Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Американскиот технолошки гигант Meta најави нов пакет мерки за поголема заштита на тинејџерите на своите платформи Instagram, Facebook и Messenger, со цел да се намали изложеноста на несоодветна содржина и потенцијално штетни онлајн влијанија. Компанијата соопшти дека корисниците помлади од 18 години автоматски ќе добијат построги безбедносни поставки, кои ќе го ограничат прикажувањето на содржини што не се соодветни за нивната возраст. ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и заменик министерката Ане Лашкоска денеска беа во посета на Националниот парк Пелистер, заедно со амбасадорот на Шведска, Ола Солстром. За време на посетата, директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски, информираше за активностите што се спроведуваат за заштита на природните вредности на најстариот национален парк во државата. Посебен акцент се стави на зачувувањето и ...
Денеска во попладневните часови на бројот 112 е пријавена повторна појава на пожар на отворено во близина на локацијата Кадидере, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар, информираат од ЦУК. ТППЕ Штип, според ЦУК, првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучи ...
Иран ја разгледува можноста да ги прогласи објектите поврзани со компаниите на Елон Маск во регионот за легитимна цел, објавија иранските државни медиуми. Техеран тврди дека американската и израелската војска го користат „Starlink“, сателитската интернет услуга на компанијата на Маск, „SpaceX“, објавува иранската новинска агенција „Фарс“. Според „Фарс“, меѓу целите што се разгледуваат се копнените станици на „Starlink“ во Катар, Јордан, ...
Собранието денес ја избра Катерина Зајковска за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата, со што продолжува практиката на скандалозни кадровски екипирања на оваа институција, реагираат од Левица. Токму Катерина Зајковска, како вработена во одделот задолжен за контрола на финансирањето на политичките партии, според Левица, учествуваше во прикривањето на фирмата „Буст ДООЕЛ“, поврзана со синовите на поранешната членка на ...
Германија мора да се подготви за можен руски напад до 2029 година, а можеби и порано, изјави за “Политико“ генералниот инспектор на германската армија (де факто врховен командант на германската армија) Кристијан Фројдинг. „Мора да бидеме подготвени. Мора да бидеме подготвени за борба“, рече генерал-потполковник Фројдинг на воздушниот саем ILA во Берлин. Тој истакна дека постои широк консензус меѓу сојузниците дека Русија би можела да нападне ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2025/2026 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...
Американските сили потврдија дека оваа недела нападнале и онеспособиле трет комерцијален брод во Оманскиот Залив, тврдејќи дека тој ја прекршил иранската блокада со обид за транспорт на иранска нафта. Индија претходно ги обвини САД дека ова е трет напад врз брод што превезува индиски морнари. Ракети „Хелфаер“ во машинската просторија Централната команда на САД, ЦЕНТКОМ, соопшти дека го погодила М/Т Џалвир, брод што плови под знамето на ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.06.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.750,60 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 34,48 поени, односно за 0,35%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...
Успешно заврши тридневната интензивна обука за пребарување и спасување во урбана средина, која ја спроведе Специјалната единица за справување со катастрофи (ΕΜΑΚ) на Противпожарната служба на Република Грција. Обуката беше организирана од Амбасадата на Република Грција во Северна Македонија, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и со спонзорство од авиокомпанијата AEGEAN која обезбеди воздушен превоз. Програмата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе започнат голем воен напад врз Иран и откри планови за преземање контрола врз нафтената индустрија на Иран, според неговиот профил на Truth Social. Најавата на Трамп „САД ќе го нападнат Иран МНОГУ ЈАКО вечерва. Нивната морнарица, воздухопловни сили, радар, воздушна одбрана и сите други форми на одбрана, како и поголемиот дел од нивните офанзивни капацитети, се ИСЧЕЗНАТИ! Во не толку ...
Амбасадорите на Франција, Обединетото Кралство и Германија – Никола де Ривиер, Најџел Кејси и Александар Граф Ламбсдорф – пристигнаа во руското Министерство за надворешни работи во среда на средба со заменик-министерот Михаил Галузин. Тројцата дипломати влегоа во зградата на министерството без да дадат изјави за новинарите, објави Украинска правда, повикувајќи се на руската новинска агенција ТАСС. Лавров за средбата Рускиот министер за ...
Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави: „Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 отсто, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ ...
Британскиот министер за одбрана Џон Хили неочекувано поднесе оставка, велејќи дека владата не е подготвена да троши доволно за војската во време кога безбедносните закани се зголемуваат. Хили му порача на премиерот Кир Стармер дека владиниот план за трошење на одбраната „значително не ги исполнува потребните услови во овие опасни времиња“. Објавувањето на планот беше одложено по медиумските извештаи за несогласувања меѓу Министерството за ...
