Група меѓународни генетичари по четиригодишна анализа успеа да го секвенционира ДНК-профилот на Адолф Хитлер – прв ваков обид досега – користејќи крвав фрагмент ткаенина од неговиот бункер во Берлин. Резултатите, прикажани во новиот документарец на Channel 4, „Hitler’s DNA: Blueprint of a Dictator“, предизвикаа силни научни и етички реакции. Истражувачите потврдуваат дека примерокот навистина припаѓа на Хитлер, откако Y-хромозомот се поклопил ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави синоќа дека клубот планира да постави статуа на Лионел Меси пред реновираниот стадион „Камп Ноу“ за да му оддаде почит на својот најдобар стрелец на сите времиња. Триесетиосумгодишниот Меси, кој настапува за Интер Мајами, претходно оваа недела го посети стадионот на Барселона за прв пат по неговото заминување во 2021 година, а по тој повод испрати порака на социјалните мрежи дека се надева оти ...

Во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина стрелан е 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за убиство на тројца мажи во 2004 година. Брајант убил тројца мажи за пет дена. На местото на злосторството, тој оставил порака напишана со крвта на неговата последна жртва: „Фати ме ако можеш“. Тоа беше 43 егзекуција во САД годинава, што е најголем број од 2012 година. Уште три се планирани пред крајот на годината. Во САД егзекуциите ...

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, вчера одобри помилување за осуденикот на смрт, Тремејн Вуд, претворајќи ја неговата смртна казна во доживотен затвор без можност за условен отпуст. Одлуката беше донесена само неколку часа пред 46-годишниот Вуд да биде погубен со смртоносна инјекција. Спасен во последен момент – па пронајден онесвестен Вуд беше осуден во 2004 година за убиство од прв степен, поради неговата улога во смртта на Рони Випф, кој ...

На 17 ноември 2025 година, со почеток во 20 часот, на малата сцена на НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Хелверовата ноќ“, во продукција на ЗУКЦ МЕДИА АРТЕС Охрид. Претставата е во режија на Александар Јовановски, а во неа играат Даријан Петров и Јасмина Билаловиќ. Базирана на истоимената драма на најпознатиот современ полски драматург, режисер и професор Ингмар Вилквист (алијас Јарослав Свијершч), ...

Последните податоци покажуваат драматична промена во навиките на Италијанците: бројот на домашни миленици првпат ја надминал бројката на новородени деца, пренесува Index.hr. Земјата веќе подолг период се соочува со рекордно низок наталитет, додека бројот на миленици расте од година во година. Растечките трошоци ги менуваат приоритетите Младите Италијанци сè поретко се одлучуваат за засновање семејство. Главни причини се: високите цени на ...

Кога се чинеше дека Илон Маск веќе ја исцрпи листата на бизарни предлози, на последниот состанок со акционерите на Тесла повторно ја изненади јавноста. Маск предложи радикално „решение“ за криминалот: наместо затвор, осудениците да добијат робот Optimus кој постојано ќе ги следи и ќе ги спречува да извршат нови кривични дела, пренесува Futurism. „Можеби можеме да понудиме похуман начин за спречување идни злосторства,“ изјави Маск. „На пример, ...

Месечината овој викенд ја менува својата сцена. Во сабота наутро месечината се смирува во воздушната Вага, носејќи два дена обоени со дипломатичност, баланс, поврзување и тивко враќање кон себе. Викендот носи можности за хармонизација на односи, за израмнување на внатрешни тежини и за меки, но силни разговори што водат до мир. ♈ Овен Храбар почеток, тивка средина. Овој викенд за тебе се случува забавен спој: желбата за дејство (што ја носи ...

Родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ денеска повикаа на протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. – Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во ...

Азербејџанското министерство за надворешни работи денеска го повикало рускиот амбасадор во Баку за да му врачи „силен протест“, откако руска ракета тип Искандер паднала во близина на зградата на азербејџанската амбасада во Кијив, јавува Kyiv Independent. Експлозијата предизвикала материјална штета на објектот и на службените возила, но меѓу персоналот нема загинати или повредени. Инцидентот се случил за време на масовниот руски ракетен и ...

Очекувам во декември да избереме изведувач за изградба на автопатите Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани. Доколку дозволат временските услови веднаш ќе почне да се работи, доколку не, напролет ќе се работи, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, говорејќи за динамика за изградба на автопатите на Коридор 8. -Рокот за поднесување на понуди заврши, има поднесени доста понуди, заради тајност на ...

Ако сте проголтале неколку семки од јаболко, најверојатно нема простор за грижа. Според стручњаците, нивната цврста надворешна обвивка спречува ослободување на штетни материи, па кај повеќето луѓе тие поминуваат низ дигестивниот систем без последици, пренесува Index.hr. Кога може да бидат опасни? Опасност постои само ако семките се џвакаат, дробат или се јадат во големи количини. Причината е соединението амигдалин, кое при разградување може ...

Хиларија Болдвин отворено проговори за важноста на брачното советување и откри дека таа и актерот Алек Болдвин побарале стручна помош за полесно да се справат со разликата од 26 години меѓу нив. 41-годишната инструкторка по јога, гостувајќи во подкастот Uncut and Uncensored, призна дека големата возрастна дистанца понекогаш бара подлабока психолошка поддршка. „Тој има 26 години повеќе искуство“ „Не верувам дека годините се само број – барем ...

