Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои беа ...

Холивудската актерка и модел уште еднаш покажа зошто со децении важи за една од најатрактивните жени на светската јавна сцена. По повод својот 61. роденден, Харли објави фотографија на социјалните мрежи на која позира во класично бикини, покажувајќи дека и понатаму успешно му пркоси на времето и ги руши стереотипите поврзани со возраста. Актерката, која со години е препознатлива по својата витка линија, елеганција и самоувереност, повторно ...

Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата. Меморандумот ја воспоставува рамката за спроведување на регионалниот проект ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, ...

Во Истанбул, во рамки на Бизнис форумот, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари средба со министерот за трговија на Република Турција Омер Болат, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на билатералната соработка. На средбата беа отворени теми поврзани со енергетиката, рударството, минералните суровини и привлекувањето нови инвестиции, со посебен акцент на создавање стабилен ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија, кој се одржа во Истанбул. Форумот беше отворен од министерот Муцунски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а на него учествуваа бројни претставници на институциите, стопанските комори и бизнис-заедниците од двете земји. Во ...

Рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на Русија изјави дека единството, патриотизмот и почитувањето на историското наследство се клучните вредности што го обединуваат рускиот народ и претставуваат основа на силата на државата. Зборувајќи на церемонијата на доделување државни награди во Големиот Кремљски дворец, Путин рече дека Русија го слави овој празник со гордост за работата и воените достигнувања на претходните генерации, ...

Македонската поп-ѕвезда официјално ја објави својата нова песна „Кукла жива“, која претставува носечки сингл од истоимениот албум и, според неа, најличниот музички проект во досегашната кариера. Станува збор за емотивна и моќна композиција инспирирана од нејзиниот животен и професионален пат, исполнет со успеси, падови, критики, пофалби и постојана борба за зачувување на сопствениот идентитет во свет преполн со очекувања и предрасуди. Уште ...

Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, вели Петрушевски, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ. „Првиот чекор се уставни измени, а ...

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, ѝ предложи брак на Олга Даниловиќ, сподели српската тенисерка на социјалните мрежи. Поранешната 32-ра тенисерка на планетата објави фотографии со Словенка на својот Инстаграм профил на кои се гледа прстен, што предизвика бројни честитки. Овој познат спортски пар е заедно од пролетта 2023 година, што значи дека на чуварката на мрежата „изработувач на јорганчиња“ ѝ требаа малку повеќе од две години за да ...

Во тек е асфалтирањето на дел од улицата „3-ти Април“ во Пробиштип, при што се очекува во текот на денешниот ден целосно да биде завршено поставувањето на новиот асфалтен слој. Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека по завршувањето на оваа фаза ќе продолжат градежните активности со изградба на тротоари на преостанатиот дел од улицата. Со реализацијата на овој проект, како што посочи Тоневски, значително ќе се подобрат ...

Газменд Алиу од „Вреди“ денеска на прес-конференција зборуваше за како што рече, сериозен проблем кој со години беше сокриван зад статистики и официјални извештаи, а во пракса директно му наштетувал на правото на Албанците за правична и соодветна застапеност во државните институции. Алиу посочи дека со години на граѓаните им се тврдело дека механизмот наречен Балансер обезбедува правична етничка застапеност во администрацијата. Меѓутоа, ...

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на денешната седница на Советот на Општина Битола истакна дека усвојувањето на ребалансот на општинскиот буџет за 2026 година ќе обезбеди континуитет во реализацијата на тековните и планираните проекти. Тој посочи дека општината се наоѓа на половина од 2026 година со видливи резултати на терен, како и со повеќе предизвици кои биле успешно надминати, нагласувајќи дека клучно е да нема застои во ...

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди, информира на прес-конференција Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка на СДСМ. Овој закон, како што рече, предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“. „Советот за македонски јазик, со ...

Нова тужба против компанијата OpenAI отвори сериозни прашања за безбедноста на системите за вештачка интелигенција и нивната улога во комуникацијата со лица кои се соочуваат со психолошки кризи. Кристи Кериер од Канада поднесе тужба против OpenAI и нејзиниот извршен директор Сем Алтман, тврдејќи дека ChatGPT не само што не успеал да ја заштити нејзината ќерка од опасни разговори, туку и ја охрабрил во период кога се борела со суицидални ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Истанбул, Република Турција, каде учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави. Во своето обраќање, како што објави на социјалните мрежи, истакнал дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи, вели Мицкоски претставуваат цврста основа за продлабочување на ...

Вештачката интелигенција е на чекор од тоа да стане активен учесник во дигиталната економија. Компаниите Visa и OpenAI објавија стратешко партнерство кое ќе му овозможи на ChatGPT не само да препорачува производи, туку и самостојно да купува и плаќа во име на корисниците. Станува збор за еден од најамбициозните проекти досега во областа на трговијата со вештачка интелигенција, кој би можел целосно да го промени начинот на кој луѓето ...

