинство во Собранието гласаа против интерпелацијата за Трипуновски, велат од СДСМ. „Со тоа Мицкоски уште еднаш застана против илјадниците земјоделци низ државата кои гласно бараа оставка од најеспособниот министер во историјата. Сега на сите ...
Вечервашниот натпревар (21.00 часот по средноевропско време) помеѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка го отвора 23-то Светско првенство во фудбал. Во следните пет недели (39 дена), нè очекуваат рекордени 104-ти натпревари. Финалето ќе се одигра на 19 јули во Њу Џерси кога ќе добиеме нов светски шампион. Дали Лионел Меси и неговите „гаучоси“ ќе ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар? Или Кристијано Роналдо конечно ќе се ...