Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Виктор Муњоз ќе биде првото засилување за Њукасл во летниот преоден рок. Бројни сигурни извори објавија дека Њукасл понудил 35.000.000 евра фиксно + 5.000.000 преку бонуси и дека Осасуна е подготвена да гја прифати понудата. Познато е дека Реал Мадрид има 50% од неговиот договор, па ќе земат половина од овие пари, но тоа е одлична зделка за сите три страни. Њукасл заработи двојно повеќе од продажбата на Ентони Гордон во Барселона, мораше да ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција во Истанбул, каде ја истакна важноста од продлабочување на економската соработка и создавање нови партнерства меѓу двете земји. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Северна Македонија и Турција негуваат исклучително блиски и пријателски односи изградени врз доверба, заемна почит и долгорочно ...
Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи реалноста на денешното време, во кое покрај класичните цигари постојат електронски цигари, ...
Јапонија денес успешно ја лансираше ракетата H3, првата што полета користејќи само мотори на течно гориво, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA). Ракетата беше лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападна Јапонија околу 9:55 часот по локално време, носејќи шест мали сателити во орбитата. Лансирањето беше одложено за два дена поради неповолни временски услови. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добија војната во Иран и дека за тоа не им е потребна помошта од Европа. Тој го кажа ова за италијанскиот „Омнибус La7“, кога беше прашан што би им рекол на лидерите на групата Г7, вклучувајќи ги Италија и Франција, во врска со недостатокот на поддршка во управувањето со кризата со Техеран. „Ја добивме војната во Иран, не ни беше потребна помошта од Европа. Нивната помош беше ...
Светската музичка ѕвезда испиша нова страница во музичката историја откако стана најмладата жена која некогаш била примена во престижната . Свечената церемонија за прием и доделување награди се одржа во хотелот во , каде 36-годишната пејачка беше една од главните ѕвезди на вечерта. Емотивен говор и благодарност до семејството Во својот емотивен говор, Тејлор Свифт со солзи во очите им се заблагодари на своите родители, Скот и Андреа Свифт, ...
В сабота, поради поправка на затворач ф300мм на булеварот Крсте Мисирков и улицата Отокар Кершовани, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08,00ч до завршување на работните активности; Исто така утре, поради поправка на два затворачи ф600мм и ф300мм на Кеј Димитар Влахов, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08,00ч до завршувањето на работните активности. Текстот Без вода утре неколку улици во Скопје е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве ...
Македонскиот репрезентативец Вукашин Јовановиќ (-67 кг) оствари историски успех, освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија. Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион. Патот до златото ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. На форумот ќе учествува и висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, ...
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја нарече Москва гарант на праведен светски поредок. „Руската Федерација е модерна држава сигурна во својата сила, една од водечките светски сили со моќен економски и одбранбен потенцијал“, рече Лукашенко во честитката по повод Денот на Русија до рускиот претседател Владимир Путин и граѓаните на Русија. Тој истакна дека народите на Белорусија и Русија отсекогаш биле тесно поврзани низ ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека во изминатиот период бил дел од две значајни меѓународни посети во Швајцарија и Холандија, кои, како што истакна, овозможиле размена на искуства, стекнување нови знаења и воспоставување контакти што можат да придонесат за понатамошниот развој на Прилеп и Пелагонискиот регион. Во рамките на официјалната посета на Општина Ешалан во Швајцарија, Проданоски остварил средба со ...
Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044, извести Министерството за локална самоуправа. Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките ...
Украинската војска наводно извршила напади со беспилотни летала врз неколку руски региони во текот на ноќта кон 12 јуни, погодувајќи неколку петрохемиски фабрики, од кои некои се оддалечени повеќе од 1.200 километри од украинската граница, објавија руските медиумски канали на Телеграм, според The Kyiv Independent. Напади врз Тољати и Нижнекамск Според извештаите од локалните жители, украински беспилотни летала ја погодиле петрохемиската ...
Петок носи динамична енергија и можности за промени на повеќе животни полиња. Некои знаци ќе бидат насочени кон љубовта и меѓучовечките односи, други кон кариерата и финансиските прашања, додека трети ќе се обидат да најдат рамнотежа меѓу обврските и личниот мир. Денот е погоден за искрени разговори, расчистување недоразбирања и донесување одлуки кои подолго време биле одложувани. ОВЕН Денес ќе бидете исполнети со енергија и желба за акција, ...
„СДС се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело со Венко Филипче, повторно бараат некој да ги поддржи за нова национална отстапка која би ги донела на власт. Затоа со месеци се додворуваа на Бугарија и на Радев, преку изјави во јавноста дека би ги прифатиле уставни измени за внесување на Бугари во Уставот, без гаранции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Со ова, Филипче и СДС покажаа уште ...
Кафето е еден од најконсумираните пијалаци во светот и за милиони луѓе претставува незаменлив дел од утринската рутина. Но, лекар специјализиран за функционална и натуропатска медицина предупредува дека начинот на кој многумина го започнуваат денот може негативно да влијае врз здравјето на дигестивниот систем. Според неговите тврдења, навиката веднаш по будењето да се посегне по кафе или чај наместо по вода може да придонесе за појава на ...
