Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Динис Переира, внук на петкратниот освојувач на „Златната топка“ Кристијано Роналдо, го потпиша својот прв професионален договор. 16-годишниот Переира ќе се приклучи на академијата на Виторија Гимараеш и ќе игра за тимот до 17 години. Младиот Португалец игра на позицијата напаѓач. „На 16 години го потпишуваш својот прв професионален договор. Тоа беше твој сон и јас бев покрај тебе на секој чекор од патот. Имаше солзи, жртви, падови и победи. ...
Атлетико Мадрид размислува за трансфер на напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, поради неизвесноста околу иднината на Хулијан Алварез, кој се поврзува со Барселона, пишува „АС“. Манчестер Јунајтед , Арсенал и Пари Сен Жермен се исто така заинтересирани за 27-годишниот Нигериец. Осимен е во Галатасарај од летото 2025 година. Минатата сезона одигра 33 натпревари, постигна 22 гола и имаше 8 асистенции. Неговиот договор со турскиот гигант ...
Ергин Атаман е сигурен на клупата на Панатинаикос, и покрај тоа што тимот не дојде до пласман на Ф4 годинава. Ова го пишуваа грчките медиуми веднаш по елиминацијата од Валенсија, и најавија дека Турчинот ќе остане во грчкиот тим и следната сезона. Но… Сега приказната е сосема поинаква. Јасно е дека Атаман ги троши последните кредити кај сопственикот Димитрис Јанакопулос, кој веќе размислува да го врати најтрофејниот тренер во Евролигата, ...
Почнува нова „ера“ за Реал Мадрид под палката на „Специјалниот“ Жозе Мурињо. Португалецот ќе има тешка мисија – да ја врати титулата во Ла Лига, а тука е и нов пехар во Лигата на шампионите. Мурињо е растрчан по нови засилувања, а веќе две се договорени, а за нив Жозе Мурињо веќе дал зелено светло. Едниот од нив е Ибрахима Конате, кој треба да дојде од Ливерпул како слободен агент. Вториот кој треба да пристигне е левиот бек на Интер и на ...
Младиот милијардер Енрике Рикелме одлучи да му се спротивстави на Флорентино Перез и да се приклучи во трката за претседател на Реал Мадрид. 37-годишникот даде големи ветувања и беше строг кон неговиот најголем ривал Барселона. Тој го коментираше и случајот „Негреиро“ во кој Барса беше обвинета за купување судии. Иако нема ниту еден доказ дека тоа се случило, Реал сака да оди до крај со обвинувањата и верува дека Каталонците треба да ги ...
Мундијалската „треска“ е се поголема како што се ближи почетокот на СП 2026, па на спортските подкасти свои прогнози даваат и легенди што немаат врска со фудбалот. Така, Владе Дивац беше гостин и говореше за кошаркарски теми, но доби и прашање – да го открие својот фаворит за претстојниот мундијал. Легендарниот српски кошаркар обелодени дека според него, светски првак ќе стане – Бразил. „Ќе навивам за Босна. Ја изненадија Италија во ...
Квича Квараскелија е еден од најдобрите фудбалери на планетата и, според многумина, прв фаворит за освојување на Златната топка. Со Пари Сен Жермен ја освои втората последователна титула во Лигата на шампионите по победата против Арсенал во Будимпешта. По тој успех, тој одби да одговори на прашање на руски јазик. Грузискиот фудбалер даваше изјава по неговиот неверојатен успех и му беше поставено прашање на руски јазик. „Квича, можеме ли да ...
Фудбалскиот клуб Пелистер испадна од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако во неделниот бараж натпревар претрпе пораз од екипата на Шкендија Арачиново. Овој резултат предизвика силно незадоволство во Битола, особено кај поддржувачите на клубот, кои испаѓањето во понизок ранг го оценуваат како сериозен спортски неуспех. Вечерва со официјално соопштение се огласи и навивачката група „Чкембари“. Во своето обраќање, кое го пренесуваме ...
Вршителот на должност комесар на НБА лигата, Марк Тејтум, потврди дека проектот „НБА Европа“ заедничката иницијатива на НБА и ФИБА е отворен за соработка со Евролигата под одредени услови, но дека новиот проект дефинитивно ќе почне следната сезона со Евролигата или без неа. Официјалниот почеток и првите натпревари на проектот „НБА Европа“ се планирани за октомври 2027 година. Марк Тејтум појасни дека до крајот на овој месец ќе бидат ...
