Забраната во Малезија стапи на сила, но процесот на имплементација ќе трае шест месеци. Забраната за социјални медиуми во Малезија за лица под 16 години официјално стапи на сила. Земјата работи на ограничување на употребата на социјалните медиуми од страна на децата од минатата година, а конечната одлука е да се одобри забрана што влијае на која било платформа со повеќе од осум милиони корисници во Малезија. Иако забраната првично беше ...

Канадската влада претстави нов закон за дигитална безбедност со кој би се забраниле социјалните мрежи за деца помлади од 16 години, со исклучоци за платформите кои исполнуваат одредени безбедносни стандарди, неколку месеци откако Австралија ја донесе првата таква забрана во светот. Предлог-законот, исто така, има за цел да ги направи ВИ чет-ботовите, програмите за симулација на човечки разговор, побезбедни преку воспоставување на дигитален ...

Репрезентацијата на Мексико успешно го отвори 23-тото Светско првенство во фудбал, откако пред своите навивачи на легендарниот стадион „Ацтека“ славеше со 2:0 против Јужна Африка во првиот натпревар од шампионатот. Домаќините уште од самиот почеток покажаа дека се решени да стигнат до трите бода, а првиот гол на Светското првенство 2026 падна уште во деветтата минута. По голема грешка на одбраната на Јужна Африка, Мексиканците ја одзедоа ...

Apple претстави голема надградба на Siri на својата годишна конференција WWDC 2026. Тоа беше и последниот говор на Тим Кук како извршен директор. Се очекува Siri AI да работи подлабоко интегрирано во екосистемот на Apple, вклучувајќи апликации и други уреди. Apple планира и посебна апликација за асистентот, слична на решенијата што ги нудат OpenAI и Anthropic. Асистентот ќе може да користи претходни интеракции со корисниците, да разбира слики ...

Инсајдерите „шпекулираат“ дека Samsung планира големо освежување за јануари, кога, покрај Galaxy S27, Galaxy S27+ и Galaxy S27 Ultra, треба да го претстави и сосема новиот Galaxy S27 Pro. Според она што се зборува, Pro верзијата всушност ќе биде „помал Ultra“, но без S Pen пенкалото. Телефонот треба да има екран од 6,47 инчи, како и главната и ултрашироката камера идентична со оние на Ultra моделот (додека телефото камерата ќе се разликува). ...

Open AI објави дека тајно поднела барање за излегување на берза со потенцијална проценка до 1 билион долари. Законите за хартии од вредност во САД им дозволуваат на компаниите да поднесуваат нацрт-апликации за IPO на доверлив начин. Ова значи дека јавноста, конкурентите и медиумите не можат да ги видат нивните детални финансиски извештаи, трговски тајни и проценки на ризикот сè додека не се приближи точниот датум на излегување на берзата. ...

Се чини дека TikTok тестира гласовни повици во рамките на приватни пораки, што би можело да ја доближи популарната платформа за кратки видео пораки до апликации како Messenger и WhatsApp. Функцијата првпат ја забележа Џона Манзано на мрежата X, кој објави снимки од екранот на кои се гледа дојдовен повик означен како „TikTok Audio“, како и нова икона на телефон во интерфејсот на DM. Колку што знаеме, функцијата работи како стандарден аудио ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека „секогаш ќе прави сè што е потребно за да ја одржи земјата безбедна“, откако министерот за одбрана Џон Хили поднесе оставка. Хили ги наведе несогласувањата околу военото финансирање како причина, но Стармер ги отфрли неговите тврдења дека владата не инвестира доволно во одбраната, објави Ројтерс. Премиерот ги отфрла критиките за недоволни инвестиции Во писмо до Хили, Стармер ја призна потребата од ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со својот тим и дел од советниците, вечерва ги ислуша барањата на жителите кои излегоа на собир во Капиштец за да го изразат своето незадоволство од прегласната музика од угостителските објекти и нарушениот јавен ред и мир во населбата. „Континуирано се справуваме со проблемот со прегласната музика во Капиштец. Покренавме и иницијатива со жителите кои се потпишаа на истата и ...

Во ден кога светската спортска јавност беше насочена кон свеченото отворање на Светското првенство во фудбал, Реал Мадрид ја активираше вистинската трансфер-бомба на летото. Шпанскиот гигант официјално потврди дека португалскиот стратег Жозе Мурињо се враќа на клупата на „кралскиот клуб“ и ќе го предводи тимот во наредните три сезони. Според соопштението на клубот, 63-годишниот тренер потпишал договор со важност до 30 јуни 2029 година, а ...

Зголемените трошоци за домување сè повеќе го прават правото на соодветно домување недостапно за многу Европејци, што доведува до брзо зголемување на бројот на бездомници, објави денес Агенцијата на Европската Унија за фундаментални права (FRA). Во својот годишен извештај, FRA наведува дека цените на куќите во ЕУ се зголемиле за 53 проценти во просек помеѓу 2015 и 2024 година, додека кириите се зголемиле за речиси 17 проценти во истиот ...

На денешниот мирен протест, жителите на Капиштец со порака до надлежните институции, бараме почитување на законите, еднаков третман за сите и итни мерки против, како што велат, долгогодишното дивеење на дел од угостителските објекти во населбата, како и решавање на сè поголемиот колапс со паркирањето на резиденцијалните паркинзи. „Со децении жителите на Капиштец се соочуваат со сериозен проблем на прекумерна бучава од угостителски објекти во ...

Со спектакуларна музичка програма и настап на светски познатата поп-ѕвезда Шакира, свечено беше отворено Светското првенство во фудбал 2026, најголемиот Мундијал во историјата на овој спорт, на кој за првпат учествуваат 48 репрезентации. Централната церемонија се одржа на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, непосредно пред почетокот на првиот натпревар од шампионатот меѓу Мексико и Јужна Африка. Историскиот стадион, кој беше ...