Во германскиот парламент избувна жесток вербален судир меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и членовите на десничарската Алтернатива за Германија (АфД). За време на говорот во кој се осврна на руската агресија, Мерц истакна дека „Украина се брани и се бори за својата слобода повеќе од четири години“. Членовите на АфД во салата гласно се насмеаја на изјавата, што предизвика остра и непосредна реакција од германскиот канцелар од говорницата. ...
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со грмежи. Според метеоролошката прогноза, на повеќе места ќе има услови за нестабилност, со појава на пороен дожд, засилен ветер и ретка појава на град. Особено внимание се препорачува поради засилениот северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Утринските ...
Две лица загинаа, а 10 беа повредени во украински напад врз рускиот пограничен регион Брјанск, објави вршителот на должноста регионален гувернер Јегор Ковалчук на Телеграм. Во исто време, 44-годишна жена беше убиена во руски напад со беспилотно летало врз Украина. Две лица загинаа, а две беа повредени во гранатирањето на областа Суземка во близина на границата. Уште седум лица беа ранети во напад врз бензински пумпи во Стародуб, оддалечен ...
Иранската војска спречила танкер за нафта да помине низ Ормускиот теснец, објавија рано утрово иранските државни медиуми. Иранските медиуми известија за експлозии во близина на Бандар Абас, но државната новинска агенција ИРНА подоцна соопшти дека не се пријавени експлозии во пристанишниот град и дека детонациите би можеле да бидат поврзани со воена активност во поморските области. Врховната заедничка команда на Иран вчера објави затворање ...
SpaceX објави дека неговите акции ќе се продаваат за најмалку 135 долари кога ќе излезат на берза во петок, во она што се очекува да биде највредната котација на акции во историјата. Проценетата цена е иста како онаа што компанијата за истражување на вселената и вештачка интелигенција ја постави пред една недела, проценувајќи ја на речиси 1,8 билиони долари, објавува BBC. Маск прв билионер SpaceX има за цел да собере 75 милијарди долари во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Иран се блиску до потпишување договор со кој ќе се стави крај на војната на Блискиот Исток. Трамп ја сподели веста за прекин на непријателствата за време на телефонски разговор со политичките сојузници, повторувајќи дека ја постигнал својата клучна цел во надворешната политика. „Не знам дали слушнавте, но денес ја завршивме војната со Иран“, рече Трамп. „Тие се согласија никогаш да ...
Поради промена на ППХ Ф-80 мм на улицата Киро Крстевски Платник бр.2 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Коле Неделковски потегот од улицата Никола Тримпаре до улицата Киро Крстевски Платник, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот; · Поради уличен дефект Ф-350мм на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов (кај ф-ка Карпош) во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати честитка до рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на Русија, изразувајќи целосна поддршка за внатрешната и надворешната политика на Москва, објави во петокот севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Ким рече дека врските меѓу Северна Кореја и Русија се зајакнуваат во сојуз заснован на сеопфатен договор за стратешко партнерство. Во пораката, тој вети дека Пјонгјанг „секогаш ќе ...
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците во период: · Од 08:00-12:00 часот на улицата Партизански Пат, општина Кисела Вода; · Од 08:00-14:00 часот село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово, општина Сарај; · Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од улицата Иван Цанкар, општина Карпош; · Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром, општина Гази ...
Американските разузнавачки агенции внимателно ја следат кинеската активност на спорниот дел во Јужното Кинеско Море, поради растечките загрижености дека Кина би можела да воспостави трајно присуство таму. Таквиот потег во едно од најнестабилните поморски жаришта во регионот би можел дополнително да ги зголеми тензиите со Филипините и да ја тестира посветеноста на Вашингтон кон својот сојузник од договорот, објавува CBS News. Аналитичарите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише „голем договор“ за војната во Иран, што, како што рече, го очекува во следните неколку дена. „Тукушто постигнавме голем договор за војната со Иран. Теснецот официјално ќе се отвори штом ќе го потпишеме, што би можело да биде наскоро, можеби во текот на викендот во Европа“, објави Трамп во Овалната соба. Нападот е откажан Тој додаде дека ...
Првиот натпревар на Светското првенство во 2026, ја шокира фудбалската јавност, беа покажани три црвени картони. Светското првенство официјално започна, а домаќинот Мексико ја победи Јужна Африка со 2:0 на отворањето на најголемото фудбалско шоу. Овој натпревар ќе се памети по бројот на црвени картони. На овој натпревар бројот на исклучувања речиси ја достигна вкупната статистика на целиот турнир од 2022 година, кога судиите покажаа само ...
Фудбалерите на Мексико ја победија Јужна Африка на „Ацтека“ стадионот во Мексико сити, во првиот натпревар од 23-то Светско првенство во фудбал. Во А групата, Мексико, пред околу 80.000 гледачи, победи со 2:0. Домашниот тим го доби првиот натпревар по головите на Кинонес во деветтата минута и ветеранот Раул Хименез во 67-та минута од натпреварот. Работата на Мексиканците им беше олесната со црвените картони за Ситоле во 49-та минута и за ...
Ако Google Gemini не ви работеше денес, не сте единствени. Голем број корисници пријавија проблеми со AI chatbot околу пладне денес, иако Google сè уште не потврди дека имало официјален прекин на услугата. Интересно е што официјалната страница за статус на услугата Gemini постојано ја прикажуваше пораката дека „сите системи работат нормално“. Корисниците пријавија разни пораки за грешки, вклучително и известување „Something went wrong“ што се ...