Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Татабања беше два пати надиграна од Охрид и трофејот во ЕХФ Европскиот куп заслужено заврши кај македонскиот тим, но од унгарскиот табор стигнуваат сериозни обвинувања – за расизам од охридската публика кон еден од ракометарите на противникот. Станува збор за Баптист Дамартин, кој на десетина минути до крајот мораше да биде смируван од соиграчите, но и од официјалните лица во салата „Билјанини извори“, а поранешното крило на Нант обелодени ...
Гоце Седоски ги избра единаесетмината што ќе го стартуваат пријателскиот меч што Македонија денеска со почеток во 19.30 часот го игра против селекцијата на Турција. Македонскиот селектор се реши за неколку промени во однос на претходниот дуел со БиХ, па така Омерагиќ ќе добие шанса од првата минута на местото на Растодер, како партнер на Миовски во нападот на „црвено-жолтите“. Алиоски се враќа меѓу стартерите откако поради повреда ги пропушти ...
Собранието на ФК Партизан донесе огромна бура откако досегашниот потпретседател Предраг Мијатовиќ реши да си поднесе оставка од функцијата во клубот. Мијатовиќ во изминатиот период беше во војна со остатокот од Управниот одбор, легендарниот голгетер се бореше да го преземе раководењето со клубот, но не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во собранието. Откако стана јасно дека ја нема довербата на голем дел од делегатите, Мијатовиќ ...
Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Кукуловски ја продолжува својата кариера на меѓународна сцена. Српскиот клуб Металопластика Шабац денеска официјално го потврди потписот со македонскиот бек, најавувајќи го како супер засилување за претстојната сезона. Кукуловски синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на РК Охрид, со што стави крај на успешната епизода во македонскиот шампионат. Неговиот нов клуб, кој во својата ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Една победа има Македонија во досегашните натпревари против Турција. Тоа беше на пријателски натпревар во 2006 година во Австрија, кога Горан Мазнов донесе триумф на нашата репрезентација против Турците. Последниот натпревар овие две репрезентации го одиграа во 2017 година во Скопје кога дуелот заврши без голови. Претходно во сезоната 2002/03, кога Турција два пати ја совлада Македонија. Во Скопје беше ...
Радовиш изминатиот викенд живееше во ритамот на борењето. Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“, настан кој уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Турнирот официјално го отвори министерот за спорт Борко Ристовски, со што беше означен ...
Македонскиот голман Столе Димитриевски се најде во потесниот избор на Ла Лига за најдобра одбрана на сезоната. Шпанското фудбалско првенство официјално објави дека неговата бравурозна парада на натпреварот против Севилја е вклучена во топ-5 интервенциите, за кои фановите набрзо ќе можат да гласаат. Димитриевски одигра фантастичен втор дел од сезоната, каде со низа клучни одбрани директно му помогна на својот клуб Валенсија да обезбеди ...
Вилјареал најде замена за Марселино, кој ја напушти клупата на „жолтата подморница“ по три сезони. Се работи за 38-годишниот Ињиго Перез, творецот на големиот успех на Рајо Валјекано, со кого оваа сезона стигна до финалето на Конференциската лига. Во Вилјареал се надеваат дека со Перез ќе се продолжи континуитетот на добри резултати што го започна Марселино, со два последователни пласмани во Лигата на шампионите. Со новиот тренер беше ...
Откако ја врати титулата шампион на Англија на „Енфилд“ во својата прва сезона на клупата на Ливерпул, Арне Слот ги загуби конците на тимот до крајот на втората сезона и покрај тоа што обезбеди пласман во Лигата на шампионите, доби отказ. Арне Слот се збогува со клубот и навивачите на „црвените“. Холанѓанецот ја освои титулата во Премиерлигата во својата прва година на клупата на тимот од „Енфилд“, но втората беше под очекувањата со утешно ...
Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за односот со најголемиот ривал Барселона, но и за уште една разочарувачка сезона. Реал не освои ниту еден трофеј втора сезона по ред, што беше последен пат кога Пеп Гвардиола ја презеде Барселона, кога од 2008 до 2011 година не зеде трофеј. Во овие две сезони, Барселона целосно доминираше. Освои две титули во лигата, како и Купот на Кралот и два Суперкупа на Шпанија. Сепак, Перез фрла ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Стадионот „Шукру Сарачоглу“ или по ново „Чобан Арена“ во Истанбул, ќе биде домаќин вечерва на македонската репрезентација. Модерна Арена која собира 50.000 гледачи, и вечерва ќе биде полна на првиот меч на Турција пред настапите на Мундијалот. Иако вечерва репрезентативците ги чека жестока атмосфера, сепак, некои од нив знаат како се освојува овој стадион. Дарко Велковски и Бобан Николов играа во првите ...
