Најтрофејниот тренер Жељко Обрадовиќ продолжи да ја држи јавноста во неизвесност околу неговиот иден ангажман, истакнувајќи дека Барселона не го контактирала и дека нема да одлучи што ќе прави понатаму до крајот на јуни. На крајот на мај, освојувачот на девет титули во Евролигата беше на мета на шпанските медиуми, кои го преместуваа во Барселона. На почетокот на оваа недела, Панатинаикос се појави како опција, но популарниот Жоц даде јасни ...

Од огромни очекувања откако пристигна од Фиорентина за 80 милиони евра, до растечко разочарување кај фановите на „Старата Дама“. Ова е анизата за Душан Влаховиќ на „Тутоспорт“. Србинот сега го напушта клубот како слободен агент, и заминува во друга средина. Влаховиќ пред четири години пристигна како огромно засилување. Тој е вториот најскап трансфер во историјата на клубот после Кристијано Роналдо, но ниту одблиску не беше како Португалецот. ...

По победата над Пелистер, кадетската екипа на Вардар го освои трофејот во Купот на Македонија и стигна до двојната круна во оваа категорија. “Црвено-црните” надежи триумфираа по подобро изведување на удари од белата точка откако по 90 минути игра резултатот беше 3:3. Финалистите одиграа извонреден натпревар во кој Битолчани на два пати имаа предност, но Вардар на крајот успеа да стигне до израмнување. Вардар поведе уште во третата минута со ...

Фудбалскиот клуб Челси со голема тага соопшти дека денеска на 84-годишна возраст почина еден од најдобрите стрелци на клубот Боби Тамблинг. Тој беше носител на рекордот најмногу голови постигнати за клубот цели 45 години, се додека не беше срушен од Френк Лампард во 2013 година. Со тимот го освои Купот и Лига-купот на Англија во 1965 година. „Фудбалот беше неговиот живот, а Челси беше неговиот вечен дом, немаше место каде што беше посреќен од ...

Веќе е јасно дека холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис ќе стане нов член на Реал Мадрид. Веројатно сите детали се веќе договорени, и само се чекаат претседателските избори и потврда на трансферот. Меѓутоа не сите се за овој трансфер. Барем не легендарниот холандски фудбалер Роналд Куман, кој го советува фудбалерот да замине во ривалот на Реал Мадрид, Барселона. „Не знам дали трансферот е официјализиран, но Дензел го заслужува тоа. ...

Она кое беше познато и претходно, денеска стана и официјално. Наполи и Антонио Конте се разделија една година пред истекот на договорот на италијанскиот стручњак. Наполиу му се заблагодари на Конте за досегашната соработка. „Наполи објавува дека спогодбено ги раскина работните односи со тренерот Антонио Конте и неговиот стручен штаб пред нивното природно истекување. Г-дин Конте беше на чело на нашиот тим две сезони, го предводеше Наполи до ...

Екипата на Баер Леверкузен се одлучи кој ќе биде новиот тренер. Станува збор за Шпанецот Карлес Мартинез Новел, кој досега го водеше Тулуз. 42-годишникот ќе го замени Каспер Хјулманд, кој доби отказ по завршувањето на сезоната. Новел потпиша договор на две години. Ова тренерско име е целосно изненадување, ако се има во предвид дека „фармацевтите“ беа во преговори со Андони Ираола, но тој на крајот се реши да ја прифати понудата од Ливерпул. ...

Само неколку дена откако доби отказ од Ливерпул, Арне Слот е блиску да преземе друг тим во Премиерлигата. Тој се раздели од Ливерпул на 30. мај, откако Ливерпул ја имаше една од најлошите сезони во последните години, завршувајќи на разочарувачкото петто место без ниту еден трофеј. Се очекува поранешниот менаџер на Борнмут, Андони Ираола да биде неговата замена, а веќе е постигнат усмен договор. Се шпекулираше со преземање на Милан по ...

Дојде време за разделба помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус. Србинот си заминува од Торино, и сега тимот ќе мора да бара негова замена. Тоа е главна тема во италијанските медиуми, а Јувентус сега ќе мора да се сврти кон некои други решенија во нападот и се чини дека ќе биде многу тешко да се најде играч со слични карактеристики и ист квалитет. Меѓутоа Јувентус нема намера да купи еден, туку двајца голгетери, со цел да го засили нападот кој во ...

Јан Диомамна е еден од најпосакуваните фудбалери на пазарот летово, извонредниот крилен офанзивец имаше фантастична сезона во Лајпциг, по што неговата цена на пазарот достигна и 100 милиони евра. Тоа не ги „исплаши“ челниците на Ливерпул кои се подготвени да платат богатство за да го донесат во своите редови, но проблем е што – самиот фудбалер повеќе би сакал да замине во ПСЖ. Актуелниот европски првак исто така покажува сериозен интерес за ...

