Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Се е подготвено за новата сезона во Премиер-лигата што ќе стартува вечерва со дуелот на „Емирати“ меѓу шампионот Арсенал и новиот премиерлигаш Ковентри. Елитното англиско фудбалско друштво сосема оправдано важи за најсилна лига во светот, а конкуренцијата за титулата се чини никогаш не била поголема. Арсенал како бранител на трофејот повторно важи за фаворит, но неколку ривали покажаа амбиција на пазарот да ги симнат „топчиите“ од тронот на ...
Огромно е разочарувањето меѓу навивачите на Атлетико Мадрид од Хулијан Алварез, откако аргентинскиот ас отворено флертуваше со Барселона, потоа и јавно побара да му биде дозволено да се пресели во редовите на лутиот ривал од Ла Лига. Управата на Атлетико го блокираше овој трансфер, Алварез размислуваше за штрајк, на крајот сепак почна да тренира со Атлетико, но навивачите не му го простија однесувањето во текот на летото. На премиерниот меч ...
Дисциплинската Комисија при фудбалската Федерација на Македонија на својот последен состанок ги донесе следните одлуки: -Се поведува дисциплинска постапка против ФК Струга Трим Лум поради занемарување на обврските, односно необезбедување паркинг-простор за гостинскиот автобус и несоодветно обележување на теренот. -Се поведува дисциплинска постапка против ГФК Тиквеш 1930 поради слаба организација на натпреварот, односно фрлање шише со вода на ...
Астон Вила денеска осигура уште еден важен потпис, комплетирајќи го трансферот на Арон ван Бисака од редовите на Вест Хем. Поранешниот играч на Манчестер јунајтед минатата сезона испадна со Вест Хем, но не ја криеше желбата повторно да заигра во Премиер-лигата. Вила преговараше со „чеканите“ и на крајот беше најден заеднички јазик, десниот бек доаѓа на едногодишна позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето во висина од 18 ...
Ракометарите на Пелистер го одработија првиот дел од подготовките за новата сезона, а тренерот Лино Червар е свесен дека пред „зелено-белите“ е многу работа за да се влезе во посакувнаиот ритам за стартот на Супер-лигата. Битолчани в недела го почнуваат и настапот во Регионалната лига против Партизан, а Червар акцент става на креирање на сопствената игра и пренесување на своите тактички замисли врз ракометарите. „Морам да кажам дека ми е чест ...
Фудбалската федерација на Македонија во Струмица е организатор и ќе биде домаќин на развоен турнир за репрезентации до 15 години, на кој ќе настапи репрезентацијата на Македонија составена од фудбалери од генерацијата 2012 година. Турнирот е одлична можност за младите репрезентативци да стекнат меѓународно искуство и да ги одмерат силите со квалитетни селекции. Македонија ќе одигра три натпревари: 21 август, Македонија – Босна и Херцеговина, ...
Вештачката интелигенција сè повеќе навлегува во светот на фудбалот. Таа може да им помогне на клубовите да најдат замена за Мохамед Салах, да ги следат повредите, да го проценат развојот на младите играчи, да го контролираат работното оптоварување, па дури и да изберат тактики. Фудбалот одамна стана спорт каде што деталите одлучуваат. Клубовите инвестираат огромни суми пари за да пронајдат дури и најмала предност во однос на конкуренцијата, а ...
Ракометната федерација на Македонија, во пресрет на новата натпреварувачка сезона, изработи Прирачник за ракометните правила на македонски јазик, согласно најновите промени на Светската ракометна организација, наменет за судиите и делегатите. Со цел унифицирана примена и подобро познавање на правилата на ракометната игра, примероци од прирачникот ќе им бидат доделени на судиите и делегатите во рамки на редовните тестирања пред почетокот на ...
Лијам Делап би можел да го напушти Челси само една година по пристигнувањето на „Стемфорд Бриџ“, а за неговиот потпис веќе се води сериозна битка меѓу клубови од Премиер лигата. Според актуелните информации, Лидс Јунајтед и Нотингем Форест се приклучиле на трката за 23-годишниот напаѓач, додека интерес за него и понатаму покажува Евертон. Челси за Делап бара околу 50 милиони фунти, но заинтересираните клубови се надеваат дека трансферот би ...
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо потпиша за Равена, клуб од италијанската Серија Ц, и на 46-годишна возраст направи ново враќање во професионалниот фудбал. Освојувачот на „Златната топка“ во 2005 година и светски шампион со Бразил во 2002 година беше претставен како ново засилување на италијанскиот клуб, а тој рече дека сака да му помогне на тимот и, доколку му се укаже можност, да го постигне 300-тиот гол во кариерата. „Сакам да ги ...