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски официјално става крај на својата четиригодишна авантура во Барселона и како слободен играч се подготвува за нов предизвик во кариерата, при што турскиот гигант Фенербахче се појавува како најсериозен кандидат за неговиот потпис. Искусниот 37-годишен напаѓач веќе се збогува со навивачите на „Камп Ноу“, потврдувајќи дека неговата мисија во Каталонија е успешно завршена. Веднаш по оваа објава, раководството на ...
Фудбалската репрезентација на Хрватска загуби со 0-2 од Белгија во првиот од двата контрочни натпревари кои ќе ги одигра во подготовките за настап на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Гостите поведоа во 38. минута од првото полувреме кога Тилеманс прецизно стрелаше за 0-1 на асистенција на Де Кујпер. Конечните 0-2 ги постави Лукаку во 96. минута. Croatia 0-1 Belgium – Youri Tielemans 38' byu/977x insoccer Хрватска ја чека уште ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва се врати во Скопје по проблемите кои што ги имаше денеска во Истанбул. За потсетување нашата експедиција при враќањето се соочи со проблем, откако авионот веднаш по полетувањето се сврте и се врати назад на аеродромот во Истанбул. Стануваше збор за технички проблем со авионот поради што од безбедносни причини тој бил вратен на местото на полетување. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Флорентино Перез е апсолутен фаворит на претстојните претседателски избори во Реал Мадрид, па тој веќе повлекува и конкретни потези на трансфер-пазарот во пресрет на официјалниот почеток на летниот преоден рок. Перез веќе го договори Жозе Мурињо за нов тренер, а договорени се условите и со Ибрахим Конате, кој по заминувањето од Ливерпул како слободен играч ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Како што информираат шпанските медиуми, следен ...
Најдобриот македонски ракомет во моментов, Филип Кузмановски, е подготвен за почетокот на новата, кратка авантура во кариерата откако замина за Кувајт и ќе настапува за Кувајт клуб на претстојниот шампионат на Азија. Трендот најдобрите азиски клубови да пазарат во Европа со краткорочни договори токму за ова натпреварување продолжи и годинава, Кузмановски доби понуда што не се одбива и по завршувањето на обврските кон Е. Пелистер замина за ...
Канада ќе биде сериозно ослабена на стартот од СП 2026 откако најдобриот фудбалер на оваа репрезентација, Афонсо Дејвис, потврди дека ќе го пропушти премиерниот дуел против селекцијата на БиХ. Левиот бек се повреди настапувајќи за Баерн на реваншот во ЛШ против ПСЖ, оттогаш не се врати на теренот за својот клуб, но Дејвис се најде на списокот на канадскиот селектор Џеси Марч. Тој не беше ниту на клупата за резерви на синоќешниот триумф над ...
Охрид во голем стил, со доминација на теренот стигна до триумф над Татабања и заслужено го крена трофејот во ЕХФ Европскиот куп, но дамка на овој историски успех става истрагата што Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) ја отвори против македонскиот тим – и тоа за расизам од навивачите на „сино-белите гладијатори“. Ракометарот на Татабања, Баптист Даматрин, вчера јавно ги прозва охриѓани за расистички навреди во второто полувреме, по што ...
Веќе нема никаква дилема, Ибон Наваро ќе биде предводник на Црвена Звезда од летово откако управата на српскиот евролигаш го избра токму Шпанецот за наследник на Саша Обрадовиќ. Наваро имаше успешни четири години како предводник на Уникаха, период во кој освои дури седум трофеи, но овој стратег неодамна обелодени дека го напушта клубот од Малага во потрага по нов предизвик во кариерата. Tој беше поврзуван и со Барселона по заминувањето на ...
Бенфика е подготвена за заминувањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, па откако стана јасно дека „специјалниот“ ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ челниците на португалскиот гигант ја почнаа потрагата по негов наследник. Таа потрага конечно финишираше денеска, откакоо беа договорени сите услови со Марко Силва, португалскиот стратег кој по 11 години ќе се врати назад во татковината. Силва во 2015 година го напушти Спортинг Лисабон за да се ...
Швајцарската експедиција денеска отпатува за САД во пресрет на фудбалскиот мундијал, но серијата административни проблеми околу статусот на фудбалерите и нивните визи за влез во САД продолжи и кога станува збор за оваа селекција, откако дозвола за влез не доби Брел Емболо. Најдобриот швајцарски стрелец допатува со остатокот од репрезентацијата на аеродром, каде беше известен дека не може да добие виза „Еста“ (што забрзано се доделува на ...
Австриската репрезентација се соочи со огромен проблем пред самиот старт на СП, откако од настап за мундијалот отпадна Криштоф Баумгартнер. Одличниот напаѓач ја имаше својата најдобра сезона во дресот на Лајпциг, постигнуувајќи 17 гола и осум асистенции во Бундес-лигата, беше најавуван како главен адут на селекторот Ралф Рангник и стартен напаѓач на Австријците, но Баумгартнер заработи незгодна повреда на мускулот поради која нема да може да ...