За да престанат лекарите да инсистираат пациенти со трајни здравствени оштетувања да одат на прегледи на секои шест месеци или една година за да добијат пари за туѓа нега, министерот за здравство Азир Алиу денес кажа дека нема да има потреба од менување на законите. Проблемот најави дека ќе го реши со разговори со сите комисии. „Ние направивме работна група меѓу двете министерства и таа работна група после неколку состаноци, по мое барање да ...
Објавена е програмата за годинашното издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5, кое од 25 до 27 јуни ќе се одржи на Кеј Македонија, пред хотел Палас во Охрид. Петтото издание на фестивалот носи три вечери со музичка програма, винска и гастро понуда и содржини што ќе го раздвижат кејот во еден од најпосетените периоди од летото. Во пресрет на фестивалот, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати повик до охриѓани, туристите, посетителите и ...
Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува со цел да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и да се афирмираат млади и стручни кадри, извести Народната банка. Право на учество на Конкурсот ...
Министерот за здравство Азир Алиу не го менува мислењето за негова можна смена од функцијата по најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во втората половина на овој месец ќе прави реконструкција на Владата. Алиу денес даде отчет за сработеното во измината година откога е министер и рече дека тоа ќе му значи повеќе од тоа колку време министерувал. „Ова прашање се поставува неколку месеци, истиот одговор ќе го дадам и денеска. Мојот ...
Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, го честита отворањето на ТВ Арена Спорт Македонија, оценувајќи дека станува збор за значаен проект кој претставува важен чекор напред за спортската медиумска сцена во земјата. Тој истакна дека проектот бил најавен минатата година како заедничка цел и дека неговата реализација претставува резултат на посветена работа и координација меѓу инволвираните страни. Омерагиќ посебно ...
TrustFin и DEKRA Македонија официјално започнаа стратешка соработка за развој и промоција на платформата JobLink by DEKRA – современо дигитално решение кое има за цел поефикасно да ги поврзе компаниите со талентираните кандидати и да придонесе за понатамошен развој на пазарот на труд во Македонија. Ова партнерство ги обединува меѓународната експертиза и долгогодишното искуство на DEKRA во областа на човечките ресурси со консултантското ...
Судската постапка против Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, влезе во последна фаза, а првостепената пресуда е закажана за 18 јуни. Обвинителството бара максимални казни, сметајќи дека родителите сносат кривична и морална одговорност за занемарување на детето и овозможување пристап до оружје, пишува Блиц. Шокантни пораки и ноќта пред злосторството ...
Во период од 9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“. На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Северна Македонија и ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека спортската сала „Расадник“ по три децении повторно е ставена во функција и ќе биде дом на Вардар. Ѓорѓиевски ја опиша обновата на салата како еден од своите најзначајни проекти, потсетувајќи дека објектот бил затекнат во лоша состојба. „Расадник е име кое многу значи за Кисела Вода, за Скопје, за Вардар и за македонскиот спорт. Оваа сала памети славни спортски моменти, големи ...
„Оперативниот план за вработување за 2026 година e значаен чекор во насока на зајакнување на економијата и унапредување на пазарот на труд, a посебен акцент се става на отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус го става отворањето нови работни места и создавање можности за вработување, со што се настојува да се подобри економската состојба и да се намали стапката на невработеност ...
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, смета дека Европската Унија треба да назначи еден претставник кој ќе преговара со Русија за завршување на војната во Украина. Говорејќи пред италијанскиот парламент, Мелони порача дека ниту една помала група европски држави нема легитимитет да зборува во име на целата ЕУ. „Потребна е авторитетна личност на која сите земји-членки ќе ѝ дадат доверба и мандат да ја претставува Европа“, изјави таа. Мелони ...
Општина Центар од почетокот на годинава исплати вкупно 1.345.573 денари за поддршка на новороденчиња, со реализирани 142 исплати на територијата на локалната самоуправа. Постапката се одвива редовно, согласно пристигнатите барања. За новороденчиња родени во 2026 година, износот на еднократната финансиска помош е зголемен и изнесува 10.000 денари. Претходно, надоместокот изнесуваше 7.000 денари, што претставува зголемување од 50%. „Го ...
Американскиот атлетичар Џејкоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки на натпревар во Орегон. Дваесетгодишниот Тарп истрча време од 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, подобрувајќи го за пет стотинки досегашниот светски рекорд од 12,80 секунди, кој од 2012 година го држеше Ариес Мерит. „Знаев дека сум подготвен за добар резултат, но не очекував да се случи токму тука. Кога го видов времето, ...
Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел дискусијата на која говореше заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската Бизнис Заедница. Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридор 10 и кракот 10 ...
Силните налети на ветер што ја погодија Нова Градишка во текот на ноќта предизвикаа материјална штета на неколку локации во градот, бурата го достигна својот врв нешто пред два часот наутро, оставајќи зад себе паднати дрвја, скршени гранки и оштетени покриви. Меѓу најпогодените локации беше областа околу Општата болница Нова Градишка, каде што ветерот го однесе покривот од мртовечницата. Штетата се случи за само неколку минути, за време на ...