Володимир Зеленски рече дека правата на ЛГБТ+ заедницата во Украина треба отворено да се дискутираат јавно, што е една од неговите ретки јавни изјави на оваа тема. Зеленски го кажа ова за време на културен настан во Киев, во време кога законодавните обиди за унапредување на правата на ЛГБТ+ луѓето во Украина продолжуваат да напредуваат бавно, и покрај растечката јавна поддршка во последните години. Олександар Деменко, воен ветеран и ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика сите компании кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат условите предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестиции да ја искористат можноста за државна поддршка и навремено да поднесат барање до Министерството за економија и труд. Министерот потсети дека рокот за поднесување на барањата е продолжен до 15 јуни и ги охрабри компаниите да ја искористат оваа можност за ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во изминативе денови остварил работни посети во Швајцарија и Холандија, кои, како што истакнува, биле значајни за размена на искуства, стекнување нови знаења и воспоставување контакти за идни развојни проекти на општината. Во рамки на посетата на Општина Ешалан во Швајцарија, Проданоски остварил средба со градоначалникот Серж Борник, претставници на локални институции, политички чинители и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Truth Social дека ги откажал планираните напади и бомбардирања на Иран вечерва. Како причина го наведе напредокот во преговорите со Техеран. Трамп тврди дека разговорите со Иран достигнале највисоко ниво на иранското раководство и се одобрени. Тој изјави дека поради ова, како претседател на САД, ги откажал закажаните напади, пишуваат медиумите. „Врз основа на фактот дека разговорите со ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција. Форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови ...

Сѐ поголем број луѓе секојдневно користат витамини и додатоци во исхраната со надеж дека ќе го подобрат своето здравје, имунитет, енергија и изглед. Но, експертите предупредуваат дека претераната употреба на суплементи може да биде опасна и во одредени случаи да предизвика сериозни здравствени проблеми. Неодамнешно истражување на YouGov покажало дека повеќе од половина од Британците земаат мултивитамини или други додатоци во исхраната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не се согласува“ со одлуката за вооружување на курдските милитанти во Ирак со цел да се обиде да го собори иранскиот режим на почетокот на војната. Се проценува дека протекувањето информации до медиумите, лобирањето од меѓународни актери, вклучувајќи го и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и претпазливоста на самите Курди, доведоа до тоа Трамп конечно да се откаже од идејата, ...

Времето утре, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 ...

Турската јавност е во шок по една од најголемите полициски акции насочени кон естрадната сцена во последните години, откако десетици познати личности се најдоа во центарот на истрага за наводна употреба и трговија со наркотични супстанци. Во координирана операција на Одделот за борба против наркотички криминал при полицијата во Истанбул, приведени се 22 лица, меѓу кои и некои од најпрепознатливите имиња од турската музичка и актерска ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека утре 12.06.2026 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат корисниците во период: · Од 08:00-12:00 часот на ул Партизански Пат (општина Кисела Вода) ; · Од 08:00-14:00 часот с. Рашче, Хлорна станица Рашче, с Бојане, с Копаница, дел од с.Кондово, о Сарај; · Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од ул.Иван Цанкар(општина Карпош); · Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром(општина Гази ...

Недостатокот на политичка волја за исполнување на преземените обврски го попречува напредокот на Северна Македонија кон Европската Унија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, објави БГНЕС. Петрова нагласи дека договорите не се билатерални, туку европско прашање и сите лидери на ЕУ се категорични дека единствениот пат напред за Скопје е да ги исполни веќе преземените обврски. „Тажно е да се види дека ...

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп во изминативе денови спроведува активности за реконструкција и уредување на станбениот комплекс во населбата „Димо Наредникот“, со цел подобрување на урбаниот изглед и условите за живеење. Во рамки на активностите се врши реконструкција на езерата и фонтаната со гејзери, како и бојадисување на мостовите, оградите и клупите. Со интервенциите значително се обновува и визуелниот идентитет на просторот. Дополнително, во ...

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање, велат од „Вреди“. Во двегодишниот извештај што Гаши го презентираше пред сопретседателите на „Вреди“, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, ...

Холивудската ѕвезда Никол Кидман не остана рамнодушна на креативниот омаж што ѝ го приредија Тејлор Свифт и сестрите Есте и Алана Хаим за време на натпреварот меѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс во „Медисон Сквер Гарден“. Иако не беше присутна на трибините, Кидман беше дел од атмосферата на свој начин, откако трите музички ѕвезди се појавија во маици со духовити натписи инспирирани од нејзиното име и од Њујорк Никс. Тејлор Свифт носеше ...

Безбедноста на Турција не започнува на јужната граница во покраината Хатај, туку многу подалеку, во Алепо, Дамаск и Бејрут, рече турскиот претседател. „Добро сме свесни за крајната цел на илузиите на Израел за „Ветената земја“ и, ако даде Бог, никогаш нема да го дозволиме тоа“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, предупредувајќи дека политиката и воените потези на Израел за создавање на „Голем Израел“ претставуваат закана не само ...

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавниот процес и зајакнувањето на институционалното функционирање. Во двегодишниот извештај на Гаши, кој беше презентиран пред ко-претседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, беа издвоени неколку од најважните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медреса, Законот за ...

Министерството за внатрешни работи ги финализираше сите неопходни формално правни и технички предуслови за да се започне со имплементација на законските измени кои се однесуваат на управување на мотоцикл до 125cm³, соопштија од оваа иснтитуција. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во врска со задолжителната обука за управување на мотоцикл до 125cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW), обука и потврди ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09