Проектот НБА Европа е во завршна фаза и би требало официјално да стартува од почетокот на наредната натпреварувачка сезона (2027/28). Ова на прес-конференција во Сан Антонио го потврди и комесарот на НБА, Адам Силвер, обелоденувајќи дека преговорите со заинтересираните клубови се во завршна фаза. „Многу сме блиску до планот што го имаме зацртано. Очекуваме таа лига во Европа да стартува од сезоната 2027/28, на добар пат сме тоа да се оствари. ...

Веќе нема никакви дилеми, Столе Димитриевски останува во Валенсија откако поранешниот шпански првак реши да ја активира клаузулата за да го задржи Македонецот уште две години на „Местаља“. Димитриевски не добиваше шанса каква што заслужуваше во првите 18 месеци од авантурата во овој клуб, но ситуацијата се промени во вториот дел од изминатата сезона, Столе конечно доби натпревари во континуитет и максимално ја искористи укажаната доверба. За ...

НБА-финалето почна со одличен натпревар во кој Њујорк направи брејк на гостински терен против Сан Антонио. Во мечот полн со атракции, НБА-лигата ги избра петте најдобри потези во првото финале, од кои дури три места му припаѓаат на Виктор Вембињама. Врвот сепак е резервиран за Џејлен Брансон од Њујорк и неговиот шут на помалку од минута до крајот, со кој стави печат на големата победа на никси.  Крадењето авторски текстови е казниво со ...

Монако го откупи договорот на Ансу Фати со Барселона, по што „кнезовите“ успеаја да договорат уште еден интересен трансфер од таборот на каталонскиот гигант. Станува збор за Марк Касадо, талентираниот плејмејкер кој не доби шанса за преголема минутажа во Барселона, па сега е подготвен како и Ансу Фати среќата да си ја проба во дресот на Монако. „Кнезовите“ веќе ги договориле личните услови со самиот фудбалер кој ќе добие три пати повисока ...

Андони Ираола од денеска и официјално ќе стане нов стратег на Ливерпул откако шпанскиот стручњак ги договори сите детали со екс-првакот на Премиер-лигата. „Црвените“ изненадија многумина со одлуката да му врачат отказ на Арне Слот, но веднаш по објавувањето на таа информација името на Ираола се појави како главен кандидат за нов менаџер на Ливерпул. Директорот Хјуз лани дојде на „Енфилд“ од Борнмут, тој добро ги познава квалитетите на ...

Претседателскиот кандидат на Реал Мадрид, Енрике Рикелме, го навлече бесот на раководството на Манчестер Сити откако за време на гостувањето на ТВ најави дека го има договорено Ерлинг Халанд и норвешкиот ас сигурно ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“ доколку тој стане претседател на најтрофејниот европски клуб. Челниците на Сити со право се лути, па веќе почнале да разгледуваат и правни алатки и најавуваат тужба против Енрике за изнесените лаги. ...

Во минатото бевме сведоци на прекини на големи спортски настани поради влетување на навивачи на терен, но никогаш досега такво нешто се немаше случено во големото финале на НБА-лигата. Се до рано утрово, кога еден навивач на Сан Антонио реши да влета на терен, за да има селфи за спомен со Виктор Вембињама. Мечот беше максимално напнат и неизвесен, а на шест и пол минути до крајот Сан Антонио бркаше негатива од шест поени кога играта беше ...

Андреј Петковски има зад себе одлична сезона во полскиот шампионат на голот на Азоти Пулави, со што македонскиот голман си осигура нов трансфер. Чешка ќе биде следна дестинација во кариерата на 25-годишниот чувар на мрежата, кој ги договори условите за преселба во шампионот на оваа земја, Талент Плзењ. Овој клуб веќе го официјализираше трансферот на Македонецот, кој ќе дојде на местото на Даниел Грабеман и се очекува да биде прв голман на ...

Флорентино Перез синоќа и официјално потврди дека по неговата победа на претседателските избори за нов тренер ќе го именува Жозе Мурињо. Сите детали од тригодишниот договор со португалскиот стратег се веќе средени, „специјалниот“ доставил листа со засилувања што Перез почна да ја исполнува (Конате, Дамфрис…), но Португалецот исто така ја составил и трансфер–листата со играчи кои слободно можат да почнат да се пакуваат, а нивните агенти да им ...

Душан Влаховиќ повеќе од една година преговараше за да ја продолжи соработката со Јувентус, за момент се чинеше дека двете страни се многу блиску до наоѓање на заеднички јазик, за вчера официјално да биде потврдено дека Србинот дефинитивно ќе ги напушти „црно-белите“ од Торино како слободен играч. Влаховиќ инсистираше на плата од осум милиони евра, плус осум милиони евра бонус за потпис на новиот договор, последната понуда на Јувентус ...