Десниот бек на Барселона, Хектор Форт е пред трансфер во Борусија Дортмунд, објавуваат германските медиуми. 20-годишниот Форт смета дека трансферот во Дортмунд за него би било полн погодок за да напредува во кариерата, откако тешко наоѓа место во првиот тим на „Каталонците“ поради големата конкуренција. Дополнително, заминувањето на Форт е извесно по промоцијата на Жоао Кансело. Иако за него има неколку понуди, сепак, Форт има само една цел – ...
Фудбалскиот клуб Тотенхем се согласи за трансферот на Савињо од Манчестер Сити. Крилниот напаѓач пристигнува за 75 милиони фунти, плус 10 милиони фунти потенцијални бонуси. Савињо (22) сега ќе помине медицински прегледи па ќе потпише повеќегодишен договор со Спарс. Бразилецот беше желба на тимот од Северен Лондон и минатата година, но остана на „Етихад“, и покрај малата минутажа кај Пеп Гвардиола. Роберто де Зерби со тоа дополнително го ...
Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за саботниот дуел против Борусија Дортмунд, објави угледниот германски Билд. Станува збор за натпреварот од Суперкупот на Германија, а одлуката е поврзана со здравствената состојба на 23-годишниот германски репрезентативец. Мусиала доживеа загрижувачки ситуации на теренот двапати за само неколку дена. Прво се сруши за време на пријателскиот натпревар против Лајпциг, а потоа истото се случи и на ...
Португалските медиуми синоќа објавија дека локалната полиција конфискувала голема количина дрога и две парчиња воено оружје што ги пронашла во комбе управувано од поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ. Информациите што доаѓаат од Португалија велат дека полицијата го запрела Милошевиќ на автопатот и дека полицијата била шокирана кога видела што има во комбето. Како што пишува „Жорнал де Нотисиас“, во комбето биле пронајдени повеќе од 1,5 ...
Пол Погба е пред нов предизвик во кариерата. Францускиот фудбалер, кој неодамна го напушти Монако, постигнал усен договор со холандска Фортуна Ситард и наскоро би требало да стави потпис на договорот. Според информациите, двете страни постигнале договор, а документите за трансферот веќе се подготвуваат. Погба наводно веќе ги минал и лекарските прегледи, па остануваат уште формалностите до официјалното претставување. За 33-годишниот Французин ...
Ракометарите на Вардар забележаа нова победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако го совладаа Нексе со 33-27 и направија голем чекор кон пласманот во финалето. За „црвено-црните“ ова беше значително потежок натпревар во однос на убедливиот триумф над Олимпијакос. Нексе одлично го отвори дуелот и во поголемиот дел од првото полувреме имаше предност. Вардар, сепак, предводен од одличниот Валах, успеа да се врати во игра и ...
Себастијан Херера асистираше за еден од трите гола на Борац Бања Лука во победата над Викунгур од Исланд со 1-3, во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Конференции. Со тоа Борац се доближи до групната фаза од ова натпреварување. Македонскиот репрезентативец беше асистент за првиот гол на оваа средба. Дамјан Шишковски се најде на клупата за резерви. Елмин Растодер со неговиот Панатинаикос испушти голема победа и пласман во групата во ...
Кошаркарската репрезентација на Србија ја совлада Франција со 90:87 во подготвителен натпревар одигран во Белградската арена, во меч кој донесе голема борба и неизвесна завршница. Србите одлично го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 22:19. Во почетната фаза Никола Јокиќ беше во улога на асистент, креирајќи акции за своите соиграчи, меѓу кои и Никола Јовиќ и Ѓуришиќ. Франција возврати во втората четвртина, ...
Црвена Звезда со триумф од 3-0 во првиот меч со чешкиот тим Викторија Плзен, направи огромни чекори кон групната фаза во Лигата на Европа. Со тоа Алберт Риера стартуваше со победа на клупата на белградскиот тим. Мирко Иваниќ во 36. минута од средбата донесе предност за „црвено-белите“. Истиот фудбалер во 53. минута, исто по асистенција на Елшник зголеми на 2-0. Катаи од пенал во 89. минута ги постави конечните 3-0. Крадењето авторски ...
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, не крие дека минатата сезона била големо разочарување за клубот. Холандскиот дефанзивец смета дека тимот сега има можност да покаже дека неуспехот е само лоша епизода и најавува многу посериозен пристап во новата сезона. „За мене како фудбалер на Ливерпул, минатата сезона беше апсолутно неприфатлива. Сега ја оставаме зад нас. Имаме шанса за поправен и се надевам дека ќе ја искористиме“, порача Ван Дајк. ...