Елиф Елмас ја лансираше блескавата кариера преку Фенербахче, па не е никакво изненадување што македонскиот дијамант секогаш со позитивни зборови говори за турскиот фудбал. Елиф беше дел од нашата репрезентација при вчерашниот пораз од Турција, по што во изјава за турските медиуми меѓу редови најави – мегатрансфер во клуб од ова земја. „Минаа седум години од мојот настап на овој стадион, атмосферата беше фантастична. Турските фудбалери играа ...
Фудбалската јавност на „островот“ е во шок откако легендарниот Кени Далглиш објави дека оди на терапии за лечење од канцер. Откако вчера Кевин Киген шокираше со објавата дека има канцер во четврти стадиум, денеска и Далглиш се јави со загрижувачка објава, потврдувајќи дека ја води најважната битка. Далглиш информацијата најпрвин случајно ја објави преку пост на својот профил на социјалните мрежи, потоа истиот го избриша, па се јави со ...
Анадолу Ефес се соочи со огромен проблем на стартот од плејоф серијата со Фенербахче по тешката повреда што ја заработи Винсан Поариа. Францускиот центар остана да лежи на теренот и веднаш беше јасно дека проблемот е сериозен, а денешните детални прегледи само ги потврдија стравувањата. Ефес објави дека Поарие ја има скинато тетивата, тешкка повреда што ќе биде санирана со хируршки зафат во Истанбѕл, но потоа ќе следи и пауза и најмалку осум ...
Вардар создава моќен тим со кој ќе се бори во Лигата наа Шампионите, но „црвено-црните“ паралелно со тоа инвестираат и во иднината, потпишувајќи договор со кадетскиот репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорчески. На наше огромно задоволство, денес, успеавме да го обезбедиме потписот на кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески, кој во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим. Ѓорчески настапува на левата ...
Ибрахим Конате ќе биде следното големо засилување на Реал Мадрид откако „кралскиот клуб“ ги договорил условите до довчерашниот дефанзивец на Ливерпул. Францускиот репрезентативец по објавата дека заминува од „Енфилд“ доби понуди и од ПСЖ и од Баерн Минхен, но можноста да го облече дресот на Реал беше неодолива за екс-фудбалерот на Лајпциг. Како што информира „Ас“, сите детали од четиригодишниот договор се веќе средени, а слично како и со ...
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска треба да се врати назад од Истанбул во Скопје по вчерашниот пријателски натпревар со Турција, но нашата експедиција при враќањето се соочи со проблем, откако авионот веднаш по полетувањето се сврте и се врати назад на аеродромот во Истанбул. Според првичните информации, станува збор за технички проблем со авионот поради што од безбедносни причини тој бил вратен на местото на полетување. Планот ...
Стеф Кари и пред самиот крај на кариерата е „магнет“ за правење пари преку спонзорски договори. Доказ за тоа е последниот договор што најдобриот шутер на денешницата го потпиша, и тоа со кинескат акомпанија за спортска опрема „Ли Нинг“. Кинезите се обврзале глобално да го шират неговиот “Curry Brand”, да продаваат најразлични производи вклучувајќи тука и комплетна линија опрема за голф, за што ќе платат неверојатни 1,19 милијарди долари за ...
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Пласманот во главните квалификации е обезбеден, па македонскиот селектор реши за овие последни два меча да не повикува странец во репрезентацијата. На списокот се наоѓа и Андреј Шошкиќ, кој ќе има можност да го ...
Ливерпул има нов менаџер според познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Пред неколку дена, Ливерпул ја заврши соработката со Арне Слот, а веднаш почнаа муабетите за тоа како Андони Ираола ќе дојде на „Енфилд“. Шпанскиот стратег беше на чело на Борнмут, во сезона во која во календарската 2026 година овој клуб не доживеа ниту еден пораз во Премиерлигата. „Ливерпул постигна договор за ангажирање на Андони Ираола како нов менаџер. Разговорите се ...
Цеск Фабрегас испиша историја со освоеното четврто место во Серија А со Комо, но на шпанскиот стратег му е јасно дека ќе мора да го засили играчкиот кадар ако се знае дека следната сезона го очекува и настап во Лигата на Шампионите. Буџетот останува лимитиран, затоа Фабрегас не ни разгледува скапи супер-ѕвезди, но шпанскиот стратег фрлил око на засилување од Ливерпул како идеално за неговиот стил на игра во Комо. Станува збор за Федерико ...