Вардар официјализираше уште еден трансфер, откако новиот првак на Македонија го договори доаѓањето на Даниел Диковски од редовите на АП Брера. Овој 19-годишен чувар на мрежата ја почна кариерата во младинските категории на Македонија ЃП, оттаму се пресели во Брера, а по испаѓањето на струмичани од елитното друштво тој реши да се врати назад во главниот град, прифаќајќи ја понудата на „вардарци“. Диковски потпиша тригодишен договор со Вардар и ...

Филип Талески по една полусезона во унгарскиот шампионат повторно ги пакува куферите, откако левиот бек синоќа се збогуваше од тимот на Татабања. „Бомбардерот“ ја почна сезонава во Вардар, незадоволен од минутажата реши да си замине од таборот на „црвено-црните“, но ниту во Татабања не ја доби улогата што ја посакуваше. На крајот, тој преку порака се збогуваше од унгарскиот клуб, како најава за нов трансфер во текот на летово. „Неверојатна ...

Големото финале во НБА-лигата стартуваше со брејк, откако Њујорк успеа да триумфира на гостински терен против Сан Антонио спарс со 95-105. За никси ова беше прво финале по пауза од 27 години, на сите им е јасно дека ова е шанса што не смее да се пропушти, а кошаркарите уште еднаш покажаа неверојатен карактер, како што тоа го сторија и во првиот дуел од финалето а „Истокот“ против Кливленд. Имено, Сан Антонио делуваше во целосна контрола кон ...

Гласањето за претседател на Реал Мадрид е закажано за три дена, а Енрике Рикелме нема намера да се предаде во борбата со Флорентино Перез. Успешниот бизнисмен го критикуваше начинот на раководење на досегашниот претседател, воедно и најави трансфер-бомба, Ерлин Халанд ќе дојде во Реал Мадрид летово ако тој биде избран за претседател. „Ако јас сум прв човек на Реал, Халанд 100% доаѓа во Мадрид. Можам да го потпишам тоа сега, со гаранција“, ...

Алжир славеше во Ротердам против Холандија со 0-1, во пријателски натпревар пред настапот на СП 2026. Хаџ Муса го постигна единствениот гол на „Де Кујп“ во 86. минута од натпреварот. Атмосферата на стадионот беше како натпреварот да се игра во Алжир, чии навивачи целосно ги надгласаа навивачите на „лалињата“. Пред мундијалскиот настап, Холанѓаните ќе имаат генерален тест против Узбекистан, додека Алжир ќе се сретне со Боливија. 🚨⚽ ...

Баер Леверкузен ја отфрли можноста поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Алваро Арбело, да стане нов главен тренер на тимот. Иако Бундеслигата интензивно бара наследник на Каспер Хјулманд, потрагата продолжува откако се процени дека 43-годишниот Шпанец сè уште не е подготвен да ја преземе улогата. Како што пишува германскиот Билд, Леверкузен ја отфрлил понудата за ангажман на Арбелоа. Арбелоа неодамна ја напушти клупата на Реал Мадрид по ...

Младост Богданци следната 2026/27 сезона се избори за место во Суперлига на Македонија, откако денеска во Скопје, во баражот успеа да слави против Струга со 25-22. Главно се играше израмнет натпревар, се до 40 минута до 15-15, за да ракометарите на Младост Богданци потоа со серија се одлепија за +6 со што се навести триумфот на богданчани. На крајот со триумф од 25-22 на 50-годишнината од своето постоење ќе го заокружи со враќање во елита на ...

Англискиот портал „GiveMeSport“ состави хипотетички список од 26 фудбалери од поранешна Југославија кои, според нив, би оделе на Светското првенство 2026 во Канада, САД и Мексико. На списокот меѓу 26 фудбалери, има место и за двајца македонски репрезентативци, голманот Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров. Еден од најистакнатите македонски кошаркари, Ненад Зивчевиќ, кој настапуваше и за неколку африкански клуба се потсети и на својата епизода во мароканскиот Хабаб Риф, каде умешно ги научи и газдите на клубот што значи тоа асистенција. „Сопствениците на клубот, двајца ...

Со победата од 4:0 во дуелот против Пелистер, помладите пионери на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија. Надежите на “црвено-црните” беа супериорни во мечот против Битолчани и сосема заслужено стигнаа до победа. Најзаслужен за триумфот беше напаѓачот Огнен Јаков кој три пати се запиша во листата на стрелците. Токму Јаков ја отвори серијата голови во 20. минута. Десет минути подоцна повторно го совлада противничкиот голман за ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

53.60

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Бакар

13.01