Лех Познањ со 7-0 го совлада тимот на Тун во првиот меч од плеј-офот во Лигат на Европа, и речиси сигурно се пласира во групната фаза. Полскиот тим немаше милост кон швајцарскиот првак, и уште по првиот меч ги реши сите дилеми околу патникот во следната фаза. Воедно, ова беше рекорден триумф во плеј-офот во Лигата на Европа во историјата. И вториот полски тим Јагиелонија се пред пласман во групите во Лигата на Европа, откако со 4-0 ја совлада ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, порача дека неговиот тим во новата сезона тргнува „од нула“ во обидот да ја одбрани титулата во Премиер лигата. „Топџиите“ минатата сезона, конечно, стигнаа до шампионскиот трофеј по пауза од 22 години, откако претходно три сезони по ред остануваа без титулата во самата завршница. Сега пред нив е нов предизвик – да го повторат успехот и повторно да завршат на врвот. Арсенал ја започнува одбраната на ...
Фудбалскиот свет доби сцена која до неодамна изгледаше незамисливо. Легендарниот Роналдињо пристигна во Италија, каде што ќе биде претставен како нов член на Равена и ќе се врати во професионалниот фудбал на 46-годишна возраст. Бразилецот слета во Италија 11 години по неговиот последен професионален настап. Роналдињо последен пат играше за Флуминензе во 2015 година, а сега повторно ќе биде регистриран како фудбалер, овојпат во италијанската ...
Џејмс Харден се согласи на нов тригодишен договор со Кливленд вреден 97 милиони долари, па ќе се обиде да ја нападне титулата во НБА со франшизата од Охајо во наредните сезони. Според информациите од Шамс Чаранија, договорот вклучува опција за играч за сезоната 2028/29, како и бонус во случај на размена. Новиот договор ќе му донесе и историско достигнување на Харден. Вкупната заработка за време на неговата НБА кариера ќе достигне дури 511 ...
Бернардо Силва е официјално претставен како нов играч на Реал Мадрид. Португалецот пристигна ова лето од Манчестер Сити како слободен агент, а за време на неговата презентација не криеше колку многу му значи да се приклучи на еден од најголемите клубови во светот. Силва истакна дека е особено импресиониран од историјата на „кралскиот клуб“, како и од фактот дека Реал Мадрид освои дури 15 трофеи во Лигата на шампионите. „Веќе сум играл на ...
Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ се поврзува сè повеќе со Барселона. Во хрватските медиуми се појавија информации за сценарио според кое Барселона би го купила Ливаковиќ од Фенербахче, а потоа би го испратила на едногодишна позајмица во Динамо. На прв поглед, таквата опција изгледа примамлива за сите страни. Ливаковиќ би добил минутажа за играње и можност да се врати во позната средина, додека Барселона би обезбедила ...
Благој Хаџи-Кимов игра се подобро под водство на новиот тренер Никола Кузманов во дресот на штипска Брегалница. Се стандардизира во срцето на одбраната и претставува сигурен бедем кај „сините“. Во пресрет на утрешниот натпревар против Башкими, Хаџи-Кимов е сигурен во освојувањето нови три бода. „Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Ова е прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против ...
Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и Милан, Роналдињо, пристигна во италијанскиот регион Ромања. Тој слета со приватен лет од Милано на аеродромот Ридолфи во Форли, а потоа се упати кон Равена со својот тим. На аеродромот го пречекаа претставници на клубот и околу триесет навивачи. Официјалното претставување на Роналдињо како нов играч на Равена ќе се одржи вечерва во Марина ди Равена, а организаторите очекуваат помеѓу пет и шест ...
Комплетирајќи го ростерот за новата сезона во Суперлигата, екипата на КК Соколи од Штип се засили и со Американецот Џеј Пал! Станува збор за атлетично крило високо 206 сантиметри, кое зад себе има богато НЦАА искуство настапувајќи за Џексонвил, Кемпбел и реномираниот Сан Диего. Професионалната кариера го однела потоа во Грузија, Белгија и Мексико, а во сезоната 2025/26 за екипата на Фрајлес бележи 13,2 поени и 5,5 скока. „Со својата висина, ...
Сојузот на навивачки групи од целиот свет покрена петиција со која се бара оставка од претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, откако тој се обиде да продаде дел од светските натпреварувања на приватни инвеститори. Петицијата, која го користи хаштагот „#InfantinOut“, повикува на реформи во ФИФА за „никогаш повеќе да не се повтори сегашното фијаско“. „Срамниот обид на еден човек самиот претседател на ФИФА да го ...