Професорот од Универзитетот во Хелсинки, Туомас Малинен, ја нарече можната замена на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, најдобра вест од ЕУ. „Најдобрата вест од ЕУ во последно време. Збогум, воена вештерка!“, напиша тој на социјалните мрежи. Фајненшл тајмс вчера објави, повикувајќи се на високи функционери, дека земјите од ЕУ размислуваат за целосна реорганизација на дипломатската служба на ЕУ поради незадоволство од работењето на ...

Христијан Мицкоски повторно сам се демантираше, кажа Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка на СДСМ на денешната прес-конференција. „Откако со месеци тврдеше дека нема да има предвремени избори, сега најавува дека изборите ќе бидат „многу скоро“. Ова е уште еден доказ дека зборот на Мицкоски не вреди ништо. Кај Мицкоски се е лага. Опозицијата нема да му биде алиби на Христијан Мицкоски ниту пак да бидеме алиби за распишување ...

Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде побара од Белата куќа да не ја користи нејзината музика во видеото во кое американската администрација ја промовира својата имиграциска политика на социјалната мрежа „Tик-ток“. „Ве молам, не ја користете мојата музика во врска со оваа варварска, нехумана, одвратна глупост“, напиша Гранде во коментар на објавата на „Tик-ток“, пренесува BBC. Портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, одговори на ...

Од Општина Карпош изразуваат сериозна загриженост за зачестените случаи на вандализам и оштетување на урбаната опрема и детските игралиштата на цела територија на општината. Во изминатиов период, наведуваат од општината, е евидентирано оштетување на клупи, корпи за ситен отпад, паркинг држачи за велосипеди, детски и спортски реквизити и останата урбана опрема. Последниот случај на кршење на канделабра, на највандалски начин, од страна на ...

Светското првенство во 2026 година сè уште не започнало како што треба, а ФИФА веќе се соочува со сериозни критики поради астрономските цени на билетите и големиот број непродадени билети. Турнирот во САД, Канада и Мексико требаше да биде најголем во историјата, но сè повеќе навивачи веруваат дека станал и најскап. Според првичната кандидатура на домаќините, најскапиот билет за финалето требало да чини 1.550 долари. Сепак, до април 2026 ...

Паркот „Ринија“ денес го потврди вистинското значење на своето име, претворајќи се во место исполнето со насмевки, музика и позитивна енергија, истакна градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити. Во пријатна и топла атмосфера, млади музичари настапија пред жителите на населбата, додека децата, семејствата и останатите посетители уживаа во посебна вечер исполнета со живост, креативност и чувство на заедништво. „Под ...

САД планираат значително да го намалат бројот на своите авиони и бродови што му се на располагање на НАТО во Европа, пишува денес американскиот весник „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на двајца неименувани високи европски функционери. Ова би ја ограничило способноста на воената алијанса да спроведува напади со долг дострел и да врши надзор. САД ја објавија одлуката на своите сојузници на почетокот на јуни во писмен документ според „Њујорк ...

Уште една од низата лаги на Христијан Мицкоски денеска се распаѓа пред очите на јавноста. Најболниот пример е токму новиот Клинички центар, кој не се изгради единствено поради блокадите на ВМРО и Христијан Мицкоски, истакна денеска Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Во 2021 година ВМРО, потсети таа, поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар. „До каде беа подготвени да одат кога беа ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Истанбул се обрати на Бизнис форумот помеѓу двете земји, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка. „Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни ...

Јужна Кореја оствари голем триумф против Чешка, што ја доближи азиската репрезентација значително до нокаут фазата на Светското првенство по првото коло од Групата А. Херој на триумфот беше поранешниот играч на Црвена звезда, Хванг, со гол и асистенција. Првото полувреме беше прилично лошо. Статистички, Кореја го диктираше ритамот, имаше повеќе обиди, но далеку од тоа сериозно да го загрози голот на репрезентацијата, чиј тренер Мирослав ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествува на Бизнис форумот во Истанбул, кој претставува значајна платформа за поврзување на институциите и деловната заедница од Македонија и Турција. Како што информира Божиновска, форумот ги обединува претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економските односи и зајакнување на билатералната ...

Јапонија денес успешно ја лансираше ракетата H3, првата што полета користејќи само мотори на течно гориво, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA). Ракетата беше лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија околу 9:55 часот по локално време, носејќи шест мали сателити во орбитата. Лансирањето беше одложено за два дена поради неповолни временски услови. ...

„Вистина е дека денеска корупцијата е во секоја пора од општеството, а правдата селективна и заробена од корумпираната власт. Вистина е дека наместо независно судство – има партиска контрола и јавно диктирање како треба да постапуваат обвинителите од собраниска говорница, телевизија или по телефон. Вистината е дека граѓаните не веруваат во правосудниот систем затоа што систем нема. Затоа борбата против корупцијата е во срцето на нашата ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Злато

135639.33