Поранешниот министер за правда и партиски функционер од редовите на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, денеска соопшти дека по подолг период на анализа се повлекува од партискиот живот и од сите функции во партијата. Лога одлуката ја објави преку својот официјален профил на Фејсбук, посочувајќи дека изминатата деценија ја поминал во политичка работа со целосна посветеност и ангажман. – Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на ...

Астрономите со децении ги сметаа Плејадите – познати и како „Седумте сестри“ во соѕвездието Бик – за компактен и добро проучен ѕвезден кластер. Но ново истражување предводено од тим од Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил покажува дека тие се само густото јадро на многу поголема ѕвездена структура. Според студијата, објавена во The Astrophysical Journal, Плејадите се централниот дел на џиновски „семеен“ комплекс што се протега скоро ...

Неколку луѓе загинаа, а шест се повредени откако автобус удри во автобуска постојка во центарот на главниот град на Шведска, Стокхолм. Портпаролот на Шведската спасувачка служба изјави дека во инцидентот повредени се шест луѓе, но, тој не наведе бројка на загинати лица. Тој додаде дека во автобусот немало патници во времето на несреќата. Во тек е истрага за убиство од небрежност. Возачот на автобусот е уапсен, но ова е вообичаена практика во ...

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ Рама креира решенија и упорно атакува кон целта – членство на Албанија во ЕУ до 2030. Црна Гора речиси и да нема забелешки во европскиот извештај. Во исто време, Мицкоски и Силјановска ја сведуваат Македонија на ниво на анти-европска покраина, иднината ни ја сведуваат на “тупкање топка”, а реформите ги иронизираат со потсмев од типот “аха, сега ќе ни пишат 5-ка во Брисел”. И истите тие во исто време велат: 1) 25 ...

Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии упатија отворено писмо до Премиерот Христијан Мицкоски. Соопштението го пренесуваме интегрално: „Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на ...

Јужноафриканските власти се соочија со критики откако задржаа повеќе од 150 Палестинци, вклучувајќи жена бремена девет месеци, во авион околу 12 часа поради проблеми со нивните патни документи. Пастор на кој му беше дозволено да се сретне со патниците додека беа заглавени во авионот, рече дека било екстремно жешко внатре и дека децата врескале и плачеле. Палестинците пристигнаа во Јоханесбург со чартер лет вчера наутро по застанувањето во ...

Повеќето големи економии во развој, вклучувајќи ги Кина, Бразил и Индија, добро се справуваат со американските царини, според истражувањето на консултантската фирма „Verisk Maplecroft“. Фирмата ја анализирала отпорноста на 20 економии во развој на силни трговски осцилации и ненадејни геополитички промени врз основа на индикатори од јавен долг до зависност од приходите од извоз. „Повеќето производствени центри во светот се во подобра позиција, ...

Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со минатото тоа е голем напредок, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарско прашање по повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот. – Пациентите имаат право да бараат уште. Мислам дека Владата работи да се разреши дефицитот на сензори во скора ...

Американската Академија за филмски уметности и науки, од овогодишните членови, ќе бара официјално да потврдат дека ги погледнале сите филмови номинирани за „Оскар“ во онаа категорија каде што еден член гласа, пред да гласаат, пренесува „Ен-би-си њуз“ (NBC News), повикувајќи се на внатрешна службена е-пошта. Академијата ја промени својата политика во април оваа година, и сега, членовите на Академијата ќе треба задолжително да го изгледаат ...

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе биде телевизиски коментатор за МагентаТВ за време на Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, објави телевизискиот канал. „Навистина сакам да го доживеам ова Светско првенство од експертска перспектива. Во исто време, знам дека овој маратонски турнир ќе донесе свои уникатни предизвици“, рече Клоп. Германскиот стратег веќе има телевизиско искуство, ...

Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин. Франција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со ...

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. – Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме ...

Министерството за финансии денеска треба да изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора граѓанска обврзница. Од Министерството велат дека средствата во износ од 17,6 милиони евра и каматата во износ од 880 илјади евра ќе бидат исплатени на сметките на граѓаните. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5 ...

14 Ноемви, Светскиот ден на дијабетес (WDD) кој од 1991 година се одбележува ширум светот на предлог на Меѓународната федрација за дијабетес (IDF) и Светската здравствена организација (WHO), а како одговор на зголемената загриженост и ескалацијата врз здравствената закана што ја носи дијабетесот. Се одбележува токму на овој датум – 14 ноември, кога е роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот во 1922 ...

Валентин Нешовски официјално ја заокружи својата научно-фантастична трилогија со новиот роман „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“, кој штотуку излезе од печат во издание на „Антолог“. Првите две книги од серијата се „Една книга“ и „Последната мисла во универзумот“, а промоцијата на третиот дел ќе се одржи кон средината на декември. „Излезе од печат мојата завршна книга од сај-фај трилогијата. Се вика ‘Кафеана на крајот и на ...

Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал. Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. Ова е апсолутно недозволиво, соопштуваат од СДСМ. „Објаснувањето дека нема да се ...

Американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, изјави дека не го гледа американскиот државен секретар Марко Рубио како соперник, и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил“. Во интервју за „Фокс Њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио немаат „право“ на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп дури по ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1028
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
61%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 1ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
80%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.89
81%
1032
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.03
72%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
58%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
76%
1033
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
53%
1029
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
70%
1030
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Калај

50.64

Платина

68963.35

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Злато

166253.76

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66

Бакар

11.73