Ракометната федерација на Македонија денеска информираше дека, со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите за пласман во Супер лигата, донесена е одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот во машка конкуренција. Бараж натпреварот во машка конкуренција помеѓу РК Струга и РК Младост 1977 наместо во Радовиш, ќе се одигра на ...
Министерството за спорт упатува честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ. „Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ...
Битолски Пелистер денеска и официјално го претстави искусниот стратег Лино Червар како нов предводник на тимот, но главна тема на прес-конференцијата беше и кроењето на ростерот за следната сезона. Првиот човек на клубот, Зоран Стерјев, истакна дека играчкиот кадар се уште не е комплетиран. Тој откри дека иднината на македонските репрезентативци Дејан Манасков и Филип Кузмановски во Битола е неизвесна. На двајцата ракометари веќе им се ...
Прославата на титулата во Премиерлигата на Арсенал се претвори во вистински хаос, во кој еден навивач беше избоден со нож, а 16 лица беа уапсени. Лондонската полиција потврди дека во 21.33 часот ја опколила областа на улицата Хорнзи, на 15 минути пешачење од стадионот „Емирати“ на Арсенал, по пријавите за напад со нож. Човекот кој беше избоден со нож беше однесен во болница. Вкупно 16 лица беа уапсени за време на прославата за низа прекршоци, ...
По историскиот успех и искачувањето на тронот во ЕХФ европскиот куп, градот Охрид се подготвува за спектакуларна и достоинствена прослава. Локалните власти и спортските ентузијасти упатија масовен повик до сите охриѓани, но и до сите искрени љубители на спортот, вечерва заедно да им оддадат признание на новите спортски херои вечерва од 19 часот на градскиот плоштад во Охрид. „Ги повикувам сите охриѓани и љубители на спортот вечерва заедно да ...
Легендарниот хрватски ракометен стратег, Лино Червар, денеска и официјално беше промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Е. Пелистер. Свечената промоција се одржа во Офицерскиот дом во Битола. Червар пред присутните ги презентираше својата визија и долгорочните планови за работа со клубот. „Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Пред сериозен испит е македонската фудбалска репрезентација. Тука во Истанбул ќе игра против селекцијата на Турција, на стадионот „Шукру Сарачоглу“ каде што своите домашни натпревари ги игра тимот на Фенербахче. Силна селекција на Турција и „пеколот“ кој ќе го направат навивачите на преполниот стадион вечерва, ќе биде вистински тест за квалитетите и за можностите на оваа селекција, која ја очекуваат ...
Арсенал се закити со титулата во Премиер-лигата, се лизна на последната пречка пред трофејот во Лигата на Шампионите, по што „топчиите“ ќе го продолжат трендот на купување скапи засилувања за да ја нападнат двојната круна во наредната сезона. Микел Артета носи најмалку по едно супер-скапо засилување секое лето, тренд што ќе продолжи и летово. А на врвот на листата со желби на Шпанецот е англискиот репрезентативец Морган Роџерс од Астон Вила. ...
Хулијан Алварез е идеалното засилување за Барселона кога станува збор за потрагата за наследник на Роберт Левандовски, но последните информации говорат дека каталонците ќе останат со празни раце во трката по Аргентинецот. Европскиот првак ПСЖ е главен фаворит за потписот на аргентинскиот голгетер откако „светците“ веќе имале разговори и со агентот на Алварез и со раководството на Атлетико на оваа тема. Мадридскиот клуб не сака да го продаде ...
Уругвајскиот селектор Марсело Биелса го објави конечниот список на фудбалери кои ќе настапат на СП 2026, оставајќи го легендарниот Луис Суарез без нов мундијалски настап. Суарез игра во одлична форма за Интер Мајами, неодамна најави дека е подготвен да ја прекине репрезентативната пензија доколку Биелса го повика за СП 2026, но искусниот стратег остана доследен, давајќи им шанса исклучиво на фудбалерите кои беа дел од претходниот ...
Викендов, на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“, се одржа финалниот турнир од ФФМ Детска Лига за натпреварувачката сезона 2025/2026. На завршниот турнир учествуваа 96 екипи, победници од седумте региони во рамки на ФФМ Детските Лиги, кои во текот на сезоната активно се натпреваруваа во своите региони во периодот од септември 2025 до мај 2026 година. Во текот на трите натпреварувачки дена, повеќе од 1.500 млади фудбалери на ...
ФИФА воведе неколку нови правила во пресрет на СП 2026, а едно од нив видовме на дело на вчерашниот пријателски натпревар меѓу Јапонија и Исланд. За што станува збор? Исландскиот репрезентативец Кристијан Хлинсон се влечкаше при излегувањето од терен, а согласно новите правила фудбалерите мора да излезат за максимум десет секунди. Хлинсон ја надмина оваа граница, па според правилата – играчот што требаше да влезе на негово место мораше да ...
Аргентинската фудбалска репрезентација вчера попладне слета во Канзас сити, каде ќе биде базата на „гаучосите“ за време на претстојниот мундијал. Сите беа во исчекување на Лео Меси, кој од синоќа се приклучи на националниот тим откако пристигна со приватен авион во Канзас сити. Крај себе Лео го имаше Родриго де Пол, Аргентинецот кој му е соиграч и во Интер Мајами, по што двајцата веднаш се упатија во тренинг-комплексот на аргентинската ...
Српската јавност со неверување го прифати изданието на фудбалската репрезентација и убедливиот пораз од 3-0 од Зеленортските острови претрпен на пријателскиот меч во Лисабон. Селекторот Вељко Пауновиќ за првпат се соочи со притисок и критики, без оглед на фактот што настапи без голем дел стандардни првотимци, српскиот кормилар ја призна немоќта на својот тим, но истовремено и порача дека нема причина за кревање паника. „Ова беше натпревар за ...
Флорентино Перез ја продолжува кампањата за да остане претседател на Реал Мадрид, за главен непријател на својот клуб посочувајќи го вечниот ривал Барселона. Не така одамна Флорентино тврдеше дека овие два клуба треба да бидат пријатели и да влегуваат во заеднички проекти, но сега реториката е целосно променета. „Точно е, говорев дека Реал и Барса треба да си помагаат. И доколку Барселона е нормален клуб, зошто не би соработувале. Јас ќе ...
ЕКИПА во Истанбул, Турција Горан Бошев Турција ќе ја тестира силата на Македонија вечерва на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. Арената на која игра гигантот Фенербахче, ќе биде преполна во мечот во кој Турците ја имаат првата „проба“ пред настапот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Македонија ќе треба да ја „глуми“ Австралија. Барем така најавија Турците вчера на прес-конференцијата. Вечерва селекторот Гоце Седлоски ќе направи ...
Спартак Суботица е изненадувачки нов шампион во кошаркарска Србија откако тимот предводен од Влада Јовановиќ триумфираше на фајналфор турнирот што изминатиот викенд се одржуваше во Ниш. Со тоа, Спартак стана прв тим по 1973 година што се искачува на тронот на српската кошарка, а тоа да не се великаните Црвена Звезда или Партизан. Спартак во полуфиналето во драматична завршница ја совлада Црвена Звезда, а потоа во суперинтересното финале ...
Борис Ројевиќ успеа да стигне до трофејот во ЕХФ Европскиот куп со два различни клубови, најпрвин со Војводна, за синоќа истиот огромен успех да го повтори и како предводник на Охрид. Српскиот стручњак не го криеше воодушевувањето од огромниот успех на својот тим, упатувајќи искрени честитки до најверните навивачи за дадената поддршка. „Што да кажам, историски момент за нас… во првата сезона на нашата заедничка сезона стигнавме до европски ...
Коди Милер Мекинтаер токму на денот во кој го прославува својот 32. роденден реши да се збогува од Црвена Звезда, откако одличниот плејмејкер веќе ги договори деталите од својот трансфер во Олимпијакос. Коди пристигна од редовите на Басконија и се наметна како еден од лидерите на „црвено-белите“ од Белград, но не успеа да ги реализира зацртаните цели и со Звезда да се вмеша во трката за највисок пласман во Евролигата. „Овој роденден го ...